1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Се премислив, овој е за 9 или 10, отпосле ти се втерува во психа.

    Последно гледав турски филм Kendime İyi Bak (2014). Се работи за заљубен пар кој е пред венчавање, но и двајцата ќе дознаат работи кои ќе ги скршат. Неизвесно е дали покрај тагата филмот ќе добие среќен крај. Турските филмови што ги имам гледано досега не се воопшто досадни, но на моменти помислувам дека се подбиваат со гледачите, а овој имаше некаква чудна фотографија што дури ми се навикнаа очите, мислев дека ќе ослепам. 5/10
    Сепак можат да го ѕирнат љубителите на романса или на турска драма, би им се допаднал повеќе.
     
    На Anah му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.042
    Допаѓања:
    225.236
    Пол:
    Женски
    https://m.imdb.com/title/tt1392214/


    Prisoners
    Квалитетен трилер, добро обработен.
    Што се случува кога ќе го снема најмилото? Две фамилии, различни постапки.
    Да се запраша човек како би реагирал

    ИМДБ 8.1
    Јас 10
     
    На simoncelicius, Astrum.Obtutus, ALISA0000 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Како го изглуми Елвис, јас се испозаљубив. :inlove: Заслужува оскар.
     
    На elimkd и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.042
    Допаѓања:
    225.236
    Пол:
    Женски
    На simoncelicius, boomsleng и elimkd им се допаѓа ова.
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Free Solo (2018 )

    Документарец за катерење на Ел Капитан без јаже, за прв пат во историјата.

    Има супер моменти во филмот, и како некој што е почетник аматер, такви каде крвта ти смрзнува.
    Највеќе ми се допаѓа описот на мисловниот процес и каков мајндсет има/ човек треба да има.
     
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    The kite runner
    3EF52DFC-30B6-465F-AA1F-E4ADEBC0EA39.jpeg
    жанр: драма

    филм за пријателството и предавство, за каењето и упорноста.

    Амир богато момче и Хасан негов слуга се две другарчиња кои живеат во Авганистан, навидум бескрајно среќни и безгрижни постојано го поминуваат заедно секојдневието. Хасан е негов верен другар кој ќе претрпи ужас но никогаш нема да се откаже од својот другар.

    Откако местото ќе биде окупирано од руските комунисти Амир со својот татко ќе пребега во Америка, после долги години ќе добие повик да се врати назад ….

    Тешка и напната сторија

    10/10
     
    На LiliBoz, simoncelicius, Oneo и 3 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    111.427
    Пол:
    Женски
    Ова е по книгата на Кхалед Хусеини?
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    Да
    Адаптација е негова
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.003
    Допаѓања:
    48.815
    Пол:
    Женски
    Bombshell
    10/10

    ќе речам само: проклета била Америка, поболни се од нас Балканците
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.501
    Допаѓања:
    18.325
    Пол:
    Машки
    Филмо се вика Nope (2022), нешто трилер-хорор и беше стварно залудно потрошено време. Има оценка од 7.0, ама јас би му дал чиста 0.


    На изолиран ранч за коњи, се случува нешто чудно, се појавува на небото (Летечка чинија) и се трудат да го "фатат" докажат дека навистина постои. :drunk:
     
  11. Dayandnight

    Dayandnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2022
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.467
    Пол:
    Женски



    romanticen,se zapoznavaat slucajno,i ljubov kratko i jasno
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.137
    Допаѓања:
    45.394
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20221004-192013_Chrome.jpg

    Hocus Pocus 2 (2022)


    Сестрите Сандерс се протерани во 1653 година од градот Салем и последен пат се видени од мал број луѓе во 1993 година пред да исчезнат.

    После 29 години, две другарки изведувајќи го нивниот редовен годишен ритуал за Ноќта на Вештерките, ги враќаат Сестрите Сандерс.

    Сестрите се враќаат да му се одмаздат на Салем за нивното протерување.

