Сега ќе го проверам. *Едит: 3 (ТРИ) СААТИ И 10 (ДЕСЕТ) МИНУТИ. Па ова ко Илјада и една ноќ ќе трае...
Ако си за религиозно воена драма, нема да згрешиш. Обично така старите и долгометражни најчесто се ремек дела, и овој во тоа спаѓа. Освен ако не ти е одбивен жанрот..
Dara of Jasenovac. Филмот е предобар. Филмот е правен по вистинска приказна,војна каде што хрватите ги протеруваат србите од своите домови,ги прават робови,му ги одземаат децата и ги тераат да бидат хрвати,мажите копаат гробови каде што ќе си ги пронајдат своите убиени деца и жени.
Ненси Крамптон-Брофи, која имала вештина да пишува за убиство и пишувала за бурни врски, фантазии за убиство или бегство од нејзиниот сопруг и лажирање на сопствената смрт, била уапсена во 2022 година за убиство на нејзиниот сопруг
Barfuss е одлична германска романтична комедија со една девојка која, иако не е луда, завршува во психијатриска клиника, па после бега од таму. Лесен филм, да си го изгледате. Сега ќе ја гледам англиската верзија:
Филмов е нешто понов репертоар, оперскиов певец несреќно се заљубува во една богаташка, ама она го откачува. Трагедија у пичку матер. После он се сели и си наоѓа една друга... Филмов не е трагедија за тепање време е, трае 2 саати.
Sleeping dogs (2024) Eden od najdobrite filmovi sto voopsto imam gledano, sosem neocekuvam rasplet na krajot
После долго време гледав филм и не зажалив. Како да имав заборавено колку се добри филмовиве од крајот на минатиот век. Мел Гибсон како богат бизнисмен на кој му го киднапираат синот сосема добро се снајде во улогата. Прво соработува со полицијата а потоа менува тактика. Неизвесен до сам крај. Од мене 10ка.
Сакам да го гледам "Ова завршува со нас" ама некако се плашам да не се разочарам, ептен мислењата се поделени насекаде Може кратко мислење од некој што го гледал?
Убав е. Малку лигав некаде без потребно, ама убаво филмче,поучно, глумата е ептен солидна. Да го гледаш.
Trap 2024 Татко и ќерка одат на концерт и таму забележуваат силно полициско засилување поради оправдан сомнеж дека сериски убиец присуствува на концертот. Убав, забавен психолошки трилер со одличен пресврт.
"Vice" со Брус Вилис Во далечната иднина,во градот изграден е комплекс кој одлично функционира и каде сѐ им е дозволено на посетителите.... Од тепачки, силувања, до грозоморни убиства.... Ѕверската и изопачена страна луѓето си ја покажуваат врз невини био-роботи, во сопственост на комплексот.... Кели е келнерка која како вработена таму, животот го живее само во еден, единствен ден, секогаш со грозоморен крај, а на поинаков начин.... Свесноста за своето постоење таа ќе ја открие кога нема да успеат да ѝ ја ресетираат и избришат меморијата во целост... Оттука и започнува пресвртот....со помош на нејзиниот генетски инженер, а потоа и полицаецот ќе му ја запечати судбината на сопственикот на комплексот. Филмов поставува мн значајни прашања за човештвото... Како на пример, дали има оправдување за користење на хуманоидни роботи во изопачени, сурови и ѕверски дела? Каде е овде човечноста, имајќи во предвид дека роботите се со вистински човечки органи, имаат ум и емоции како нас? И до каде може да оди вистински професионалец во својата работа (полицаецот) за да не дозволи прелевање на овие изопачености и во реалниот живот? Дали и био-роботите се способни да еволуираат без помош од човекот? Интересен трилер кој вреди да се погледне....
Гледав еден филм така бев настроен за романтики... филмов добро смислен ама мене лично не ме бендиса. Се работи за момче негде околу 20тина години, онака потпросечно со желба да си фати женска. Арно ама татко му му кажа дека има моќ да се враќа во минатото во било кој момент и нормално.. така да манипулира со иднината. Останатото ви е јасно.. Имаше негде 7 и пол оценка јас му давам под 5ка. А тоа е за одбегнување, барем не го гледам како романтичен филм..