1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Уф,да, сега ме потсети ,го имам гледано,исто е еден од подобрите филмови што сум ги гледала.
     
    На elimkd и Astrum.Obtutus им се допаѓа ова.
  2. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    790
    Пол:
    Женски
    upload_2022-8-15_22-45-8.png
    You won't be alone

    Македонски режисер што живее во Австралија го направил филмот. Идејата е добра, ама ми фалеше динамика малку. Тивок, на момнети нејасен, говорот е многу неразбрлив, можеби поради архаичен дијалект. Инаку идејата за прикажување на наша митологија, демонологија е супер. Од мене 7/10 за добрата глума и актерска екипа.
     
    На Anah, Bananki023, Mateja.Mat и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Ina V

    Ina V Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    jdjdjd.jpg
    Маестрална изведба на Пенелопе Круз, Антонио Бандерас и Оскар Мартинез. Високо интелигентна комедија и модерна сатира, не само за случувањата во уметничкиот свет, туку и за новите појави на извртување на секој збор во навреда, квази уметничарење и празни суети.
    Во време кога во филмската индустрија доминира продукцијата на тегобни и депресивни филмови, вистински уживав во оваа одлично испродуцирана изведба.
     
    На elimkd, Cosmic Girl, Savo и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.143
    Пол:
    Женски
    The Words (2012)
    [​IMG]

    Не знам како ми успеало да пропуштам ваков филм. Толку години поминале, дури сега случајно го најдов, па си реков ај, може ќе биде добар.
    И повеќе од добар беше, многу ми се допадна и не памтам кога последно вака сум помислила на некој филм денови и недели откако сум го гледала.

    Умешно се испреплетени неколку приказни на неколку парови. Меѓутоа за филмов, доволно ви е само да ја прочитате едната и единствена реченица од краткиот опис на имдб и толку. Навистина не ви треба ништо повеќе. :D

    Рори живее и се храни од својата фантазија. Убеден е дека талентот за пишување еден ден ќе го прослави како автор на бројни бестселери и животот практично му се врти околу таа цел - да ја напише книгата кога ќе го продаде во некоја голема издавачка куќа.

    Но, патот до успехот не е баш лесен, не е како во филмовите. Малку е несигурен и талка наоколу, а притисоците од најблиското семејство некако не му одат во прилог. Му следи разочарување по разочарување, сè додека еден ден не се случи пресвртница во неговиот живот, од навидум банална работа.
    Ќе дојде до една прастара кожена торба и внатре ќе најде сведоштва за нечиј минат живот. Нешто што наликува на книга во обид, нешто толку интимно, искрено, полно со болка...

    Да го извади сево ова од памет и да заборави на сè звучи мошне логично. А што би добил во случај ја искористи приликата која стои пред него и да го преточи делото во роман? Да го присвои ова како свое дело-првенче би значело да живее со сознанието дека украл нечиј цел живот, или пак едноставно да се препушти и да го закопа сето ова некаде длабоко во потсвеста, за и самиот тој да почне да верува во лагите и да заборави дека ништо од ова не е негово.


    8.5/10
     
    На boomsleng, Mateja.Mat, kankus и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    After Hours
    (1985)
    Филмов е лудница.
    Станува збор за целоноќна авантура на еден дечко, кој по завршување на работното време, само сака да се зближи со една непозната девојка и да си помине убаво, но единственото што ќе го почувствува таа врнежлива ноќ, е пеколот на земјата.
    Кај Скорсезе нема утка, ова лесно може да ви стане еден од омилените филмови.
    8/10

    [​IMG]
    Children of Men (2006)
    Во дистописка 2027 година, луѓето повеќе не се размножуваат поради неплодност, бебе не се родило од 2009. Научниците се во трка со времето да го најдат лекот. Светот е нестабилен, а преплавената од бегалци Британија - едно од ретките преостанати богати места кое се уште некако се држи. Тео живее таму, навлезен е во апатија, што ќе се промени кога со него во контакт ќе стапи бившата жена која станала терорист, и ќе го натера да направи нешто многу важно.
    7/10

