Последен филм што го гледав е... Интересна романтична комедија, со нешто поинаков расплет на настаните од типичните на кои сме се навикнале и сме ги гледале ХХХ пати.
Последен филм што го гледав е... Некои филмови си бараат повторно гледање, со секој нареден пат сфаќаш нешто ново. Го гледав . Чукнат филм, се разбира тоа од првиот пат, но мастерпис . И доста инспиративен, морам да признаам.
Последен филм што го гледав е... I Spit On Your Grave... Многу одвратен филм, не знам зошто ама го изгледав до крај. Ме следат кошмари 2 дена.
Последен филм што го гледав е... Многу добар, за разлика од почетниот дел на новата трилогија, т.е. ep. I. Доказ дека се' што е ново и со специјални ефекти, не мора да значи дека е и поквалитетно. Рамно на ужас. Невидена катастрофа, одвај го изгледав до половина и заспав. Овој Џони Деп се мрднал од здрав разум кога си дозволил да се појави во вакво фијаско од филм. Оваа краветината веќе одамна ми е на листата на мрднати, така да, за неа е сосем јасно.
Последен филм што го гледав е... после сите пофалби и тука, и на јутуб решив да го гледам, и се разочарав! не дека е лош, ама очекував мноооогу повеќе на она најбитното најмалце внимание беше обрнато, само музика, музика, музика...не знам но според мене AUGUST RUSH 6/10! апсолутно ништо посебно, само крајот ме допре... OBSESSED со бијонсата навистина мнооогу ми се допадна 9/10
Последен филм што го гледав е... Мислам, сериозно? Ова е еден од најлошите филмови што воопшто ги имам гледано, а веројатно и што постојат. Толку глупав заплет, а уште поглупав расплет!! НЕ го гледајте! НЕ си трошете време на вакви филмови!