Мило ми е што ти се допадна.Јас не ни знаев дека е полски кај мене на Нетфликс се на германски и чудно ми беше дека имињата се полски кога гледам можни јазици и ми пишува оргинал полски.Од полјаците се изненадувам ептен често на позитивно така и од филмот.
Не се сомневам дека е филмот одличен. Неможе да се очекува лош филм кога се работи за Емералд Фенел една од подобрите сценаристки и режисерки од поново време, триумфираше со освојувањето на оскар во категоријата најдобро оригинално сценарио за филмот Promising Young Woman (2020) година еден од најдобрите филмови за таа година и еден од подобрите снимени на таа тематика воопшто. Но филмот немаше да доживее таков успех без маестралната Кери Малиган која исклучително добро го одигра ликот на Касандра за која требаше да го добие оскарот за најдобра актерка. Оваа година очекувам оскар за Кери за маесталната улога на Фелисија во филмот Маестро на Бредли Купер. Емералд Фенел е исклучително талентирана сценаристка и режисерка, со голем потенцијал. Очекувам и во иднина од неа голем број одлични филмски остварувања.
По интернет има многу поделени мислења. Некои викаат дека е shallow и дека има многу подобри филмови од оваа категорија. Би се согласил дека има flaws, ко и секој филм, меѓутоа онака кога гледам интервјуа од режисерката и глумците, сѐ повеќе сфаќам дека поентата што требала да биде доловена, е доловена.
Нормално е да има различни мислења, секој различно го доживува и оценува секој филм. Ќе се согласам со тебе дека филмот Sаltburn е еден од подобрите филмови во 2023 година.
Napoleon na Ridley Scott i kje bide nefer dokolku ne dobie nominacija za Oskar za najdobar film. Go kritikuvaat zaradi istoriski netochni detali, a ignoriraat deka e namerno i so prichina taka napraven. Ne e uchebnik po istorija, tuku umetnichki izraz. Ne bi mi bil prv, nitu vtor favorit za oskarot, no 9-ka od mene. I glumata beshe na visoko nivo, mi se dopadna premnogu.
Храбрите џуџиња, предводени од бестрашниот воин Торин Дабовштит, не се колебаат дали да тргнат во поход за враќање на својата татковина, но неопходна им е помошта на хобитот. Тој пак, не сака да го напушти мирниот живот во кој се исклучени сите можни неизвесности. Долго ќе се двоуми, но на крај ќе реши да тргне на ова неочекувано патување низ Средната Земја. По успешното преминување преку мистичното дно на Магливите Планини, Торин и неговата дружина се принудени да побараат помош од непознат моќник пред да се соочат со опасностите на маѓепсаната шума Мрквуд, лишени од придружбата на нивниот пријател, волшебникот Гандалф. Доколку успеат да стигнат до Езерското Гратче населено со луѓе, Билбо Бегинс ќе треба да го исполни договорот со дворфовите. Дружината мора да го заврши патувањето до Осамената планина, а “крадецот” Билбо Бегинс треба да ја најде Тајната врата која ќе им даде пристап до пештерата на змејот Смауг. А каде замина Гандалф? Која е тајната задача која го однесе на југ? И третиот дел ама неможе да се прикачи.
Leo - претерано мјузикал (барем за мој вкус), повеќе за деца е скроен цртаниов (но не значи дека нема добра поента). По повеќе прекинувања, решив да го догледам до крај и вредеше. Curry & Cyanide: The Jolly Joseph Case - убрзан документарец, многу информации како набрзина кажани и фалеше втор дел. Отсекогаш ми била фасцинантна психологијата, посебно за ваквите луѓе и навидум имале се', ама ете нешто потфрлило.
Го изгледав и јас, ама не можам да сфатам што толку те шокираше. Филмов од А до Ш си беше предвидлив, мене ме изнервираа само некои дупки во приказната и како сето тоа глатко се одвиваше. Се разочарав на крајот и не ми се верува дека толку фама се крена за филмов. Ок беше, не дека беше лош, држи внимание, ама, за мене, не испорачува ништо на крајот. Сосема просечен филм.
Priscilla (2023) Врската на Присила и Елвис прикажана од самите почетоци преку перспектива на Присила. Еден убав контраст на Elvis (2022). Немам многу што да кажам, во генерала ми се допадна. Знаев дека Елвис имал доста issues во животот и знаев дека не бил баш најдобар кон Присила, меѓутоа филмов нуди еден поинтимен аспект со кој верувам дека обичната публика не е запознаена.
Сега прочитав филмов бил дело од Софија Копола… Претпоставувам знаеш чива ќерка е Си има таа таков стил, интимни и длабоки сцени Lost in Translation гледај го во некоја прилика
Promising Young Woman (2020) Филмов го изгледав по препорака и иако според описот очекував интересен трилер, ме изненади на многу подобро. Жена која тргнува на мисија да им се одмазди на сите кои направиле огромна грешка пред неколку години. Мешавина од нерешено чувство на вина и желба да се исправи нешто што е одамна уништено и нашата култура која дозволува мажите да се извлечат и да бидат гледани со восхит позади изгледот на добри момци. Убава поента имаше филмов, доволно суптилна за да изгледа реалистично, а доволни гласно за да биде јасно какви одвратни работи секојдневно се случуват пред наши очи и сите заедно ги дозволуваме.
Mummies Принцезата не е воодушевена од изборот на маж со кого треба да се омажи но ќе ја открие љубовта во текот на авантуристичкото патување. Преубаво филмче, лабаво.
Визуелно добар, приказната разочара. Би му дала солидна оценка само заради глумата и одличните кадри. До последен момент очекував пресврт, изненадување и испадна најочекуваното можно сценарио. 7/10
Portrait of a lady(1996) Многу споро ми се одвиваше се некако,многу солзи,патетики,драми...И така и така Добра костимографија btw...
Erin Brockovich (2000) Léon: The Professional (1994) Јас немам што да кажам за овие два филма освен тоа што секој мора да ги изгледа барем еднаш. 1000/10
Филмот е добар, но фактот дека ова е нешто што навистина се случило е фасцинантен! Со внимание изгледани 2 часа и со многу емоции. Филм за авионска несреќа од 70тите години, за луѓето кои ги изгубиле животите и оние кои успеале да преживеат и да се спасат после 70 дена поминати во сурови планински услови на 3500нмв, без храна. 9/10
Aquaman and the Lost Kingdom (2023) Блек Манта бара одмазда на Аквамен за смртта на неговиот татко. Искористувајќи ја моќта на Црниот Тројад, тој станува сериозен непријател. За да ја одбрани Атлантида, Аквамен склучува сојуз со неговиот затворен брат. Тие мора да го заштитат кралството.
Retribution (2023) Филм многу добар и глумецот познат. Во филмот познатиот и главен глумец со автомобил ги зима неговиот син и ќерка од школо и на телефон му врти непознат број и му вели дела има бомба во автомобилот и цело време тие се возат и на крај дознава дека негов најдобар другар тоа го направил.