1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Mateja.Mat

    Mateja.Mat Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2022
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    upload_2023-1-27_2-35-19.jpeg
    Almost Love-2019
    Доказ колку е комуникацијата потребна во една врска.Ништо посебно,но добри.
    Оценка:7/10
     
  2. Mateja.Mat

    Mateja.Mat Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2022
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    On the Fringe of Wild
    upload_2023-2-4_11-20-12.jpeg
    Поради неприфаќањето од страна на двете семејства,поради хомофобија,завист,љубомора но и голема љубов згаснува млад живот.Ми остави голем впечаток.Оценка:9/10
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Brucewayne

    Brucewayne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2022
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Машки
    Assault on precinct 13 1976
    Posle ubistvoto na nekolku clenovi na ozloglasena banda od strana na policijata, ostanatite členovi na bandata Street thunder se zakolnuvaat deka ke gi odmazdat nivnite členovi so napad na policiskata stanica 13 i ke go ubijat sekoj policaec vo nea. Legendarniot John Carpenter vo ova remek delo so odličen soundtrack, ima prikažano možebi grafički naj brutalno ubistvo na dete vo istorijata na filmskata industrija, (momenti samo pred da si kupi sladoled isplneto so radost i entuzijazm biva ladnokrvno ubieno od strana na white warlord clenot na bandata) ogormna preporaka s-l500.jpg
     
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    24.234
    Вчера го изгледав "Babylon", а пред малце "When You Finish Saving The World".
    Одлични филмови, скроз различни еден од друг во секоја смисла.

    Во "Babylon" е прикажан шоу бизнисот во Холивуд во 20-тите. Паралелно гледаме што му се случува на еден многу популарен актер, на една девојка која ќе стори сè за да стане позната актерка и еден потрчко кој ќе успее да стане најбаран режисер. Секако, сето тоа е пропратени со журки, пијанчења, оргии, дрога, лудување, коцкање, итн. Филмов е ролер костер од луди дешавки, приказната и нема некоја посебна поента освен да ја прикаже блесавоста на шоу бизнизот и типот на луѓе кои или се или сакаат да бидат дел од него. Глумата е супер, поготово на Маргот Роби, типката е совршена за улогава, само нејзината глума е едно лудо возење во луна парк. Режијата на Дејмиен Шазел е класика, микс помеѓу "La la land" и "Whiplash". Прекрана кинематографија со исклучително интересни сцени, сцена по сцена те носи низ хаотична лудница. Ја издвојувам сцената кога снимаат сцена од филм, одамна се немам смеено толку. Порано многу потешко им било за снимање кога имале многу скап, а ограничен филм за користење. Исто така, ми се допадна сцената со змијата, тоа ми дојде како врв на хаосот и непромисленоста на ликовите. И секако, посебно внимание и аплауз заслужува музиката. РЕМЕК ДЕЛО. Како обожавател на Sons of Kemet, музиката ми е црешата на шлагот. Џастин Хурвитз, како и со Ла Ла Ленд, така и тука (според мене овој пат и многу подобро) успеал да растури! РЕМЕК ДЕЛО.
    Испадна дека сум голем обожавател на овој режисер, бидејќи и "Whiplash" и "La La Land" ми се 9ка, а дефинитивно и Бабилон ми е минимумот 9.

