Omicron (1963) Филмот е италијански, жанр: sci-fi, комедија. Бестелесни вонземски ентитети планираат инвазија на планетата Земја, така што ќе ги заземат телата на луѓето. Пред тоа да го изведат, тие плаќаат еден свој, експериментално да запоседне земјанин и да пренесе искуства. Тој ќе направи многу глупости наоѓајќи се во човечко тело. На планот на вонземјаните се испречува човековата с(о)вест, но останува прашање дали совеста е ексклузивитет на обичниот жител од работничката класа. Мислам дека открив премногу околу дејствието. Оценка: 7
Black Box-2021 Иако трае 2часа и 10минути,го држи вниманите,предобра изведба,предвидлив но не досаден.Филм за авионска несреќа,за млад и амбициозен аналитичар кои ја следи својата интуиција без оглед на се. Оценка:8/10
Summer of 85 Жанр: драма адаптација на книгата Dance on My Grave Алексис е 16годишно момче кое ќе плови со чамец но ќе се најде на сред бура, во целата таа паника на негова среќа ќе му помогне младото момче Давид, сплет на околности ќе започнат љубовна и страсна романса. Давид е бунтовник, нескротлив, заводник, момче кое се многу брзо му здосадува и постојано бара нова авантура, животот трагично го завршува а Алексис е оној кој ќе се бори со самиот себе си, со чувството на вина и непребол кон саканиот. Филмот е француски и има доза на контроверзија, она што е фасцинантно е нивната маестрална глума која е толку многу природна и убедлива, чиниш си сведок на нивните случувања. 10/10
Виза на злото (1959) Старо остварување на македонската кинематографија, и ми се допадна. Кога немав друго инфо освен насловот, очекував партизани, Бугари, Германци... ама пријатно се изненадив. Приказната потсетува на американски филм на моменти, а типично македонските мотиви од заден план придодаваат кон делото. Симон сака да се збогати учествувајќи во шверц со дрога (морфиум). Неуспешната зделка кратко пред својата венчавка, ќе му го уништи животот. Тој, заедно со свршеницата, неговиот криминален ортак, и неговиот брат, ќе тргнат во бегство преку граница и неочекувани работи ќе им се случат. 6/10, малку предвидлив, а поуката шест децении подоцна, е нешто познато и видено на други места. Ама сум сепак задоволна од филмот.
А lonely place to die-2011 Еден од најдобрите филмови што сум ги гледал во последно време.Одлична замисла и реализација,одлична глума,акција акција.Без не реални спасувања.10/10
Томе од бензинската пумпа (1979) Томе е 25-годишен, "вечен студент", кој работи на бензинска, каде се вљубува во муштерика која е поискусна, подобро ситуирана, и умее да заведе. Од друга страна, тука е неговата девојка која е многу приврзана за него, и останатите од опкружувањето кои се нешто налик типични Македонци. Ова е повеќе приказна за млад човек што го живее југословенското секојдневие, помеѓу крутоста на комунистичкото општество и македонскиот менталитет, и трендовите наметнати од културата на западниот свет. Вљубените се растргнати помеѓу реалноста и соништата. Па, на почетокот не делуваше така, но откако го догледав, ова е еден од македонските филмови кои најмногу ми легнале при срце. Има добра фотографија и убаво одбран саундтрак. И баш е 1979. Не знам дали претерувам, не ми се средени впечатоците се уште, но, 8/10
Boxing Helena.Еден хирург е опседнат со една жена, ај да не откривам многу , трилер/романса е филмот и има многу добар plot twist
Лазар (2015) Лазар е едно момче кое постојано се обидува да стане нешто што не е, за да се снајде некако во македонското општество и во животот, но не успева поради длабоко врежани принципи. Не е лош филм, има идеја, ама дефинитивно на македонските филмови им недостасува ефективност при поврзувањето со публиката и исто така како планот да бил да се сними нешто во француски стил, па се премислиле... сметам дека градбено требало да биде подобро составен. 5/10 Хрватот во насловна улога уште на прв поглед по физиономија се познава дека не е Македонец, ми личеше на Том Харди како помлад.
the king of comedy Жанр: драма/црна комедија Уште еден одличен филм на Мартин Скорсезе и Роберт Де Ниро, филмот е стар од 1978год ама е вистинско уживање во секој момент, сатиричен, комичен, ироничен, брутално реален. Руперт е во раните 30ти години кој очајно сака да биде популарен комичар кој ќе оди во етер исто како познатиот Џери Луис, идолот на сите генерации. Очајнички но безуспешно постојано ќе се обидува да стапи во контакт со него, но се што добива е игнорирање и одбивање под изговор дека не е доволно добар во оваа работа, така безнадежен, единствено што му останува е да го киднапира, ете тогаш ќе ја добие својата слава благодарение на тие 5минути кои ќе му го променат животот…. Better to be king for a night than schmuck for a lifetime 10/10
The Gray Man (2022) Одамна ме нема воодушевено некој филм. Љубител сум на акција и на Рајан Гослинг па не трепнав додека го гледав филмов. Те држи до неизвесност до самиот крај. Многу добро глуми Рајан тука, нема непотребни сцени, само фул гас и акција. Рајан го запамтив како да може да глуме само во љубовни филмови, сите го знаеме The Notebook, ама пријатно се изненадив како му леже и акција. И Крис Еванс да го пофалам, беше во лошите ама ептен е згоден во секоја сцена, само тој мустаќот да му го нема ако има втор дел. 10/10
The Visit (2015) Прв хорор што ме буквално остави без здив од што ми беше страв. Уште осеќам како ме сече во рацете. Буквално превртував сцени и спуштав слушалки од што не можев да гледам. Не само што случките во филмот се језиви, самиот концепт (кој не можам да го кажам пошто е спојлер) мислам дека ме највеќе плашеше. Ужас е филмот. Ама добар. Му давам 8/10. Препорачувам.
