Inception(2010) - научна фантастика, акција. Во главната улога е Leonardo DiCaprio, кој е во улогата на Коб. Коб и неговиот тим вршат корпоративна шпионажа користејќи експериментална воена технологија за да навлезат во постсвста на лицата од кои треба да ги извлечат потребните информации преку соништата. Нивната последна цел е Саито, но тој во последната мисија всушност го тестира Коб за невозможна мисија, всадување идеја во потсвеста на една личност. Саито сака Коб да го убеди Роберт, синот на конкурентот на Саито , Морис Фишер, да ја распушти компанијата на неговиот татко, за возврат Саито му ветува на Коб дека ќе го расчисти неговиот криминален статус, што го спречува да се врати дома. Тој е прогонет за убиство на неговата сопруга, но во текот на филмот, ќе се откре што вусшност се случувало. Оценка 7/10 На почетокот делува како досаден филм, но како се одива дејството станува се појасно за што се работи.
Parasite Жанр: црна комедија/ трилер На ланското доделување на оскарите без да го гледам филмов ја осудив манифестацијата за жива пропаст се дури не го погледнав филмов. Станува збор за две семејства, едно живее на раб на пропаст и сиромаштија, сместени во подрум, а другото семејство ужива во благодетите на богатството. Самиот наслов Паразит има двојно значење и остава простор да се запрашаш кој од овие две различни класни семејства е всушност паразит, дали сиромашните кои не бираат средства, се служат со лаги, измами и интриги за да преживеат или пак богатите се оние паразити кои не можат да функционираат без помошта на своите вработени, понижувајќи ги, давајќи си за право да се смеетаат себеси за повисока класа. Маестрално дело 10/10
Очекував поинаку да заврши, се чувствуваше таа енергија меѓу двајцата. Во глобала беше добар. 10/10 Мислам дека ми стана омилен.
Palmeras en la Nieve (2015) Убав филм. Дејствието претежно се одвива во 1950/60-те, кога шпанско семејство е на мисија во Африка, во последните години на колонијална Гвинеја и деновите кога настанува независна Екваторска Гвинеја. Допрено е расното прашање, а централна тема е романсата и семејната тајна која директна потомка на фамилијата оди да ја открие во 2003 год. Килијан и Хакобо биле два брата, едниот прибран и чувствителен, другиот расипник и неморален. Двајцата навлекуваат исто проклетство на она што го допреле.
Groundhog day (1993) Не паметам кога последен пат сум гледал уникатна и смешна комедија. Несомнено е еден од подобрите филмови од овој жанр. Фил, намќор, кој работи како водител во временска прогноза, еден ден ќе влезе во временски loop, живеејќи го истиот ден повторно и повторно. Да е ситуацијата уште покомична, денот кој го доживува повторно, е еден од неговите најдосадни денови каде заедно со своите колеги известување за еден фестивал во мало градче во Америка. Ако ви се гледа топло филмче заедно со друштво, а притоа и дава добра лекција, ова е тоа. 8 Amour (2012) Животот на пензиониран музички пар ќе биде нарушен денот кога Ан ќе добие мозочен удар. Маката со која се соочуваат луѓето кои ја имаат оваа болест, како и огромната жртва која ја даваат нивните партнери да ги повратат и одржат во живот, како и несебичната љубов која треба да ја има секој пар, "во добро, и во зло" е емотивно прикажана во овој филм. Тежок за гледање, тажен, емотивен, но и убав на свој начин, отсликувајќи го животот онаков, каков што е. 9
Нема. Едно време се шпекулираше дури и Марио Касас беше за трет дел ама ништо не се потврди официјално така да не верувам дека воопшто ќе има.
Акција,авантура,крими Ми се допадна кога има филмот реалистички крај одма го заокружувам со 9,10 оцена
LET HIM GO 2020 Пензиониран шериф и неговата сопруга, го губат својот син во несреќа. Нивната снаа, после некое време се премажува со друг човек, си заминува а со себе го носи и нивниот 3 годишен внук. Филмот многу ме допре, ја прикажува силата на родителот, упорноста и храброста да отиде ако треба и до центарот на пеколот и назад, само да го заштити своето најмило. Уште потрагично е тоа што кога ќе размислиме, ова е реалност некаде, некому ова навистина му се случува. Срцето ми се крши кога ќе помислам дека некои дечиња навистина растат во ужасни околности. Оцена 10/10
1. Goodbye,Butterfly 2021 Млад брачен пар, мала ќерка која е убиена на свиреп начин и татко кој ја превзема правдата во свои раце. Иако приказната е веќе видена и дадов шанса, но некако не ми остави добар впечаток. Добив впечаток дека филмот е сниман набрзина и под притисок, посебно беше лоша глумата на таткото - едноставно не успеа да прикаже и долови ниедна емоција како што треба, тотално вештачки. Единствено ми се допадна глумата на негативецот. Оцена 4/10 2.Always and Forever 2020 Другарки од детството се сретнуваат по многу години во своето родно место и една дамнешна тајна излегува на површина. И ова е веќе видена приказна, но за разлика од предходниот филм, овде има добра глума, добар пресврт - иако јас го предвидов веќе на пола филм и Hot black Girls. Вреди да се погледне. Оцена 8/10 3.Evry breath you take 2021 По семејна трагедија, успешен психијатар се затрупува во работата барајќи утеха, а тоа го одалечува емоционално од сопругата и ќерката. На работа, исто така, му се јавуваат проблеми - му почнува пациентка, а во животот му влегува нејзиниот брат. Тема позната - одмазда, но овој филм изобилува со одлична глума, убаво средени куќи, еротика и секси акцент. Дефинитивно вреди да се погледне, ве држи во неизвесност до самиот крај, а крајот е со добар пресврт. Оцена 9/10
