Detachment (2011) Драма филм се работи за професор кој се вработува во училиште, како замена професор на одредено време. И пробува некако да пробие до студентите и да им помогне. Горе- долу реална слика како и што се случува по училишта. Насилство, тага, нервоза, навредувања, burn -out едукативните работници, состаноци со родители скоро и да нема.. На кратко е тоа, јас би го препорачал на секој љубител што е на драми и филозофски филмови.. Мене емотивно ме погоди многу и ме бендиса филмов. Исто така со истиов глумец имате добар филм воена драма The Pianist да го изгледате обавезно!
West Side Story Втората филмска адаптација на мјузиклот од 1957 година. Приказна за Мариа и Тони кои се вљубуваат еден во друг, меѓутоа нивната различната етничка припадност е пречка која носи до поголеми конфликти меѓу гангстерските групи во кои они двајца на некој начин ненамерно припаѓаат? Филмов започна одлично, не е тајна дека не сакам мјузикли и искрено беше на пат да ми го промени мислењето. Пред да образложам зошто не се случи тоа во спојлер, само сакам да кажам дека освен приказната(а можеби и само адаптацијава е проблем, бидејќи не сум го гледал претходниот филм), сѐ друго ми се допадна. Од актерска екипа, до сценографија, костуми, музиката исто така. Сѐ беше on point. Не сум сигурен дали дечкото кој го глумеше Риф е номиниран за Оскар, меѓутоа како го долови тој стар американски акцент, секоја чест. Исто така не можам ништо лошо да кажам за било кој од останатите глумци. Spoiler Приказната ми беше скроз wtf. Сѐ беше океј додека Тони, кој е дечко на Мариа еден ден, го убива брат ѝ на Мариа и она буквално речиси е рамнодушна на тоа, доаѓа Тони ѝ кажува дека он го убил брат ѝ и оваа му вика дека го сака и легнува со него??? Потоа доаѓа жената на брат ѝ и почнуваат заедно да пеат за вистинска љубов? Најпрво приказнава е fucked up и мислам дека најверојатно одговарала само додека била ко театарски мјузикл, како филм, скроз нема смисла. Ме интересира зошто баш режисерот се одлучил за овој филм, кога има многу мјузикли со подобри приказни од 1950 на кој можел да направи нова адаптација. И кога веќе се одлучил за оваа, зошто не претрпела мали промени, за да биде поубедлива? А толку сакав да го сакам филмов.
Brothers Пристрасен сум малку на филмов ама сепак е одличен за гледање. (Пристрасен поради Џејк Гиленхал, омилен глумец ми е) Се работи за двајца браќа, едниот деликвент, другиот војник женет со две прекрасни деца. Заминува на воена операција во Авганистан и го заробуваа, но мислеа дека е умрен. Во меѓувреме брат му че се грижи за семејството негово, ќе се бакнат со сопругата на починатиов војник. Во меѓувреме овој преживува се враќа дома со еден куп недовервба и психички проблеми во врска со се..
Deep Water 2022 Филмов го пуштив само поради Ана, омилена ми е, не смеев да го пропуштам. Не очекував многу, и не добив многу. Gone Girl од Aliexpress, буквално. Вик и Мелинда имаат чудна психопатска врска каде што Мелинда, покрај тоа што има порок за пиење, исто така обожава да флертува со други мажи и да се гледа со нив. Вик, иако знае дека жена му го прави тоа пред негови очи, не сака да се разведе од неа, туку на посебен начин ги елиминира љубовниците за да ја задржи за себе. Љубомора, посесивност, интриги, психопатско - еротски трилер за кој е добро да се потроши 2 часа. Иако филмот не нуди ништо подлабоко. Може наместо Бен Афлек да беше некој друг глумец со по психопатска фаца, филмот ќе понудеше нешто повеќе. Овака, едно 6-че поради Ането.
The Eyes of Tammy Faye После оскарите, бев заинтересиран само за уште еден филм да го погледнам, а тоа беше токму овој. Приказна за Тами Феј, која уште од мала е насочена кон христијанството со оглед на тоа што нејзината мајка е многу религиозна, а воедно свири и на пијано во локалната црква. Тами се запишува на христијански универзитет каде што го запознава Џим, со кој стапува во брак, меѓутоа со оглед на тоа што универзитетот не дозволува студентите да стапат во брак меѓу себе, Тами и Џим се принудени да го напуштат, но со големи амбиции и идеи. Двајцата тргнуваат на пат низ Америка, каде што приредуваат нешто ко верски стенд ап шоуа за деца, со цел да им ја направат религијата поинтересна и да ги насочат кон истата. Тами и Џим ги забележува директор на телевизија и им дава шоу. Тие за брзо време стекнуваат голема слава и богатство, а воедно и со проблеми понатаму во животот. За филмов можам да кажам дека ми е омилен од годинешните номинации. Џесика буквално ги изеде сите со улогава. Скроз заслужен оскарот. Приказната исто така е одлична, по мене и инспиративна. Огромен фан сум на филмови направени по вистинска приказна, така да не е ни чудно што овој толку ми се допадна.
