Научна фантастика од 2014 година со Емили Блант и Том Круз во главната улога. Филмот е сместен во иднината, каде поголем дел од Европа е окупирана од Вонземјани. Двајца војници се пуштени да го спасат човечкиот вид. Обидувајќи се да се изборат против Вонземјаните ,остануваат заробени во времето. Оценка 8/10
Black Lightning (2009) Океј, ова беше еден од оние филмови кои really caught me off guard колку всушност ме бендиса. Жанрот е акција/sci-fi и искрено немав големи очекувања, ама на крај испадна суперхеројски филм кој многу ми даваше спајдермен вајб, особено стариот спајдермен (не знам сеа новиве како се). Само што овој "спајдермен" има кола што лета. Нема многу висок рејтинг ама oh boy стварно преубав филм според мене. Едвај го најдов на нет со руски dub и да има можност да си аплоадирам англиски subtitles (се наоѓаат накнадно). Ама мислам дека сите што сте љубители на западњачките суперхеројски филмови од marvel, dc треба да му дадете шанса. Бидејќи ептен вреди, според мене, навистина е underrated. Моја оцена: 10/10 П.С. се опседнав со песнава од филмот:
KINGSMAN 1 & 2 Во првиот дел група агенти - шпиони се борат против еко- терорист.... Во вториот дел се борат против дилер на дрога кој сака да завладее со светот... Интересни акција- комедија филмчиња... оценка 9/10
Boy Missing Шпанците се врв за трилери ама во филмов се надминале себе си. Одличен филм, одлична глума и неизвесен до самиот крај. Крајот ќе ви докаже дека животот е карма и се се враќа, се се плаќа. Од мене огромна 10-ка! Пожртвуваноста на мајката е огромна.
Matilda (1996) Mатилда е девојче која не е доволно ценета и прифатена од нејзиното семејство. Таткото на Матилда е измамник, препродавач на стари автомобили, додека пак мајка и постојано оди во кубови да игра друштвени игри со пријателките тоа е единствено нешто што ја интересира, има и брат којшто карактерно е потполно ист како неговите родители. Матилда е спротивност на нив, уште од мала е прикажана како многу напредно дете. Бидејќи нејзините родотели не и обрнуваат внимание таа уште од мала самата си подготува јадење, премногу е интелигентна, сака да чита книги, да се образува, но нејзините сметаат дека нема потреба да оди во школо и да се образува. Покрај тоа што е надпросечно интелигентна има и моќ да ги поместува предметите со поглед. Случајно во една ситуација ќе ги открие своите моќи, а потоа ќе ги усоврши за да и се одмазди на лошата директорка на училиштето во кое почнува да оди Малтилда. Оценка 10/10, го изгледав во еден здив, многу го сакав филмов како мала, но се сеќавав само на една сцена, затоа сакав да го гледам повторно.
The tinder swindler Документарец базиран на раскажувањата на 3 жени за тоа како еден лик од Тиндер успеал да им извлече илјадници долари претставувајќи се како билионер и опсипувајќи ги со прекрасни зборови, приказни, подароци, состаноци. Би рекла “a must” за секого, но особено за млади девојки кои љубовта ја бараат онлајн. Spoiler прогуглав и Симон постои, одлежал само 5 месеци иако бил осуден на 15 и си го живее животот можда и подобро од претходно, а девојките сеуште ги плаќаат долговите.
The age of Adaline (2015) Блејк Лајвли во главна улога како Адалин Боуман. Адалин е прво родено дете 1908 година, на 1 Јануари. Ќе порасне, ќе се омажи за љубовта на својот живот, а потоа ќе роди и ќерка. Сопругот ќе загине во несреќа. Адалин одејќи кон куќата на своите родители, да ја види својата ќерка, ќе направи сообраќајна несреќа. На патот се случува нешто невообичаено, почнува да паѓа снег, има страшна бура. Адалин, ќе падне со колата во река, водата е многу студена, нејзиното тело одма се лади и таа умира, но за кратко време удира гром во колата и Адалин се враќа во живот. Од моментот на несреќата Адалин е бесмртна, не старее, останува 29 годишна скоро 8 декади. Ова е забележано од страна на научниците кои се обидуваат да ја киднапираат Адалин и да ја искористат за изведување на експерименти, поради тоа, Адалин е принудена постојано да го менува својот идентитет и место на живеење. Адалин живее осамен живот, но се се менува кога ќе го запознае Елис. Филмот потполно го задржува вниманието, постојано бев во исчекување што ќе се случи иако крајот е предвидлив. Блејк Лајвли СОВРШЕНА, глумата одлична. Оцена 10/10.
Овој филм е автобиографска драма кој раскажува за Беверли која на 15 години забременува и плановите за факултет и живот во Њу Јорк и пропаѓаат во вода. Нејзините одлучуваат да ја омажат и да го роди детето, но сепак да продолжи да се дообразува. И нејзината најдобра другарка истовремено е бремена и се радуваат дека нивните ќерки ќе се дружат исто како нив. Беверли раѓа момче Џејсон кое од почеток не сака да го прифати. Иако расте со малолетна мајка и татко пијаница , и покрај тешкиот живот со секојдневни караници и тепање, Џејсон пораснува во мирно и прекрасно момче. Емотивма драма која ме остави будна до ниедно време и ми предизвика многу емоции Оценка 9/10
Fight Club (1999) 30-годишен младич, незадоволен од своето монотоно секојдневие, згора на тоа е приморан да изнајде алтернативни начини кои би му помогнале да се справи со несоницата од која страда. И така започнува оваа култна лудница од филм. 10/10
Pulp Fiction (1994) Уште еден must-watch филм, овој пат под палка на Квентин Тарантино. Се работи за тажна пародија на криминалниот живот во град каков што е Л.А., иако веројатно локацијата и не е многу важна, а можеби е. Улогите ги толкуваат мноштво актерски ѕвезди. Нема што да се двоумам, 10/10 Girl, you'll be a woman soon
Документарец, вистинска приказна. За измамници и измамени, преку социјалната мрежа Тиндер. Вреди да се погледне.
