Rachel Getting Married(2008 ) Зависник од дрога се враќа од болница за свадбата на сестра и. Филмов е многу досаден и ништо не сфатив од него.
Многу убав филм со убава порака. Јас го гледав овој и Lamborghini: the man behind the legend https://m.imdb.com/title/tt5533370/?ref_=nv_sr_srsg_0
The Unbearable Lightness of Being (1988 ) Прашка пролет 1968; млад, етаблиран доктор кој е промискуитетен, се жени со малку трапава девојка од внатрешноста, која сака да живее во главниот град. Набрзо се случува нов политички преврат. Некои луѓе се склони самите да го комплицираат животот, мажите на еден начин, жените поинаку. А некои жени, пак, или во случајов третата личност, се обидуваат да отстапат од клишеата. Според истоимениот роман на Милан Кундера. Добар филм во поглед на кинематографија, но не многу добро склопени идеите во целина. Од мене 4/10, ништо непознато за менталитетот во Источна Европа не видов + умерено антипатични ми се двата главни ликови. Повеќе од 5 не давам. Доктор Живаго во обид, а излегува како обратна Ана Каренина. The Man Who Killed Don Quixote (2018 ) Филмот, мене барем ми е екстра комичен; американски режисер заминува во Шпанија да сними филм за Дон Кихот по втор пат, откако пред 10-тина години во студентските денови, режирал краток филм во кој глумеле локалните жители. Арно ама, не знае дека со својот филм на некои обични учесници во снимањето им создал илузии и им ги уништил животите; меѓу нив старецот во главна улога одбран поради својата харизма, кој премногу се внесол и оттогаш навистина верува дека е славниот Дон Кихот де Ла Манча и му недостасува уште Санчо Панса за да тргнат во авантура против злото. Филмов на почетокот збунува, помешани се настаните, минатото со сегашноста, јавето со фантазијата, па во еден момент си велиш чекај, ова е Тери Гилиам, не ни треба да биде реално, и се се разјаснува, се доаѓа на свое место, на одредени делови искрено се насмеав и не можев да сопрам, а сцената каде се подбиваат со Дон, ме натажи. 6/10 Има малку политизирање, Европа во мало. Rise of the Footsoldier (2007) Според вистинска приказна, за фудбалски хулиган кој станува гангстер... Интересен филм и е прв во франшизата, само го гледав во лоша снимка, што малку ми влијае врз оценката.
Shelter-2007 Еден од подобрите геј филмови.Поврзаноста на Зак и Шон,жртвата на Зак за Коди и сестра му.Крајот како Шон и Зак заедно со Коди заминуваат во подобар живот. ОЦЕНКА=10/10
Palm Springs Жанр: романса/научна фантастика Нила секое утро го доживува истиот ден, гостин е на венчавка, се буди во хотелска соба заедно со својата девојка секое утро и така цели 40 години. Една од тие вечери, Нила и Сара која е сестра на невестата страсно ќе се бакнуваат, незнаејќи што ќе и се случи ќе мине во забранетата пештера па и таа ќе влезе во таа временска зона заедно со Нила… Интересн и необичен филм Нешто сосема поразлично од се останато 9/10
The House of the Spirits Жанр: историја/драма Дејството се случува во Чиле од 20тите години на минатиот век па се до ‘70тите. Естебан е млад и сиромашен но полн со ентузијазам, визија и план. Неговата богата вереница Роза трагично ќе го загуби животот, скршен од болка Естебан ќе замине од местото и по 20години ќе се врати со стекнато огромно богатство и ќе се ожени со прекрасната Клара сестра на Роза… тоа е само почеток на нивното животно патешествије. филм за љубовта, тагата, забранетата љубов, смртта, омразата, политика, упорност и тешки времиња. Препорака до сите љубители на драма. 10/10
И јас го гледав последен, таман сакав да напишам и гледам дека некој веќе го направил тоа. Прекрасен филм, 10/10.
Molly's game. Гледан еднаш кога излезе, го гледав вчера по втор пат. Вреди да се изгледа, јас лично сакам филмови базирани на вистинска приказна. Од мене 9/10.
