Американско семејство одат на одмор во Африка. Тие се губат во дивината и се нападнати од лавови 5/10
Living (2022) https://www.imdb.com/title/tt9051908/ Филмот е адаптација на оригиналниот јапонски филм Ikiru (1952). Станува збор за депресивен бирократ кој живее монотон живот за да еден ден дознае дека има канцер на стомакот и пар месеци живот. Период во кој тој навистина почнува да живее и ја сфаќа суштината на неговото постоење. Ви препорачувам сите да го погледате оригиналот кој е ремек дело според многумина. Многу подобар од новата адаптација https://www.imdb.com/title/tt0044741/?ref_=vp_close
My Fault (2023) My Fault (шпански: Culpa Mia) е шпански романтичен филм во режија на Domingo González и главните улоги Nicole Wallace и Gabriel Guevara. Филмот е адаптација на истоимената приказна на Wattpad од Mercedes Ron. Содржина: 17 годишната Ноа Морган живее мирен и нормален живот во Торонто... се додека нејзината мајка неочекувано стапува во брак со Вилијам Лејстер, богат адвокат од Лос Анџелес. Ноа одеднаш е исфрлена од нејзината комфорна зона и е принудена да ја напушти нејзината одбојкарска екипа, нејзината најдобра другарка и нејзиното момче. По пристигнувањето во нејзиниот нов живот кој вклучува раскошни забави покрај базен и разгалени богати деца, таа го запознава нејзиниот полубрат, Николас Лејстер - студент по право и навидум типично разгалено богато дете. Ноа нема никаква желба да се зближи со него, особено кога го открива тајниот живот на Ник, нелегални трки со автомобили и улични тепачки. Но, она што двајцата не го земаат предвид е моќната физичка привлечност меѓу нив - доволно за да го преврти нивниот свет наопаку.
Го пуштив само заради тик ток, секојдневно ми излегуваше таму. Иии топ е! 10/10.Топла препорака за сите љубители на драма и романтика. А доколку знаете филм сличен на овој, предложуваајтеее
Merve Kult-пред 2-3 дена е излезен на Нетфкис. Мерве го избра боемскиот живот,Соочена со иселување, таа започнува нова работа - и се сопнува во зачинета поставеност со нејзиниот шеф. Моја оцена 7/10.
Whiplash жанр: драма Дреу е најмладиот тапанар член на џез бенд кој го води професорот Флетчер. Жртвата која ја дава Дреу е неопислива со збор, неговата упорност, несреќни околности, крв и самопожртвуваност, од друга страна методите кои ги применува професорот Флетчер се монструозни, сплетките и желбата за одмаздата ќе го соборат на колена талентираниот Дреу, професор кој буди чувство на омраза, олицетворение на професори кои барем еден таков сите ние познаваме, поттикнуваат на гнев и самодокажување дека можеш многу подобро и посовршено. филм кој е ништо на лик од останатите од овој тип, маестрално дело впишано во филмската класика. 10/10
Oppenheimer Жанр: Биографија, трилер Опенхајмер бил Американски физичар и директор на Los Amos лабораторијата за време на 2ра Светска Војна За време на 2ра Светска Војна полковник Gen. Leslie. Gives jr. го назначува Опенхајмер да раководи со тајниот Менхетен проект. Тој заедно со група на научници поминале години во изработка на атомска бомба. На 14 јули 1945 година тие беа сведоци на првата нуклеарна експлозија која засекогаш ќе го промени патот на историјата 9/10
The Invisible Guest (2016) Млад бизнисмен се буди во заклучена хотелска соба покрај телото на својата мртва љубовница. Тој најмува престижен адвокат за да го брани и во текот на една ноќ тие работат заедно за да откријат што се случило. 10/10
The place beyond the pines (2012) Искрено избрав да го гледам филмов само ради тоа што сакав да видам како се запознале Рајан и Ева. Не беше лош филмов,на моменти можеби досаден и од една приказна наеднаш во друга преминува. Ко два филма наеднаш да гледав ама сепак поврзани. Инаку се работи за млад моторџија кој после година дена дознава дека има син. Па трудејќи се да му обезбеди подобар живот почнува да ограбува банки. Добро му оди се до еден ден кога се случува пресврт.... Оцена 7/10
10/10 Прво мислев дека е некој тинејџерски лигав филм но ептен ми го задржа вниманието.Дефинитивно е добар и вреди да се погледне.
Spoiler Disclaimer: Не сум скроз трезна додека ги пишувам рецензииве Babrie (2023) Многу убав филм со убава приказна, убава порака и уште поубава продукција. Последново многу ми се допадна, задоволство е да се гледа филм каде се познава дека многу е вложено во детали. Додека го гледав осеќав како навистина сите да се мали Барби кукли и да се наоѓаат во мала Барби куќичка. Е сега, пораката не беше нешто револуционерна, ама имајќи предвид дека филмов е предвиден буквално за сите, може да се каже дека одлично си ја исполнува својата улога на introductory feminism, и како таков филм е навистина добар. Исто така, мислам дека имаше многу големо влијание општо на културата и тоа многу ми се допадна, што излвече pure girlhood од сите што го гледаа. Создаде автоматски пријателства меѓу луѓе, создаде убава, весела и пријатна атмосфера и тоа е многу значајно. И беше self aware, во многу моменти, тоа ми се допадна. Од мене 8/10. П.С.Марго Роби е прелепотица. Oppenheimer (2023) Рака на срце, поголемо уживање ми беше отколку Барби, иако нема смисла да се споредуваат зашто припаѓаат на драстично различни жанрови. Имајќи го тоа предвид, откога знам за себе повеќе ми се допаѓаат вакви филмови отколку комедии, па не ме изненадува што повеќе ми се допадна овој. Вистинско ремек-дело, секој момент од филмот целосно те обзема, го гледав без да трепнам. Визуелните ефекти беа некст левел, звучните исто така. Во моменти целата сала се тресеше. Незаборавно искуство е. Некои велат дека можел пократок да биде, јас не се согласувам, секоја секунда си имаше значајност, дури мислам можеше и подолг да биде. На крај вилицата не можев да си ја соберам од под. Ако треба нешто да променам, би било само да има повеќе време посветено на научните делови, бидејќи тие ми беа најинтересни. Ама во никој случај не мислам дека тоа одзема нешто од филмот, само сметам дека уште подобар ќе беше така. Глумата на Килијан беше фантастична, исто и на Роберт Дауни Џуниор. Од мене добива чиста десетка, наскоро ќе одам пак да го гледам. За крај, мислам дека годинава сме truly blessed што имаме два филма од ваков калибар што целосно издоминираа летово. И двата се top tier во своите жанрови. Мислам дека секој што хејта еден од нив на сметка на другиот треба да тејкне several seats и да не го убива вајбот. Двата филма беа одлични и мислам дека секој треба да ги изгледа.
The Man in the Moon Денеска прв пат го гледав фимот, многу ми се допадна, ми остави голем впечаток, драмски филм, мислам дека треба да се гледа а и ако сакате драмски филмови.
Maigret (2022) Дејството се одвива во Париз некаде околу 1955 година кадешто е убиена девојка која е облечена во скап фустан. Испекторот Maigret пробува да открие која е девојката и зошто е убиена. Мене ми се допадна, интересно филмче мистерија од мене 8/10