The Boys from Brazil (1978 ) Филм со Лоренс Оливие и Грегори Пек во двете главни улоги, многу добар доколку ви се интересни теории на заговор, Spoiler меѓу кои клонирање на познати личности Езра Либерман е веќе остарен ловец на нацисти кој не се откажува од својата мисија, иако три децении подоцна никој сериозно не е посветен на проблематиката, па ни тој самиот доволно, се додека еден ден не добие повик од Јужна Америка во врска со бизарна нацистичка завера координирана лично од Менгеле. Имам чувство како да му беше потребно уште нешто на филмот, но два часа ми поминаа веднаш, како да не трепнав воопшто. 8/10
Ghosts of Girlfriends Past Романтична комедија со Метју Мекконахи и Џенифер Гарнер во главната улога. Интересно филмче за женкарот Конор, кој на свадбата на неговиот брат го посетува духот на неговата прва женска и го води низ минатото да му укаже на грешките. За сето тоа време не е свесен дека грешел некаде, се додека не го посети последниот дух кој го носи далеку во иднината. Таму го гледа сопствениот брат Пол, сам на неговиот погреб и сфаќа дека ради негова грешка брат му воопшто не се оженал и останал сам до крајот на животот. Ужаснат од глетката,се враќа назад да се потруди да ги исправи грешките. Интересно филмче за тепање време. Актерите ми се некако....меех 7/10
Unchanted 2022 Прејак почеток,кои знаев дека ќе е поврзан со случување понатаму во филмот.Ме изненади развојот на Клои.Но не ме изненади односот помеѓу Нејт и Сали.Вопшто не беше досаден. ОЦЕНКА:10/10
Southpaw- 2015 Zanr-akcija, drama Akteri, Jake Gyllenhaal, Rachel McAdams, Rita Ora, Naomie Harris, Tyrese Gibson, Forest Whitaker, 50 Cent, Beau Knapp, Clare Foley… Billy Hope е боксер кој се труди да достигне врх на кариерата, но по еден негов успешен настап, се одржува конференција , каде што ќе биде убиена неговата сопруга... Од овој миг започнува вистинска борба за својата ќерка да ја врати од социјалната служба и секако да се одмазди за својата сопруга , филмчево е топ 10/10 не е досаден ,и мислам дека е за сечии вкус
Luca (2021) Фино анимирано филмче за опуштање. Приказна за Италија и култната веспа, но и вредноста на пријателството. Очекував за нијанса подобар крај, но и вака не беше лош. Препорачувам!
The Little Things Трилер. Брилијантна режија, брилијанта фотографија, брилијантна изведба. Посебно Џеред Лето. Чувствував се' што чувствуваа тие. За оние што скаат крими, одличен избор. 10/10
Интересна трилер серија, продолжение на серијалот Декстер, сега засилен со неговиот син. Изгледав 2-3 епизоди, засега ветува... https://m.imdb.com/title/tt14164730/
The 4th floor 1999. Постар филм, но ми остави многу добар впечаток, вреди да се гледа. Се работи за жена, која се вселува во изнајмен стан на петти кат, и потоа почнува да добива заканувачки пораки од бабата која живее на четвртиот кат. На крај ќе излезе сосема нешто друго.
the words Жанр: драма Рори е писател кој никако не може да го пронајде патот кон успехот и славата, ниту една издавачка куќа не е заинтересирана за неговите приказни, но свадбеното патување во Париз ќе му го промени животот, случајно ќе купи стара чанта и ќе пронајде брилијантна приказна која подоцна ќе ја пупликува под негово име…. Подоцна ќе го дознае вистинскиот автор, средба која ќе го остави во неверување, каење …. Прекрасен филм кој едвај чекаш да видиш што ќе се случува следно, гласот на Џереми Ајронс начинот на кој раскажува, смирениот глас дополнително те внесува во филмот 10/10
Peaceful Warrior (2006) Филмов е една животна лекција. Се работи за гимнастичар кој се обидува да најде значење на животот. „Случајно“ наидува на човек кој ќе му биде ментор. Филм кој многу убаво ми дојде во склоп на моето спиритуално освестување, отвара очи. На крајот пуштив по некоја солза, од што ми беше моќна пораката.
hours Жанр: драма Напната драма, Нола пристигнува во болница заедно со својата бремена сопруга која има предвремени породилни болки, за жал умира на пораѓај а бебето останува во инкубатор, неколку часа подоцна фаќа бура, цела болница но и градот е под евакуација, снемува струја, а Нола се бори со предизвиците да го одржи бебето во живот …. ова е и последниот филм на брилијантниот Пол Вокер. 8/10