1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.744
    Допаѓања:
    33.505
    Пол:
    Женски
    Трилогија 365-2/5

    Филмот е во 3 продолженија освен еротски сцени што траат подолго од порнич, нема никаква приказна.
    Масимо е Дон на сицилјанската мафија и се вљубува во Лаура од сон и ја бара да ја најде.Лаура е полјакиња која ја сака својата кариера.На одмор во Сицилија оди со својот дечко да го прославата роденденот.Масимот ја среќава и ја киднапира.Кога доаѓа кај него гледа слики по ѕидовите од неа и и дава 365 дена да се заљуби во него.
    Таа се заљубива за помалку од 1 месец.

    Вториот филм е малку подобар може да добие и 3/5 каде се појавува градинарот Начо од Шпанија кој ја среќава Лаура од Полска .
    На една забава Лаура го гледа Масимо како ја изневерува со друга.Тие се веќе во брак.Па при бегство од забава налетува на Начо.Таа бега со него и оди во Шпанија.Начо е многу нежен, џентламен заедно сурфаат се бањаат гледаат филмови, се што нема со Масимо.Лаура дознава дека тој всушност не е градинар туку бос на шпанската нарко мафија.

    Третиот дел е најинтересен во кој Лаура е вљубена во Начо кој и се појавува на Лаура секогаш само за да ја збрка во чуствата .Нејзиниот брак со Масимо се распаѓа полека ,а таа се повеќе се вљубува во Начо.Таа треба да одлучи дали сака да остане со Масимо или да оди со Начо.
    На крајот филмот останува со отворен крај со обзир дека пишува дека нема нов дел и заради тоа филмот го оценувам со слаба тројка.
     
    На eliesaab и elimkd им се допаѓа ова.
  2. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    9.186
    Пол:
    Женски
    The Reader (2008)
    MV5BMTM0NDQxNjA0N15BMl5BanBnXkFtZTcwNDUwMzcwMg@@._V1_.jpg
    Ауу филмов...

    Почнува како некоја романса, еротика си мислиш ајде веќе видено ама после се случува таков пресврт во филмов, значи ме остави без зборови.

    Mind blowing e буквално, воопшто не се надевав на ваква приказна.
    Вреди да се изгледа. 1000/10
     
    На firequeenn, Rozevata, Mumoftwo30 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.484
    Допаѓања:
    24.200
    Пол:
    Машки
    All of Us Strangers (2023)
    [​IMG]

    Една ноќ во неговата речиси празна зграда, сценаристот Адам има случајна средба со мистериозниот сосед Хари, менувајќи го ритамот на неговиот секојдневен живот. Како што се развива врска меѓу нив, Адам се наоѓа себеси вовлечен во неговиот дом од детството, каде што се чини дека неговите родители живеат исто како и на денот кога умреле пред 30 години.

    Јас не сум ист после филмов. [​IMG]

    9/10
     
    На Rozevata, theunforgiven, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    Што си немав работа го гледав денес Недеља за Џеј, избегнувам вакви филмови. Кога почина некако ептен ми падна тешко, дека имав читано и слушано за животот негов па викам ај ќе го погледнам.

    Од вакви кафански луге Џеј си го слушав , едниствен пејач кој го слушав од ваков тип на музика и знаев дека животот не му бил розев, па сега ред солза, ред кнедла а не сум ич плачка, филмот го завршив со стиснати вилици ;(.
    Инаку и глумецот кој го глумеше свака част исти Џеј, како го одглуми капа доле (fingers)
    Оној за Тома не го можев ама Џеј си го слушам па стиснав заби и го изгледав повеќе не би го пуштила :u:
     
  5. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    Филмиште. Душава цело време стегната али морав да го гледам.
    Според вистински настан тоа го знаете сигурно. society-of-the-snow-netflix-review-1200x900.jpg
     
    На TheRGirl2, Mumoftwo30, DragonflyKami и 8 други им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.908
    Допаѓања:
    11.940
    Пол:
    Женски
    1200-675-19238128-1016-19238128-1691739074964-930x620.jpg

    Ова веќе беше филмиште. До каде се оди за луѓе кои се битни, дилемата дали да се потпре во целост на точни компјутерски програми или сепак некогаш се подобри отстапките? Колку може да се верува некому ако е единствен избор кој што се има?
     
    На Цунами и Elissa им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.501
    Допаѓања:
    18.325
    Пол:
    Машки
    Вчера гледав интересно корејско филмче за романтика помеѓу личности што се дружеле од мала возраст, па едниот се преселува, губат контакт и после неколку години повторно се наоѓаат на интернет, стапуваат во контакт и да се видат. Интересна романтична драма ја препорачувам на сите, ако гледате такви филмови.

