Christmas under wraps (2014) Клише божиќен филм од филмовите на Hallmark, но многу убаво и релаксирачки ми дојде, а и одамна сакав да го гледам ама го чував за нова година. Малку виртуелно патување до Алјаска. Се работи за докторка хирург која е многу посветена на работата, аплицира за престижна клиника во Бостон ама е одбиена. Во меѓувреме раскинува и со дечкото кој мислеше дека ќе ја запроси, но и раскина зошто само се замарала за работата. И излегува опција да оди да работи во Алјаска, прифати, но не беше задоволна воопшто зошто беше единствен доктор таму, а и не работеше како хирург туку како општ лекар. И потоа секако започнува интересниот дел, дека уствари не мора се по план да ти испадне и може има и подобра опција од тоа што си планирал. За релаксација и пуштање мозок на пасење, одличен. 10/10
The Christmas Card 2006 Еден час барав новогодишен филм и налетав на овој на IMDb. Ми се виде со солиден рејтинг ама се излажав. Полоша глума не сум видела. Особено од машкиот лик. Приказната клише, новогодишна романса (тоа и го очекував) ама глумата ужас. Толку површно, без грам емоции и соживување со ликот. Како со сила да го донеле да глуми. Не знам кој му дал 7.1/10, од мене 4 и тоа е многу.
@Billy Idol , @WildMk Во филмот единствено глумата е добра и само ради тоа во темана за предизвик го оценив со 3.Сценариото е забегано и нереално. Лош хумор во сериозна тема не е за висока оцена.
Го гледав „Ничија земја“, филмот за босанската војна. Што да кажам? Сите овие филмови за војната ми докажуваат дека босанската глупавост е како буре без дно, а Западот е лицемерен.
Денес го гледав, многу е добар, на комичен начин прикажано се што не чини во денешново општество. А и јас сум една од оние што мислат дека нема лош филм со Леонардо Да се надоврзам на коментарите за Сестринство, го изгледав и јас, одлична приказна, со оглед на тоа што сум мајка на две деца кои допрва ќе бидат тинејџери доста ме потресе. Само едно нешто не ми се допадна, не знам зошто мораше да бидат децата од филмот од сиромашни семејства, со бедни услови за живот. Никако да излеземе од таа рамка да Македонски филм мора да прикажува депресија, беда, ова што беше тема на филмот може да се случи на деца од било кој слој. Прв пат сум во темава, малку оф топик, само сакав да се надоврзам на овие 2 филма, оти ми се последни изгледани
Harry Potter 20 anniversary, Return to Hogwarts (2022) Драги љубители и засекогаш фанови на Хари Потер, гледајте го документарецов. Ќе ве врати години назад, ќе ве потсети на најмагичните, прекрасни денови, моменти од детството, на секој гледан филм, прочитана книга. Солзите беа неизбежни, насмевката исто. Многу, многу убаво беше изработен документарецов. Ми фалеа некои ликови, но имаше доста актери што се појавија. Многу подобро сработено во споредба со оној од Пријатели. Да не се лигавам уште, ама срцево ми се исполни со радост. Хари Потер засекогаш омилен.
Ме инспириравте да го гледам! Од мене има 9/10, одличен. Нема да давам рецензии, убаво е опишан погоре. На колку само ситуации ме потсети почнувајќи од Ковид, како ние луѓето знаеме да реагираме, некој да бара слава, друг да тера сеир, да шири рекла-казала теории, скроз да се игнорираат факти, без малку желба да се ислуша компетентен човек. Хуморот ми се бендиса, се насмеав поштено. За екипата немам збор, има ли нешто што ДиКаприо не може да одглуми? Мерил Стрип-брилијантна! И Кејт Бланшет, оригинал доловена површна водителка. Пак би го гледала!
