1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.813
    Пол:
    Машки

    Ако ти се допаѓа Кроненберг - Crimes of the future, е навраќање на еден од неговите први експериментални филмови, со исто име, но, со различна содржина -- ти го препорачувам, ако не си го гледала, неговиот ExistenZ, од 1999 г.: (има спојлери во видеото подолу!)




    Слични филмови, прави и син му од жанрот body-horror (затоа и се „гаднички“). Последниот не беше лош:

     
    Последна измена: 16 декември 2022
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Brucewayne

    Brucewayne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2022
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Машки
    Ima mnogu vpečatlivi sceni vo filmot interesno mi e i koga go prašuva po toj prodavačot za maramčinjata koja boja vo koj džep što znači :)
     
    На Vikktorr му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.813
    Пол:
    Машки
    Не се сеќавам на сѐ од филмот, барем не на тој дел, одамна ми е гледан. Фала за потсетувањето.
     
    На Brucewayne му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    6.476
    Пол:
    Женски
    Билет за рајот (2022)
    Screenshot_20221223-165641_Google.jpg
    Џулија Робертс и Џорџ Клуни (имиња не ми текнуваат) се разведени 20 години. По долго време, се наоѓаат само за да и ја растурат свадбата на нивната ќерка. Класична глупа американска комедија. Супер за опуштање(y)
     
    На Ani45 и theunforgiven им се допаѓа ова.
  5. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Gone Girl 2014

    Крими трилер направен по книгата на
    авторката Gillien Flynn,со истоимен наслов Gone Girl. Исчезнува жена по име Еми а очите прво се вперени секако кон нејзиниот сопруг.
    Филмот го задржува вниманието.
    Оценка 8/10.
    Rothman-Gone-Girl1.jpg
     
    На Star_dust, boomsleng, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    6.476
    Пол:
    Женски
    American pie (1999)
    Screenshot_20230101-043803_Google.jpg


    Четворица другари се договараат да ја изгубат невиноста пред матурската вечер. Подолга рецензија не е потребна8-| Класична американска глупа комедија. Треба барем еднаш да се изгледа(y)
     
    На Peppermintka и elimkd им се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Christmas in Rome (2019)
    [​IMG]
    6/10 и тоа заради убавите места кај што е сниман му давам, инаку 3-4 би бил.

    Досаден филм, да те успие. Ништо посебно не се случува. Главната глумица добива отказ пред Божиќ, туристички водич е во Италија, а инаку е Американка. Се запознава истиот ден со Американец кој е дојден за работа неколку дена во Рим до Божиќ. Типично клише, само нема некако добра приказна и логика смислено, многу досаден, не би го препорачала.
     
    На Peppermintka, Ginger^ и elimkd им се допаѓа ова.
  8. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    6.476
    Пол:
    Женски
    Zodiac (2007) 91gYQOSys6L._AC_SY445_.jpg

    Приказната е за сериски убиец. Полицијата цело време го бара, но не може да го најде. Во глави улоги се доста јаки глумци. Земете си пуканки, дека филмот е доста долг и напорен. Трае околу 3 саати.
     
    На simoncelicius, Peppermintka, Oneo и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.186
    Пол:
    Машки
    Force Majeure (2014)



    Кој сака спори скандинавски филмови,полни со црна сатира,социјална вкочанетост,апсурдни ситуации.Навидум банални но воедно и круцијални и базични.Одличен филм.Една убава работа кај Скандинавците е што глумат предобро и нивната глума нема сензационалистички пристап што мене многу ми се допаѓа.Позади нивната среќа многу често се крие социјална апатија и цинизам.Самите себе веќе си се шегуваат на својот менталитет.Одлична 8 од мене.
     
    На Ginger^ и boomsleng им се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Papillon
    (2017)
    Ова е втора позната екранизација на истата приказна. Се работи за нехуманите услови, злоупотреби и подмитливоста во затворската колонија во Француска Гвајана каде во минатото, францускиот систем испратил десетици илјади луѓе да отслужуваат казна. Филмот е работен според автобиографијата на бегалец од затворот, кој тврдел дека бил невино осуден. Тој е главниот лик со нескршлива волја, притоа опишано е неговото пријателство со друг затвореник кое започнува од интерес, но станува искрено и чисто.
    Ќе дадев 7ка, ама некои нешта не ми се поклопуваат како за базирано врз вистински настани.

    [​IMG]
    killing them softly (2012)
    Ми се допадна филмот се на се, и глумата и улогите и крајот (само темпото беше досадно).
    Криминалното подземје во контекст на големата рецесија од 2008. и на општата ситуација диктирана од политиките.
    7, а ако го гледам уште еднаш, мислам дека ќе добие повисока оценка.
     
    Последна измена: 3 јануари 2023
    На boomsleng и elimkd им се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Mambo Kings
    (1992)
    Сесар и Нестор се двајца браќа, музичари од Куба. Нестор има девојка која многу ја сака, но се разочарува кога таа (под уцена) ќе се омажи за сопственикот на локалот каде што браќата настапуваат. Девојката го предупредува Сесар да го однесе Нестор далеку, за мажот и да не го убие. Сесар го наговара Нестор да заминат во САД и да пробаат да се прослават, без да му ја каже вистинската причина и дека неговата сакана била принудена на бракот. Нестор мисли дека брат му е желен за успеси. Во Америка, нивните квалитети се забележани, се чини дека среќата е на нивна страна и го добиваат она за коешто артистите можат да сонуваат. Нестор дури ќе се ожени и ќе има дете, а не може да заборави на убавата Марија и од срце создава безвременски хит.
    Но, ова е пред се филм за братската љубов и предизвиците пред кои ќе ги стави новата земја.
    7/10
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  12. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Пред извесно време го гледав филмот Папилон на тв, ми се допадна, приказната некако ми беше позната како предходно да ми е гледан филмот, кога проверив подетално се сетив дека станува збор за истоимениот филм Papilon (1973) со Дастин Хофман и Стив Меквин во главните улоги. Топло ти препорачувам да ја изгледаш и оваа верзија.
    Мамбо Кралеви е доста добар филм, филм од златната ера на популарноста на Арманд Асанте и Антонио Бандерас. Песната Beautiful Maria of my soul е прав евергрин, една од моите омилени песни

    Ps @Аргентина * отклучи го сандачето за пораки сакам да ти напишам нешто.
     
