1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. ijana

    ijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    274
    Здраво,дали знае некој кај може да го симнам или гледам македонскиот филм Година на Мајмунот го има на cinesseum но треба да платам претплата а не ми се исплати за 1 филм да плаќам. Поздрав
     
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    3041FBB3-7F73-4847-BAA2-31BDC3F387F6.jpeg
    fight club

    филмов го имав гледано пред 10год, но не ја разбрав баш суштината. Скоро го даваа на тв
    Култен филм со силна порака

    Главниот протагониста е одговорна и организирана личност, канцелариски работник кој пати од несоница, ќе формира клуб на борачи кој подоцна ќе прерасне во опасна организација.
    ако внимателно го гледате филмот ќе забележите дека три или четири пати како блиц покажуваат слика на пенис:D:rofl::lol:


    The things you own end up owning you.


    10/10
     
    На Angie1432, Matotheja, Ema.Sk и 3 други им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    1479F09C-E340-4C96-8481-FC1BEBD21FA8.jpeg
    Men, Women & Children

    филм кој што во целост го прикажува денешниот начин на живот.
    Прикажано е влијанието на интернетот врз група на тинејџери и нивните родители, како се справуваат со проблемите, секојдневието и начинот на комуникација.


    10/10
     
    На boomsleng, KittyAgnes, sikica7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    По втор пат во животот, The Departed (2006) на Скорсезе, со Леонардо Ди Каприо, Мет Дејмон и Џек Николсон. Единката гладна по подобар живот, уништувајќи ги своите сонародници, се уништува себе. Значи каков извонреден филм е ова, кој се уште не го изгледал му го препорачувам.
     
    На MACKICA1902, eliesaab, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Мравојад

    Мравојад Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    3.107
    Пол:
    Женски
    MV5BM2M0Yzk4ZTYtNmVhNy00NzdjLThiMWMtOTI2YTc3YTkyOGNmXkEyXkFqcGdeQXVyMTExNzQ3MzAw._V1_.jpg
    Another round

    Ова е приказна за 4ца наставници (едниот од нив го глуми маестралниот Мадс Микелсен) кои предаваат 4 различни предмети во средно школо во Данска. Сите 40 годишни, се борат секојдневно со своите незаинтересирани ученици, па и самите некако чувствуваат дека со текот на годините ја изгубиле страста во животот. Секој од нив се бори со различни семејни предизвици, сопруги, деца, отсуство на љубов...
    Кога еден од нив го прославува 40тиот роденден почнуваат со анализа на теоријата на еден филозоф според кој човекот е роден со помало ниво на алкохол. Баш тој процент што фали го отвара умот, човекот е покреативен, послободен. Сите 4ца решаваат да направат експеримент со тоа што секојдневно ќе пијат, но никогаш после 8 навечер и никогаш премногу. Резултатите се позититивни на почетокот, но......
    (нема да откријам што ќе се случи :) )

    Според содржината, филмот можеби личи на лајт филмче со пиење и забава, но воопшто не е така. Филмот анализара една друга, потешка тема, а тоа е кризата на средните години. Протагонистите се наоѓаат во еден маѓепсан круг, во една досадна и монотона фаза од нивниот живот, осамени се, без надеж. Прашањето е како да се справат со животот кога ќе дојдат проблемите, кога нема да си наспан поради 3те деца, кога сопругата нон стоп работи 3та смена и не се гледате, кога немаш никој до себе....

    Филмов ми се допадна, на моменти тажен, на моменти забавен, ама не ми беше досаден, го препорачувам.
     
    На maia., eliesaab, boomsleng и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Red Violin (1998 )
    Уште еден филм кој го гледав одново и го препорачувам на сите кои некако го пропуштиле низ годините.

    Црвената виолина привлекува, фасцинира и убива. Дали конечно ова со векови старо проклетство ќе биде сокриено на безбедно?

    Филмот е успешна алузија како човештвото самото си ги навлекува несреќите поради сопствените копнежи, амбиции, но и несигурности и стравови.
    9/10
     
    На MACKICA1902, eliesaab, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Blood Diamond (2006)
    Крвава земја крие големо богатство, Сиера Леоне е од Бога заборавена, но не и од шверцерите на дијаманти, во период кога извозот е под ембарго поради грозотиите на граѓанската војна. Судбината ќе спои еден млад човек кој сака конечно да се збогати, со еден добронамерен татко очаен да го најде своето семејство. Возбудлив филм и тажен во описот на многу вистини, врвна монтажа, и одлични актери. 9/10
     
    Последна измена: 25 јули 2021
    На simoncelicius, boomsleng и elimkd им се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    39.404
    Пол:
    Машки
    The Killing of a Sacred Deer (2017)

    [​IMG]

