Колку убаво го имаш раскажано филмот ама мене воопшто не ме бендиса пред се самата приказна и како одеше текот на настаните, зажалив за секоја потрошена минута
Шведски филм. Драма/трилер. Во продукција на Нетфликс.Одличен филм,одлична глума но се гледа дека Нетфликс го работел. По некоја клише сцена типично за американски филмови.Типична љубовна приказна запреплетена на скандинавски начин.Нема што да ви раскажувам. Гледајте го а ако не можете да најдете линк пуштете ми пп.
Вчера го гледав филмов, многу е добар и држи внимание. Има заплет и слично. Топла препорака а еве и да ѕирнете трилер ако сакате.
The Reader 2008 Предобро направен филм, работен според вистинит настан. За време на Втора Светска војна, Мајк 15 годишен тинејџер се заљубува во постара жена, Хана. Заедно се едно лето. Хана ја осудуваат на доживотен затвор. Но години подоцна се среќаваат повторно. Ме изненади филмов позитивно. Предобро осмислен. Му го препорачувам на секој да го изгледа барем еднашка.
Филмот е адаптација на книга но не е точно базиран според вистински настан, некои од сцените се според вистинити настани но љубовната сторија е фикција. Иначе стварно филмот е одличен, нивната взаемна поврзаност, момчето преку неа созреа во маж, а таа слушајќи открива нови светови.
https://www.imdb.com/title/tt13694628/ Филмот е брилијантен. Работен по вистински настан кој се случил 1996 година во Тасманија (Австралија) каде тинејџер убива 35 лица без никаква причина. Но тука се става акцентот на неговиот психо профил отколку на масакрот. Типот е осуден на неколку доживотни казни и сеуште е жив.
https://www.google.com/search?clien...#fpstate=ive&vld=cid:0d5e3106,vid:A4U2pMRV9_k Добар филм,неколку фамилии одат на скирена плажа и наеднаш почнуваат да стареат за неколку години ......пробуваат да најдат излез но губат свест и пак се враќаат на плажа....
Goodnight Mommy Психолошки хорор, римејк на истоимениот австриски филм од 2014год. но со доста измени.
https://www.imdb.com/title/tt164695...X4nkf8Du22jEwIaq6KyvImKmUA6pQLIgE9-B5IeFymJo0 Хорор филм!!!!! Градска девојка од Сеул, после добивање отказ од работа после инцидент, се враќа на својот остров од каде што избегала како мала за да успее во големиот град. Тој остров е прегазен од времето и луѓето таму се однесуваат насилнички и потчинето. Нејзината другарка од детството која останала на островот целиот свој живот и има дете е омаловажувана, силувана и тепана од нејзиниот сопруг и неговиот брат
Филмот го имам изгледано еден милион пати и секогаш се убивам од плачење. Предобар . Ме враќа во средношколските денови .
Случајно го фатив тука на ТВ во странство. Легендарен филм. Еден доста суров и реален филм за џанкерите и клошарите, а сите знаеме барем по еден од нашето соседство што било фино и мило дете а денес е 3 метри под земја. Ди Каприо глумчиште.
We're the Millers Една од ретките "понови" комедии што сум ги гледал, а да не е до толку лоша. Ако барате лабава комедија со типичен "глуп" хумор, како оние од 2000-те, вреди да се изгледа овој. 7
https://m.imdb.com/title/tt3771536/ 8/10 Шивај е добро познат планинар/водич на Хималаите. Во една од неговите авантури тој ја запознава Олга и обајцата се заљубуваат. Наскоро откриваат дека Олга е бремена, но таа не го сака детето. Но, Шивај ја убедува да го роди бебето, Олга ја напушта земјата откако го роди своето бебе без да ја види. 9 години подоцна, ќерката на Шивај, Гаура, открива дека нејзината мајка е сè уште жива и живее во Бугарија. Гаура го мрази Шиваи што ја крие вистината за нејзината мајка и инсистира да се сретне со неа. Шивај и Гаура патуваат во Бугарија за да ја запознаат Олга. Тие се обидуваат да ја најдат Олга, но таа повеќе не живее на иста адреса. Додека се обидува да ја најде Олга со помош на индиската амбасада, Гаура е киднапиранa од група за трговија со деца, а Шивај останува беспомошен бидејќи бугарската полиција го наметнува како трговец со деца бидејќи Гаура воопшто не личи на Шивај.
10/10 https://www.imdb.com/title/tt11813216/ Ирски филм за двајца пријатели. Приказна за осаменост, очај, меѓучовечки односи. Всушност филмот е црн хумор или црна сатира. Прекрасна глума, кадри, дијалози. Препорака до сите да го изгледате ако веќе не сте го сториле тоа.
She's The Man(2006) Тренерот и дечкото на девојката во средина не им даваат на нејзе и нејзиниот тим да играат во натпреварот во фудбал против Илирија. Братот на девојката(Себасчен)ќе замина во Лондон на 2 недели(а треба да оди во ново училиште)за да свири со неговиот бенд. Вајола(неговата сестра)ќе се преправи во него,и ќе замине во неговото училиште за да игра фудбал. Романтична комедија.Ја препорачувам. 10/10
What's love got to do with it (2022) Не дека не е веќе видено клише ром-ком филмче ама држи внимание до крај. Zoe е режисер за документарни филмови, а во слободно време постојано оди на дејтови со погрешни мажи и е сингл. Kaz е Пакистанец, од детство е преселен во друга земја со фамилијата и е пријател и комшија на Zoе од детство. По традиција се жени, договорен брак со Пакистанка, а Zoe тоа го прикажува како документарен филм, идејата на сите многу им се допадна. Во меѓувреме сфаќаат дека се вистинските еден за друг. Оцена 9/10
8/10 Филм направен беспрекорно. Продукција, камера, сценографија, битки реалистични. Генерално добро но веќе ми се прежвакани овие филмови за Викинзи. Веќе сите наликуваат еден на друг.
Greta - 2018 8.5/10 Не дека не беше предвидлив, но за пред спиење интересен ми дојде. Држи внимание иако главниот plot twist многу рано се дешава. Френцис наоѓа ташна во метро, ја враќа на сопственичката и се запознава со Грета која е осамена вдовица, а ќерка и наводно живее во странство. На Френцис мајка и починала пред една година, па во неа гледа мајчинска улога и се зближуваат со Грета која делува на фина и отмена жена. По некое време се открива дека Грета и не е толку фина како што изгледа и проблемите почнуваат. Крајот ми беше како недовршен, можеби им е планирано да прават повеќе делови, којзнае. Сепак, еден од подобрите понови филмови што сум ги гледала, би го препорачала за сите што сакаат трилери и филмови со психопатски ликови.