Mon roi (My king) Жанр: драма Тони која се наоѓа во клиника за рехабилитација поради повреда на ногата, се навраќа 10 години наназад размислувајќи за бракот и животот поминат со својот сопруг Џорџио. Период испреплетен со многу подеми и падови и комплицирани односи. Нескротливиот сопруг со младалашки дух дополнително ја доведува Тони до раб на лудило, човек со кој ќе го допре врвот, но и дното. Уште една потврда дека европските филмови имаат посебен шмек, актерите исто како и воопшто да не глумат. 9/10
Monsters Филмов ми се допадна првенствено поради енергијата меѓу главните глумци.Чудовиштата добро направени но премалку прикажани.А очекував и бобргу да се смуваат Сам и Андеј. Оценка:8/10
A fall from grace Искрено филмот е хаос. Многу работи немаат никаква смисла ниту пак логика. Некои сцени се толку вештачки. Идејата е добра иако мислам веќе видено. Самата реализација е лоша. Глумата се разликува од глумец до глумец. Гледаш саат и пол за на крај да има плот твист што нема никаква логика иако крајот од цел филм беше највозбудлив. Не би препорачала. 4/10
Ron's Gone Wrong 2021 Ако го немате изгледано досега, обавезно додате го на листата. Филмов е целосна позитива, приказна за пријателство, онакво искрено какво што сите сакаме. Досега има многу филмови за неразделивите пријателства помеѓу куче и човек, но како технологијата напредува така и тој аспект добива нов облик. Приказната за Барни и Рон, андорид робот, ни покажува како еден обичен, автоматски уред ќе стане неговиот најдобар пријател. Иако има рејтинг 7,1/10 (не знам зошто толкав низок рејтинг му доделиле) за мене вредеше многу повеќе. Слаба сум на анимирани филмови, и да не беше последната сцена ќе му дадев 9/10 но баш таа сцена ме купи. Па затоа 10/10.
Мојот жанр, хорор- трилер..... 10 пријатели пристигнуваат во планински ресорт,многу оддалечен од најблискиот град, да се одморат и релаксираат за време на викендот. Сфаќајќи дека немаат сигнал и гориво во автомобилите се сместуваат во една од кабините. Меѓутоа ,се е некако чудно....празно, нема никој, а наоѓаат половично изедена храна, недопушено цигаре кое сеуште чади.... се додека не почне мистериозно да исчезнуваат членовите од друштвото. Настанува паника и борба за опстанок која доведува до меѓусебно напаѓање... Филмот има добро сценарио и многу ми се допадна, единствено што ми бодеше очи беше глумата на Брајан Остин Грин....искрено очекував многу повеќе од него, затоа и оценката е таа која што е. Оценка 7/10
Добар вестерн. Приказната и не е кој знае што, не дека е лоша, само клише е. Еден се прави главен, никој не му може ништо, сè додека една група не се организираат да го симнат од "тронот". Многу ми се допадна режијата, има посебен стил како се склопени одредени сцени. Башка екипата актери е супер, не се сеќавам дека имам гледано вестерн со црнци. Јас му давам оцена 8ца, сметам дека 6.6 на Имдб е премалку.
Red Notice ( 2021 ) Малку потсетува на Ocean's eleven , само што дејството е насочено кон кражба на предмети , не пари . И кога мислите дека знаете се , очекувајте го неочекуваното . Оценка од мене : 8/10 ( затоа што многу наликува на единаесетмина од Оушн ) .
Оваа психолошка хорор- трилер приказна е сместена во далечната 1945 година и раскажува за Грејс и нејзините две деца, кои имаат ретка болест: осетливост на светлина. Живеат во голема куќа и Грејс вработува тројца нови слуги, кои тврдат дека работеле во истата куќа пред многу години,за претходните сопственици. По серија необјасниви случувања , како привидување група луѓе, слушање чекори и нечии разговори,свирење на пијано ,Грејс е убедена дека куќата е опседната. Напнато до самиот крај и неочекуван пресврт на настаните нема да ве остави рамнодушни. Филмот е награден за Најдобар Хорор филм, Најдобра актерка.... Оценка 9/10
Spencer Кога видов дека Кристен ја добила улогата за Дијана, реков дека ова ќе биде или highlight, или lowlight на нејзината кариера. Не беше ни едното, ни другото. Искрено не знам како некои сцени совршено ги владее, од емоција, до фацијални експресии, контрола на гласот и слично, а други сцени да се толку вештачки и кринџ. Можеби само филмот беше mediocre. Ако не се лажам од истиот режисер на Jackie e, а ко што се сеќавам и Натали Портман не блескаше во тој филм.