    Продолжение на истоимениот филм од 1993 година. Интересен фамилијарен филм, ме врати во детството

    7/10
     

    Прикачени фајлови:

    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Леле, овој ми беше еден од најомилените младешки филмови во тинејџерските години ама најмногу го гледав заради тоа девојчето (ми се допаѓаше) што се симпатишеше со машкиот главен лик. братот на она малото девојче,сестра му што ја игра Тора Брч...Така се вика глумицата.Не знаев дека има нов дел.Баш би го гледал со задоволство.
     
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.501
    Допаѓања:
    18.325
    Пол:
    Машки
    Watcher (2022) ме бендиса филмов многу. Нема многу што да се кажи, трилер накај хорор, се преселува брачен пар во Романија Букурешт во зграда, и цело време од спротивната зграда ја гледа и следи еден човек.

    Филмот е тензичен, а то и барав од ваков тип на филм, ме бендиса, ако сте љубители на трилер филмови пуштете го.
     
    На Tam4yy, plava.90, Nikolina35 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.137
    Допаѓања:
    45.394
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20221005-104917_Google.jpg

    My best friend's exorcism (2022)


    Четири најдобри другарки средношколки одат во викендица на езеро да се забавуваат. Играат Оуја ( повикување духови) и излегуваат надвор на ноќно капење. Во близина има напуштена колиба, во која двете неразделни другарки ќе влезат очекувајќи да доживеат авантура. Наидуваат на некое зло кое ја запоседнува едната и таа почнува чудно да се однесува и да ги повредува сите околу неа.

    Филмот спаѓа под жанр хорор ама воопшто не е страшен

    6/10
     
    На Cosmic Girl и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Le Pacte des loups (2001)
    Феноменален француски филм, секоја чест. :clap:
    Навидум хорор, за мистериозното животно кое во 18. век ја тероризирало провинцијата Жеводан, бизарна појава која до ден денес не е расчистена.
    Филмот нуди едно од можните објаснувања и дава осврт зошто и како пропаѓаат системи последниве векови.
    8/10
     
    На Cosmic Girl, Nausicaa, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Lou
    [​IMG]

    Гледам на Imdb има едвај 6 звездички филмов јас би дала 7,5- 8 бидејќи сакам такви испреплетени приказни кои те водат низ филмот а крајот е сосема различен.

    A young girl is kidnapped during a powerful storm. Her mother joins forces with her mysterious neighbour to set off in pursuit of the kidnapper. Their journey will test their limits and expose the dark secrets of their past.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Денес нешто лабави филмови за релаксација ми се гледаа. :D

    Under the Tuscan sun
    [​IMG]
    Пак го гледам по не знам кој пат и пак ќе му дадам 10/10. Како виртуелно патување во Италија ми е, многу ме опушта филмов. :inlove:
    Пејзажите одлични, приказната баш за пуштање мозок на пасење. Мислам дека нема кој не го гледал, но ајде накратко да пишам рецензија кога такви се правилата. После развод главната глумица оди на одмор и непланирано се преселува во Италија. Таму се запознава со нови луѓе и животот целосно и се променува.

    Laws of attraction
    [​IMG]

    Не знам како филмов не сум го гледала до сега. Би му дала оценка 9/10, но би го гледала сепак повторно некогаш. Ми се допадна. Се работи за двајца адвокати што се од спротиставени страни на пар што се разведува, во меѓувреме се вљубуваат и пробуваат да најдат баланс меѓу работата и љубовта. Лабаво филмче, топ е за опуштање. :lol:
     
    На Sanniii, Anie93, elimkd и 7 други им се допаѓа ова.
  19. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.144
    Истово сакав да го пишам... Апсолутно не го заслужува рејтингот.
    Туку кога веќе има рецензија за него јас ќе пишам за вториот дел на Orphan, Orphan first kill. Што се случува пред Лена да дојде во семејството во првиот дел. Според мене подеднакво добар како и првиот дел само некако Лена на вториов дел по-старолика е во споредба со првиот.
     
  20. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.992
    Допаѓања:
    10.382
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека ќе изгледа "постаролико" кога во првиот дел актерката е буквално дете од 11-12 години, а во вториов е возрасна личност. :rofl: