1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.520
    Допаѓања:
    36.424
    Пол:
    Машки
    Hot Fuzz (2007)

    [​IMG]

    Британска комедија. Британски хумор. Или го мразиш, или ти лежи. Мене овој ми легна, совршено. Се згазив од смеа, секој мускул на лицето го извежбав, стомак ме заболе. :rofl: Уште па дека го гледав во друштво и цел филм си теравме наши интерни шали. :rofl::rofl::rofl: Овака добра комедија одамна немам гледано, а ми фалеше. Комедиите се најтешки филмови за правење, дефинитивно. Тешко која знае да ти погоди хумор, момент, друштво. Оваа се најде во правиот момент, на правото место.:D

    Полицаецот Англ (хахаха), е таков лик 100% посветен на работата, ниту еден момент не знае да се релаксира, да се одмори, да олабави. И, секако, сите го мразат, оти е таков, и оти е најдобар офкорс, па затоа го праќаат во едно селце во Англија каде што ништо сериозно не се дешава, а полицијата е, well, a fo*king joke. За партнер му се паѓа еден дебелко, син на началникот на полицијата, пикнат преку врска, и самиот не знае што работи. Bromance на повидок, а и малце гејиш вајб имаа. Ама подобар полициски пар немало одамна. Bad Boys се мали деца за овие бе.:D
    Селцето, мирно е, навидум, ама серија на (само)убивства ќе го натера Енџл да открие една голема, мрачна тајна.
    Едгард Рајт е генијалец. Таков црн хумор само од него може да се очекува. :D

    Голема 8 - ца.
     
    На WildMk, Oneo, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Треба да се погледне. Информативен и импресивен филм, при крајот мене ме трогна. Толку познато име, блескава фигура во шахот.... но штета, немал баш убава судбина...
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Djeca (2012)
    Овој филм е босански, но поради сличниот менталитет и социо-економски услови, луѓето од Македонија во него ќе препознаат многу страни од своето секојдневие.
    15 години по крвавата војна, тогашните деца пораснале и како сите возрасни, мора да се соочуваат со суровата балканска реалност. Рахима е сирак која пожртвувано се грижи за својот брат, се уште тинејџер и малку проблематичен. На училиште, тој ќе се поткачи со синот на еден министер...
    До негде тежок филм, но се на се, ми се допадна. Босанциве неретко знаат да извадат добри филмови.


    [​IMG]
    The Barber of Siberia (1998 )
    Изгледа сум гледала скратена верзија на филмов, ама ОК....
    Сибирскиот бербер - филм на прочуениот Никита Михалков нуди слоевита содржина што не може да се долови во кратка рецензија на форум.
    Љубовна приказна среде Русија од 19. век каде всушност е опишан рускиот менталитет, но критиката не се задржува тука....

    Андреј Толстој е кадет при Царската воена академија, 20-годишно момче заедно со своето опкружување како пресликано од литературните класици. Во нивната средина пристигнува Американката Џејн со свои пресметки, ведар и шармантен лик кој помеѓу нив внесува сладок немир, немир што носи деструкција.

    Многу добар филм, кој го разбра, разбра. Филмов не бил прикажан во американските кино-сали (?), но на европската публика би требало да и се допаднал (само претпоставувам)
     
    На eliesaab, boomsleng, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    мене ми се допадна. У стил на самиот режисер е, исто како и Enternal sunhine of the spotless mind. Те остава на крајот замислен и можеш самиот да го сфатиш или да видиш други како го перципирале.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Kong: Skull Island (2017)
    Конг е кралот на џунглата во изолиран пацифички остров, а за мештаните, тој е бог кој ги штити од другите огромни и чудовишни видови во дивината. Балансот се нарушува кога група истражувачи од САД доаѓаат на островот во 1970-те... но секое зло е за некое добро. 7/10
     
    На WildMk, Reina.Gitana, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Машки
    И јас вечерва го гледав ама на нет. не на тв оти не знам дали беше вечерва. Речиси исто би пишал што и Вие, па се согласувам со Вашиот коментар. И со оценката 7/10
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    8.422
    Пол:
    Женски
    movies_ss_1468653367.png

    The ugly truth (2009)

    Многу добро филмче. Малку постаро, но топло го препорачувам.
     