    "When You Finish Saving The World" е лабава драма со убава порака. Не знам зошто на imdb им толку лоши критики, читнав дел и како скроз да ја промашиле поентата. Пратиме 2 ликови, воглавно. Мајка и син. И двајцата живеат под ист кров, но секој во свој посебен свет, во свој балон. И двајцата имаат своја посебна опсесија, која на крајот од филмот, ќе им се распарчи на мал милион мали парченца. Среќа, ќе научат што вреди во животот и колку се благословени за сето што го имаат, а до вчера не го ни ценеле, ни приметувале. Барем јас така го сфатив филмот. И двајцата се себични, нарцосоидни и сметаат дека само нивната перспектива е битна. Но бидејќи перспективата им е бајаги искривена, сето срање ќе им се врати назад ко бумеранг, ќе ги плесне право у фаца. Глумата ми се допадна, не знам зошто го хејтаат Фин Волфхард кога топ му одговара ликот и неговата меланхолија и занесеност. Секако, Џулијан Мур е одлична, како и секогаш. А режисер е Џеси Ајсенбер, хм. Ми се допадна како го извел филмот, обожавам вакви инди лабави филмчиња. Мислев дека ќе биде тинејџерски, ама воопшто не е. Филмчево ме инспирираше да внимавам на мојот однос со ќерка ми, иако е уште тодлерче.
     
    На boomsleng и Dancewere им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Не знам колкава си, ама ако си дете може затоа не си го сфатила. Филмов е многу реалистичен во однос на прикажување дисфункционални однесувања во едно семејство и зависности. Мене ми беше океј, може не за 10ка ама далеку од досаден.
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    16.480
    Пол:
    Женски
    Го гледав и јас Вавилон, се согласувам со се што напиша @MissChievous, ќе додадам убав камбек на Тоби. Не знам зошто делот со забавите малку ме потсеќаше на Големиот Гетсби секако во по вулгарно издание.
    Оценка 9/10
    Предходниот викенд го гледав и Bones and all на Luca Guadagnino, Канибалистичка романтична приказна, Убаво спакувано во 80ти вајб и носталгично. Прекрасна актерска екипа.
    Оценка 8,5/10
     
    На boomsleng, Camille84 и MissChievous им се допаѓа ова.
  7. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.375
    Пол:
    Женски
    Може и тоа да е,до некаде го сфатив филмов,ама мене ми беше преедосаден:)
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    016618AF-DF8E-4C20-876C-47F0525CBEC0.jpeg
    Manchester by the Sea
    Жанр: драма

    Ли е меланхоличен и депресивен тип кој живее сам во Бостон кој работи како хаусмајстор. Ќе добие телефонски повик каде ќе биде известен за смртта на својот брат. Филмот е испреплетен со сегашноста и ужасите од минатото на Ли.

    Одлична и преемотивна драма, еден од најтажните филмови.

    9/10
     
    На boomsleng, christinnn и Anika55 им се допаѓа ова.
  9. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    1.046
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    10/10 Млада девојка болна од дијабетес се занимава со музика и истовремено работи како келнерка, запознава дечко војник во барот каде што работи. Поради преголеми финансиски проблеми и потреба од здравствено осигурување таа стапува во брак со него, после следуваат различни ситуации... Погледнете го филмов!
     
    На Watermelon96, IvvaNeo и Евроазија им се допаѓа ова.
  10. Grasiela**

    Grasiela** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Дарси и Том ги собираат своите семејства на остров, за нивната венчавка, но церемонијата се одложува кога вооружени напаѓачи ги земаат сите како заложници. Тие мора да направат се што можат за да ги спасат своите најблиски..
    Забавен, интересен филм
     

    Прикачени фајлови:

  11. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    57.172
    Пол:
    Женски
    Леле колку тажен филм..
    Ме потсети на еден друг филм со Кејси Афлек (сосема различен од овој).

    Screenshot_20230215_022433_Google.jpg

    A ghost story

    Главни улоги се Руни Мара и Кејси Афлек кои играат брачен пар. Сопругот на почетокот од филмот ќе почине, а филмот раскажува што се случува по неговата смрт ама од негов аспект.
    Не е последен филм што сум го гледала ама планирам да го изгледам уште еднаш.

