A perfect pairing (2022) За тие што сакаат романтични комедии снимени на убави локации го препорачувам. Изборот на главните глумци ми се свиѓаше ептен, многу добро си одговараа. Бидејќи гледам ваков тип филмови доста, овој е еден од подобрите снимени од овој жанр филмови во последниве 3-4 години заради пејзажите. Приказната е клише, Лола му кажува се во лице на злобниот шеф и ја напушта работата во Америка. Сака да основа своја компанија за промовирање вина и за да го најде првиот клиент оди во Австралија. Таму се пронаоѓа себеси, запознава нови луѓе... Толку ми беше убаво местото кај што снимаа, што си направив скриншотс. Оценка 9/10 Spoiler: Виртуелно патување
Осмата Ноќ - Корејски мистериозен-трилер филм . Филмот е толку језив , да појезиво нешто не сум одгледала одамна . Злобно " чудовиште " старо 1000 години се буди од вековниот пустински сон , и трага по својата половина , која е скриена на другата страна на државата , во високите планини .. Будистичките следбеници имаат за задача да не дозволат " тоа " да завладее со светот . Оценка : 8/10 .
Five, 2016 година, француски филм, комедија Друштво од 5 души секогаш сонивале да живеат заедно и кога нивниот сон станува реалност и потпишуваат договор за станот, работите се комплицираат и се заплеткуваат во бизнис со марихуана. Предобар fилм, одлична комедија што добро ќе ве насмее,а и ќе ви го задржи вниманието до крајот. Оцена 10/10.
Во фаза сум кога ми се допаѓаат и сакам да гледам геј филмови.Па еве еден мал список на филмови кои ми оставија впечаток: Call be me names-10/10 Firebird-10+/10 Free Fall-10+/10 Just friends-9/10 The way he looks-10/10 Central of my world-8/10 Shelter-8-9/10 Hansome devil-9/10 Sorry angel-9.5/10 The blonde one-10/10
BPM Филмот е пре пре добар.На моменти досаден,но истиот трае над 2часа така да.Се работи за моментот кога била епидемијата на сида,смртните случаеви од истата,борбата на младите,.Објаснувањето за сида,како и пар во кои еден е заболен а другиот се грижи за него до неговата смрт.Не памтам од кога не сум плачела вака на филм. Оценка=10+
Duel (1971) wow. Навидум неверојатна случка, а не тешко остварлива, всушност, се работи за нешто што би можело да го снајде секого. Пеколна бркотница на автопат. Човек на деловно патување, управувајќи со својот автомобил се соочува со непознат возач на камион кој се обидува да предизвика несреќа и да го убие. Патникот е преплашен, но мора да остане присебен и да смисли решение, а не му преостанува ништо, освен да бега. Филмов или го мразите, или го сакате. Од мене има висока оценка 8 и огромно браво за Спилберг и уникатниот начин да се пренесе идеја За времето во кое е снимен, ова е прејак филм.
brothers Жанр: драма Сем е маринец кој заминува на мисија во Авганистан, ги остава зад себе својата прекрасна сопруга и двете малечки ќерки. Ќе биде фатен од страна на група авганистанци, измачуван два месеци, а за сето тоа време негово семејство ќе мисли дека е погубен. Неговиот брат, се повеќе ќе се зближи со неговото семејство. Откако ќе се врати дома ништо нема да биде како порано. Филм за војната, за психичкиот терор, за тешките животни одлуки кои ќе остават трајни последици. само мртвите го виделе крајот на војната … 9/10
https://m.imdb.com/title/tt9764362/ The Menu Исклучително добра екипа на глумци потрошена на сценарио со куп банални, предвидливи пресврти и сосема незадоволителен крај. И покрај тоа, ми се допадна 8/10
Black Adam Дејството се одвива во Кандак . Тет Адам ( подоцна Црниот Адам ) е само еден обичен роб . По наоѓањето на вредниот минерал , и бунтот кој го покренува синот на Адам - Хурут , животот на Тет Адам станува се , само не обичен . После долги 5.000 години , Тет Адам се враќа помеѓу луѓето , за да го ослободи Кандак од злото кое управува со градот .. Моја оценка : 7/10 . На моменти знае да биде онака малку ту мач , ама тоа и се очекува од Марвел . Јас не сум љубител на Марвеловите филмови и затоа му давам оценка 7 . Изборот на актерската екипа е одличен .
https://m.imdb.com/title/tt9288822/ "The Wonder" Предупредување: Само за љубители на драми и психолошки трилери. Емотивно навраќање во Ирска од 19тиот век, каде притиснати од сиромаштијата и суеверијата, тројца луѓе ќе се обединат и ќе си помогнат меѓусебе. Интересно е како режисерот се служи со "пробивање на петтиот ѕид". 7.5/10
@elimkd јас баш вчера сакав да пишам критика, ама не стигнав. Сакам да гледам мк филмови зашто сметам дека заслужуваат внимание. Сите филмови ги имам гледано на Милчо, Пред дождот е неповторлив. Исто така и Прашина ми остави впечаток. Мојот впечаток за филмот Кајмак на Милчо Манчевски е дека е допадливо спакуван филм, со под просечна приказна. Дијалозите се интересни на моменти смешни, глумците се одлични, локациите, фотографијата, музиката се совршено вклопени и извонредни. Поставувањето на целата околина и амбиент се одлични за што Милчо е мајстор. Насловот Кајмак исто така ми се допаѓа како одговара на филмот и “учествува” буквално а има и симболичко значење. Филмот на моменти е трагично реален, и дел од ликовите како да ги познаваме. Приказната е за два брачни парови кои се комшии и се наоѓаат во различни стадиуми на врската. Тие се многу различни, а на моменти многу слични. Без “спојлери” ќе кажам според мене главната тема беше дека трета личност во врската не значи дека секогаш ќе ја расипе туку некогаш може да ја подобри и да ја реализира на начин на кој не сме замислувале. Со ова Милчо пробува да провоцира и да ги крши балканските табуа и конзервативност. Има многу голотија и секс сцени кои можам да кажам дека се сосема прифатливи, а нивната комичност на моменти е изненадување. Мене едната приказна ме растажи, а другата ме згрози. Сара Климоска блеска во улогата на Доста, не ја препознав каква трансформација има направено во ликот. Она што најмногу ми сметаше во филмот беше нејасната цел на дејствата, на почетокот за мене не беше баш јасно што се случува и која е целта, но со развојот на филмот станува појасно. Според мене станува збор за драма со црн хумор. Доколку некој ми кажеше дека филмот не е добар и не вреди да се гледа, повторно ќе го погледнев зашто сметам дека треба да се цени и поддржи секој труд на уметниците од нашата земја.