Black Widow(2021) Семејство живее во Охајо.Еден ден таткото доаѓа од работа и ги предава своите ќерки на некои луѓе кои ќе ги однесат во Црвената Соба.Наташа тоа го сфаќа,и се труди да ја одбрани својата помала сестра-Јелена за да не ја однесат и да и го направат тоа што и го направиле на нејзе.
Transformers(2007) Не знам што да кажам за филмов.Премногу напнатост.Не ми се допадна воопшто. Long Lost Son(2006) Мајка и татко се развеле,и синот живее повремено и со двајцата.Еден ден татко му го зема и го носи со него на пловење(бидејќи бил морнар)и бродот се крши.После 14 години мајката оди во потрага по синот. Добро смислена приказна и ми се допадна многу.
The menu Ексклузивни гости, одат на ексклузивна вечера во ексклузивен ресторан. Не би откривала повеќе, колку помалку се знае однапред - толку поинтересно. Препорачувам. 7/10
Runaway Christmas Bride(2017) Жена и маж треба да се венчаат,но потоа жената дознава дека мажот се оженил со неа само поради парите што му ги оставила баба му... Толку откривам,филмов беше солиден и го препорачувам.
Falling for Christmas Млада девојка при пад ја губи меморијата и не се сеќава на ништо. Предвидлив но сепак држи внимание. Passengers Во вселенски брод патуваат луѓе во соодветни капсули. Еден патник се буди 90години порано. Незнам како сум го пропуштила да не го гледам филмов.
Оваа женава од првиот филм е таа од Mean Girls? Да,и јас таму го гледав,но мене ми беше океј,иако на моменти ми беше досаден.
The Swimmers (2022) Две сестри од Сирија секојдневно и напорно тренираат пливање со нивниот татко. Со почетокот на војната во Сирија во 2015та, нивните сонови околу натпреварувањето на Олимпијадата полека преминуваат во последен план. Од девојки со големи соништа и амбиции, тие стануваат бегалки кои најпрвин бегаат во Либан, Турција, во краток момент се спомнува и еден граничен премин во Македонија. Оттаму почнуваат нивните патешествија. Трае подолго од вообичаено, ама ваква богата приказна е греота да ја сместиш во 80-90 минути.
I Knew Her Well (1965) Адриана е млада девојка која оди во Рим со цел да си го исполни сонот да стане актерка. Обично не ги коментирам филмовите што ги гледам од овој период, бидејќи најчесто и немам што да кажам, меѓутоа овој филм ми остави голем впечаток. Накратко, веќе неколку години имам чувство ко да ми се повторуваат истите ситуации, само во различни средини. И овој филм ми го потврди тоа. Исто така и перцепцијата што ја имаат луѓето за една личност, од различни агли, а сепак иста. Еден review што го прочитав и се сложувам со истиот е дека I Knew Her Well е скроз ироничен наслов.