Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    A Royal Christmas (2014)
    [​IMG]

    Како да снимале за животот на Меган и Хари. Иста приказна. :lol:
    Опуштачко филмче, за пуштање мозок на пасење. Снимано на убава локација, глумата беше добра и пак симпатичен глумец. :lol:
    10/10
     
    На Peppermintka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    The most wonderful time of the year ( 2008 )
    p191586_v_h8_aa.jpg

    Романтичен филм со малку актери.
    Накратко, Џенифер е млада, убава и успешна жена само нема среќа во љубовта.Бракот и се растурил многу брзо по раѓањето на синот.Сега е во врска со еден на кој му се важни само парите, ладен тип кој не знае да се забавува воопшто.За Божиќ таа го повикува вујко и.Вујкото на аеродромот се запознава со еден многу добар дечко и го носи кај неа дома.Остатокот може да го пртпоставите.Полека си се допаѓаат еден на друг и на крајот се заедно.

    Филмот трае точно час и половина.Убав лабав филм кој не те заморува, а ти го држи вниманието.Плус актерите им се преубави посебно Џенифер.
    image-w1280.jpg
    Оцена 8/10
     
    На Peppermintka и bicycle им се допаѓа ова.
  3. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Predictable thriller со одлична глума.
    Дејствието се одвива помеѓу Клое, неподвижна тинејџерка и нејзината психички растроена мајка. Клое започнува да се сомнева дека мајка и чува мрачна тајна и започнува да истражува.
    Филмот е предвидлив уште од самиот почеток. Ми фалеше некако подолг вовед, веднаш премина на заплетот. Знаеш што ќе случи до самиот крај, но имаше некоја неизвесност и тензичност што ти го задржува вниманието.
    Screenshot_20220109-131253_Chrome.jpg

    7/10
     
    На bicycle и christinnn им се допаѓа ова.
  4. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Тhe City of the Dead 1960

    the city.png

    Не пребарав доволно, не знам дали има посебна тема за предлози/критики/рецензии на црно - бели филмови, но, ако нема не би било лошо да се отвори за љубителите на класиците од тоа време.

    На кратко за филмот, дејството се одвива во провинцијалското гратче Whitewood, кое се смета за проколнато поради низа исчезнувања на околни истражувачи и студенти, како резултат на необјасниви случувања поврзани со вештерство. Настаните се поконкретно предусловени од еден настан во минатото, а тоа е горењето на познатата вештерка Еlisabeth Oven која се одмаздува склучувајќи пакт со 'мрачните сили'.
    Дејствијата, облеката, ритуалите се нешто кое делува уметнички и надреално, а е баш карактеристично за тоа време, тој мрачен период од епохата. Приказната е солидна и задржува внимание до самиот крај.
    Топло го препорачувам, зошто не е филм кој бара мозгање, а сепак е интересен и екстравагантен.

    Моја оцена е 8/10, само поради фактот што требале подобро да го осмислат завршетокот, да биде понеизвесен за пошироката публика.
    Погледнете го, го има на youtube, ќе оставам и линк во прилог. :)

     
    На MeowMeow, Nausicaa и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  5. Пеперутката6

    Пеперутката6 Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    39
    Screenshot_20220109_200908.jpg Alice, a 12-year-old girl, suffers due to her mother's ignorance, who gives more attention to Karen, her younger sister. She becomes a prime suspect when Karen is brutally murdered.
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Ги гледав Best of the Best од 90-те, поточно 2., 3. и 4. дел. Главно забавна содржина, да се работеше за повисокобуџетна франшиза, попознати/подобри актери и сценарио, филмовиве ќе беа блокбастери. Ама вака на наивна глума и реплики, не можам да ги оценам погоре од 4 и 5 од можни 10. Но ако сакате боречки вештини, акција, крими, тип на филмови од пред 25 години како со Сталоне или Сегал, препорака.
     
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    13473BB1-2C9D-4E70-8D3E-DD366BCF4C55.jpeg
    Dolores Claiborne
    Жанр: драма

    Еден од најдобрите филмски адаптации.

