1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.193
    Допаѓања:
    106.160
    Пол:
    Женски
    56f2aa603a84a896ecf8a9ec777771660db17dcca668255572b8a7cb76f8fb44._V_SX600_.jpg

    Постар филм , но дури денес го открив. Одличен трилер, одлични глумци, снимен по книга.
     
    На AshleyDidi, Аргентина *, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    13.032
    Пол:
    Женски
    TU HIJO 2018

    Тепачка пред дискотека, едно момче во кома. Таткото на повредениот дечко, решен е да ја преземе правдата во свои раце и да оди до крај - да го убие виновникот.
    Почнуваат кавгите меѓу возрасните, секој си го брани своето дете, а тоа е и поентата на целиот филм - прикажува колку една личност може да биде и слепа и глува, кога се работи за нејзино чедо. Објективноста не постои кога треба да судиш во ситуации каде учествува "your son".

    Како кај секој шпански трилер и овде расплетот е феноменален, ме изненади, обично е тешко да ме изненади филм, ги предвидувам веќе во први 15 мин.

    Единствена замерка ми е што заврши некако недовршено, ама можеби и тоа е со причина. Да се запрашаме што би направиле ние, ако тоа е нашето дете.
     
    На AshleyDidi, Guns N` Roses и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.864
    Допаѓања:
    25.304
    Пол:
    Женски
    Truth or dare ( 2018 )
    [​IMG]
    Група пријатели заминуваат на одмор во Мексико . Последната ноќ пред нивното заминување кон дома , ќе промени се ..

    Филмот како филм , ми го задржа вниманието со неизвесноста . Не постои начин да се предвиди кој е " на ред " , кој ќе преживее итн .
    Иако припаѓа во жанрот хорор , мене воопшто не ми беше страшен , сум гледала и пострашни хорор филмови . Интересно е тоа што крајот е многу неочекуван , и се наметнува прашањето " дали филмов тука завршува , или ќе има и part 2 " ?

    Од мене оценка : 7/10 .
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Buried (2010)
    [​IMG]
    Филм што 2 дена не излегува од глава. :nod:

    Пол е возач на камион кој работи во Ирак. После напад на неговата група соработници, се буди во ковчег, закопан жив, наоѓајќи до себе само запалка и телефон.

    Се наежив неколку пати, толку дејството бавно и реално се одвива што и самиот гледач ги чувствува емоциите низ кои мине ликот. Морничава атмосфера, страв, надеж, борба. Дијалозите можеби не беа толку квалитетни но тишината доволно зборуваше. Целиот филм се одвива на едно место а во ниту еден момент не станува досаден. Нема големи исечоци, претставен е како продолжена, реална снимка што фасцинира колку добро е осмислен и презентиран.
    Инспириран е според реална приказна за Roy Hallums, кој бил работник во Ирак, киднапиран и ослободен по цели 10 месеци.
    Ryan Reynolds одлично ја пренесува глумата, секоја емоција изгледаше толку реално.

    Од мене 10/10, ме ,,купи" емоционалниот дел.

    И да, филмот не се препорачува за лицата кои страдаат од клаустрофобија.
     
    На AshleyDidi, friendy, Cosmic Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    39.404
    Пол:
    Машки
    Dune 2021

    [​IMG]

    Иако е римејк на веќе постоечки филм кој е правен по книги, не знаев ништо за универзумот на Дина претходно.
    Во филмот влегов помалку изгубено на старт затоа што нема никакво објаснување за кој е кој во светот и кон што ќе се одвива дејствието. Иако со тек на време ги поврзуваш работите, сепак доста конфузно, или подобро оскудно тече филмот.

    Визуелно одличен, звучни, сценски, секакви ефекти. Грандиозни борби, сцени, одлично вклопен, но слабо дијалог, слабо storytelling и премногу непотребни сцени кои можеле подобро да ја прикажат приказната.

    Ми изгледаше како ГОТ во иднината, без емоционалниот шок фактор затоа што не можеш никако да се поврзеш со карактерите па само ги следиш сцените.
    Може подобро ќе се доживее ако веќе се знае претходно универзумот на Дина.
    И, воопшто не сакам филмови кои се прават без завршница, туку продолжуваат со 2, 3, 10 дел.
    Сфаќам дека приказната е преголема, ама направете подобро мини серија отколку овака.

    7
     
    На Guns N` Roses, WildMk, angelina1 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    4F6E41EC-2D16-4FA9-87EC-7CCF47E72B83.jpeg
    Everybody's Fine
    Жанр: драма

    Кога го прочитав насловот си помислив уште еден фамилијарен лигав филм, но напротив, филм со одлична содржина и доста реална приказна која е олицетворение на семејниот живот и врските меѓу најблиските членови.

    Френк останува сам по смртта на својата сопруга, еден викенд одлучува сите свои четири деца да ги собере во својот дом на семеен ручек, но некако сите изнаоѓаат изговори и не доаѓаат, поради тоа Френк кој е со кротко здравје одлучува да патува на различни делови од земјата за да ги посети и да ги изненади.