    Го фатив случајно на ТВ, а одамна го имав на вaчлиста. Овој ми е трет филм од Лантимос и веќе знам што да очекувам од гркот, и дека ќе е уште еден забеган филм проследен со грчка митологија, суеверија и надреализам.
    Овој пат, приказната е за еден хирург, Стивен, кој ќе направи грешка при операција на таткото на еден дечко, кој нема да остане жив. Тинејџерот ќе се соочи со докторот на многу лукративен начин, испреплетен со многу симболика и неочекуваност. Докторот ќе биде ставен на тест, неговите морални погледи на светот, како и на тешка одлука која треба да ја донесе.
    Не сакам да откривам многу од приказната, затоа што може да го расипи уживањето во филмот. Може и некој што има познавање од грчка митологија и да ја предвиди насоката кон која ќе се движи, јас иако немам, имав друштво со мене кое знаеше, па на некој начин бев спојлнат. :D
    Секако, ова е филм, и иако има сличности, има и разлики, па уживањето беше потполно. Хех, ако може да се каже уживање во гледање на мрачен трилер/хорор со константна тензија и нелагодност...

    8
     
    На simoncelicius, WildMk, Camille84 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Ако обожаваш вакви филмови дефинитивно ќе ти се допаднат сите на Ларс Вон Трир;)
     
    На WildMk, boomsleng и Billy Idol им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    39.404
    Пол:
    Машки
    Па, зависи. Има некои солидни, има некои ужасно лоши. Hit or miss ми се ваквите филмови. Од Вон Трир, Нимфоманиак 1 ми беше добар, 2 не. Меланхолија така-така. А House That Jack Built ми беше тотална забеготина. :D
    Антихрист тек треба да го гледам.
    Планирам и од Бергман нешто да гледам, поготово Персона.
    Од Полански ми е останат Розмариното бебе... Ако ти се допаѓаат овакви филмови, ти го препорачувам. :mm:
     
    На boomsleng и Indiegurl им се допаѓа ова.
  11. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сите сум ги изгледала.
    Имаш добар вкус:hug:
     
    На boomsleng и Billy Idol им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    FEAR STREET трилогијата

    Ја препорачувам на сите, и на тие што сакаат хорор, и на тие што не се баш љубители. Темпото е совршено за да бидат сите задоволени- за најхардкор гледачите има доволно страшни сцени и мрачни аспекти, а за поплашливите напнатоста е таман за да не треба да грицкаат нокти и да палат светло додека гледаат :) Акцентот е на приказната, не на плашењата.



    FEAR STREET: PART ONE - 1994
    https://www.imdb.com/title/tt6566576/
    Fear Street1.jpg

    Shadyside и Sunnyvale се две соседни гратчиња меѓу кои постои остро ривалство. Додека на Sunnyvale на сите полиња му „цветаат рози“, во Shadyside владее сироматшија, епидемија на дрога и алколизам, дисфункионални семејства, невработеност. Како тешките услови за живот да не се доволно, на секој 20тина година се случува трагедија- масовно убиство каде некој од чиста мира побудалува и почнува да убива околу себе. Жителите на Shadyside се убедени дека се всушност проколнати од страна на Сара Фиер, вештерка која била убиена пред 300 години.

    Првиот дел е правен по урнекот на Scream, каде група на тинејџери се прогонувани од страна на маскиран убиец. Шерифот не им верува дека нешто чудно се случува и друштвото ќе мора сами да откријат што се случува пред да биде предоцна. Надеж им е С. Бергман, единствената преживеана од масакрот кој се случил во летен камп скоро двесет години претходно.

    FEAR STREET: PART TWO - 1978
    https://www.imdb.com/title/tt9701940/
    Fear street2.jpg

    Вториот дел се случува во летен камп за деца и е правен во стилот на првиот Петок 13. Тука ги следиме двете сестри Бергман од Shadyside, постарата Синди која се надева дека ако се труди да биде најдобра, ќе успее да замине од нивното проклето градче и помалата бунтовна сестра Зиги, која е песимист и помирена со фактот дека и тие двете ќе живеат мизерен и мачен живот, како и сите останати околу нив. Безгрижните летни денови се прекинати кога еден од советниците ќе почне да ги убива децата од кампот.

    FEAR STREET: PART THREE- 1666
    https://www.imdb.com/title/tt9701942/
    fear street3.jpg
    Во последното продолжение се враќаме во минатото, каде се почнало и таму ја дознаваме вистината за вештерката Сара Фиер и откриваме кој стои зад убиствата кои се случуваат во 1994. Многу добар пресврт има на крајот од филмот.

    ******
    Како што пишав и на почетокот, максимално ги препорачувам филмовиве. Навистина се одлични, и интересни, и забавни, и на моменти тажни. Ќе им се допаднат и на оние кои не сакаат хорори!
     
