Fragmented (2014) Филмов е сакам речам - не знам кажам. Швалерка, шизофренија, Мексико, картелашки пари.... 3/10, и тоа е многу дарежливo.
House of Gucci За разлика од членките погоре, јас мислам дека Лејди Гага, а и општо целата актерска екипа, го држат филмот на грб. Лејди Гага по мене е феноменална, Адам е исто така добар, кога ќе ги споредиш со Патриција и Маурицио, и двајцата се многу слични на нив и мислам дека се одличен избор. Исто така не смеам да го изоставам Џеред Лето. Заслужува да биде номиниран за споредна улога. Сум приметил дека кога се работи за дејствие од подолг временски рок, тешко е да го доловиш комплетно и да направиш добар филм. Филмов од една страна изгледаше премногу долг, од друга страна премногу краток. Секоја сцена траеше прилично кратко, за да се внесеш во него и да се поврзеш со ликовите. Клучен момент беше Father, son and house of Gucci. Кога ќе се сетиш на филмов после неколку години, настрана тоа, на друго не знам дали ќе ти текне. Мислам дека фалеше повеќе драма, како и музика. Како и да е, секако е enjoyable за гледање.
Каснам, но сепак да се надоврзам на коментарите за "Dune". Пред 2 ипол години ги исчитав првите 3 делови. Едни од омилените книги ми се. Како што '00тите ги одбележаа "Господарот на прстените" и Хари Потер, а '10тите "GoT" и "Avegers", така мислев дека Дјун ќе ги обележи '20тите. Едвај чекав да го изгледам. Буквално го чекав 2 години. Филмот е одлично направен, кинематографијата е врв на врвовите. Ефектите се топ, сцените убави. Глумата е перфектна, направиле совршен избор на актери, баш како што ги замислував кога ги читав книгите. Се изненадив негативно само за една работа: не знаев дека првата книга че биде расцепкана во повеќе филмови. Мислев дека во овој филм опфатена е содржината на целата прва книга. Сепак се вика "Dune", требале нешто да додадат во насловот. Мислам дека филмов лошо проаѓа кај тие што не ја знаат приказната, им делува празен. А всушност е недозавршен. Како и да е, супер е филмот. Иначе, последен го гледав "Red Notice". Супер филмче за релаксирање. Комична акција со Д Рок, Рајан Рејнолдс и Гал Гадот. Во кратки црти, сè се врти околу крадењето на 3те скапоцени јајца од Клеопарта. Стандарден филм за Д Рок и Рејнолдс. Вреди да се изгледа за кулирање.
No time to die 007-Џејмс факинг Бонд. Што да коментирам, да си кажам и јас дека нема Џејмс Бонд за мене по Шон Конери и Роџер Мур?! Уште во средно го гледав со нив филмовите, значи пред 20 години, и уште ги памтам. Следните Бонд филмови да ме праша некој што се зборува, појма немам, од што ни Бонд го погодија, ни текот на филмот го погодија. Даниел Крег рака под рака со Тимоти Далтон се утка невидена (во оваа улога, инаку добри актери). Ноу тајм то дај, Рами Малек одличен, во улога на негативецот, кој спрема невидено оружје, а Џејмс, веќе повлечен од служба, ќе се вклучи секако да му влезе во трага. Ко за некој акција филм 8/10, ко за Џејмс Бонд 6/10.
Супер авантурисричко Дизни филмче. Лесно, се гледа со деца, а интересна тема-Емили Блант ја глуми младата докторка Лили Хаутон која, заедно со својот брат, ќе тргне на долго патување по Амазон со цел да најде цвет кој лекува од секаква болест. Таму ќе наиде на Франк (Двејн Џонсон), организатор на интересни крстарења по реката и заедно ја продолжуваат авантурата. Но не е се' вака едноставно како во описов. Има и комични моменти и интересни реплики. Вреди да се гледа. 9/10
The Green Mile 1999 Филмот го опишува животот на чуварите на ,,Green Mile" одделение во затворот за осуденици на смртна казна. ,,Зелена милја", името доаѓа од зелениот под кој се протега од ќелиите до собата каде се извршува смртната казна на затворениците. Во одделението владее целосен ред, сѐ додека не биде донесен Џон Кофи (Мајкл Кларк Данкан) кој го чека извршувањето на смртна казна поради убиството на две девојчиња. Пол Еџкомб (Том Хенкс) е главен чувар на одделението, неговиот живот комплетно ќе се измени после доаѓањето на Џон. Џон поседува мистериозна дарба, нешто кое никој не би го очекувал а најмалку чуварите на одделението. Филмот е навистина емотивен, особено крајните сцени и изобилува со сензитивни и вознемирувачки сцени. Претставува уште еден доказ колку системот може да биде погрешен, колку еден човек е беспомошен, оставен сам против сите. И на крај, сѐ што би се запрашале е дали навистина треба да постои смртна казна во едно општество... 10/10 од мене.