    Филм кој ќе ве замисли, дали родителите имаат преголеми очекувања од своите деца, форсирајќи ги да станат некој и нешто во животот, дали децата кои пораснале во зрели личности ја кријат својата вистина, кажуваат лаги за да не ги разочараат своите родители.

    8/10
     
    На joy1, Summerbaby, friendy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Филмов морам да го гледам! Уште од дете растев со класиците од научната фантастика, и од тогаш го чекам продолжението на првиот филм :). Јас ти препорачувам да го гледаш и Dune 1984. Секако е стар филм, не е омилен многу меѓу публиката, ама има своја вредност. Некому би му бил досаден таков наратив, ефектите се застарени во однос на денешните, и дава (посебно на почетокот мачна некоја атмосфера) ама те тера и да фантазираш за некои паралелни светови. Иако долго трае (мислам дека е околу 3 саати), пак има делови, релации, ликови, настани во кои не е навлезено, а будат интерес кај публиката. Мислам затоа и се продолжетоците. Подобро е прво да се изгледа тој филм, па да се види новата верзија.
     
    На MeowMeow, Billy Idol и Dancewere им се допаѓа ова.
  8. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    16.480
    Пол:
    Женски
    DUNE 2021

    Одличен филм! Право екранско задоволство за мене.
    Од глума, кинематографија па до музика.
    Единствен недостаток е што дејството е малку развлечено, ама тоа е надополнето со прекрасни сцени, ефекти, борби, прекрасна актерска екипа.
    9/10
     
    На Cosmic Girl и Billy Idol им се допаѓа ова.
  9. puffla

    puffla Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    52
    I.T. (2016)
    Добар филм. Според мене оценка 7.

    Army of thieves
    Одличен филм, кој држе внимание до самиот крај. Според мене оценка 9.5.
     

    Прикачени фајлови:

  10. puffla

    puffla Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    52
    Гледајте го Don't breathe 1 и 2
     
    На elimkd и Dandra им се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    Го имам гледано 1, но не и 2, не ни знаев дека има втор дел, пиши рецензија во слободно време
     
  12. puffla

    puffla Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    52
    till death со меган фокс
     
  13. Dandra

    Dandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    765
    Katastrofa film
     
    На puffla му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    C4C8D695-CDA5-4334-BF88-054D879A6F25.jpeg
    Florence Foster Jenkins
    жанр: драма/романса

    Биографски филм за Флоренс Фостер пејачка со најлош глас во историјата на операта.
    Цели 50 години боледува од сифилис, но љубовта кон музиката е она што ја држи толку години во живот и и дава огромна самодоверба. Покрај неа е и нејзиниот сопруг и менаџер кој сите свои напори ги вложува да не излезе лоша критика во печатените медиуми.

    Нејзините последни зборови: Некои ќе речат дека не знам да пеам, но никој нема да каже дека не сум пеела.

    Офф топик Хју Гранд е презгоден

    10/10
     
    На boomsleng, WildMk, Espadrila и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Another Life (2001)
    Една млада жена, покрај младиот, но конзервативен сопруг, наоѓа уште помлад љубовник. Мажот не сака развод, па вљубениот пар се договара да го убие. За нејзината природа, ова се наликува на игра, nonetheless, ќе ја одведе на бесилка. Според вистински настан за едно од најпознатите убиства во 1920-те во Англија. Одличен филм кој верно го отсликува духот на времето и тогашното општество. 9/10, го препорачувам (y)

    [​IMG]
    Finding Altamira (2016)
    Филм за пронаоѓањето на праисториските цртежи во пештерата Алтамира во Шпанија од страна на Марселино Саутуола и неговата 9-годишна ќерка. Освен што го следи откритието, филмот говори за судирот религија - наука и она помеѓу. Сопругата на Марселино е длабоко религиозна и под влијание на нејзиниот духовник, работата на маж и ја смета за грев, додека Марселино како приврзаник на науката, потајно ја презира религијата. Но, наидувајќи на скепса кај научната јавност и потсмев, и тој и неговата сопруга ќе се разочараат од догмите кои ги следат. Убав семеен филм за еден од луѓето чиј труд не бил испочитуван во текот на неговиот живот, и силните врски меѓу тројцата најблиски кои се поважни од се. 8/10 и моја топла препорака :sun:
     
    Последна измена: 15 ноември 2021
    На Cosmic Girl, boomsleng, blackpanter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    917
    Пол:
    Женски
    MV5BMjk2ZDFjYTUtY2U0YS00MjViLWFhOTgtNWIxOGIwOTA4YWFiXkEyXkFqcGdeQXVyNjc4NTExMTk@._V1_.jpg


    Француска комедија за 40 годишен хипохондрик, опседнат од вируси, бактерии... Неговиот доктор смета дека му треба љубов и дека можеби осаменоста го довела во ситуацијата во која се наоѓа. Дали ќе успее да најде љубов, со што се ќе се соочи во борбата со неговата опсесија...

    9/10, одлична, лесна комедија, во француски стил. Ме насмеа до солзи.
     
