Богата Жена во 60+ се заљубува во 30 години помлад дечко. Семејството мисли дека е поради пари. Пробуваат да и ги отворат очите на својата мајка...
Дечки ставајте мал опис за содржината на филмот и ваша оцена за квалитетот. Така ем е поинтересно ем може и некој друг да го убедите да го гледа филмот.
Како еден фанатик за хорори и трилери, ова беше еден од побизарните филмови кои ги имам гледано. Елизабет Спаркл (Деми Мур), некогаш препопуларна, сега веќе избледена холивудска ѕвезда, поради старост е отфрлена од аеробик шоуто кое го водеше. Доаѓа до лек на црниот пазар: супстанца за реплицирање клетки која привремено создава помлада, подобра верзија од себе. Психолошки хорор, не е препорачлив за гадливи луѓе. 8/10 од мене. Многу добри визуелни моменти.
Кога технолошкиот милијардер Слејтер Кинг ја запознава келнерката Фрида на неговата гала за собирање средства, тој ја кани да му се придружи и на неговите пријатели на одмор од соништата на неговиот приватен остров. Како што почнуваат да се случуваат чудни работи, Фрида ја доведува во прашање нејзината реалност. Мене ми делува 9/10.
7-8/10 Мајка и на Џун, заедно со нејзиниот дечко, одат на патување во Колумбија, но никогаш не се враќаат. Џун преку социјални мрежи, мејлови итн пробува да дознае што всушност се случило со нејзината мајка. Многу пресврти, малце крипи, многу неочекувани ствари се дешаваат.
Bad Boys: Ride or Die (pt 4) 10/10. Ги обожавам и двајцата. Вил Смит поготово значи не мрда чоеков. И е префит. Пробуваат да дознаат кој им го убил началникот, успат и го местат едни. Пробуваат да го исперат. Помагаат и нивните семејства.
Smile 2 Не е поврзан со првиот дел од 2022 година. Има слични аспекти како него, ама во овој дел приказната има посилен интензитет.
Да, многу пострашен според мене. Дури и насмевките овде се левел ап И на Наоми Скот алал да и е, маестрално изглумено.
"It ends with us" Екранизација на истоименото дело на Колин Хувер ,за семејно насилство и емоционална злоупотреба. Прекрасна изведба на Блејк Лајвли во главната улога. Не знам дали згрешив што го изгледав филмот пред да ја прочитам книгата( во моја одбрана- побрза варијанта ми беше ова) Оценка 9/10
"GHOSTED" Почетокот на "мех" романтична комедија, каде двајца се среќаваат и после првиот состанок таа го гоустнува, продолжува во интересна акција со неочекуван пресврт. Лесно филмче, го изгледав во еден здив 9.5/10
Black and Blue - Netflix Убијство, корумпирани полицајци, лажно обвинение, турбуленции до последната минутка. За обожавателите на крими филмчиња, препорака. Од мене 10/10
Пробувајќи да и помогне на нејзината ќерка која влезе во порталот на задгробниот живот, Лидија мора да склопи повторно пакт со Битлџус. Морав да го изгледам продолжението на филмот од моето детство. Халоуин вајб 5/10
Трилер + мистерија + драма + криминал = совршена комбинација за мене! Баш овој филм, за кој на почетокот бев скептична! Млада адвокатка, нерешен случај. Совршени моменти но и длабоки тајни. Тајни кои ја нагризуваат краткотрајната радост. ОДЛИЧЕН! 10/10 ♡
Heretic Хорор во кој се испитува верата на две мисионерки кои ќе тропнат на погрешна врата за да ја проповедаат својата религиозна определба.
Дали е стварно хорор или само некоја мистерија. Дека ич несакам да гледам со демони и слични ствари, има ли нешто такво во филмов? А ме заинтересира темата.
Класифициран како хорор, без крвави сцени или jump scares. Слаби визуелни ефекти, се сведува на интелектуална дебатата за постоењето на Господ и задгробниот живот со меѓусебни докажувања и испитувања. Мрачен, неизвесен и е со одлично сценарио. Има момент на натприродна ситуација малку на крајот.