1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    9.186
    Пол:
    Женски
    Stepmom (1998 )
    IMG_20230918_134618.jpg

    Ахх премногу емотивен филм.
    Сѐ е така убаво скоцкано во 2 часа што дури трепнеш поминуваат.

    Мене многу ми се допаѓаат овие стари филмови со реални приказни затоа оцена 10/10.
     
    На Victorian, kelly.r, MarijaMi90 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Dora-Tea

    Dora-Tea Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2023
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    upload_2023-9-25_0-14-50.png
    The blue caftan-2022
    Номиниран за оскар.Предобар,нежен,ме изненади емотивноста.
    Одлична глума,и одлично пренесен карактер од страна на глумецот кои го глуми Јоусеф а му е прва улога во животот.Искрено се надевам дека ќе добие оскар.
    ОЦЕНКА=10+/10
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    13 Assassins
    (2010)
    Кон средината на 19. век, полубратот на јапонскиот шогун е садистички психопат кој ги брутализира луѓето вклучувајќи и припадници на високата класа. Сите остануваат немоќни пред неговото влијание и привилегии кај владетелот, се додека министерот за правда на своја рака не задолжи еден докажан самурај да собере група на атентатори кои ќе му стават крај. Но, Нарицугу и неговите потчинети стануваат свесни што го чека и почнува играта мачка-глушец како вовед во крвавиот расплет.
    Многу јако филмче, мило ми е што го гледав.
    9/10, ама ми се допадна повеќе и од 7-те самураи на Акира Куросава по чиј урнек е очигледно работен.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Poor things дефинитивно еден од најдобрите.
    Emma Stone се надмина себеси во глумата! Заслужува оскар!
    Препрепредобар филм.
    Научна фантастика е филмов, за девојка Бела којашто е спасена од научник кој прави разни истражувања и сакајќи да научи повеќе за светот, Бела бега со адвокатот, патува и доживува разни авантури.
    100/10
     
    На Dancewere и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  5. $ophia

    $ophia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    746
    Пол:
    Женски
    upload_2023-11-3_16-27-11.jpeg
    The Last Client
    Ептен ми се свиѓа, цело време ти го држи вниманието.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    39.404
    Пол:
    Машки
    Love at first sight

    [​IMG]

    Ако ви се гледа слатко, по малку клише романтично филмче, тогаш ова е одличен предлог за да потрошите 1.5ч време.

    Дејствието е линеарно и предвидливо, но исто така слатко и топло. Почнува на аеродромот во Њу Јорк каде што Хадли го испушта својот лет за Лондон. Додека го чека следниот авион, се запознава со Оливер, кој се враќа дома.

    Филмот е испреплетен со семејни дијалози, дилеми и развива неколку интересни поенти.
    Има одличен сет-ап со вивидни жарки бои, убава музика што го прави по малку бајковит. И бројки, многу бројки. :)
     
    На senjorita-v, Цунами, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Darkest Hour
    (2017)
    По почетните сојузнички неуспеси во 2СВ, британскиот премиер Невил Чембрлен се повлекува од должноста и на негово место и покрај големо негодување доаѓа ексцентричниот Винстон Черчил, мотиватор со незауздан јазик и непобедлива волја кој се противел на Хитлер и пред стартот на војната. Черчил со помош на обичниот народ ќе ги убеди неговите ривали кои сакаат мировни преговори за да спречат страдање, дека Британија не смее да се предаде и мора да се заштити од германска доминација.
    Филмов ме натера да се запрашам колку секоја од страните во парламентот била во право и по која цена.
    9/10

    [​IMG]
    Mary Queen of Scots (2018 )
    Додека Елизабета се придржува до строгиот имиџ на кралица-девица, Мери од Шкотска не може да се прилагоди во овој машки свет...
    Не ми се допадна колку претходниот филм, но фина е замислата дури за оценка: 8/10
     
    На Feminka22 и boomsleng им се допаѓа ова.
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.908
    Допаѓања:
    11.940
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol баш дојдов да напишам за филмот.

    Клише, ама многу интересно изведено до крај. Не секогаш работите се така како што изгледаат, дури и по завршувањето некако те тера на размислување.
     
    Последна измена: 11 ноември 2023
    На Mumoftwo30, senjorita-v и Billy Idol им се допаѓа ова.
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.403
    Пол:
    Женски
    large_where-the-crawdads-sing-movie-poster-2022.jpeg.jpg
    Одамна не сум гледала ваков емотивен филм што допре до мене.
    Се работи за девојка што уште како мала целото семејство ја напушта. Таа останува сама да живее во дивината и да се бори за опстанок.
    Таа запознава двајца од градот, но повторно е оставена.
    Кога еден од нив ќе биде пронајден мртов, таа станува главна осомничена
    Препорака 10/10
     
    На Mumoftwo30, DragonflyKami, simoncelicius и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    3.176
    Пол:
    Машки
    The Sunset Limited --- филмот е само во една соба со двајца актери и разговараат околу 2 часа. Го препорачувам страшно добар филм со филозофии за животот и различна идеологија.
     