    [​IMG]
    Groundhog Day (1993)
    Оld school комедија со какви мислам дека повеќето сме пораснале.
    Арогантен ТВ-презентер на временска прогноза, е казнет од Универзумот еден ист зимски студен ден да му се повторува постојано и да нема утре. Тој оваа неприлика ќе ја искористи за да се забавува манипулирајќи со луѓето, се додека не сфати дека е вљубен во неочекувана личност, која не успева да ја освои, иако своите потези ги прилагодува одново и одново "како што треба", по што почнува да очајува и да се преиспитува. Овој човек допрва ќе научи да го живее животот на правилен начин.
    8/10

    [​IMG]
    Chinatown (1974)
    Нема правда во кинескиот кварт во Лос Анџелес, нема ни во животот.
    Кај приватен детектив од 1930-те, доаѓа богата жена која се сомнева во неверство на нејзиниот сопруг. Ништо не е како што изгледа, па детективот колебливо го прифаќа случајот и ќе се најде вплеткан во злосторство, среде период кога во Калифорнија профитери го кочат снабдувањето со вода.
    Режија: Роман Полански
    Главни улоги: Џек Николсон, Феј Данавеј, Џон Хјустон и др.
    Филмот се смета за еден од највлијателните во neo-noir жанрот.
    9/10

    [​IMG]
    Die unendliche Geschichte (1984) или The NeverEnding Story, е филм на Волфганг Петерсен, и тука се поставува прашањето за границите на фантазијата и на човековиот ум.
    Малото момче Бастијан, бегајќи од лошата реалност, ќе најде волшебна книга и од неа ќе дознае многу.
    Искрено, се обидував да му лоцирам мани на филмот :?:, ама на крај не успеав.
    10/10

    [​IMG]
    Field of Dreams (1989)
    Со Кевин Костнер, Џејмс Ерл Џонс, Реј Лиота, Берт Ланкастер во главните улоги. Семејна и спортска драма - фантазија, и баш целиот филм е како нешто да сонуваш.
    Еден американски земјоделец кој живее со жената и детето, ќе почне да слуша глас што ќе му порача да изгради бејзбол терен, каде идолите на неговиот татко ќе можат да играат, поточно духовите на познати играчи од минатото :|
    Идејата е слична со онаа од претходниот филм, дека соништата мора да се следат, дека вреди човек барем да се обиде, и дека апсолутно никогаш не е предоцна било што да се поправи.
    Иако ова секој би сакал да го доживее, сепак премногу неверојатно за мој вкус, но фино спакувано, на типичен американски начин допира до гледачите.
    8/10
     
    На Brucewayne, Bozica1980, sweet&girl и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Bananki023

    Bananki023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    410
    Пол:
    Женски
    Каде можам да го гледам?
     
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Bulevar revolucije
    (1992)
    Српски филм на македонски режисер (Владимир Блажевски, Hi-Fi).
    Интересен е за гледање, ги нуди cozy амбиентот и естетиката од тоа време: убава актерка, модата и звуците од 1990-те, но настрана тоа, не ми се допадна многу темата, т.е. начинот како е прикажан ваквиот вид љубовни врски во транзицииве.
    На преминот од социјализмот кон новото општество, 16-годишна ќерка на полицаец, започнува романса со криминалец, која ќе се оконча на Булеварот на револуцијата, додека истиот е во исчекување на своето ново име.
    7/10
     
    Последна измена: 6 септември 2022
    На boomsleng, Ina V и Zhukov им се допаѓа ова.
  8. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    790
    Пол:
    Женски
    Јас го гледав на платформата Stremio.
     
    На Bananki023 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.042
    Допаѓања:
    225.236
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Hacksaw ridge.
    imdb 8.1
    јас 10
    Филм што вреди секоја секунда.
    Млад човек оди во војна, но се има заколнато дека нема да допре оружје никогаш во животот...
     
    На Billy Idol и boomsleng им се допаѓа ова.
  10. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.186
    Пол:
    Машки
    A man called Ove.

    Шведски филм. Добар но и патетичен. Предвидлив. Човек разочаран, затоа што неговата љубов починала, па после години осаменост решава да се самоубие, но никако не му успева, затоа што ненадејни случки го спречуваат. Неговиот живот се променува со доселување на новите комшии.
     