Во време кога нај(на)силните земји вложуваат огромни финансиски средства за модернизирање на воената галантерија, се случува еден скок а тоа е роботиката. Поточно, роботи со вештачка интелигенција како алтернатива доколку е прекината врската помеѓу операторот и дронот-роботот. Се случува на спорна граница помеѓу Виетнам и Камбоџа, 4 роботи се испуштени на тестирање, тајно и нелегално. Во погрешно време и на погрешно место се наоѓаат повеќе ликови кои придонесуваат планот да не испадне како што треба и, наместо криумчари на дрога и имигранти, жртви се деца и луѓе од едно село. Одличен филм кој веќе не може да се нарече научна фантастика туку трилер, драма, хорор и акција...
The Christmas cottage (2017) Уште еден клише божиќен филм ама таква си е сезоната. Не ме воодушеви нешто многу, сум гледала доста подобри. Но, нема врска за опуштање пред спиење е океј. Се работи за Lacey која работи како interior designer заедно со дечко и во фирма со кого се многу посветени на работата, па ја имаат и запоставено врската. Lacey се враќа каде што пораснала за свадба на најдругарка која е за време на празниците. И додека е таму и дадоа задача да ја уреди новогодишно таа Christmas cottage за која е уствари приказната на филмот (кој пар преспал во неа за Божиќ ќе остане вечно заљубен). На свадбата е и братот на другарка и т.е нејзината голема љубов од младоста, се среќаваат по толку години и нормално им се навраќаат спомени од таа врска. И после доаѓа и дечко и за свадбата, се станува покомплицирано и нормално има случки во Божиќната куќичка. 7/10 за филмов
Christmas wedding planner (2017) На imbd има 4 оценка, исто толку би му дала и јас... На trailer ми личеше поинтересен, па викам ај ќе му дадам шанса за 1ч и 20мин, каков и да е, секако немам некое големо очекување од вакви филмови. Крајот многу го зезна филмот, воопшто не очекував таков крај. Другото беше поинтересно, приказната беше океј до некаде, убав избор на глумци, но сепак целокупно мех...
The nine lives of Christmas (2014) Преубав филм, не знам зошто не сум го гледала до сега. Со поранешниот Спајдермен. Глумецот е прекрасен, тоа е бонус. Добра беше и глумата. Убава приказна имаше филмот, романтичен, опуштачки, Божиќен, плус преубави беа двете мачки и секако главниот глумец. Накратко, Zachary не сака брак, не верува во љубов и не сака да се врзува со никого во животот. А, Marilee е 29 годишна студентка по ветерина, таа не сака љубов додека не дипломира, бидејќи работи и учи, нема време (ги посветила раните 20ти на помалата сестра бидејќи нивните рано починале во сообраќајна несреќа, па затоа сака што побрзо да го заврши факултетот сега и ништо друго не ја интересира). Zachary случајно наоѓа мачка на која и умрел сопственикот, таа сама го одбира него . Сака да ја чува само кратко и побрзо да и најде куќа зошто не сака ниту со мачката да се приврзе, па се запознава така со Marilee поради мачката и приказната почнува... 10/10, ми држеше концентрација филмот до сам крај, се ми се допадна околу филмчево
Sisterhood - сестри. Иако наш, македонски филм морав да уклучам превод зошто скоро ништо не се разбира што зборуваат. Слика на животот на денешната младина сведен на социјални мрежи, промискуитет... Две другарки, заедно и учат стануваат причина за смртта на нивна соученичка. Едната безгрижна другата со грижа на совест што доведува до прекин на другарството и булинг. Генерално е ок според мене филмчето, секогаш може и подобро нели но сепак тематски е освежување за нашата филмска сцена со оглед на тоа што се нудело до сега.
И јас го заприметив тој момент ама си размислив дека можеби баш и тоа е целта, да се прикаже дека иако се живее во сиромаштија не смее да се изостане во поглед на телефони итн.Од тинејџерска перспектива. Има мн фамилии што дома им скапува буквално ама телефон најнов мора да се има.