    7.5/10
     
    На boomsleng, MeowMeow и elimkd им се допаѓа ова.
  12. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Loving Adults 10/10

    Прејак филм. Дански е, го има на Нетфликс. Must watch за сите што сакаат mindf*ck трилери. :~::clap:
     
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    24.234
    "The Whale" - конечно снимка излезе. Мислев дека ќе ми биде досаден и дека хајпот е исфорсиран, но испадна обратно. Филмов е супер од повеќе причини. Делува дека главната тематика е прејадување и дебелина, но сепак пораката е позади причините зошто главниот лик стигнал до степен да умира поради пренајадување. Неговата скршена психа откако му се случува нешто многу лошо поради што почнува да јаде без контрола. Во филмов се зборува за религија, хомосексуалност, депресија, развод, однос помеѓу родител и дете, однос кон храна, итн. Сите тие разни теми се испреплетени едни со други.

    Две работи што ме погодија најмногу се: фактот дека типот си ја остава ќерка му за да живее нов живот со дечко му, и, фактот дека дечко му се откажал од живеење поради неприфатеноста од неговиот татко поради религијата. Се изнервирав. Кога луѓето би се прифаќале помеѓу себе такви какви што се (без да си штетат); би биле искрени и би си пружале поддршка, љубов и почит; кога општото добробитие би било најважно - сечие здравје, физичко и психичко - кога би се држеле блиску едни со други, тогаш животот би бил далеку подобар, поквалитетен, посреќен. Но, тоа е утописка замисла, а реалноста е дека сите се себични со сопствените гледишта и мисли како треба да се живее животот.

    Секако, Фрејзер сјае во филмов, совршено ја пренесува и емотивната болка, и чувството дека се откажал од сè и дека го прифатил фактот дека се откажал, како да тоа не е ништо лошо. Ми се допаѓа и Sadie Sink како одглуми, постојано добивав желба да ја гушнам и утешам дека сè ќе биде океј.

    Патем, цел филм се одвива во куќата на Чарли (ликот на Фрејзер), малтене на каучот во неговата дневна. А на ниту еден момент не ми беше досаден.

    "Women Talking" - филмов ме растури емотивно.
    Жените од една религиозна заедница дебатираат 3 опции: дали да си ги соберат парталите и да ги остават мажите силуватели - прифаќајќи ја казната дека ќе им биде забранет влезот во рајот, дали да останат и да се борат против нив, или пак, да останат во заедницата и да им простат. Дебатата е поттикната откако 2 девојчиња фаќаат маж во обид да ги нападне додека спијат, по што одредена група мажи се однесени кај други постари мажи од групата со цел да им се пресуди, но свесни дека ќе бидат ослободени мажите, жените мораат да одлучат што да направат пред да се вратат силувателите дома.
    Ме боли што жени од секакви возрасти, дури и малечки девојчиња од 4 години, поминале низ сето тоа срање. Ме боли што со години биле силувани и затруднувани од кого стигнале, вклучувајќи ги и сопствените браќа (и веројатно татковци). Ме боли што жените биле тепани. Ме боли што на жените не им било дозволено да учат. Ме боли што жените на секаков начин ги изолирале и угнетували.
    И ме боли што успевале да ги убедат жените дека сето тоа е океј затоа што така сака господ (како што сака мажот), затоа што мораат да ги слушаат и трпат мажите ако сакаат да одат во рајот, затоа што немаат право да бираат, затоа што нивните чувства и мисли не се важни.
    Ми оди да врискам ЕБЕТЕ СЕ ВИЕ ГАДНИ ОДВРАТНИ МАЖИШТА ЗАЕДНО СО СИТЕ ВАШИ ПОСРАНИ ПРАВИЛА И ИЗМИСЛЕНИ ПРИКАЗНИ! Искрено, ме боли курац веќе кој како ќе ме сфати и дали ќе се навреди, затоа што гадно е ден денес да прифаќаш како добро нешто што било користено за толку гадни тажни постапки! Нели ви се гади од самите себе?!
    А замисли, сето ова во филмов (сниман според книга) е базирано на вистински случувања - силувања кои се случиле во период од 2005 и 2009 во Боливија во заедницата на сектата Менонити. Пред 14-20 години.
    Тежок филм за гледање, ама еден кој мора секој да го изгледа.
    Исто така, и овој филм се одвива речиси цел на само едно место - штала. Ни еден момент не е досаден, напротив.
     
