Одличен филм со одлично изглумена содржина. Ги поставува сите деликатни прашања кои ги имаат жените после долги години брак и монотонија. Во ред е да се сакаме себеси и да фантазираме а препорачливо е да се излезе од секојдневната рутина и да се побара повеќе во интимниот живот, дали од удобноста на вашиот дом или несигурноста на нова авантура. Оставам вие да одлучите. 9/10
Го начекав вчера и баш ми текна дека некој тука имаше пишано, па му дадов шанса, навистина филмот има добри реплики, животниот пат на младичот и неговиот избор на професија, наспроти конвенционалната пензионирана учителка која штотуку станува свесна за нејзината сексуалност, скриените фантазии и неискуството, го оценив со 5/10 некако туу мач ми беше, несоодветно, крајот поексплицитен за мој вкус, напати се згрозив, не се согласував со некои теми кои ги зачнаа…
Каде што раковите пејат: Киа Кларк е прекрасна девојка која уште од мали нозе е напуштена од семејството и живее сосем сама во изолирано мочуриште во Северна Каролина. Еден ден, кога нејзиното поранешно момче е пронајдено убиено, таа е првата која е обвинета. Филм за природата, љубовта, предавството и истрајноста кој заслужува целосно внимание. Од поодамна немам гледано вака убаво филмче. Заснован е на истоимениот роман од Делија Овенс, од мене има 10/10.
https://www.filmotip.com/sa-prevodom/mafia-mamma-2023-video_fa3a270dc.html An American mom inherits her grandfather's mafia empire in Italy. Guided by the firm's consigliere, she hilariously defies everyone's expectations as the new head of the family business. Ne e los,malku onaka da pomini vremeto,interesen,son na sekoja zena,skoro sekoja
The Whale Според рецензиите и мислењата очекував многу повеќе. Реално просек. Американските филмови веќе личат пародија едни на други. Глумата ок, не е напорна али приказната дијалозите онака. Тежок просек. 5/10
Или "Повторно љубов". На Мира и загинува нејзиниот дечко то ест го прегазува пијан возач. Како што кажува и самиот наслов, таа се обидува повторно да пронајде љубов. Запознава не случајно дечко по име Роб. Дека ме изненади филмот, ќе треба да излажам. Според мене, многу работи беа клише, како и во поголемиот дел американски филмови.
Дечко без пријатели оди на состаноци со мажи за да најде најдобар пријател и воедно кум за неговата свадба. Неговото ново пријателство ја отежнува неговата врска со вереницата. Интересно филмче е, комедија.
Главните улоги ги толкуваат Акшај Кумар и Радика Апте со споредна актерска екипа. Филмот е базиран на животот на Аруначалам Муруганантам , социјален активист и претприемач од Коимбаторе , Тамил Наду , кој направи евтини хигиенски влошки за жени во руралните области.
Taxi Driver (1976) Филмов е како "мајка" на многу други филмови, фактички се инкорпорирал во филмскиот јазик преку кој режисерите комуницираат со публиката, само треба да ти е гледан за да ги воочиш сите references. Смешно би било да се даде оценка подолу од 10, иако делува подзастарено, не премногу шокантно денес. Филмот бара концентрација за да се приберат информациите (деталите). Spoiler: краток опис Се работи за млад ветеран од Виетнам кој наоѓа работа како таксист. Незадоволен од луѓето и средината каде што се движи и работи, живее, тој чезнее за признанијата кои не ги добива по неговото учество во војната и конечно да се стекне со витешки статус. Де Ниро одличен, глумата на нивото од Mean Streets, а Мартин Скорсезе е дефинитивно нај најдобриот режисер за мене, покрај Милош Форман.
https://www.imdb.com/title/tt1798709/ 8/10 Филмот е за писател кој развива емоционална поврзаност со оперативен систем кој имитира женска особа. Одлична глума, интересна и релевантна приказна која е предвесник на времето што доаѓа со развивање на вештачката интелегеција а тоа значи се повеќе луѓе ќе имаат контакт и близина со роботи и апликации отколку со спротивниот човечки пол.
Се работи за еден од најдобрите филмови во историјата на кинематографијата, култен филм, филмски класик, едно од најдобрите филмски остварувања на маестралниот Скорсезе, кога станува збор за Скорсезе нема лош филм, скоро секој негов филм има оставено некаков траг и печат во филмската индустрија. Меѓутоа Таксист е еден од тие филмови кои се издигнува, се издвојува има некакво посебно значење, има посебно место, има тежина - може да се стави во ист ранг со филмот на Милош Форман Лет над кукавичкото гнездо. Скорзезе е еден од најдобрите и еден од моите најомилени режисери, го рангирам во топ 5 најдобри режисери. Иако на некој начин, повеќе за нијанса ми се допаѓа стилот на Спилберг, меѓутоа тоа е веќе прашање на индивидуална преференција и вкус. Кога се работи за самиот филм тој е извонреден, исклучителен од секој можен аспект, многу тежок (психолошки) филм за гледање и според тематиката која ја обработува но и според ликовите во самиот филм, Де Ниро ја има една од најдобрите негови улоги во кариерата, многу реално, оригинално го портретира ликот во филмот, но и останатата актерска екипа е на висина на задачата почнувајќи од Џоди Фостер, Сибил Шепард, Харви Кајтел. После гледањето на филмот се добива чувство на воодушевување, тежина, филмот ве остава без зборови, поттикнува на размислување, анализа, дефинитивно се работи за незаборавен филм кој трајно останува врежан во меморијата на гледачот.