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Berlin Alexanderplatz
    (2020)
    Насловот веројатно ви е одамна‏‏‎ ‎познат, бидејќи се работи за германски филм заснован на роман од 1920-те и култна серија од 1980-те.

    Франсис е африкански нелегален мигрант со криминално досие, кој се упатил кон Германија и за малку што не се удавил во морето. Кога водите го исфрлаат безбеден на европско копно, тој се заветува на Бога дека отсега ќе биде добар човек. Но, тоа нема да му појде од рака....
    Набрзо почнува да работи за еден психо кој управува со ланец дилери на дрога...

    Филмот е многу долг, трае речиси три часа од кои првите два не ми се допаднаа баш, но последниот ми го поправи впечатокот. Сепак филмот има своја тежина, како базиран врз ремек-дело‏‏‎,‏‏ ‎‏‏и‎ ‎зборува‏‏‎ ‎за‏‏‎ ‎заводливоста‏‏‎ ‎на‏‏‎ ‎парите‏‏‎ ‎‎и‏‏‎ ‎искушенијата ‎кои‏‏‎ ‎ги‏‏‎ ‎носи‏‏‎ ‎животот‏‏‎ ‎во‏‏‎ ‎модерното‏‏‎ ‎општество‏‏‎, но е само верзија.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GirlyGirly

    GirlyGirly Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2018
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    697
    По твоја препорака го изгледав.
    Ми се допадна, лесна романтична комедија.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Army of the dead
    ff18a25678e24961eee663ae7cb8ca42.jpg
    https://www.imdb.com/title/tt0993840/
    Режија: Зак Снајдер
    imdb оценка: 6.0
    моја оценка: 7.5

    На враќање од Ареа 51, воен конвој доживува несреќа, каргото кое го превезуваат се ослободува и неколку години после ова, Лас Вегас е зомбосан, ограден од останатиот свет и се очекува во секој момент да биде зачукан со нуклеарка.
    Богаташ кој има(л) казино собира тим од платеници да ги изнесат милионите од сефот во казиното пред нуклеарката да го збрише градот и илјадниците зомбиња во него.

    Филмов, пред се, е забавен!

    Хорор филм кој можат да го гледаат дури и оние кои не сакаат хорори :)

    За разлика од останатите филмови со зомбиња, овој не е „гаден“. Нема крвави сцени, нема страшни сцени, нема касапења. Има акција, има хумор, има дури и мал пресврт.

    Иако е зомби филм, баш е освежување во жанрот. Веќе е најавен prequel, како и аниме серија. Веројатно гледаме во нова франшиза.

    Дефинитивно го препорачувам за сите кои сакаат нешто интересно и несериозно за гледање :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Eurovision Song Contest: The Story of Fire Saga ‎(2020)
    Двајца ‎40+ ‎годишни ‎работат ‎на ‎сонот ‎од ‎детството ‎да ‎ја ‎претставуваат ‎родната ‎земја ‎на ‎Евросонг, ‎кој ‎ќе ‎го ‎остварат ‎по ‎игра ‎на ‎случајот. ‎

    Во ‎филмов ‎e ‎присутна ‎евровизиската ‎атмосфера, ‎ама генерално ‎‎како ‎од ‎пред ‎20 ‎години. ‎Не ‎ми ‎се ‎допадна ‎во ‎целост, ‎мислам ‎дека ‎е ‎навредлив ‎за ‎Исланд, ‎а ‎и ‎мора ‎Русија ‎да ‎се ‎'рчка ‎чим ‎има ‎нештото ‎врска ‎со ‎Евровизија, ‎инаку ‎не ‎бива. ‎3/10, ‎мада ‎се ‎мислев ‎за ‎двојка.
     
    Последна измена: 30 мај 2021
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.520
    Допаѓања:
    36.424
    Пол:
    Машки
    Sing Street

    [​IMG]

    Дејствието се одвива во Даблин, Ирска, и филмот е со нивниот дијалект. Во 80-тите години, во едно школо, деца кои не се баш популарни, повлечени и често малтретирани, за да ја подобрат својата репутација, а и главниот лик да ја освои девојката која ја посакува прават свој рок бенд.
    Фамилијарни проблеми, тинејџерски проблеми, прва љубов, предрасуди од општеството кон рок музиката, шминката, се одлично спакувани на еден фин и топол начин, со музика од најголемите рок бендови во позадина: Моторхедс, Џој Дивижн, Секс Пистолс, Д Кјур...

