1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. DragonflyKami

    DragonflyKami Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Disconnect

    download (13).jpeg

    https://m.imdb.com/title/tt1433811/?ref_=ext_shr_lnk



    Феноменална драма за четири групи ликови, чии животи понатака во филмот се испреплетуваат, се поради интернетот и комуникацијата преку него.
    Поентата на целата приказна е отуѓеноста поради која понекогаш се потпираме на виртуелниот свет (коцкање, муабети, сајбер-малтретирање итн.)

    Филмот е оценет со 7.5 на IMDb, од мене има 10
    .
     
  2. DragonflyKami

    DragonflyKami Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    images (28).jpeg

    https://m.imdb.com/title/tt3253650/?ref_=ext_shr_lnk

    Мала Англија започнува во 1930 година на островот Андрос , каде жените се оставени да се грижат за себе и една за друга додека нивните татковци, браќа, сопрузи и синови се надвор на море.
    Ја следи чекор по чекор неостварената љубов, максимумот на страста, која кога не се ослободува е бавна, мачна смрт, грешките кои стануваат товар, потчинетост, без борба на несакана судбина што некој друг ја наметнува.

    Интровертната Орса е вљубена во Спирос, кој и ветува дека ќе се ожени со неа кога ќе се врати како капетан. Но, за нејзината мајка, љубовта има многу мала врска со бракот, важни се богатството и статусот, така што таа ја мажи за Орса за Никос.
    Драмата почнува кога ќе се омажи и Моша, помалата сестра на Орса.
    Нема да раскажувам многу, треба да го погледнете за да ја доживеете секоја интензивна емоција која ја носи.
     
    На CameliaMiller и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    4.690
    Пол:
    Женски
    Beautifull boy
    Филмот го прикажува ужасот и страдањето кој со себе го носи конзумирањето дрога, а на крајот и смртта.
    Тежок, потресен филм во кој Ник како главен лик се бори со својата зависност од алкохол и МЕТ во комбинација со други дроги.
    Филмов ни ја доловува значајноста на поддршката и помошта од семејството,нераскинливата врска меѓу него и татко му... Токму таа и му го спасува животот.
    Единствена моја критика за татко му е што дрогата му ја прикажува како нешто нормално, па момчево знаејќи дека и тој во младоста конзумирал, се предава на порокот.... Ова воедно е и порака до сите родители, да не го ревалитизираат значењето на дрогата.
    Снимен е по вистински настан, за среќа филмот има среќен крај, Ник е чист веќе 8 години.
    Пишаа и дека најголем процент на смртност во САД на лица под 50г е од дрогата. Исто така пишаа дека и многу малку средства се одвојуваат за лечење, а подршката и блискоста со семејството е она што најмногу помага.
     
    На Cosmic Girl, felisitas, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    3.176
    Пол:
    Машки
    На Antebellum, TheRGirl2, Elenpelen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.091
    Допаѓања:
    7.566
    Пол:
    Женски
    Го гледав, баш дека обожавам вакви филмови, посебно вистински крими случки, и стварно језиво...
    Добар филм во секој случај.
    4/5.
     
    На Feminka22, МикиМаусовка, Elenpelen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.091
    Допаѓања:
    7.566
    Пол:
    Женски
    Го нема на Нетфликс, каде го гледаше?
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.227
    Го гледав по твоја препорака и макар самата приказна ми беше на раб на језа, целиот филм беше прекрасен, во кинематографска смисла, секоја чест на режисерот, главната актерка е најубедлив лик што сум гледала во скоро време, која глума, највеќе од се' во филмот молчи, а така добро пренесува порака. Поради овој го гледав и Brides од истиот режисер, добар, ама овој е стварно предобар. Ако наидеш на нешто слично, сподели :)
     
    На DragonflyKami му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.091
    Допаѓања:
    7.566
    Пол:
    Женски
    Убав филм, нежен, емотивен, те дирнува психички. Јас очекував подобар крај.. тоа не ми се допадна.
    9/10

    Добар филм, ама не ми ја претставува реалната слика на вистинската љубов, освен страст на почеток, не ми се допадна приказната со себичност. 7/10

    Предобар филм, каква одлична глума, те враќа во минатото, како навистина тоа да го доживуваш, вреди секоја минута потрошена на филмов! 10/10
     
    На Splendor. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DragonflyKami

    DragonflyKami Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Онлајн го гледав
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DragonflyKami

    DragonflyKami Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Драго ми е што ти се допадна, и мене баш многу, и секако ќе споделам ако наидам на некој сличен
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.908
    Допаѓања:
    11.940
    Пол:
    Женски
    The intern (2015)

    unnamed.jpg

    Филм баш онака за тепање време, ама и со смеење. Паралелно и некои длабоки поенти. Не ми се допадна сосема крајот. Повеќе го гледав заради глумецот, ептен си се вклопи, хумористичен, баш фаќаше детали. Глуп ми беше моментот со трепкањето, као ептен голема работа да некој вработен мора да трепка. Не знам како да го оценам, просечно лабаво филмче.
     