Апсолутно се согласувам со твојата рецензија, исто како јас да имам пишувано, само што ти многу подобро ја срочи. Spoiler Филм проткаен со значења и незаборавен, ликот на таксистот е толку посебен со својот карактер и трауми, а можеби отсликува секого или премногу луѓе во општеството... Неговата подвоеност меѓу реалноста и фантазиите, неговата деструктивна страна и конструктивноста со која располага во пар, желбата да се биде прифатен преплетена со социјалната нелагодност, неговото минато и причинско-последичната врска и се останато за кое филмот зборува не престанува да биде актуелно, многу нешта, зборот ми беше дека оттогаш е често експлоатирано во други филмови што помага да го декодираш и да сфатиш која е поентата, насоката каде ќе се движи понатаму. Во таа смисла напишав "делува подзастарено", а не дека не е еден од најдобрите филмови, безвременски, old but gold. Како не ја спомнав Џоди Фостер - преснаодлива, вешта и впечатлива за своите 14 години. Но, насмевката на Де Ниро е priceless, ми се чини дека доста актери се инспирираат од неа и кога тие се смеат ја рефлектираат... Оваа недела репризирам филмови од Скорсезе, па така последниот кој го гледав беше "Кундун", биографски филм за четиринаесеттиот Далај Лама. Филм за сите љубопитни околу историјата, традицијата на Тибет, односите со Пекинг... Нема премногу акција, возбуда, но неизвесноста е присутна и заедно со визуелно раскажаната приказна не дозволуваат гледачот да се досадува. И повторно прашања кои не се ограничени на периодот и географската локација. Kundun (1997)
@Аргентина * мислам дека го немаш гледано од Мартин С. The King of comedy во главна улога пак со Роберт Д. чиста 10ка. Од 1982г Овој тип на филмови ти даваат чувство дека не гледаш глума, до тој степен се убедливи, поновиве генерации го немаат тоа
Go imam gledano toj. Kje go gledam pak zashto se gazev od smeenje xD Upornosta i posvetenosta se isplatija.
Ништо посебно, нема ни што да се опише. Клише тинејџерски филм. Тинејџерски пар, случувања околу нив и нивниот живот. Ако ви е многу досадно и не знаете што да гледате, пуштете го, но немајте големи очекувања од филмов. 5/10
Starter For 10 Случајно го најдов филмов и го пуштив без некакви очекувања. Ми се гледаше нешто feel good, со ром-ком елементи и овој ми се виде ваков. Малку ретро, но баш беше фин, имаше некои добри теми кои ги опфати. И ептен беше забавно да се гледаат Џејмс Мекавој и Камбербач во млади години. Камбербач особено, пресмешен ми беше во улогава. Брајан Џексон се запишува на Бристол и од мало гратче се сели на кампус и наводно со тоа започнува новата етапа од неговиот живот. Студентски живот, со многу промени и предизвици, многу нови пријатели, мислам - типичен coming of age филм. Најубавото сеќавање од детството му е гледањето квизови со татко му. Секогаш ги следеле заедно квизовите, се натпреварувале кој прв ќе го даде точниот одговор и така си се дружеле. Меѓутоа, ќе го изгуби татко си многу рано и секако и тоа ќе си остави некаква трага врз него, но љубовта за квизови ќе си ја негува и понатака. Во име на тие денови, Брајан ќе стане дел од универзитетската квизовска екипа и заедно ќе одат на еден навистина голем ТВ квиз, на кој ќе се случуваат хммм...доста интересни работи. Ме забавуваше филмов ептен. Прилично е краток, полн е со британски хумор, има по некоја (љубовна) драма и по некое клише, но навистина ми се допадна. Ако ви се гледа нешто забавно и слатко, топла препорака. 7/10
Лопез во филмов е жена на која и се случуваат промени во животот и станува доста успешна жена. На почеток беше добар, крајот многу клише и досаден. Секогаш филмовиве во кои глуми Лопез ми се мех. 6/10
You won’t be alone (2021) https://www.imdb.com/title/tt8296030/ Филм на македонскиот режисер Горан Столевски во кој глуми познатата шведска актерка Naomi Rapace. Милчко Манчевски како да има 100 вонбрачни деца. Сите личат на него. Камера добра, сцени добри, амбиентална музика ок. Приказна досадна, телиња, магариња, некое запуштено село, пола дијалози не можеш да ги разбереш што зборуваат. Класика македонска кинематографија. Уште не можеме да излеземе од тој досаден матрикс на После дождот. Се на се досадно и изгасив после 20 минути. Подобро 20 минути у ѕид да гледав. 5/10 поради камерата и ефектите. Останато нула.
https://www.imdb.com/title/tt0112641/ Го фатив попладне на телевизија. Што да се каже. Класика. Од глума, дијалози, камера, сценографија. Со еден збор ремек дело. Шерон Стоун за време на пикот на својата убавина.