    [​IMG]
     
    На oceana, Billy Idol и boomsleng им се допаѓа ова.
  8. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    91Ks7ISUF6L._AC_UF1000,1000_QL80_.jpg

    Малце постар филм, интересна комедија.
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    3.581
    [​IMG]

    Девојката на сликата (2022)

    Една млада жена е пронајдена покрај патот со тешка повреда на главата, а подоцна умира во болница. Зад себе остава двегодишен син. Нејзиното име е Тоња. Таа работеше во локалнот стриптиз клуб. Нејзините малку на број пријатели и колешки се обидуваат да стапат во контакт со нејзината мајка после нејзината смрт. Тие откриваат дека Тоња Хјуз не е таа за која тие мислеле дека е. Тука се поставува прашањето: која беше таа навистина?

    Вознемирувачки документарец за девојка принудена на камелеонски, номадски начин на живот, движејќи се меѓу градовите и државите поради најмал каприц, едвај запирајќи да здивне. Една од потажните приказни што ги имам гледано. За љубителите на криминалистички документарци.

     
    На Mumoftwo30 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  10. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.788

    Го пуштив по твоја препорака и ме остави без зборови ... Страшно и многу работи ми се уште мистерија
     
    На simoncelicius и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  11. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    3.581
    Многу прашања и мене ми останаа неодговорени, а и на доста луѓе кои го гледале.
    Мене едно ми остана во глава. Иако монструмот кажа каде е закопано телото, случајот е затворен, а посмртните останки на малиот Мајкл не се пронајдени.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    fair play.jpg


    Добар! Двајца колеги од фирма на Вол Стрит се во љубовна врска која ја кријат поради политиката на фирмата и кршење правила. Страста и жарот меѓу нив ќе тргнат во друга насока кога девојката ќе добие унапредување на работа. Крајот ми се допадна, не го очекував, оценка 4.5/5.
     
    На Rozevata, simoncelicius и kankus им се допаѓа ова.
  13. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.788
    Јас дури си мислам дека можеби е живо детето бидејќи не го најдоа ...И друго не ми е јасно како може Тоња да имала толку многу можности да го пријави а не пријавила... и некако мајката и таткото на крајот ми беа мртви ладни ... како да зборуваат за некој далечен пријатели .. така ми делуваа
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    Вакби работи ставај во спојле
    A вие можете сето ова да го ставите во спојлер и да си коментирате? Не мора да го раскажувате документарецот оставете да го гледаме и ние. Фала
     
    На Rozevata, Mumoftwo30, felisitas и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    MV5BNGIyYWMzNjktNDE3MC00YWQyLWEyMmEtN2ZmNzZhZDk3NGJlXkEyXkFqcGdeQXVyMTUzMTg2ODkz._V1_.jpg

    Дефинитивно филм каков што немам гледано досега, веројатно и не постои некој налик на овој. Кога почна бев цела прашалници ама му дадов шанса заради Ема и Оскарот нормално, како и многубројните позитивни коментари. Не зажалив. Различен и фасцинантен. Од мене 5/5.
     
    На Cosmic Girl, Rozevata, staycalm и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    pa4mb07yvw2c1.jpg

    Во Oscar's mood, го гледав и овој шпански филм кој беше номиниран во две категории, но не доби Оскар. Според мене требаше да добие, одлична екранизација на реална приказна. Нема да прераскажувам, треба да се гледа. 5/5.
     
    На Mumoftwo30, christinnn и boomsleng им се допаѓа ова.
  17. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    MV5BNGEyYTQyZDEtOGVjMS00Yzc1LThmNjgtYzUzOWJjZDhlMTUwXkEyXkFqcGdeQXVyMDM2NDM2MQ@@._V1_.jpg

    Од Оскарите годинава - so far, so good. И овој филм одличен, смирени бои, добра приказна, на моменти комична, на моменти тажна. Препорака од мене! 5/5
     
    На theunforgiven и boomsleng им се допаѓа ова.
  18. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    3.581
    [​IMG]

    Вистинска приказна која го обиколи светот во 2018 година, а случајот беше пренесен и на наши портали и медиуми.
    На 13 август, 2018, Никол Аткинсон се јавува во полиција велејќи дека е загрижена за благосостојбата на нејзината пријателка Шенан Вотс. Таа ја остава Шенан дома во раните утрински часови по службено патување и оттогаш не може да ја добие. Шенан и нејзините две ќерки, четиригодишната Бела и тригодишната Селест се прогласени за исчезнати.
    Шенан е страстен корисник на фејзбук, целиот документарец е збир од нејзини приватни видеа постирани на социјални мрежи достапни и денес, приватни пораки, како и снимки од домашната камера, со што ја прават оваа приказна многу појезива. За љубителите на криминалистички документарци.
     
    На Cosmic Girl, TheRGirl2, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    3.176
    Пол:
    Машки
    Focus 2015
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Ќе го гледам Monkey man следната недела ..на 17 април во Cineplexx сите филмови по супер цена од 120 денари...