    На Guns N` Roses, Cosmic Girl, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.864
    Допаѓања:
    25.304
    Пол:
    Женски
    Изгледав мал маратон од три филма вечерва .
    Првиот : Central Intelligence Agency ( 2016 )
    [​IMG]

    Откако повторно ќе се поврзе со " чудниот " пријател од средно преку фејсбук , Келвин Џојнер е вовлечен во светот на шпионажата ..

    На моменти смешен , солидно ми го задржа вниманието , иако некои акции се малку претерани .

    Оценка од мене : 7/10

    Втор филм : Fast & Furious 9 ( 2021 )
    [​IMG]

    Дом и бандата мораат да се соочат со интернационален терорист , кој излегува дека е всушност братот на Дом и Миа ..

    Како и сите претходни делови , така и овој . Многу неочекувани моменти , но сепак , се чувствува отсуството на Пол Вокер ..

    Оценка од мене : 9/10

    Третиот : Journey to the center of the Earth
    [​IMG]

    Внук , вујко ( или чичко ) и еден планинарски водич ( жена , не знам како би дошло во женски род ) се упатуваат во авантура , барајќи го центарот на планетата Земја . Патуваат според книгата на Макс ( таткото на малиот Шон ) , знаат дека тоа ќе биде опасна авантура , но не се ни малку свесни колку опасна може да биде ..

    На самиот почеток , филмот изгледа малку глупаво , до толку што сакав да го исклучам , но таман посегнав по маусот , стана интересно . Не се покајав што сепак го гледав :D . Бујна фантазија имале продуцентите , well done .

    Оценка од мене : 8/10 .
     
    На Elenpelen, Teofil и boomsleng им се допаѓа ова.
  18. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    917
    Пол:
    Женски
    unnamed.jpg

    Knives out- одлична екипа, почнувајќи од Џејми Ли Кертис и нејзиниот специфичен шарм. Филмот започнува со смртта на познат писател на крими новели, навидум самоубиство. Но, во неговата богата куќа, анонимно е повикан приватен детектив да открие дали навистина се работи за самоубиство или, за да биде интересно, секој член од неговото големо семејство, вклучувајќи ја и медицинската сестра, е осомничен за убиство со личен интерес.

    Одличен филм! 9/10
     
    На AshleyDidi, Elen4e_sonce, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    20.838
    ПРИКАЗНИТЕ НА ТАТКО МИ- My father's stories
    (Филмот е француски, така што оригиналниот наслов е сигурно поинаку.)
    Го има на HBO, таму го гледав по сосема случаен избор, без претходна препорака.Не зажалив.

    Уште еднаш ми е потврди дека европските филмови, имаат некоја сага во себе, на левел ап поголема уметност, помала комерцијала и поголема тежина.
    Иако на прв поглед можеби изгледа наивен, лековерен, простодушен, предвидлив...филмот мене многу ми се допадна и ми остави длабок впечаток.
    Ме натера да се подразмислам за мене лично како родител. Колку моето зборување, однесување, воспитување, преставување на светот и на нештата , можат да влијаат и како, на детското срце и мозок ... На нивната перцепција за веродостојноста на нештата кои ги восприемат а кои им ги наметнуваме ние возрасните. За подводливоста и склоноста на манипулирањето на децата, а условено од нивната безусловна љубов кон родител. Манипулирањето од дете на дете...
    И иако некои работи ќе финишираат така како што ќе финишираат, а некои состојби се насетуваа, сепак поттикнува размислување за секојдневниот наш приказ во очите на децата.
    Настаните како настани можеби се предвидуваа, но мошне добро се изградени ликот на таткото, мајката и детето, па можеби на другарчето Лука.

    А ова подолу го пишува на HBO за филмот
    Лион, 1960-ти. Емил има 12 години. Татко му е херој. Тој вели е дека шампион во џудо, падобранец, фудбалер и дури и личен советник на генералот Де Гол. Сега сака да го спаси Француски Алжир! Емил со задоволство го следи татко му на најопасните мисии: следење, шпионирање, доставување тајни писма. Емил ги спроведува неговите наредби со голема сериозност. Тој дури и го регрутира Лука, новиот соученик, во својата тајна битка.
    Режија Jean-Pierre Améris
    Улоги Benoît Poelvoorde, Audrey Dana, Jules Lefebvre, Tom Lévy, Nicolas Bridet
    Земја Франција
    Аудио француски
     
    На boomsleng, Elenpelen, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    39.404
    Пол:
    Машки
    Колку точно кажано.
    Со растот на суперхеројските филмови, секоја година повеќе се вртам на европските и странските филмови. Овие првите достигнуваат нов лeвeл во последно време со својата уникатност, режија, начин на снимање, длабоки дијалози меѓу карактерите и општата длабочина на филмовите каде поголемиот дел пленат со некоја животна филозофија ги прави толку добри, што полека, но сигурно ќе освојуваат уште поголем број на гледачи разочарани од Холивуд. Субјективно, подобри филмови излегуваат од Европа, отколку од Холивуд денес.

    Холивуд - Entertainment.
    Европски филмови - Длабочина и филозофија.
     
    На boomsleng, SeaMermaid, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.