Independence Day:Resurgence 20години после првиот филм,после првиот напад повторно ја напаѓаат земјата.Преостанатите луѓе на зејмата ја научуваат лекцијата од првиот напад ил бар така мислат тие.Првиот филм ми се допадна далеку повеќе од овој.Некако ми е не докажан,фалат доста делови,поќнато да се кажува за нешто па прекинато.За ефектите немам збор,ми се допажа што ги вклучиле и во овој дел David,precedatelot,doktorot од првиот дел.Оценка:6/10
Двајца медицински истражувачи развиваат серум под името Лазарус кој ги враќа мртвите во живот. Откако го тестираат на животни, се испоставува дека серумот има некои психолошки и физички недостатоци и истражувањето запира. Кога жената на главниот научник умира во сообраќајка, тој во очај е приморан да го искористи серумот сакајќи да ја врати во живот, не претпоставувајќи какво зло всушност ослободил....... Оценка 8/10
El asesino de los caprichos Шпански филм,одлична замисла,солидна реализација на истата.Станува збор за серијски убиец кои е колекционер на уметнички дела и убива други колекционери по пример од истите дела. Односот на Кармен и Ева не ми се допадна како се развиваше,понашањето на Кармен е нејзин обрамбен механизам поради се што преживеала во минатото.не очекував ваков крај. Оценка:7,5/10
Она што можам да го кажам е дека уживам во гледање филм со Лиам Нисон во главна улога. Навистина нема утка во овој жанр... Испреплетено акција и трилер , вистински предизвик за сите сетила. Taken 2 е вториот дел од акциски- трилер трилогијата. Поранешен агент и неговата поранешна сопруга се киднапирани од мафијата во Албанија....потоа следува бркотници и акција во потрага да се спасат од смрт.. Оценка 9/10
Останав без зборови... Злобен психотерапевт користи хипноза за да си постигне негови цели, да си оствари негови желби. Буквално со луѓето раководи како со далечински управувач. После филмот, ќе си помислите дека насекаде околу нас има хипнотизери заради кои ние и сите околу нас се тоа што се ... Погледнете го филмот, одличен е.
Одлична адаптација од Стивен Спилберг на стариот музикл "West Side Story" од 1957. Вистинско уживање во два и пол часа за очи и уши. Дали дека растев со музиката од овој музикл (татко ми постојано ја пушташе дома , па емотивна имам некоја реакција), дали поради одличната сценографија и супер талентираната екипа изведувачи/танчери, ми ги исполни очекувањата филмов на Спилберг. Топло препорачувам да го погледнете. Вистинско освежување во морето од научно фантастични, речиси како видео игрици филмови.
Last Night in Soho Ели е надежен млад талент што излегува од својата рурална средина и оди во Лондон да студира моден дизајн. Со својата интровертност, опсесија со музиката и естетиката од 60тите и тажна семејна приказна, таа не може да го поднесе снобовското друштво во студентското сместување, па затоа зема изнајмена соба во стара, носталгична куќа по нејзин вкус. Таму Ели во своите соништа и визии ќе го почувствува златното време на Лондон, но тој гламур постепено ја покажува својата мрачна, насилна страна која ја доведува до лудило. Ања Тејлор-Џој е оправдано трендинг феномен, мултиталентирана и совршена за вакви улоги, а и Томасин Мекензи (можеби ќе ја препознаете и како Елса од Jojo Rabbit) ми е преслатка и баш го доловува тој innocent вајб на Ели. Одлична кинематографија и естетика, солиден надреален психолошки приказ на насилството и мизогинијата под велот на носталгичниот гламур.