    На Dancewere и Аргентина * им се допаѓа ова.
  13. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    Пар YouTube-ри кои снимаат напуштени места и заработуваат од тоа, посетуваат напуштена куќа која е потоната во езеро. Мебелот во куќата е потполно сочуван и воопшто не е распаднат од водата. При посетата на куќата парот наидува на разни хорор-моменти кои нема да ви ги откријам, за да нема spoilers, нели. Мене не ми се допадна баш, би дал 3/10.
     
  14. Bezobrazna01

    Bezobrazna01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    3.093
    Пол:
    Женски
    После 6 години одлагање успеав да се наканам да ги гледам 3те делови на The Conjuring, Anabelle и The Nun;)
     
    На ♤the girl& и elimkd им се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Dead Man's Shoes
    (2004)
    Ричард е војник кој со години не се вратил во родниот град и доаѓа да се одмазди на локалната банда која се изживувала врз неговиот помлад брат (лице со интелектуална попреченост), додека бил оставен сам без никого.

    Филмот го ценат во Велика Британија и така ми привлече внимание да го одберам.
    Вчера можев да напишам доста замерки, а денес ми е некако haunting се што видов.

    На огромна жалост, сум слушнала за вакви случки во реалниот живот (без одмаздничкиот дел), и не знам дали филмот им прави правда на жртвите и на нивните семејства или не, но идејата задржува внимание и е поучна, завршните реплики на главниот лик погодуваат во срж, а беше одвоен простор и за хумор на сметка на негативците (нивно исмевање)
    8/10
     
    Последна измена: 5 јануари 2023
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    @boomsleng
    Ти благодарам на препораката, ќе го гледам стариот Папилон секако. Очекувам да биде уште подобар.
    The Mambo Kings е работен според роман кој би сакала да го прочитам, мислам дека главниот мотив е мигрантската носталгија преточена во музика, од филмот имам таков впечаток. Музичката тема е навистина преубава, ја претпочитам шпанската верзија, La Bella Maria de mi Amor. Дали знаеше дека режисерот е автор на песната (заедно со уште еден композитор)? Оскарот "го краде" A Whole New World (Aladdin).
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  17. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722
    [​IMG]


    THE HUNT (2020)

    Ми бил ставен на листа на чекање, не знам зошто волку време требало да помине за да го гледам.
    Јас очекував мааааалку повеќе, ама па и не очекував толку од некои нешта :))))))

    На почетокот некако сѐ набрзина се случуваше, не можев да се приврзам со ниту една улога, сите доаѓаа и заминуваа и требаше време нештата да се стабилизираат и да дочекам главен лик и приказна која ќе се развива.

    Многу интересна беше особено втората половина од филмот, па и самиот крај.

    Почетокот изобилува со крвави сцени, ама јас тоа издржувам и не го ни приметувам како хорор. Чисто споменувам ако некој се одлучи да го гледа, да си знае што да очекува.

    Главната хероина ми остави баш впечаток, во завршните сцени брилјира, иако цело време има една таква нишка на херојчина, паметњакович.
     
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    ДЕСЕТ
    Срам да ми е што почетно го оценив со осум.
    По неколку дена од гледањето, мислам дека ова е еден од најдобрите филмови ever, може комотно да се вброи меѓу топ 50.
    Реализам од Англија преплетен со трагика, во амбиент налик излез од овој свет.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.375
    Пол:
    Женски
    The Stepford Wives(2004)
    upload_2023-1-10_13-51-10.png
    Џоана добива отказ од работа и таа е многу тажна и депресивна.Маж и-Волтер сака некако да и помогне и да ја развесели,па се селат од нивниот дом и се селат во гратче Степфорд.По некој ден од животот таму Џоана приметува дека нешто не е во ред со жените што живеат таму.
    Всушност тие се роботи,кои се контролирани од нивните мажи.Всушност се ова го започнала Велингтон кога го нашла својот маж во креветот со неговата љубовница.Била многу тажна поради тоа и потоа ги убила и двајцата,и создала робот кој што бил со ликот на нејзиниот маж.Мислела дека е прегрда за нејзиниот маж,па сакала да направи сите жени да изгледаат прекрасно и затоа ги правеле роботи.Сфатила дека нејзе не би ја слушале и затоа тоа го препуштила на нејзиниот маж(робот)....

    Мислам дека доволно раскажав.:D
     
    На en5 и elimkd им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Once upon a Christmas miracle (2018 )
    [​IMG]

    Преубаво Божиќно филмче, ме разнежни. Сниман е по вистинска приказна.
    Тој и донира орган, за време на цел тој процес многу се зближуваат и е прекрасен филм за вистинска љубов. Нема да раскажувам многу, само ќе ви го препорачам.
    10/10
     
    На Stormii, Peppermintka, Oneo и 1 друга личност им се допаѓа ова.