    На elimkd, boomsleng и LiliBoz им се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    8BE16CB1-88A7-4561-BB4D-43B349767C71.jpeg
    JFK
    Жанр: историја/драма/мистерија

    филм кој повеќе од 3 часа те држи во неизвесност, неверување, размислување и дилема околу атентатот на харизматичниот Џ.Ф. Кенеди. Што уствари се случило тој кобен ден во Далас 1963год, што пласира историјата, а што е уствари вистината? Кој стои позади атентатот? Дали Освалд е навистина жртвено јагне како што и самиот изјави? Кој е бенефитот и кому му сметаше идеологијата и политиката која ја водеше Кенеди.
    Со сите овие проблематики се занимава јавниот обвинител Џим Гарисон три години по смртта на претседателот.

    Одлична екипа на актери

    10/10
     
    На Ina V, boomsleng, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.501
    Допаѓања:
    18.323
    Пол:
    Машки
    Prey 2022

    Од франшизата на Предатор, ако има некој љубител мене ме бендиса филмов и има доста позитивни критики.
    Предатор почнува да лови животни и луѓе од племе. Интересна акција за тепање на време, мене дури и ми е можеби и најдобар филм од Предатор. :D
     
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.042
    Допаѓања:
    225.236
    Пол:
    Женски
    Баш ко што кажа. Добар но и патетичен.
    Ми се допадна принципиелноста што ја пренесе на неколку генерации, ама малце ми беше тапа на моменти...

    7/10
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    111.420
    Пол:
    Женски

    Најдобриот филм за Елвис досега. 10/10!!!
     
    На elimkd, Kasiopaja221, plava.90 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.042
    Допаѓања:
    225.236
    Пол:
    Женски
    365 дена одамна го имав изгледано.
    Денес гледам излегле и втор и трет дел.
    Држи внимание. Еротските сцени се стварно профи, дури се замислив дали глумат 8-|
    Претпоставувам ќе има и четврт дел со оглед како заврши.

    365 days 9/10
    365 days: This day 9/10
    The next 365 days 10/10
    Третиот дел поголема оцена ради Начо :D
     
    На senjorita-v, firequeenn, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Гледај го Bobby (2006) за ноќта кога е убиен брат му Роберт, ако го немаш гледано. Многу тажни сцени и ансамбл од познати актери.
     
    На simoncelicius, boomsleng и elimkd им се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    Го немам гледано
    Фала на препорака(y)
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Инаку, последно си го гледав The Omen (1976), репризно. [​IMG] Американски амбасадор почнува да сфаќа дека неговиот малолетен син е антихристот лично, кој за почеток нему ќе му го уништи животот, но неговата екселенција не може многу да стори во врска со тоа.
    9/10
     
    На БушаваАзбука, WildMk, Astrum.Obtutus и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    The Exorcist (1973)
    [​IMG]
    Не можам да поверувам дека се плашев како мала (facepalm) Најстрашен филм на сите времиња, како не. Повеќе психолошки, отколку хорор.

    Ќерката на една подостарена глумица е опседната од ѓаволот или од којзнае што, до степен да ја поврзат со убиство. Мајка и по првите симптоми ја води во болници кај најдобрите лекари, за евентуално истите да ја упатат кај свештеник кој се откажал од кариера во областа на психијатријата за да и служи на црквата. Тој е самиот со разнишана вера иако не делува така, а она што ќе го види ќе биде фатално за него.
    Има многу нешта во филмов што не се сервирани на тацна и гледачот сам треба да мозга за да ги разбере, тоа прави 2 часа и 10 минути да летнат, но главно мислам дека е толку популарен поради богохулните сцени и реплики неприфатливи за тој период, и крвавите призори што од оваа временска дистанца се банални, наместо поради неговата тежинa.
    Оценка 8.
    Музичката тема незаборавна.
     
    Последна измена: 14 септември 2022
    На Astrum.Obtutus, baguf4e, Anah и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.186
    Пол:
    Машки
    Зацепав со шведски филмови. Уште еден.

    Th hundred year old man who climbed out of the window and disappeared (2013)

    https://www.imdb.com/title/tt2113681/

    Генијална комедија. Скандинавците се врв кога се во прашање комедии. Тотален и брутален сарказам, ретроспектива на животот на еден 100 годишен човек.
     
    На elimkd, Ginger^ и Bananki023 им се допаѓа ова.