    На plava.90, Аргентина *, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    Многу добар филм само што го доглеав упм се изнаплачив
     
    На plava.90 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Absolute Power
    (1997)
    Уште еден филм кој го гледав како мала и на кој имав заборавено. Филм во режија на Клинт Иствуд со него во главна улога. Искусен долгогодишен крадец, еден од најдобрите, упаѓа во домот на многу богат бизнисмен и филантроп, кој е отсутен од градот. Таа ноќ за време на грабежот, крадецот станува случаен сведок на убиство извршено од многу моќен човек, понатаму во филмот дознавате кој. Протагонистот може да ги земе парите и да замине, но тој е храбар и решава да ги расветли работите, ризикувајќи го својот живот и не сакајќи, животот на ќерка си.
    8/10, има некои нереални моменти, но филмот е уживање, го содржи типично холивудскиот шмек за убаво поминати 2 часа.
     
    На Camille84, Guns N` Roses и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Најдолгиот пат (1976)
    Во неколку македонски села упаѓа аскерот да апси лица поврзани со револуционерната организација. Нив експресно и колективно ги судат и ги испраќаат на принудна работа на другата страна од империјата. Пред нив е страшно патешествие во кое треба пеш да поминат половина царштина. Овие луѓе иако се изложени на неправди, се длабоко во себе свесни дека и по своја вина се нашле во ситуацијата. По патот ќе увидат дека Отоманската Империја се јаде самата себе и е пред крах, човек на човека му е волк, а тие се колатерала. 7/10
     
    На maia., MeowMeow, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.766
    Допаѓања:
    32.875
    Пол:
    Женски
    Blood Red Sky (2021)

    Ми привлече внимание некако филмот, и јас незнам како, дали ептен досадно ми беше па барав прв филм кој ќе ми се погоди, ама досадата уште толку ми беше зголемена :D
    Не ми беше јасно како тоа се изначитав позитивни коментари за филмот, нешо ми фали ли незнам? :?:
    Ама јас буквално ништо не видов интересно, го вртев цело време, чекајќи да се десе нешто незнам wow, ама на крај ништо :rofl:
    Досаден, предосаден :emo:
    Ауу ама сум негативна во постот, се извинувам, ама тоа е реалноста, само сум искрена :D
    Оценка: ни 1 не заслужува ама ајде 1/10 .
    Се работи за мајка и син, кои се наоѓаат во авинот каде што ќе бидат нападнати од терористи, а мајката е уствари вампир, како помлада била касната од вампир и на крајта за да го спаси синот ќе ги испокаса сите патници, освен еден, сите ќе станат вампири и на крајта детето само ќе преживее.. |-)
    Глупости во боја, хочу биди twilight.
     
    На AshleyDidi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Shutter Island 2010
    [​IMG]
    Филм што трае скоро два и пол саати, а real feeling на траење мене ми беше како половина час да гледав. Не знам како не сум го изгледала досега, од друга страна драго ми е што се уште наоѓам добри филмови, вредни да се изгледаат.

    Содржина: ,,In 1954, a U.S. Marshal investigates the disappearance of a murderer who escaped from a hospital for the criminally insane."

    Психолошки трилер, тензичен, одлично си игра со гледачот и те тера да размислуваш. Ми се допадна фактот што крајот и почетокот тотално се два различни поими, хаос од настани, чувства, мисли, сонови, перфектно сплеткани во едно вакво дело. изобилува со премногу детали, кои на крај даваат поголема слика.
    Тежок филм сепак, читав не е по вистински настан, но не е далеку од вистината.
    Крајот ме изненади, морав да прогуглам дополнителни детали за значењето, што испаѓа дека сепак тоа била целта на создавачот, да те остави во недоумица и индивидуална интерпретација. Глумата на Лео одлична, навистина му легнуваат ваков тип на филмови.

    9/10, препорачувам ако веќе не сте го гледале.
     
    На AshleyDidi, WildMk, Antolinaa и 10 други им се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    C4E1A3F6-BA1E-4A60-936C-085D1A129A35.jpeg
    el cuerpo
    жанр: крими драма

    голем почитувач и љубител на европски филмови, ми останал тука од форумов во сеќавање дека станува збор за одличен филм и не погрешив.

    Пена навидум има тешка задача, да открие што се случило со исчезнато тело на жена во моргата, главен осомничен е нејзиниот сопруг кој е убеден дека неговата сопруга е жива и му прави сплетки.
    Премногу настани се испреплетени, а крајот е blow mind.

    10/10
     
    На AshleyDidi, Celltica, plava.90 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    13.032
    Пол:
    Женски
    Still small voices 2007

    Борејќи се со демоните од сегашноста, една млада жена се судрува и со демоните од минатото. Во таа борба открива шокантни вистини за себе.
    Мн ми се допадна.
    Оцена 10/10

    Saving Zoe 2019

    Млада, убава девојка со голем потенцијал за успех во животот е убиена. Семејството е удавен во тага и болка, а нејзината помлада сестра со сите сили се обидува да дознае што се случи со нејзината сестра.

    Филмот носи порака, посебно ја учи помладата публика дека треба да внимава во изборот на пријатели и една лоша одлука е доволна да им го упропасти животот засекогаш.

    Оцена 9/10
     
    На christinnn и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  20. plava.90

    plava.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    552
    Пол:
    Женски
    стварно добар филм
     
    На Ivana J. и elimkd им се допаѓа ова.