Sweet girl 2021 7/10 Реј ја обвинува фармацевтската компанија заради смртта на својата жена. Во откритие на вистината се доведува до несигурна ситуација и се труди да ја заштити ќерка му најдобро што може.
365 Days При средба со дилери, таткото на Масимо го убиваат пред негови очи додека низ двоглед ја гледаат прекрасната жена Лаура. Него го застрелуваат во истовреме. Пет години подоцна тој ја наоѓа Лаура сосема случајно, ја киднапира и условува да го засака давајќи 365 дена. Крајот ќе ве остави со подзината уста. 10/10 за мој вкус
Завчера го гледав филмов и бев многу многу скептична ( не сум го сакала цртаниот ) и претходната обработка 1996 год. не ми беше омилена ама ме изненади преубаво 9/10 , таква котур мода , таков добар saundtrack и топ глума .... ема стоун vs ема томпсон добитна комбинација , браво дизни
Дефинитивно мојот омилен глумец од овој жанр...... Професионален разбојник на банка се согласува да ги врати сите пари што ги украл во замена за намалена казна. Но, кога двајца агенти на ФБИ ќе го обвинат за убиство, тој мора да избега да го расчисти своето име и да ги изведе пред лицето на правдата.
The Day Will Come жанр: драма Потресна приказна сместена во ‘60тите години на минатиот век, базирана според вистински настани. Две братчиња, откако тешко ќе се разболи нивната мајка, немајќи кој да ги чува ќе бидат сместени во сиропиталиште каде насилството, сексуалното злоставување и малтретирање ќе станат нивно секојдневие. 10/10
Трилер за семејство на тропски одмор, кое открива дека затскриената плажа каде што се одмараат неколку часа, некако предизвикува стареење, намалувајќи го целиот нивни живот во еден ден.
A Simple Favor Стефани е самохрана мајка и популарна блогерка. Се запознава со Емили, мајка на другарче од нејзиниот син, со која стануваат најдобри пријателки. Еден ден Емили ја замолува да го земе и нејзиното дете од училиште, по што Емили ќе изчезне. Стефани ќе почне да истражува, се здружува со мажот на Емили и ќе почне да се запрашува колку навистина ја познавала Емили. 10/10 Препорачувам за сите љубители на мистерии.
Медицинска сестра ја спушта апликацијата која покажува кога ќе умре. Неа и остануваат 3 дена и во трка со времето и сенка што ја прогонува, бара начин да го спаси својот живот. 9/10
nowhere special Жанр: драма Уште еден филм базиран според вистинска приказна Џон е самохран родител, чистач на стакла кој се грижи за својот 4 годишен син, нивниот живот е едноставен, исполнет со многу љубов, внимание, грижа и детски игри. Неговите денови се броени затоа очајно ќе бара идеално семејство кое ќе го посвои неговиот син. 10/10
Variola Vera (1982) Филмот е инспириран од случувањата за време на епидемијата на вариола вера 1972 год. во Југославија, а дејствието се одвива во белградската болница која набрзо е ставена под строг карантин. Режисерот не е толку насочен да направи хорор од заразата, колку што упатува критика кон здравството и здравствениот персонал кои патат и од други преносливи болести. Но, ситуацијата e под контрола, се додека во општеството преостануваат луѓе кои ја вршат работата на висина на задачата. 7/10, не е лош филм, само малку праволиниски... ќе дадев осмица да беше нешто побогат со страшни сцени.
Средношколката Брт Фичер пронаоѓа винтиџ Полароид камера која крие темна тајна. Наскоро таа на потешкиот начин дознава дека секој што е сликан со неа се соочува со прерана и мистериозна смрт. 10/10
Chernobyl Не знам дали сте го гледале,ако не треба. Серијата ја изгледав одамна,а филмот сега. Инаку,трае два часа емотивци спремете марамици. Чернобилската несреќа која се случи на 26 април 1986 година никого не остави рамнодушен,а светот и ден денес е во мистерија што точно се случило. Експлозијата која однесе многу животи и донесе радиоактивност во воздухот која подоцна се прошири и во други земји е една од најголемите катастрофи во човечката историја. Иако,акцентот е ставен на чернобилската љубовна драма помеѓу Олга и Алексеј сепак дел отстапува и на фабриката. Дали љубовта ќе победи на крајот или не,дознајте сами. 10/10
Кога членовите на подводниот истражувачки објект се под закана поради праисториска ајкула од 75 метри, Џонас Тејлор,( Џејсон Стејтам) професионален нуркач, е ангажиран да ги спаси. Неизвесен трилер- акција кој ќе ве држи на штрек до последната минута 10/10
Девојката Нина што е во филмот, ја киднапираа едни тројца и момчето што ја сака даде сѐ од себе за да ја спаси од нив. За филмот една 9ка. *Инаку, комедија е. Нема ништо потресувачко.
365 days Филмот е одличен, ми го задржа вниманието иако многу наликува на 50 нијанси по сцените и кадрите ипак давам висока оценка. Полјациве се потрудиле убаво да го доловат секој кадар. 10/10 При средба со дилери ги застрелуваат Масимо и неговиот татко додека заедно ја гледаат преубавата Лаура како танцува на камениот брег. Татко му умира на лице место, а тој преживува. Во сон и потсвест му останал ликот на Лаура кој му станал опсесија. Со години и обиди да ја пронајде случајно ја сретнува на еден аеродром... Гледајте, читав има и втор дел но нема да биде дел од Нетфликс. Bird Box Психолошки (хорор) трилер од кој после не можев да заспијам, тежок филм. Искрено, глумата на Џулија предобра за разлика од другите. 10/10 Во светот се доселува некое чудовиште кои ги хипнотизира жителите и ги тера да ги видат своите болки, своите страдања и она што им го заклучило срцето, но ги ослободува од затвор оние кои долго време биле затворени во психијатриски болници. Ги наведува да го гледаат она што за светот не е нормално. Од вкупно 6-7 души во куќата преживува само таа и двете деца кои мора да се изборат да го најдат пребижиштето каде што ќе можат слободно да го тргнат превезот од очи. Напомена: Има страшни сцени, ако не можете да го гледате, немојте за ваше добро!
Free Guy 2021 Како ми легна филмов, одличен. Рајан Рејнолдс шармантен како и секогаш, Џоди Комер се истакнува се повеќе и повеќе, предобра е во филмов. Плус, бонус, Стив од Стрејнџер тингс. Одличен кастинг навистина. Нема некоја не знам каква логика во филмов, ама има топлина, има срце, одличен хумор и е целосно погоден за опуштање. Ако ви треба такво нешто топло препорачувам.
Zebra Girl. Станува збор за жена што ја открива тајната на сопругот и го убива, и после низ филмот се прикажува ретроспекција од нејзиниот живот. Поглуп филм немам гледано.Ич не трошете време на него. 0/10