Сега го изгледав, да, од истиот режисер на Jackie и во ист стил скроз. Првите 45 минути одма ми поминаа, а ништо посебно не се случи. Филмот го опфаќа периодот кога Лејди Дијана е скршена од неуспешниот брак, сите правила според кои мора да живее и доживува нервен слом. Кристен Стјуард ич не личи на Лејди Ди, глумата така-така, баш на моменти убедлива, на моменти млако. 7/10
Encanto 2021 Мирабел е единствената во нејзиното семејство која нема магични моќи. Филмот ја опишува нејзината приказна, прикажувајќи ни која е нејзината улога и како таа на поинаков начин ќе придонесе за нејзиното семејство. Океј е филмот, гледлив, воопшто не е досаден. Има уникатна приказна, не е најдобриот анимиран филм кој сум го гледала, но сепак е солиден. 7.5/10 Нешто што би издвоила, филмот има многу убави песни а особено песната Surface Pressure. Толку е заразна што цел ден ја слушам.
The French Dispatch Главниот уредник на The French Dispatch, американски весник во фиктивно француско гратче, ненадејно умира и во тестаментот им налага на вработените да објават последно издание со три стории од различни сфери (уметност, политика и храна). Филмот е поделен во пет поглавја: тура низ градот Ennui-sur-Blasé, трите стории раскажани од новинарите и посмртна посвета до уредникот. Ветувачката актерска екипа (меѓу кои се Едриен Броди, Тилда Свинтон, Леа Сејду, Елизабет Мос, Френсис МекДорманд и љубовта моја Тимоти Шаламе ) не разочарува, а ни типичната кинематографска естетика на Вес Андерсон. Ексцентрична и шармантна ода за новинарството и уметноста на storytelling.
Don't look up (2021) Џенифер Лоренс работи на својата научна докторска теза обзервирајќи го универзумот со телескоп. Една вечер, случајно ќе забележи нова комета до тогаш не детектирана како влегува во сончевиот систем. По славјето за пронајдокот, нејзиниот ментор, Леонардо Дикаприо, заедно со студентите доаѓаат до шокантен податок дека кометата ќе удри во Земјата за 6 месеци и ќе го уништи цел живот. Да го спречат тоа, ги известуваат властите, НАСА, претседателката на САД, и апелираат по вести, медиуми... Лавиринтот во кој влегуваат при апелирањето за опасноста го пресликува денешното општество во кое живееме. Крајно поделено, дезинформирано, неуко и игнорантно. Филмот е своевидна саркастична критика кон целиот општествен свет денес и на еден комичен начин ни доловува колку сме всушност глупи како луѓе, нација и општество. Секако, акцентот е на САД, но не е поинаку никаде. Хуморот на моменти знае да биде кринџ, ама навикнат на форумов, не ми беше до толку тешко да го сварам. На моменти филмот знаеше да премине во крајности и да ја загуби реалната жичка, типично за американски комедии. Се на се, беше солидна претстава за се што е погрешно денес со луѓето, и после гледањето сигурно секој од нас, бар малку ќе навива стварно да не удри комета. 7-че.
Кажи ми дека го има некаде онлајн да го гледам, толку многу го исчекував овој филм. Во кино не можам моментално... Вес Андерсон ми е врв, а љубовта твоја (а малку и моја) Тимоти ептен ми се вклопува во естетиката на Вес Андерсон. Последен филм јас што гледав е: Bacurau Бразилски филм, каква приказна и каков пресврт. Дејството се одвива во едно селце во Бразил наречено Бакурау, чудни настани се случуваат и граѓаните на селото сами мора да се справуваат со она што ги снаоѓа. Филмот мене голем впечаток ми остави, нешто многу по различно од Холивуд. Борбата на малиот народ против корумпираните политичари, спремни на се за профит прикажано на многу интересен начин. Нешто во стилот на Тарантино со бразилски шмек. 10/10
@Dancewere https://tinyzonetv.to/movie/watch-the-french-dispatch-2021-free-75466 Изволте Предобра страна, нема што нема овде.
Sisterhood(2021) Дојде на ред и нашиов филм на на Нетфликс да го гледам. Јана и Маја се најдобри другарки во тинејџерски години, но имаат токсична контролирачка пријателска врска. По неколку последователни лоши одлуки нивното пријателство е ставено на тест. Прво нешто што ми сметаше цел филм е што многу мрмљаат додека зборат, не можев да разберам што зборат и морав превод англиски да си пуштам. Тинејџерскиот живот ми беше некако многу американизиран, не знам можеби денешниве тинејџери се такви, а од друга страна домовите, автобусите и некои други сцени што ги прикажаа не наликуваат на тоа како живееме денес во 2021, ретко кој тинејџер во Скопје живее во куќи со рушевини и мебел од 60-тите а воедно има и најскап нов телефон и има пари за да оди на пливање. Ама реално приказната е океј смислена, боите, сценографијата мене ми се допаднаа, да беше странски филм до сега ќе го фалеа сите. Од мене 7/10, чисто ради тоа што крајот не ги задоволи моите очеквуања и секако мрмљањето.
Да се надоврзам на рецензијата од @sweet-cherry и јас само што го гледав нашиов филм - sisterhood 2021. Искрено, пријатно сум изненадена. Совршено го отсликува модерното општество, тинејџ моментите кои знаат да го сменат животот и да му дадат нова насока. Дефинитивно препорачувам. П. С сцената со кучето при крајот од филмот, ме уби. Сеуште плачам.