Swallow (2019) Сакам вакви психолошки трилери, главната глумица ми беше многу интересна и специфична. Се работи за млад брачен пар каде женава ќе остане бремена и ќе почне да јаде предмети кои се живото-загрозувачки. 8/10
Прво филмот е одличен спрема мене (за мој вкус ) меѓутоа ова не е Marvel филм ова е Dc филм има разлика и тоа огромна поззз
Филмот е одличен за љубителите на суперхерои и тоа е неоспорлив факт . Јас , му дадов 7 , бидејќи ми се ту мач сцените со " натчовечки моќи " и задгробен живот . Интересни ми се за промена , но не сум преголем љубител на истите , што не значи дека нема луѓе кои ги обожаваат овие филмови , како ти на пример . Искрено , го поврзав со Марвел комикс , поим немам од каде , веројатно сум навикната да суперхероите потекнуваат од таму . Не ни загледав дали е на Марвел или не . Сега ја зумирав сликата и видов дека над насловот стои DC . И официјално , ќорава сум . Ти благодарам на забелешката , ќе знам за друг пат подобро да проверувам . Позз .
Ticket to Paradise (2022) Лесно филмче, за пуштање мозок на пашња, а на моменти има и пар длабоки мисли, што си се такви какви се ама животот кога ќе не пикне во некој бубањ на јака центрифуга забораваме да уживаме често во него. Ајде во кратки црти: двајца поранешни сопружници се поканети на свадбата на ќерката која по кратко време од запознавањето на дечкото решава да стапи во брак со него. Двајцава првпат по разводот се сложни во врска со едно нешто- тој брак не треба да се случи. Епа ќе гледаме што се ќе направат во врска со тоа и што се' се случува во филмов
Stutz (2022) Филм што ќе ве научи на техники како полесно да се справувате со одредени ситуации во животот. Ако се соочувате со анксиозност или депресија, погледнете го. Од мене 9.
Odličen triler sniman spored vistinski nastan Al pacino odi undercover vo potraga po ubiec vo "svet" koj postoi i den denes no e nevidliv za običnite lugje
Mean Streets (1973) Што може да стори католикот, за да ги искупи гревовите? Овој филм на Скорсезе, еден од неговите најзначајни, е приказна за младите Италијанци во Њујорк кои се во канџите на мафијата и под нејзина контрола, но и за необичен триаголник помеѓу двајца другари и девојка/братучетка, воедно го афирмира Роберт Де Ниро како актер. Сум видела многу од него, и мислам дека ова му е најдобро одиграната, најспецифичната улога. 8/10
Law abiding citizen (2009 крими/трилер) Дупките во законодавството…обичниот граѓанин ќе ја преземе правдата во свои раце.
Две најдобри другарки се качуваат на највисоката кула. Во еден момент скалите се кршат и тие остануваат заглавени на врвот, без излез. Кој е љубител на вакви трилери препорачувам 9/10
Elvis (2022) Приказна за кариерата на Елвис. Филмот е одличен, високобуџетен со квалитетни глумци, сосема очекувано од Baz Luhrmann. Само што мислам дека режисерите ја најдоа совршената формула за добар biopic и сите се водат по истата. Кога гледам филмови од овој тип, се чувствувам ко да ја гледам истата приказна, базирана на различен лик.
Не беше последниот, но мерак ми е да ја издвојам оваа ведрина преточена на екранот, која вреди да се гледа одново и одново: Shakespeare in Love (1998 ) ПРЕУБАВ ФИЛМ!!! Прослава на англиската ренесансна драма, фиктивно дело базирано врз личноста на најголемиот драматург на сите времиња и слободна интерпретација како настанала најпознатата љубовна приказна "Ромео и Јулија" и каква всушност потајно жртва прави Вилијам Шекспир, пред да стигне до самиот врв и бесмртноста. 10/10
Крими/мистерија трилер филм од 2019 година. Пронајден е мртов познат писател на крими книги. Покрај полицијата ,се вклучува и приватен детектив ( во улога на Daniel Craig)со цел расветлување на случајот. Се согласувам со високата оцена според imdb 7.9/10,заслужено.
Crimes of the Future (2022) Филмот е луд и визионерски. Мислам дека е прв на Кроненберг после повеќегодишна пауза. Во иднината (не изгледа многу далечна), кога технологијата е навидум напредна, но не и живеењето, човечките организми еволуираат застрашувачки. Кај некои тоа е помалку осетно, кај други јасно видливо. Многумина наоѓаат задоволство во уметностa, која исто така се развива на бизарен начин, бидејќи уметниците инспирација црпат од реалноста (иронично, далеку од задоволителна). Не сите луѓе, организации, ги прифаќаат промените и се толерантни како артистите, туку има обиди човештвото да се врати на старо. Филмот започнува така што една мајка посакува да стави крај на животот на нејзиното чудно дете. 6/10 Малку гадничок, но дефинитивно вредеше да се (до)гледа.
Orphan: First Kill (2022) 2007 год., пред случувањата прикажани во филмот од 2009. Лена бега од психијатриска болница во Естонија и ја искористува својата состојба на нанизам, за да се претстави како Естер, малолетната ќерка на богати американски родители, која исчезнала пред неколку години. Но, Естер не очекува дека и полоши луѓе од неа живеат во домот што го одбра за себе за да се добере до таткото во тоа семејство. Отпрвин го оценив филмот со 5, зашто не сакам продолженија на познати филмови. Макар што овој е од подобрите, ми беше многу нереално во 2000-те, опасен пациент од ментална установа да премине граници на толку моќни држави и да се вовлече во ситуирано семејство без да ја фатат, ама ајде може да постои објаснување, зашто личноста што сакаше да го заташка другиот случај имаше влијание, но пак, не ми е се на место во филмов... Инаку, амбиентот беше зимски, таман за периодов и има повеќе хорор-сцени одошто во првиот дел. 6/10, ама уште ќе размислувам за оценката.