    За сите оние што слушаат рок, и оние што ги обожаваат Манескин, а и за оние кои бараат добро и позитивно филмче, ви го препорачувам да го изгледате.

    7
     
    На Saraahh, MeowMeow, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.848
    Допаѓања:
    47.942
    Пол:
    Женски
    И згора на тоа цел филм го изглеав на муте :x
     
    На Аргентина * и Billy Idol им се допаѓа ова.
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.520
    Допаѓања:
    36.424
    Пол:
    Машки
    Музички филм на муте. Најлоша одлука, евер. :worried:

    :rofl::rofl::rofl:
     
    На eliesaab и elimkd им се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Остров‏‏‎ ‎(2006)
    Интересен‏‏‎ ‎и‏‏‎ ‎убав‏‏‎ ‎руски‏‏‎ ‎филм‏‏‎ ‎кој‏‏‎ ‎ги‏‏‎ ‎стоплува‏‏‎ ‎душите.‏‏‎ ‎Дејствието‏‏‎ ‎е‏‏‎ ‎сместено‏‏‎ ‎во‏‏‎ ‎советскиот‏‏‎ ‎период‏‏‎ ‎и‏‏‎ ‎се‏‏‎ ‎работи‏‏‎ ‎за‏‏‎ ‎силната‏‏‎ ‎вера‏‏‎ ‎на‏‏‎ ‎еден‏‏‎ ‎покајник.
    На‏‏‎ ‎Анатолиј‏‏‎ ‎му‏‏‎ ‎тежи‏‏‎ ‎еден‏‏‎ ‎грев‏‏‎ ‎кој‏‏‎ ‎не‏‏‎ ‎сакајќи‏‏‎ ‎го‏‏‎ ‎направил‏‏‎ ‎во‏‏‎ ‎Втората‏‏‎ ‎светска‏‏‎ ‎војна.‏‏‎ ‎По‏‏‎ ‎таа‏‏‎ ‎несреќа,‏‏‎ ‎тој‏‏‎ ‎во‏‏‎ ‎бесознание‏‏‎ ‎завршил‏‏‎ ‎на‏‏‎ ‎студен‏‏‎ ‎остров‏‏‎ ‎населен‏‏‎ ‎со‏‏‎ ‎православни‏‏‎ ‎монаси.‏‏‎ ‎Анатолиј‏‏‎ ‎минал‏‏‎ ‎децении‏‏‎ ‎таму‏‏‎ ‎и‏‏‎ ‎станал‏‏‎ ‎видовит‏‏‎ ‎отец‏‏‎ ‎од‏‏‎ ‎кого‏‏‎ ‎луѓе‏‏‎ ‎од‏‏‎ ‎целата‏‏‎ ‎држава‏‏‎ ‎доаѓаат‏‏‎ ‎да‏‏‎ ‎бараат‏‏‎ ‎помош.‏‏‎ ‎Но,‏‏‎ ‎отец‏‏‎ ‎Анатолиј‏‏‎ ‎е‏‏‎ ‎многу‏‏‎ ‎чуден‏‏‎ ‎старец.‏‏‎ ‎8/10‏‏‎ ‎за‏‏‎ ‎филмот.
     
    На Shalitra, blackpanter, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  16. GirlyGirly

    GirlyGirly Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2018
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    697
    Spiral: from the book of saw

    За љубителите на серијалот Saw ова е последниот дел. Мене лично ми се допадна. Единствено што остана незавршен, веројатно оставаат место за продолжение.

    10/10
     
  17. GirlyGirly

    GirlyGirly Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2018
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    697
    Cruella

    Филм кој е претходница на 101 далматинец. Добар е. Лесен. Не очекувајте нешто премногу.