Крис е богат и скоро разведен. Живее во модерна куќа во Монтана. Случајно ќе запознае млада девојка по име Скај која ќе се пресели кај него после неговата повреда. Но сепак работите за кратко време ќе се променат 7/10
The tinder swindler(2022) И јас го гледав филмот и е прилично добар. Прво ме заинтересира дека е по вистинска приказна а и тоа дека на сите ни треба едно добро отворање очи со кој се допишуваме и мало предупредување до нас самите колку се отвораме пред тие виртуелни личности и даваме лични податоци.Секоја млада личност би требало да го погледне. Чудесно е тоа колку некој може да се претставува различно од тоа што е на социјани мрежи и во реалноста. Ми се допадна и што дејствието во филмов е брзо и нема вртење во круг.
Licorice Pizza Сезоната на оскари ја започнав со овој филм поради Алана Хеим, која се најде во главната улога како Алана Кејн. Алана е дел од бендот Haim, кој е основан од неа и двете сестри, кои исто така имаат cameo во филмов. Малку се збунив кога ги видов Даниел и Ести, бидејќи не само што ѝ ги зеле вистинските сестри да ѝ глумат сестри во филмот, туку беа и со вистинските имиња. Филмот почна интересно, потоа малку ме изгуби, па се вратив, па пак ме изгуби... и така неколку пати. Многу случувања, а некако малку excitement околу истите. Вајбот на филмот е врвен. Во последно време се чувствувам ко 70тите да ми се омилена декада во поглед на филмови, мода, естетика и слично, а приказната на филмов е поставена во тој период. Самата приказна, онака. Ептен долг ми се виде на моменти, иако трае 2 саати. Настрана тоа што им ја обожавам музиката на девојкиве, мислам дека Алана одлично се снајде во улогата. Ептен реално, без никакви форсирања.
Едно семејство летува на одмор и таму откриваат скриена плажа. За кратко време почнуваат брзо да стареат и за неколку часа им се намалува животниот век 7/10
Hugo Жанр: фантазија Станува збор за филм чие дејствие е сместено во 30’тите години на минатиот век во Париз, поточно во железничката станица. Хуго е паметно но несреќно сираче кое има способност да склопува делови и да поправа машини, вештина која ја наследи од својот покоен татко. Неговата мисија е да поправи една стара машина и да го пронајде клучот кој недостасува, надевајќи се дека само на тој начин ќе се поврзе со својот покоен татко. Прекрасен авантуристички филм 10/10
Периодов имав многу слободно време, па се изнагледав филмови. Еве мала рецензија од мене за филмовите кои ги изгледав. Почнав со Jumanji: Welcome to the Jungle и веднаш после него продолжив со вториот дел Jumanji The Next Level, Dwayne Johnson и Kevin Hart ми станаа омилена комбинација. Пресмешни ми се заедно. Иначе филмовите се за неколку студенти кои откриваат стара видео игра и стануваат карактери во неа, секој со свој аватар. Тие имаат задача да ја спасат џунглата. Многу интересно филмче, смешно, за опуштање топ. Имате моја препорака за да го гледате, мене ми беа и првиот и вториот дел чиста 10ка. И бидејќи открив дека има уште еден филм со комбинацијата Dwayne Johnson и Kevin Hart, одма решив и него да го изгледам. Се работи за филмот Central Intelligence. Темата од една страна е тоа колку булингот во средно школо може да остави последици на понатамошниот живот, а од друга страна имаше интересна приказна за тоа како баш тој што бил исмејуван во средно успеал најмногу во животот (станува CIA агент), а оној што бил прогласен за најдобар ученик завршува како обичен сметководител. Не беше лош филмот, но за ниво ми беше полош него Јumanji. Сепак, не жалам што го изгледав, глумата и хуморот беа многу добри. Оцена 7/10. Следно, пак Dwayne Johnson ама сега во комбинација со Ryan Reynolds и Gal Gadot. Акција+ комедија, ептен ме бендиса како глуми Ryan Reynolds, со оглед на тоа што немам многу филмови гледано каде што глуми тој. Филмов е за три злати јајца од времето на Клеопатра за кои се дава голема парична награда за тој што прв ќе успее да ги најде сите три. Па, така двајца крадци и еден FBI агент се здружуваат за да ја исполнат оваа задача, секако секој со своите интереси. Одличен филм, ми ги држеше вниманието цело време, некои сцени беа малку повеќе нереални ама не ми сметаше тоа многу. Оцена 9/10
Следно го гледав My Spy, ептен бев скептична за филмот, ама накрајот испадна дека е супер филмче. Се работи за оперативец на ЦИА, кој има задача да шпионира самохрана мајка и нејзината ќерка кои имаат врски со трговец со оружје. Но, малото девојче го открива целиот план на CIA агентот и го принудува да ја исполни секоја нејзина желба, а во спротивно ќе го разоткрие планот. Супер филм, би му дала оцена 9/10 И уште го изгледав Bridesmaids, овој филм најмалку ми остави впечаток, иако имаше убави оцени на интернет. Требаше да биде комедија ама јас едвај 5 пати ако се насмеав, повеќе ми беше за да е драма. Имаше интересна приказна за тоа колку наеднаш може сѐ да се смени во нашите животи и да останеме без ништо. Всушност, филмов беше доста реален и поучен, тоа ми се допадна иако решив да го гледам затоа што првично мислев дека е некоја добра комедија. Оцена 6/10