Од кога не сум пишала во темава. Баш ми е криво што сè некако ја одминувам, омилена ми беше порано. Ај ќе се потрудам да зачестам, зашто филмови гледам скоро па секој ден. Redeeming Love (2022) Едно мало девојче ќе остане сираче и по сплет на околности ќе заврши во бордел. Во екот на златната треска таа веќе длабоко е навлезена во тој стил на живот и е најпосакуваната проститутка во регионот. Cringe alert: Еден ден кај неа ќе дојде тип кој очајно сака да се ожени со неа зашто не го интересира ниту нејзиното минато, ниту тоа кое што го работи, едноставно уште кога прв пат ја видел низ град, некој внатрешен глас му кажува дека таа му е судена и тој е спремен да направи сè што може за да го исполни ова. Во филмов се обработува една цела Библиска приказна, се опфаќа прашањето дали ако успееш да го излечиш срцето од сите рани ќе успееш да го отвориш доволно за да можеш не само да љубиш, туку и многу повеќе од тоа. The art of dropping your grudges, е така некако би го опишала јас. Очекував можеби малку повеќе од филмов, одвај го изгледав до крај. Премногу аматерски ми беше некако, а глумата еднаква на онаа во Hallmark филмовите. Преубави кадри имаше, ама до крај остана само на таа некаква естетика на која се задржале при реализација на филмот. Оценка што знам, отприлика 4/10.
The Invisible Guest(2016) Криминалистички трилер,шпанска продукција, одлична режија,филм што те држи во неизвесност до крај. Од оние филмови што остануваат во сеќавање. Оцена 8/10
Not Okay (2022) Влегов во филмот незнаејќи ништо друго освен дека Dylan O'Brien e во него и не очекував да биде еден од најбизарните и најгенијалните филмови што сум ги гледала. Главниот лик, Дени, е најреалистична претстава на една просечна личност која просто не е добра, и воопшто не е штедиле да ја напишат таква до крај. Како проаѓаше филмот, не ми се веруваше дека ги прави работите што ги прави, yet, дел од мене што некогаш бил несигурен и чувствувал потреба за валидација, се препозна во мал фрагмент од неа и чувствуваше емпатија. Ептен е комплексен филмов. Чувствувам емпатија за Дени која навистина си има свои проблеми и тоа е валидно, ама прегази преку толку многу луѓе со вистинска траума што нема како да се оправда. Прикажан е контрастот меѓу луѓе кои имаат вистински ПТСД и добиваат панични напади од тоа, и сцени во кои навидум Дени има ПТСД, ама нема, пошто она си го створи стравот од комфортот на својот дом. И за крај, прикажана беше злобата на cancel culture која те тера да се запрашаш дали е тоа само „оправдан“ cyber bullying или навистина е заслужено? Јас си го донесов својот заклучок и морам да кажам дека филмов ми даде една нова перспектива. Многу ми се свиѓа што ме натера да размислувам и да си донесувам заклучоци. Од мене филмот има 10/10. Освен што има добра порака, би рекла дека е преинтересен и уникатен и го препорачувам на секој.
https://www.imdb.com/title/tt4614584/ Преубав филм се изнаплакав , хаха. Двајца млади стапуваат во брак поради взаемен интерес. Ако продолжам да објаснувам натаму ќе откријам нешто што ќе ви го расипе гледањето. 10/10.иако знаев како ќе зврши сепак доста интересен. https://www.imdb.com/title/tt2119532/ Филмот е на вистински настан базиран. Млад дечко како дете несакајќи во тепачка со братот за малку ќе го убиел, подоцна бранејќи ја мајката од насилниот татко исто ќе се случело и со татко му одземајќи му го пиштолот едвај се контролира да не го испука. Знаејќи дека убиството е грев (верува во Господ) се пријавува доброволец во втората светска војна, но како болничар и си ветува дека нема никогаш да користи оружје. Што понатаму се случува оставам да видите. 10/10.
Wedding Season (2022) Ако сте љубител на романтични комедии и тоа квалитетни... морате да го гледате филмов. Аша и Рави одлучуваат да се преправаат дека се пар за да се отарасат од притисокот на нивните родители за брак. Заедно како фејк пар одат на 14 индиски свадби, но полека се јавуваат вистински чувства. Прекрасен беше. Ликовите се многу likeable, имаат премногу хемија, преубави се и двајцата, филмот е предобро снимен, преинтересен во секоја секунда, релаксирачки хумор... вака!! се прави романтична комедија. Да лигав е, да бејсик е ама многу го сакам. 10/10. Препорачувам да го гледате трејлерот ако не ве привлеков со текстов, затоа што постерот е одбивен и никако не му прави правда на каков е филмот.
Prince of Persia (2010) Млад посвоен принц е лажно обвинет за убиството на неговиот татко (кралот) и заедно со принцезата од освоениот град се во бегство со цел да ја заштитат специјалната кама да не падне во погрешни раце и да го уништи светот. Не сакам да раскажувам многу бидејќи филмот премногу ми беше јак и воопшто не сакам случајно да напишам побитен спојлер. Многу ми се допадна бидејќи има елементи на авантура, мистерија, акција, историја, фантазија. Дефинитивно премногу вреди да се изгледа, многу интересен и во ниеден момент досаден. 10/10
Добар е овој за тепање време, како Back to the Future со Персијци или поише би му дошло Back to the Past. Од мене има 8.