Сега ние што го немаме гледано филмов, а сме сакале можеби, нема потреба, бидејќи ти ни го накратко раскажа и го откри негативецот во филмот.И која е поентата да го гледаме кога веќе знаеме дека другар му тоа го направил.Господе Боже !
Summerland (2020) Како што немав одамна гледано филм, филмот ептен ме воодушеви и ми остави впечаток. Дејството е за време на втора светска војна во Англија. Алиса е писателка, живее сама, третирана како чудак во приморско градче на југот од Англија каде ќе и биде доделено дете бегалец од Лондон на чување. Приказната е испреплетена во сегашноста и спомени од нејзината неостварена љубов од студентските денови. Многу убави пејзажи, сцени, костимографија, емоции, многу пријатен филм за гледање. Препорачувам.
Night life(2020)-германски филм Освен комедија не очекував ништо друго со Елјас М'Барек,ама сум ептен позитивно изненадена од Фредерик Лау-него го гледав во една драма. Палина ја немам гледано иако ја знам.Дејството е во Берлин и како за да отворат ноќен клуб двајцата од детство другари запаѓаат во тежок круг на шверцери со дрога. На секоја сцена се смеев од срце одамна ме нема насмеано вака некој филм. Интересна љубовна комедија 5/5.
Perfume: The Story of a Murderer (2006) За мене ова е еден од најдобрите филмови снимени во 21. век, веднаш покрај There Will Be Blood.
Оваа верзија не сум ја гледала, но веројатно е римејк на германската верзија од 2018, Don't. Get. Out! Германската верзија е одлична. Инаку тука не се дава крајот на филмот, вака зошто некој би го гледал?! Не е фер...
No Hard Feelings (2023) Немав големи очекувања за филмов онака го пуштив од досада ама испадна многу интересен. Приказната е за едно младо момче кое не е многу социјализирано и кое никогаш претходно немало девојка, па родителите без негово знаење, ангажираат женска особа чија задача ќе биде ќе го научи како да се однесува со девојки. Меѓутоа се случува мал пресврт во целиот план.. Имаше неколку ептен смешни моменти во филмов и доста интересна приказна која ти држи внимание цело време. Така што од мене ќе добие оцена 8/10.
Филмот е вистинско ремек дело! Еден од моите омилени филмови и еден од најдобрите филмови снимени во последниве децении. Филмот е уметност, поезија, филм со суштина, длабочина, носи скриени пораки, доста суптилен филм кој остава длабок траг, поттикнува на размислување, филм со крај кој те остава без зборови, остануваш едноставно занемен, воодушевен, маѓепсан. Топла препорака за филмот до сите љубители на добри, квалитетни филмови.
Филмот e многу добра целина. И не дава гледачот да почувствува дека трае два и пол часа, јас не сакав да заврши.
Филмов многу ме погоди. Навистина беше тежок за гледање. Се работи за младо момче кое е во депресија поради разделбата на родителите. Одлична актерска екипа и потсетување за важноста на одлуките кои ги носат родителите за своите деца. 7.5/10
In good hands(2022) турски филм Не можам жанрот да го опишам љубовна комедија со тажен крај или отворен крај иако крајот го знаеме од почетокот кога Мелиса дознава дека има уште неколку месеци живот. Таа живее со својот син ,а таткото е преставен дека е починат.Интересот кај неа го буди Фират кој се однесува како кретен. Интересен филм во кој се смеев и плакав многу во исто време.Интересен заплет ,а уште поинтересен расплет. 8/10
Филмов уште сигурно 5мин откако заврши си го исплакав иако го предвидував крајот. Вреди да се дискутира токму на онаа тема за менталното здравје, филм од една сосема друга перспектива и начин на родителство, според мое видување родителите беа премногу заштитнички настроени, премногу присутни, премногу среќни и складни во процесот на растење на детето, едноставно не го спремија за реалниот и суров свет, не го научија на болка, сметам дека сторија се што можат за синот, а одлуката на крајот нож со две острици, на што и да одлучеја ист ќе беше исходот…. прежално
Ќе пишам во спојлер, за некој ако го нема гледано филмот да не откривам премногу. Spoiler Јас цел ден грутка во грло имав. Само не се согласувам дека што и да одлучеа исходот ќе беше ист. Тоа и беше поентата што толку се стави акцент на таа одлука, на сцената кога разговараа со докторот. Да, ќе беше тешко и ќе траеше козјзнае колку, ама имаше надеж. Детето се бореше долго, се обидуваше да каже "дека не е за овој живот". Во клучен момент родителите попуштија и тоа ги чинеше се.
Spoiler: Спојлер Некако се трудам да ја сфатам причината и позадината на однесувањето на Николас, таткото толку многу се трудеше да биде присутен во неговиот живот, се трудеше да биде се што е противно на неговиот строг татко (Антони Хопкинс) можеби и неговата строгост беше мотивот и поттик да прерасне во успешен деловен и моќен човек. И двајцата бараа помош не е дека го оставија на милост или ги знаемарија знаците, го носеа на психијатар, го оставија во болница ама на крај нешто кликна во нив, не издржаа, емоцијата и вербата во својот син беше посилна од се. препорака Beautiful boy 2018
Spoiler Точна причина за депресија не знам дали може да се утврди, ама за него тригер беше разделбата на родителите и новото семејство на татко му. Одлуката може и така да се сфати, како верба во него, ама јас го доживеав како слабост. Одеа директно спротивно на совет од искусен професионалец. Уште ми тежи мислата, како ли е да се живее со таква загуба, па згора на тоа да тежи и сознанието дека моја одлука и потпис директно влијаеле на исходот. Beautiful boy гледан.. Собирам храброст, ќе го гледам пак.
Nocturnal Animals Жанр: драма Елеганција, луѓе од високо опшество се во центарот, што е и очекувано од режисерот и моден дизајнер Том Форд. Сузан е во деловниот свет, уметник од висока класа, навидум идиличен живот, згоден и шармантен сопруг покрај себе. Еден ден добива сеуште необјавена книга од својот бивш сопруг и тоа со посвета токму за неа… книгата е со вознемирувачка содржина полна со метафора, книга која всушност ќе биде одмазда за се што му стори во минатото на својот бивши сопруг…. Доста реална сторија која по завршувањето не те остава рамнодушен, сторија за последиците кои ги трпиме благодарение на одлуките кои ги носиме.