    На Cosmic Girl, Antebellum, МикиМаусовка и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.374
    Допаѓања:
    8.452
    Пол:
    Женски
    Irish_Wish_film_poster.png
    Irish Wish (2024)
    Ново филмче на Нетфликс, класична Лимонка за тепање време. Предвидлив крај стандардно за вакви филмчиња, повеќе ги пуштам за лесно следење додека листаш инста, готвиш, го гледаш на 5пати ради бебе но ми се допадна местото, убава природа, светли бои, локација -Ирска.
    Девојката е заљубена во долгогодишен соработник кој нема појма за тоа на крај се жени за нејзина најдобра пријателка. Свадбата е во Ирска каде на девојкава и се исполнува замислена желба на древен камен, само за да сфати дека не била заљубена во дечково туку измеѓу го засакува сликарот на свадбата :D
     
    На Cosmic Girl, МикиМаусовка и pianogirl им се допаѓа ова.
  13. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    upload_2024-7-29_9-47-31.jpeg

    Имав нешто големи очекувања поради Tom Hardy ама испадна да биде ништо посебно.
    Немаше некоја впечатлива приказна, се работи за bike club и тоа како опстануваат и како моторот и возењето им е се во животот, дур не дојде до огромно проширување и тогаш веќе секој сака да се врати на "нормалниот живот" - сопруга, деца, дом.
     
    На Cosmic Girl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    Anyone But You (2023)

    [​IMG]

    Romcoms are sooo back!

    Многу слатко филмче, немам гледано романтична комедија од последниве години што ми толку држеше внимание како оваа. Ме остави со многу убаво чувство на крајот, хемијата меѓу главните ликови беше супер и плус филмот се одвива во куќа на плажа во Австралија, мераци за гледање.

    Омилен дел многу нормално беше кога сите ја пејат Unwritten на самиот крај.

    Immaculate (2024)

    [​IMG]

    Ја сакам Sydney Sweeney, ок? :D

    Филмов е хаотичен, но не на начин што ме воодушеви. Огромен потенцијал, лоша изведба.

    Прво, самата атмосфера на филмот ми се допаѓаше, добар world building, стар манастир, језиви калуѓерки, ок. Без спојлери: не сфаќам зошто имаше калуѓерки/попови со црвена маска, тоа никогаш не се објасни. Многу без контекст, само колку да изгледа малку пострашно. Не знам зошто воопшто целта им била да го промовираат филмов како хорор, кога слободно може да се каже дека е психолошки трилер. Вишок се тие минимални хорор елементи кои пробувале да ги вметнат, затоа што одзема од самата приказна, која ко што реков, можеше да биде добра.

    Иако дејството во целост е слабо, многу ми држеше внимание. Ако сакате да гледате филм со deranged католици и ум,, интересен крај, препорачувам! Не е воопшто страшен.
     
    На Splendor., Cosmic Girl, FriendOfDorothy и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    3.176
    Пол:
    Машки
    Сега ќе го гледам, многу моќен филм, нема веќе ваков квалитет на филмови па мора да се навратиш назад да изгледаш нешто добро
    IMG_0324.png
     
    На Splendor., Cosmic Girl, Elenpelen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    7.800
    Пол:
    Женски
    Од синоќа го гледам новиот со Никол Кидман A family affair и ни до пола не сум. Што не кажавте дека филмов е невидено срање???
     
    На JustBeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.374
    Допаѓања:
    8.452
    Пол:
    Женски
    :rofl: полош филм со неа одамна не сум гледала
     
    На Splendor. и Antebellum им се допаѓа ова.
  18. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    7.800
    Пол:
    Женски
    Па што не кажа? :D
    п.с. уште го мачам. :lol:
     
  19. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.374
    Допаѓања:
    8.452
    Пол:
    Женски
    Хаха не стигнав да пишам, завчера го изгледав и јас.


    Вчера го гледав "Holiday in the vineyards" фино филмче, класична приказна со мамин син пратен на тајна мисија во сиромашно селце за да го прошири бизнисот на штета на локалците,па ќе се заљуби и промени :D
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    7.800
    Пол:
    Женски
    Овој со љубовџијава ми е гледан, а оној со Никол Кидман сега ќе го исклучам до 40та минута заглавив и не можам повеќе. :lol:

    Ќе барам некој нормален филм. :emo: