Па нормално е де, не реков дека не е. Го пишав како забелешка на некој начин зошто и во двата глуми девојче на 9-10 години ама не изгледа исто.
Како тоа и во двата глуми девојче на 9-10 години кога е ИСТАТА актерка што глумеше во 2009-та која сега има 25 години.
Значи глуми девојче на 9- 10 години. Лена како лик и во двата дела ја има таа возраст. Не знам што не е јасно. Темава е за рецензии, не зошто како и криви дрини исправање.
Искрено не знам како можеле да ја "подмладат" (не дека и фали нешто) актерката која глуми фантастично и во двата дела.
Ама нема потреба од разглабање, факт е дека изгледа различно, не смеам да го спомнам тоа? Пишав и двата дела се добри само тоа ми е забелешка за вториот дел. За тоа и е наменета темата.
Не ми се верува ејј....што ми се закачи не знам. Не знам на која фреквенција си озбилно.Темава е за рецензии ако воопшто знаеш што значи тоа. Препрочитај неколку пати па ако треба и уште неколку пати, имам надеж дека ќе сфатиш. Откри топла вода на крај да признаам, дека физиономијата на човек се менува со возраста. Сега ќе си легнам побогата со уште една информација . И сето тоа благодарение на тебе. Друг пат пред да пишам рецензија ќе ти пратам прво тебе.
Па можеби со поспор развој пак расте колку толку, така би го рационализирал. Инаку интересен филмо, се согласувам, амна првиот дел ми беше врв.
Вториов дел е доста по крвав. Инаку воопшто не е спорно дека девојката расте се развива и менува. И во двата дела ликот има 30 тина години а се преправа дека има околу 10 само во вториот е помалку "убедлива" поради тоа што изгледа старолико за 10. Нешто како little man кога го посвојуваат . Не знам дали објаснив добро. Друга рецензија - Homebound. Искрено тотална збунка ми е филмот. Држи внимание но на крај ништо не ми беше јасно. Пар, мажот ја носи партнерката во куќата кај што живеат неговите три деца од претходниот брак со бившата жена и понатака не се знае кој е луд кој е нормален. Баш би сакала да прочитам и туѓа рецензија за филмов.
Don't worry darling Филмот е еден од најдобрите што се издадени годинава. Одлична актерска екипа: Florence Pugh, Harry Styles, Olivia Wilde, Chris Pine, Gemma Chan. Млад брачен пар живее во луксузна населба во 50'те која е наречена Victory. Живеат среќен живот, како од соништата. Но, тој живот има цена. Жените мораат да бидат домаќинки, да ги поддржуваат мажите безусловно и никогаш да не излегуваат од периметарот на градот, кој инаку е сместен во пустина. Мажите сите одат на работа надвор од градот во седиштето на Victory проектот. За работата никогаш не разговараат со сопругите. Водачот на проектот наликува на харизматичен лидер кој е речиси религиозно почитуван од жителите на проектот и мажите кои работат за него. Наеднаш Алис (Florence Pugh) забележува некои нешто што и пречат, има моменти на flash back. Во еден момент забележува црвен авион кој се руши надвор од населбата и тргнува надвор од границите на населбата и доаѓа до седиштето на проектот, зградата каде што наводно работат мажите, но тоа личи напуштено. Го допира стаклото на објектот и доживува состојба слична на транс. Се буди дома, во својот кревет и нема сеќавање како се вратила. Маж и е супер позитивен, но не и дава информации за ништо. И така почнува нејзината борба да дојде до вистината при што се соочува со осуда од сите сека е луда и со закана дека ако не се среди ќе бидат "отстранети". Таа е храбра и не се откажува. Филмот цело време ве држи во неизвесност. На моменти добивате впечаток дека е сличен како Сопругите од Степфорд , некогаш дека е како Шоуто на Труман, ама не е ниту едно од нив. Има одлични метафори и скриени моменти во одредени сцени на кои треба да се обрне внимание. Крајот на филмот ги разјаснува работите но остава некои делови од приказната самиот гледач да ги сфати, без да му даде очигледно објаснување. Некои гледам дека го критикуваат за ова, т.е дека има недосраскажани моменти, ни јас мислам дека тоа не се пропусти туку уметнички елементи кои имаат своја функција и цел-да ти ја заскокоткаат фантазијата и да те тераат да размислуваш што сакал да каже авторот/режисерот. Филмот завршува така што остава простор за можен втор дел од приказната, иако филмот самиот по себе е една целина и има завршница. Многу сакам филмови што те тераат да се замислиш за одредени теми, кои ти создаваат емоција која продолжува и во деновите после гледањето на филмот. Ако сакате и вие таков филм не се двоумете дали да го гледате.
red lights Жанр: мистерија Том и Маргарет се професори кои предаваат на факултет, но исто така и трагаат по медиуми и ликови кои се занимаваат со паранормални активности, им ги откриваат нивните подмолни трикови со кои се служат за да ја прелажат широката маса. Маргарет која се наслонува на науката цврсто е убедена дека таква моќ никој не поседува, дали сепак греши или одговорот е цело време токму покрај неа ….
Halloween night... Barbarian 2022 Една девојка доаѓа во градот ноќта, има резервирано Airbnb апартман, но тогаш дознава дека внатре веќе некој има. По случај на грешка, истиот апартман бил изнајмен и на Бил Скарсгард, кој ја поканува да ја поминат ноќта заедно. Добро освежување беше во хорор жанрот. Одлично движење на камера и тензично беа доловени сцените. Приказната така-така, имаше доста дупки и wtf моменти. Сепак, солиден. 5 Us 2019 Во градот снемува струја и вечерта пред врата им доаѓа семејство облечено во црвено кое сака да ги убие. Шокот е, кога ќе видат дека семејството личи скроз како нив. Не ми се допадна баш. Приказната, иако инвентивна и различна, за мене не беше спроведена добро. Имаше доста wtf моменти кои не можев да ги сварам. Исто така не осетив воопшто тензија. Колку ми беше фален филмов со години, толку повеќе ме разочара. 3
All quiet on the western front (2022) Го гледав во кино. Феноменално сценарио, добро обработени ликови, борбите доста реални. Еден од подобрите филмови на Нетфликс периодов од плејадата досадни кои ги извадија. 5/5 за сценографија, 5/5 за глума, 4/5 за недоволно разработени сцени и моменти. Еlvis (2022) На инсистирање на пријателка да го гледам. Изгаснав на 20 минути. Досадно, нафурано и фејк. Ко за тинејџ публика правено и да има шок момент. 2/5
UFO 2022 Првпат гледам турски филм, се си мислев нема да ми се свиѓаат премногу, но глумецот сега е доста популарен и добро глуми, па затоа одлучив да го погледнам филмов. Типична лимунадица. Двајца тинејџери сосема спротивни се заљубуваат еден во друг, се врти дејството околу нив. Како копија на 3 метри над небото е... 5/10 ќе го оценам и тоа само ради изборот на глумците.
Nochnaya smena 2018 комедија Мажот неможе да најде работа па добива понуда да започне кариера како стриптизер гледајте го добар е за опуштање. 7/10
Добар филм! Е сега останав малку на крај со прашалници,па ги подбуцнувам на домашниве да го гледаат,да ми доразјаснат она што ме остави во дилема. Фала за препораката!
Толку убава рецензија имаш напишано, што веднаш го пуштив филмот и не згрешив. Предобар филм, во еден здив го изгледав.
Господ постои, името и е Петрунија (2019) Не знам дали само јас не бев запознаена со филмов, но го изгледав како обврска за факс и многу ми е мило што го дознав на еден или друг начин. Квалитетен и убаво снимен македонски филм, на место претставено нашето општество - фрустриран народ, неедуцираност, нефункционална полиција, неправда, типични „христијани“ и местото на жената во општеството и религијата. Секој лик си имаше поента и беше сопствена критика на нашиот народ. Мене цело време ми го држеше вниманието иако најголемиот дел од филмот се одвива во полициска станица во Штип. Имаше и интересен хумор, кој јас не би го рекла ни хумор затоа што тоа беше најреална претстава како се понашаат македонци. 9/10 има од мене филмот, препорачувам да се изгледа иако верувам дека ќе ве изнервира. Ако некој се заинтересира, можам да доставам линк за гледање.
добар филм го гледаше брат ми па се уклучив и јас ама веке беше некаде на пола стави линк ако можеш ФАЛА