    На boomsleng и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.403
    Пол:
    Женски
    ems.jpeg.jpg
    Manhole (2023)
    Се работи за Јапонски бизнисмен, кој е фрлен во шахта само со неговиот мобилен телефон. Незнае каде се наоѓа, и очајно пробува да бара помош 7/10
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    4.585
    Пол:
    Женски
    Каде го гледаше филмов?
     
  13. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Past Lives (2023)
    [​IMG]
    Филмов неколкупати ми излезе на тикток, опишан ко еден од најдобрите филмови што се излезени годинава, со тоа се поставија и големи очекувања.
    И ќе се согласам дека филмот е lovely. Базиран е на вистинска приказна, која е претставена преку зборот inyeon, што во превод значи нешто ко судбина и претставува будистичка филозофија како врските со одредени луѓе се формираат во текот на животите што ги живееме и дека некои врски што ги имаме, едноставно колку и да сакаме, не се судени за овој живот.
     
    На fairy88, boomsleng, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Топло препорачувам.:mm:
     
    На Star_dust и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    И јас го гледав Past Lives. За разлика од @Ketchup, мене филмот ме спамаше извесно време на инста рилс, па не одолеав и го пуштив.

    [​IMG]

    Нора и Хe Сoнг се најдобри другари од најмали нозе. Симпатиите меѓу нив се очигледни, но нивната дружба прекинува откако семејството на Нора ќе се пресели во Канада. По повеќе од една декада, повторно го обновуваат контактот, сосем случајно.

    Сеќавањата не само што им будат носталгија од нивните детски денови, туку и разоруваат една цела лавина од чувства, потискани и сосем заборавени низ годините што изминале.

    Опфаќа доста филозофска тема околу тоа колку врските кои ги развиваме, конкретно со нашите партнери, се резултат на самата судбина. И навистина ја обработи скроз приземно и реалистично, без преувеличување, без патетики.

    Доста меланхоличен, со одлична сценографија и кадри. Кадрите беа просто совршени, многу ми се допадна естетиката на филмов.

    Дали би рекла дека е најдоброто нешто што излегло годинава? Апсолутно не, но тоа не значи дека не вреди да се гледа. Баш ми се допадна и го препорачувам. :~:
     
    На i13dk, boomsleng, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Conviction
    (2010)
    Филмот е базиран врз вистинска приказна, со Хилари Свонк, Сем Роквел и други познати актери. Се работи за брат и сестра кои заедно минале низ тешко детство, па се многу приврзани. Кога тој ќе биде наместен и осуден на доживотна казна затвор за убиство кое не го извршил, сестра му ќе си го промени животот запишувајќи се на правен факултет за да најде начин да ја докаже невиноста на својот брат.
    9/10
     
    На DragonflyKami, Cutiepie1, fairy88 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Saltburn (2023)
    [​IMG]

    Обично кога почнувам некој филм, најчесто не знам во што се впуштам. Филмовите ги бирам по режисери, актери, популарност, рејтинг, но не и по жанр, краток опис и слично(што многупати направило да се покајам што сум изгледал некој филм :lol:).
    Исто така и со Saltburn. Ако нешто можев да претпоставам, по коментарите на твитер, не беше воопшто налик на тоа што се случи во филмот. И не сакам да откривам премногу, ако некој се одлучи да го гледа филмов по овој пост, со цел да биде шокиран исто колку и јас, ама ќе кажам дека филмов е еден од подобрите што сум ги изгледал годинава.
     
    На Anie93, do-re-mi, fairy88 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.908
    Допаѓања:
    11.940
    Пол:
    Женски
    MV5BODIwNDIxN2YtMWU3ZS00MjU5LWIxMzctNmY1NDg5NDgwYmM0XkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ@@._V1_.jpg

    Малку поинаков божиќен филм, релативно краток.

    Најинтересен дел беше моментот со изработка на свеќите, сето скоцкано така добро, што стварно не го заслужи на крај. Башка за сите работи, па и помош од сам почеток. Старите беа исто добри во цел филм, баш го направија барем малку непредвидлив. Брат му не можев да го смислам, очаен лик.
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.744
    Допаѓања:
    33.505
    Пол:
    Женски
    Надрилекар(2023) -Forgotten Love(eng)-Der Korfpuscher(de)
    Screenshot_20231226_192215_Chrome.jpg

    Полски филм за првенецот на хирургијата на мозок кој после уличен грабеж ја губи меморијата.Дејството продолжува по 12 години каде докторот се уште не се сеќава на своето име и се преставува како Антони кој не знае ни кој е ни што бил ни дали има семејтво.А за изнанадување знае да лекува и оперира болни.
    Интерлесна драма со среќен крај за мене е 10/10.
     
    На Eunoia, blackpanter, fairy88 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.908
    Допаѓања:
    11.940
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 сношти го пуштив откако те читав со препораката. Ова е тре филм по Титаник и Аватар да ми задржи внимание. Буквално тензично час пред да заврши. Препорака и од мене, искрено позитивно се изненадив како за полски филм (ако имаш предлози за други полски филмови пиши), би сакала да гледам.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.