    Кога поштарот случајно ќе влезе во куќата на тешко болната милионерка Вера, останува запрепастен од глетката, ја затекнува помошничка Долорес со сукало во раце како стои над мртвата Вера. Долорес е обвинета за убиство, тоа е причината поради која нејзината ќерка ќе дојде во посета. Се откриваат најмрачните тајни од минатото на семејството.
    Филм кој мене лично ми го задржа вниманието до последна минута.
    Секоја чест за глумата на актерите

    10/10
     
    На BlackAndWhiteSwan, christinnn, daylight и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Повторно Зона Замфирова (2002), пред неколку дена го гледав вториот дел, па решив да го репризирам првиот. Овој пат забележав тежина која не ја перцепирав како дете, одблиску е опишан тој менталитет на овие простори, како било некогаш и што се е задржано до ден денес.
    [​IMG]
    Најмалата ќерка на богатиот хаџи-Замфир и најубава девојка во Ниш, се загледува во момче кое припаѓа на понизок сталеж. Љубовта е потиснувана од општествените стеги и класни разлики и само итрина ќе ги премости. 8/10
     
    На elimkd и daylight им се допаѓа ова.
  9. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    The professor

    Живееш живот, дознаваш дека не ти останува премногу време и баш тогаш ти доаѓаат сите најлоши информации.. На моменти беше монотон, некои несфатливи постапки, но имаше солидна поента.

    Препорачувам.
     
  10. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    3.305
    Пол:
    Женски
    Тhe worst person in the world, оригинален превод: Verdens verste menneske (2021)
    Screenshot_20220113-140202_Google.jpg Дејството е во Осло. Се фокусира на приватниот и професионалниот живот на Julie. Прекрасно доловени емоции, особено од главниот лик. Почнува лабаво но филмот е всушност комплексен опис на човековите односи. За себеоткривањето, за љубовта, врските, кариерата, за донесување важни одлуки.. Забавен, комичен, тажен.
    Од мене голема препорака да го погледнете. Влезен е во категоријата за најдобар интернационален филм на Оскарите.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  11. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Free guy

    Гај секој ден има иста рутина, но само до моментот кога ќе ја види девојката. Вештачка интелигенција, акција..
     
  12. Пеперутката6

    Пеперутката6 Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    39
    Screenshot_20220114_160748.jpg Seven schoolgirls, part of a clique dubbed the Sins, become the lethal target of an unknown killer after a seemingly harmless prank goes horribly wrong.
     
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    E5822335-3B3D-400C-A2FC-FD32A14AD962.jpeg
    Magnolia
    Жанр: драма

    Психолошки филм во кој е прикажан животот на неколку различни луѓе, богат старец болен од рак кој е на смртна постела, неговата млада сопруга и болничарот кој се грижи за него, потоа успешен секс гуру и неговото тажно детство, посветениот полицаец кој се вљубува во млада девојка која е зависник од дрога, паметно момче кое учествува во квиз, човек во одминати години кои исто така во младоста бил паметно момче кое освојувало награди …. сето тоа склопено во една сторија.

    Магнолија, епски филм за тагата, загубата, покајанието. Прикажано е како луѓето си ги уништуваат своите животи, а полицаецот и болничарот се единствените кои прават се за да пружат помош, љубов и надеж.

    "We may be through with the past, but the past is never through with us."

    10/10
     
    На fanfalla24, warrior, Аргентина * и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.253
    Пол:
    Женски
    Не е последен филм но го препорачувам ако сакате да се убиете од плачење.
    Турски филм за пар девојчето од сиромашно конзервативно семејство, типот единец музичар нормално од богато семејство но биполарен.
    накратко кажано ја наогаш вистинската љубов, поминувате низ мн препреки кога мислите дека се е ок и тргнува на добро, доаѓа најлошото а тоа е болеста.

    [​IMG]
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    100.207
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20220116_000110.jpg
    9/10
    Младиот Зеин ги тужи своите родители за своето болно детство...
    Со една реченица не може да се опише она што овој филм го носи.Болка,тага,сиромаштија од невидени размери,помешано со желбата за опстанок...
    Многу добар филм.Изворедна глума на најмладте актери.Го препорачувам од срце.
     