The Pale Blue Eye (2022) Каков филм, ме освои тотално. Дека Кристијан Бејл нема утка со улогите, тоа е кристално јасно. Меѓутоа ѕвездата во филмов беше Хари Мелинг, најпознат ни е како Дадли од Хари Потер и исто ако памтите, се појави во Дамски гамбит со Ања Тејлор-Џој. Има и уште улоги во филмови и серии, не е дека е новајлија, меѓутоа голем дел од екранизациите во кои глумел не ми се гледани и си ги ставив на листата, зашто ова е навистина актер кој ветува. Секоја чест, како маестрално го долови ликот на Едгар Алан По! Што се однесува до филмов, станува збор за готски трилер, со ретро-детективски моменти. Августус Лендор некогаш бил прочуен детектив, а денес, по низа лични неуспеси, сето тоа што некогаш било во него, останало удавено во алкохолот кој тотално го променил како личност. Се случува едно грозоморно убиство и детективот повторно се враќа назад во своето бојно поле. Се раѓа едно ново пријателство, некои тајни престануваат да бидат тајни, се отвараат многу врати кои можеби никогаш не требало да бидат отворени, но вака или така, вистината секогаш ќе најде начин да исплива на површината... Детективот Августус Лендор го доживеав како една многу помрачна, постудена и помелахнолична верзија на Шерлок Холмс. Не дека двајцава имаат некои сличности, не може да се споредуваат. Но, неодамна го гледав вториот дел Енола Холмс па компарациите некако сами си се редеа во глава. И секако, Едгар Алан По беше неверојатно доловен, одамна толку не ме фасцинирала нечија глума. Филмов беше совршен романтичарски eye candy - фузија на мрачни ликови, морбидни сцени и прекрасни морничави атмосфери. 9/10
ако примети главниот лик Џереми Ајронс како му го трансформираа ликот од младите години до длабока старост, толку убедлив физички изглед до сега во ниту еден филм немам видено
5/10 Што убаво почна. Држеше внимание, мирен, тивок, психолошки... Последните 30-40 минути и самиот крај - смешки. Почнаа да мешаат едно, па друго, па трето, избегаа од колосек, вметнаа натприродни моменти и сѐ излезе од контрола. А имаше толку потенцијал да биде квалитет до самиот крај. Ништо. Уште еден просечен хорор-филм, па дури ни просечен не можам да речам дека е.
The Banshees of Inisherin (2022) Не би ме изненадило овој филм да го добие оскарот за најдобар изминатата година, најкомплетен е од сите кои досега имав прилика да ги погледнам, претставува сплет од повеќе значења кои се постојано актуелни некаде за некого, можеби за сите нас. Ова е црна комедија на фиктивен ирски остров во 1920-те, малку оддалечен од виорот на граѓанската војна, но чии жители не се помалку допрени од лудило, што во прв план се отсликува преку распадот на пријателството помеѓу едноставниот сточар Подрик (Порик), и Колм - музичар кој почнува да се стреми кон уметничка возвишеност, па го отфрла својот долгогодишен пријател со образложение дека е припрост за да му биде од корист и дека дружбата со него му го троши времето да постигне нешто во животот. Го условува никогаш повеќе да не му прозбори. Подрик е повреден, на разни начини се обидува да ги врати нештата на старо и оттука ќе се изредат низа немили настани. 9/10
Wonder, 2017 4/5 Нешто мааааалку ми недостасуваше. Или, пак, премногу ми беше. Можеле да скратат малку и да направат послатка приказна, поскоцкана. Ми немаше пресврт во филмот, немаше момент на врв, кулминација, за да има расплет. Во секој случај, убаво филмче, позитивно, со силни пораки. Години наназад по интернет ја гледам сликата како момчево си збори со татко си, го прашува дали е грд, а татко му му вели дека не е, туку светот е. БАШ таа сцена не ја видов на филмот и не ми се верува зошто е така.
Не знам,може и да сум.Ама дека најобично ги оценуваат до 10 и во другана тема за предизвик до толку ги оценуваат. Нема врска. Јас еве искрено филмов го оценувам 10/10 зашто стварно ме трогна и нема лесно да го заборавам. Убав ден. Spoiler И,извини ако те вознемирив
10/10 Го гледав кога испадна одма таа година. Сега решив да го изгледам пак, со моите. И мислам дека зажалив. Ми бепе тригер за ОCD и почнав одма со хипохонрдија, сега не можам да се смирам. Башка и моите ги пореметив, стварно е претажна приказна. Не знам што ми требаше, златни филмови имав на располагање на репертоар, јас за овој се запнав ))))
The strong ones-2019 Топпол,одлична хемија и глума.Дејствијето бргу се одвиваше,но не очекував ваков крај.Искрено мислев дека ќе имаат повеќе невољи,но беа сконцентрирани само на привлечноста и заљубеноста меѓу Лукас и Антонијо. Оценка-10/10
T2 Trainspotting (2017) Достоен на првиот дел, иако од почетокот не изгледа ветувачки. Филм кој ја подига свеста. По 20 години, старото "друштво" се обединува да расчисти сметки. 8/10