    Последна измена: 24 февруари 2023
    На Elen4e_sonce, Евроазија, boomsleng и 4 други им се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    24.234
    "Sharper" - супер филмче со забавна приказна, без некакви специјални визуелни ефекти, акција, растрчаност,... едноставно забавно филмче. Филмов е за измама, односно некој што се глуми и се прави одредена личност пред избраната мета со цел да му ги собере парите. Но, што кога измамникот ќе го измамат? Не би да споделувам повеќе инфо, зш сè би било спојлер.

    "You People" - има многу лоши reviews, искрено не се согласувам со нив. Односно сметам дека намерно има клише моменти поврзани со расизам, боја на кожа, религија, итн. Намерно за да се пренесе колку глупави се тие ситуации. Филмов потсетува колку сите ние си живееме во посебен сопствен свет, секој со свое искуство и доживувања, со свое воспитување и култура. И колку сето тоа уствари е безвезе ако имаш затворен ум и си ограничен. Во филмов белец и цркиња се вљубуваат и од старт кога си ги запознаваат своите фамилии еден на друг, наидуваат на еден куп проблеми, само затоа што он е белец евреј, а она цркиња муслиманка.
    Мене ми се допадна и мило ми е што се обработуваат темиве, можеби некому ќе смени перспектива. На крајот од денот, битно е само да си среќен.
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    39.404
    Пол:
    Машки
    Eyes Wide Shut 1999

    [​IMG]

    Го репризирав по повеќе години и сеуште е филм кој вплени со прекрасните дијалози, језива атмосфера и те става во мисла за тоа што треба да претставува бракот, дали има совршен брак или позади него треба ширум да ги затвориме очите?

    Последното ремек дело на Кјубрик влегува длабоко во интимниот живот на еден брачен пар од Њу Јорк, средна - висока класа, кој има криза во бракот. Тоа може да се забележи уште на самиот почеток од филмот, каде што брачните партнери се спремаат за забава, а на прашањата на Алис, како изгледа, Бил без воопшто да ја види и дава генерички одговор дека изгледа убаво.

    Филмот е испреплетен со еротика и експлицитни сцени, но позади секоја од нив се крие огромна симболика, портретирајќи ги високите касти на општеството и нивната перверзна извитопереност, како и микро космосот на парот кој е ставен во искушение да посегне по забранетото овошје.

    Иако долг, а долг е затоа што е многу добар, повторно ме закова 2 и пол часа да го гледам без да трепнам.

    9
     
    На Cosmic Girl, boomsleng, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    13.369
    images.jpeg
    Allone 2020.
    Млада жена е киднапирана од ладнокрвен убиец. 8/10
     
    Последна измена: 3 март 2023
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    B2084D35-FC75-4CDA-9DE0-34CA32FE399E.jpeg
    million dollar baby
    Жанр: драма

    Мислејќи дека се работи за уште еден спортски филм каде главниот протагониста е најјак, сите ги тепа и на крај освојува милион долари… но филмот ни приближно не е со таква содржина.

    филм за пријателството, суовите семејните односи, таткова љубов, упорност, желба за успех и крај кој мислам дека сечие срце ќе го распарче на милион парчиња.