Solomon & Sheba (1995) Кралицата од Сава оди во посета кај царот Соломон да преговараат за трговија. Наместо да се надмудруваат, тие се вљубуваат. Но, кога се во прашање толкава моќ и власт, љубовта не е едноставна и наскоро кралицата треба да ја докаже добронамерноста, а Соломон мудроста. Очекував повеќе од филмов и од Хали Бери во главната улога. Имам гледано постар филм за Кралицата од Сава и е светлосни години пред овој. И во вакви филмови секогаш некој близок соработник на кралот кова заговор да го преземе кралството, веќе аман. Capital in the Twenty-First Century (2019) Последните стотина години класниот јаз е во заден план како резултат на тоа што условите за живот на мнозинството драстично се подобрија, но дали злобниот маѓепсан круг е вистински прекинат? Документарен филм кој ја предвидува мрачната иднина на луѓето во капитализмот и бара решенија во успешните примери од минатото, оние ретки светли точки од историјата. Во документарецот не е изнесено ништо ново, ниту непознато, но...повторувањето е мајка на знаењето Cien Años de Perdón (2016) Еден необично дождлив ден во Валенсија, банка која пропаѓа издава листа на граѓани кои имаат долгови за извршување. На луѓе им е загрозено станбеното прашање, а на списокот се наоѓа и шефицата во филијалата. Неочекувано, во банката упаѓа група вооружени ограбувачи чиј водич е импулсивен и ексцентричен Уругваец, како контратежа на неговиот порезервиран пријател. Но, никој не претпоставува дека среде сето ова ќе се обелодени политички скандал на највисоко ниво. Одличен филм, фактички покажува како обични криминалци можат да имаат поголем етички кодекс од банкари, или од политичарите, кои ги уценува кој стигне. Крајот не знам колку беше реален, но ми се допадна.
Трилер 8/10 Тинејџерка која е неподвижна и не оди на училиште почнува да се сомнева во својата мајка.
Begin again 2013 9/10 Комедија/романса/музика Грета и нејзиниот дечко се преселуваат во Њу Јорк со надеж дека ќе успеат во музичката индустрија.
Животот на млад брачен пар тотално се менува кога го земаат Марли. Марли е со нив од почетокот на нивниот брак, низ создавањето семејство, сѐ додека не му дојде времето за да замине. Забавна приказна која акцент става на важни животни лекции, впрочем како и повеќето филмови со кучиња. Сум го гледала 100 пати и одново и одново се убивам од плачење. Препорака за сите dog lovers.
Capernaum ( 2018 ) Малиот Зaин е итро и снаодливо момче, но заедно со своето повеќечлено семејство живее во субхумани услови во родниот Либан. Филмот несомнено е квалитетно кинематографско остварување и ниту за миг здодевен. Tres bodas de más (2013) Рут е научник, но истовремено смотана девојка со ниска самодоверба, која постојано одбира погрешни мажи.... а можеби и не постои друг избор? Филмов отпрвин ми личеше на уште една дегенска, забегана комедија, но не се каам што го догледав, впечатокот потполно ми се промени во позитивен и топло го препорачувам.
Bobby Fischer Against the World (2011) Не ми е јасно како дури вчера го гледав филмов.... а се сеќавам дека пред неколку години, татко ми ме тераше да го пуштам, но како, зошто - не знам да кажам, остана неизгледан.... Документарен филм на ХБО за најдобриот американски и светски шахист, Боби Фишер. Преку архивски снимки, и сведоштва на луѓе кои го познавале и луѓе од фелата, дознаваме за неговата појава и карактер, религиозните и политички видувања, неговиот подем и падот, т.е. неговиот генијален ум кој излезе надвор од рамките и никогаш не се врати.... Одамна немам налетано на олку добар филм.... прв филм по многу долго време што вистински ме растажи. Знаев за Боби Фишер, но не и каква била втората половина од неговиот живот Боби Фишер против светот (и против самиот себе) 10/10 The Perfect Nanny (2001) Жена која излегува од ментална установа, наместо да се врати дома кај нејзината мајка и сопруг, се вработува како дадилка кај вдовец и татко на 10-годишно дете. Таа е опседната да живее живот како во љубовните романчиња кои ги чита, и нејзината цел е да се омажи за богатиот газда. Останува на неговата постара ќерка да се свести дека нешто не е во ред. Има многу ТВ филмови каде манијакалноста на главниот лик прави гледачот да се осети тегобно и ова е еден од нив.
Девојки дали може да ставате име на филмовите? Ставате слика која по одредено време не се гледа и тогаш појма немаме за кој филм се работи. Малку е глупаво, ти се допаѓа она што е прокоментирано а појма немаш за кој филм се работи.....