    Оцена 8/10
     
    На Сара Лав му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    ‏‏‎Satanic‏‏‎ ‎Panic‏‏‎ ‎(2019)
    Филмов‏‏‎ ‎е‏‏‎ ‎black‏‏‎ ‎comedy,‏‏‎ мене‏‏‎ ‎ми‏‏‎ ‎беше‏‏‎ ‎‎забавен,‏‏‎ ‎ама‏‏‎ ‎не‏‏‎ ‎е‏‏‎ ‎за‏‏‎ ‎секого.
    Сем‏‏‎ ‎работи‏‏‎ ‎како‏‏‎ ‎доставувачка‏‏‎ ‎на‏‏‎ ‎пица.‏‏‎ ‎Таа‏‏‎ ‎е‏‏‎ ‎вредна,‏‏‎ ‎има‏‏‎ ‎добра‏‏‎ ‎душа,‏‏‎ ‎но‏‏‎ ‎едвај‏‏‎ ‎врзува‏‏‎ ‎крај‏‏‎ ‎со‏‏‎ ‎крај.‏‏‎ ‎Вечерта‏‏‎ ‎ќе‏‏‎ ‎треб‏‏‎а‏‏‎ ‎да‏‏‎ ‎однесе‏‏‎ ‎порачка‏‏‎ ‎во‏‏‎ ‎елитен‏‏‎ ‎кварт‏‏‎ ‎каде‏‏‎ ‎богаташите‏‏‎ ‎се‏‏‎ ‎сатанисти‏‏‎ ‎кои‏‏‎ ‎ноќта‏‏‎ ‎се‏‏‎ ‎собрале‏‏‎ ‎да‏‏‎ ‎го‏‏‎ ‎повикаат‏‏‎ ‎Бафомет.‏‏‎ ‎Неа‏‏‎ ‎потрагата‏‏‎ ‎по‏‏‎ ‎бакшиш‏‏‎ ‎ќе‏‏‎ ‎ја‏‏‎ ‎вовлече‏‏‎ ‎во‏‏‎ ‎неволја.
    5/10‏‏‎
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    8.444
    Screenshot_20210623_230652.jpg
    Жена во златно - 2015
    Снимен според вистински настан, прекрасна приказна за една жена и нејзината битка за правда, филм исполнет со многу емоции и траорни сеќавања од минатото.
    Марија е еврејка од Виена, која бега во Америка со нејзиниот сопруг пред налетот на нацистите во Втората светска. Зад себе ги остава своите родители, дом, и многуте скапоцености и уметнини кои ги поседува нејзиното богато семејство. Секако, се' тоа станува плен на нацистите, меѓу кои и ремек делото на Густав Климт - Жена во златно т. е. Портрет на Адел, на кое е насликана стрината на Марија.
    По војната, делото завршува во музејот Белведере. Марија започнува битка со државата Австрија барајќи да и бидат вратени сите уметнички дела кои припаѓале на нејзиното семејство, кои своевремено им биле украдени а подоцна и бесправно одземени од страна на музејот.
    8 - 10
    Screenshot_20210623_230228.jpg
     
    На Shalitra, do-re-mi, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    12.968
    Пол:
    Женски
    1. Above suspicion 2020
    Филмот е базиран врз вистински настан. Амбициозен фби агент се впушта во афера со својата доушничка, а тоа засекогаш ќе го смени животот и нивниот и на тие околу нив.
    Поентата на целиот филм, мислам и тоа беше. Да прикаже, како секој наш чекор води кон наредниот... Секоја наша одлука, колку и да ни изгледа мала и незначајна може целосно да го промени "патот по кој се движиме" - на подобро или на полошо.
    Освен добрата поука, ми се допадна и еротиката во филмот, негде имам пишано веќе на форумов дека најдобриот љубовник ми беше полицаец, па ете вратив и малку спомени :D
    Оцена 10/10

    2 Endangered species 2021

    Семејство од 4 +дечкото на ќерката, доаѓаат на сафари во Африка, превозбудени да ги видат дивите животни одблизу... Ќе им се исполни желбата, но нема да им се допадне баш.
    Во првите 15 минути од филмот, добив мисла дека едвај чекам лигушиве да бидат изедени... Но нивното однесување имаше поента. Го прикажува модерното општество и тоа колку сме изгубени во него. Дава порака дека ние луѓето полека но сигурно стануваме endangered species.
    Самодеструктивни и горди дека сме на врвот на ланецот на исхрана, несвесни дека сме на дното и тоа во секој поглед кога ќе се споредиме со животните.
    Единствена замерка ми е што не видов повеќе животни, затоа и го пуштив филмот највеќе.
    Оцена 9/10
     
    На Rioers, boomsleng и Guns N` Roses им се допаѓа ова.