The Mist-Magla(2007) Предобар филм,ефектите перфектни.чудовиштата предобро прикажани,стравот/паниката кај луѓето преблаг/а.На момент предвидлив,со тотално не очекуван крај.Оценка 9,5/10
Casablanca (1942) Еден од најпознатите филмови некогаш снимени. Го најавува исходот на Втората светска војна додека таа трае. Кога се надминати сопствените страсти во име на човечката солидарност и слогата, и кога снаодливоста е употребена во доблесна цел, тоа на крај се исплати. 10/10
Parts Per Bilion-2014 3пара со своите љубовни проблеми додека се соочуват со билошки напад.Сите 3пара се поврзани меѓу себе на различен начин.На крај некој ја добива најубавата вест во животот,некој се откажува од борбата,додека некој одлучува да се бори до својот последен здив. ОЦЕНКА:8/10
The unforgivable.. Сандра Булок нормално. Филмови од овој жанр скроз и лежат. 10/10 Филмов подолу го начекав на тв дур бев на одмор. Немав поим кој е се дур не го видов во темава. на тел не кревав дур го гледав, е до толку е добар.
Coda Уште еден од номинираните за Оскар. Руби Роси е 17 годишна средношколка со талент и желба за пеење. Професорот по хор го согледува потенцијалот на Руби и ѝ нуди приватни часови со цел да ѝ помогне околу аудицијата за музичкиот колеџ. Моментот што го издвојува филмов, од останатите милион филмови со слична содржина е тоа што целото семејство на Руби е глувонемо и не може да го води бизнисот со ловење на риби без нејзина помош, истото ја спречува Руби во исполнување на нејзините цели. Филмов во генерала е прекрасен, меѓутоа на моменти и досаден. Не сум голем љубител на мјузикли, а 90% од филмот е пеење и знаковен јазик. Не сум запознаен со позадината на актерите, меѓутоа огромно браво ако научиле знаковен јазик за улогата. Емилија Џоунс одлично се снајде како Руби и мислам дека е голема грешка што не е номинирана во категоријата за Најдобра актерка.
Nightmare Alley Почнав да раскажувам за што се работи, ама мислам дека треба пола филм да го раскажам, за да дојдам до клучната цел. Накратко, за con artist. На гугл е опишан ко трилер, јас би рекол дека е повеќе ко психолошка драма, меѓутоа не од левел на Gone Girl, ама сепак... Глумата стандард, ништо ново за Бредли, Кет и Руни. Сме ги виделе досега во ова издание.
Би те замолила само да го пишеш името на филмот. Со тек на време сликите ги снемува па останува само рецензијата а немаме појма за кој филм се работи. А штета е кога ќе се преопрача добар филм а да не се знае насловот.
Ја послушав @LiliBoz и ги изгледав Bad moms двата дела Првиот, станува збор за Еми која пробува да биде добра мајка и добра вработена.Но, почнува да пука, и плус се разделува со маж ѝ.Запознава уште две мајки чиишто деца одат во истото школо како и нејзините, и лудилото почнува 10/10 Bad moms at Christmas Еми и нејзините другарки имаат желба оваа годинс да имаат Божиќ каков што они и нивните деца сакаат, но нивните мајки, кои доаѓаат ненајавено не мислат така. Следува меѓугенерациска борба за Божиќ, и секако ново лудило. 10/10 Вториов сум ги гледала некогаш, ми текна една сцена кога видов, ама ништо друго не памтев.Ептен се интересни и релаксирачки.
Ама не ми ја разбра поентата изгледа. По некое време се брише сликата, недостапна е, не се гледа, па не се знае ни за кој филм се однесува рецензијата.
Мислам дека на другите што сум ги постирала имам напишано, ама на овој сум испуштила. Ќе имам на ум за следен пат.
The Power of the Dog Најголемиот фаворит годинава на сите филмски награди. Исто и овој ко Nightmare Alley, не можам да го раскажам во кратки црти, бидејќи целиот филм води до една точка. Да бидам искрен, да не беше убавата сценографија, мислам дека уште на пола ќе го исклучев филмов. Втората половина, промена за 180 степени. Приказната оди во сосема друг правец кон скроз неочекуван крај. Од сите четири филма номинирани за Оскар што ги изгледав, овој досега највеќе ми се допадна. Покрај убавата сценографија, морам да ја пофлам и актерската екипа. Сѐ на сѐ, одличен филм
Само шо се прибрав од кино, го изгледав The Batman (2022). Сериски убиец почнува да убива важни политички фигури во градот и го засега и Бетмен. Одлична мрачна атмосфера, на криминалистички филм, саундтракот исто одличен. Бетмен не дека беше за мали деца, ама овој малце помрачен е од претходниве.. Скоро три часа трае ама се издржува и задржува внимание, ме бендиса мене.
Не е лош новиов Бетмен, ама дека е нешто посебно, не е. Истата приказна all over again, Бетмен се бори со негативецот и го спасува Готам од катастрофа. Буквално истиот филм е преправен само сега има загатки оти негативецот е The Riddler. Селина Кајл е привезок во филмов, буквално само како честитка постои. Ништо не придонесува, само постои буквално. Тој што го бирал кастингот за Алфред и Гордон да јаде отказ одма. Тотално промашени се ликовите, ни едниот ни другиот не е погоден. Жими Роберт Патинсон убаво глуми, штета што многу луѓе го гледаат низ призмата од Твајлајт, а нема врска дечкото топ глуми. Бетменот го достигна врвот со Кристофер Нолан и така треба да остане. Редно време е да прекинат да го прават истиот филм одново и одново и да преминат на некој друг суперхерој.
King Richard Приказната за животот на Венус и Серена во почетоците на нивните кариери. Имено, филмов треба да ни прикаже како татко им е најзаслужен за нивниот успех, меѓутоа јас поизнервиран од лик во филм, никогаш не сум бил. Исто така, ко за филм кој треба да е за двете сестри, Серена е ептен изоставена. Точно дека на почетокот Венус ја форсирале повеќе, ама во филмов личи ко Серена скроз да се има откажано од тенисот. Дури мислам дека нејзината приказна е поинспиративна, ама океј. Како и да е, сѐ на сѐ, очекував повеќе.
Rendition жанр: трилер/мистерија Анвар е по потекло од Египет, хемиски инжењер кој живее во Чикаго заедно со својата мајка, син и бремена сопруга. Се враќа дома од службено патување, но под сомнение дека е терорист, на аеродромот брутално го напаѓаат членови од ЦИА и го депортираат во Африка под мизерни услови, изложен на електрошокови. филмот е базиран според вистинска приказна за ликот Ел Масри и најголемиот срам за Македонија, всушност македонските власти се оние кои го сопираат на македонската граница под сомнение дека неговиот пасош е фалсификат, го поврзуваат со еден од најголемите терористи поради сличноста со името и го предаваат на ЦИА… 10/10