    заслужени 4 оскари за ваков маестрален филм со одлична приказна

    10/10
     
    На Lotus Girl, Ani45, Dancewere и 4 други им се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Клинт Иствуд ми беше пријатно изненадување во улога на режисер. Како глумец не ми бил нешто впечатлив, ме иритираше неговиот тежок говор, ама се покажа како одличен режисер.
    Затоа ќе потсетам на еден друг негов филм каде исто се јавува и како главен протагонист - "Мостовите на Медисон". Приказна за случајна краткотрајна љубовна романса помеѓу фотограф и омажена жена. Обично не сум љубител на романтични драми, ама Мерил Стрип е една од ретките која може секоја улога да ја износи маестрално, да се нурне во длабочината на карактерот и да го сподели со публиката.
    И секако добра режија.
    Screenshot_20230304_230049.jpg
     
    На Dancewere, Billy Idol, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Приказната е за две девојки кои по доживеана трагедија се оддалечуваат па по иницијатива на едната од нив решаваат да се соочат со своите стравови и да се обединат. Носат одлука да се искачат на радио кула висока повеќе од 600 m по што остануваат заробени на врвот без никаква можност за симнување.
    Предобра приказна. Од една страна едноставна а од друга страна не ти дозволува да тргнеш поглед. Значи по нервозна и по напната ми се чини дека не сум била на ниту еден филм. Рацете ми се препотија. Од мене има чиста 10ка.
    Fall_(2022_film).jpg
    Предупредување: Многу е вознемирувачки, поготово за оние кои се плашат од висина.
     
    На Afrodita*, boomsleng, Grasiela** и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Fraxinus

    Fraxinus Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2021
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.286
    Пол:
    Женски
    Dangerous_beauty_poster.jpg

    Опасна убавина 1998
    Жанр: драма/романса

    Иако не е којзнае каква скапа продукција, оваа филмска приказна и тоа како ќе ви го стопли срцето.
    Настаните се случуваат во Венеција во 16 век. Вероника е една млада убавица што се заљубува во богат аристократ Марко, брат на нејзина другарка. Марко ѝ ги возвраќа чувствата на Вероника, но сепак не смее да се ожени со неа затоа што таа нема мираз и не е на исто општествено скалило како него. И двајцата се повредени од тоа сознание, но не можат ништо да направат околу тоа и го прифаќаат како такво. Додека Вероника страда по својот љубен, мајка ѝ ќе ѝ каже и покаже дека мажачката не е единствениот начин да го има Марко и ќе се обиде да ја воведе во светот на куртизаните притоа и самата некогаш бидувајќи популарна куртизана. Иако Вероника на почетокот покажува отпор кон таквиот начин на живот, сепак подоцна го прифаќа знаејќи дека во нејзиниот град нема друг избор на занимање и професија за млада жена која нема пари да се омажи како неа.
    Набргу под водство на нејзината мајка, совршено ги учи сите тајни на занаетот и станува најпозната куртизана во Венеција. Марко се уште ја сака како и таа него и не може да поднесе што ја имаат толку други мажи, но едноставно мора да се помири со општествените прилики. Тој подоцна стапува во договорен брак кој е добар од политички причини со жена што не ја сака, се со цел да напредува во општеството. Сепак, Вероника е неговата единствена вистинска љубов. Таа пак покрај својот занает е свесна дека знаењето и интелигенцијата се нејзин најголем адут и тоа го искористува најдобро што може.
    Пружањето задоволство на многумина во Венеција не ја намалува љубовта на двете несреќни души и тие конечно паѓаат под искушението и на физичкото задоволство. Во текот на настаните младите љубовници се приморани да се разделат неколку пати поради различни причини, една од кои е нападите и напредувањето на Османлиската империја, но секогаш судбината и љубовта повторно ги спојува.
    Марко и Вероника уживаат во својата љубов се додека верските фанатици не земат огромен замав и додека Вероника не стане една од жртвите на инквизицијата...
    Совршен приказ на општеството во тоа време и на позицијата на жените на кои не им се оставени никакви други опции освен да станат слугинки кај богатите, да се омажат богато преку договорен брак, ако тоа статусот им го дозволува, или да станат куртизани и да живеат развратнички живот.
     
    На st-el, Billy Idol и Zaljubena26 им се допаѓа ова.