    На Bella •••, simoncelicius, Lotus Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    A League of Their Own (1992)
    Приказната е инспирирана од почетоците на женската бејзбол лига во 1940-те. Додека машката популација се мобилизирала во Втората светска војна, бејзбол асоцијацијата и големите спонзори барале начини забавата на терените да продолжи, а профитот да кружи и тука настапуваат девојките, а во средиштето се две сестри.

    Оваа спортска драма/комедија е архивирана во националниот регистар на САД за филмски остварувања од особено значење, со што важи за еден од најдобрите американски филмови и мојата оценка е 10/10.
     
    Последна измена: 16 јануари 2022
  17. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Ghostbusters: Afterlife

    Пробувале некое продолжение да направат, па полош филм не можеше да биде. Залудно потрошено време. Не вреди ни за 4.
     
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    All the Right Moves
    (1983)
    Младиот Том Круз во улога на средношколецот Стефан Ѓорѓевиќ, кој живее во мал американски град на доселеници од посиромашни земји и е син на металски работник.
    Тој сака да се запише на факултет, па го користи играчкиот талент за рагби со цел да добие стипендија и да го напушти родното место. Филмот е опис на тешкотијата да се потекнува од мало гратче, а режисерот се чини бил запознат и со менталитетот кој луѓето од некои краишта на Европа го влечат со себе, но се добро завршува кога е човекот решен да го промени својот однос. Убава поента, само маалку беше досадно дејствието. 7/10
     
    Последна измена: 17 јануари 2022
    На Just.do.it и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.745
    Пол:
    Машки
    Drive My Car (2021)

    [​IMG]

    Годинешниот кандидат за Оскар од Јапонија. Се заљубив уште на постерот кога го видов SAAB 900 Turbo. Една од поомилените коли ми е, сон од младоста да ја поседувам еден ден. Којзнае дали ќе дојде тој ден.
    Кола, која си имала своја суб - култура во 70-те. Уникатна, посебна, авангардна. Па, така и филмов можам да кажам дека е за посебна публика и не би уживал секој во него, посебно што е 3 часа долг, со споро темпо на градење на заплетот, долги сцени, без премногу дијалог, но со повеќе емоции.

    Г-дин Куфуку е актер и театарски режисер кој си носи на себе голем емоционален товар од загубите кои ги има доживеано во својот живот. По смртта на сопругата запаѓа во депресија и летаргичност. Единствен начин на бегство му е долгото возење со неговиот СААБ 900 Турбо низ Токиските улици, слушајќи ја повторно и повторно касетата со гласот на жена му од вежбањето на претставата Вујко Вања од Чехов.
    Неговиот живот ќе се промени по молбата да ја изрежира претставата и претстави пред театарот во Хирошима. По доаѓањето на југот на Јапонија, затекнат е од едно чудно правило, доделен му е личен шофер, млада девојка во своите рани 20-ти. Иако првично е против таа идеја да ја предаде колата на друг, поради својата учтивост не ја одбива понудата.
    Помеѓу младата девојка Ватари, и Г-дин Куфуку се развива посебна емоционална врска како што се развива заплетот, откривајќи го товарот кој го носат овие ликови.

    Предобар филм. Иако предолг, го изгледав без воопшто да изгубам внимание. 3 часа ме остави закован пред екранот во размислување. Ретко кој филм така може.

    8
     
    На kravce и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Spider-Man: No Way Home(2021)

    MV5BZWMyYzFjYTYtNTRjYi00OGExLWE2YzgtOGRmYjAxZTU3NzBiXkEyXkFqcGdeQXVyMzQ0MzA0NTM@._V1_.jpg

    Открен е идентитетот на Спајдермен, Питер Паркер. По откривањето на идентитетот Питер е соочен со многу предизвици тој е мета на медиумите и полицијата, но не само тој туку и неговите блиски, пријатели. Питер со цел да ги заштите неговите сакани, да ги избегнат непријатностите со кој се соочуваат поради него се одлучува да побара помош од Доктор Стрејнџ. Тој посака да им се избрише од меморијата на сите луѓе дека Спајдермен е всушност Питер Паркер, но со магијата тргнува се наопаку, се ослободуваат суштества од другите светови(непријатели) кои ќе сакаат да го уништат светот.
    Визуелните ефекти, глума, се е совршено доловено.

    Оцена 10/10