За данас толико Го гледав скоро на балкански филмски фестивал и беше оставен за крај како последна проекција. Организаторот во говорот кажа дека намерно го оставиле за крај поради чувствата кои ги буди. И не погрешиле. Многу топол и искрен, низ целиот филм се провлекува и духовитост што на моменти направи да се смеам со солзи. Нема некое екстра промислено дејство ама пак кога ќе се замислиш разработува суштински работи. Перспектива.
''MARIA'' (2024) Нешто неверојатно... Последните 7 денови од животот на Марија Калас. Нејзината разочараност од животот, особено од љубовниот, депресијата поради болест/и и губење на гласот, осаменоста, пониженоста, исцрпеноста...
Apartment 7A https://www.imdb.com/title/tt14371860/?ref_=nv_sr_srsg_1_tt_7_nm_0_in_0_q_apartment Ми се гледаше нешто што ќе биде помеѓу психолошки трилер, трилер, драма, нешто со „нежни“ хорор елементи (да, да, знам како звучи спојкава, ама тоа е) и мислам дека не погрешив во изборот. Тери е млада танчарка од Небраска. Се сели и го напушта семејниот дом по низа случувања, но сепак најмногу поради силната желба да успее да направи нешто од себе. Да се пробие како успешна танчарка, затоа што тоа и го заслужува после сиот вложен труд. Меѓутоа, ѝ се случува една повреда која ќе ѝ ги помати сметките, па мора малку да даде чекор назад и да види што понатаму. Се сели во станот 7А, кој е сопственост на еден многу пријатен средовечен пар и останатото е историја. Нема некој рејтинг филмов и иако ми се јасни „недостатоците“ кои публиката ги фатила на радар, мене баш ми се допадна. Не мислам дека се недостатоци во буквална смисла, не мислам дека е некакво сквернавење на филмот на Полански, едноставно го примив како одделна содржина која си е целина сама за себе. Затоа што филмов таков и е. Инаку, дејството е сместено во истиот универзум на Rosemary's Baby, па затоа и Полански во муабетов. Мене ми е како супер надополнување, ко origin story му доаѓа. И дааа, Тери ми е далеку помадафака од Роузмери, sorry not sorry. Тотален бонбон од филм, во смисол - одлична костимографија, кореографија, прекрасни кадри. Не ме изненадија случувањата, но не мислам дека ова беше филм од кој би се очекувал некој не-знам-каков-бомбастичен-пресврт. Актерската екипа - одлична. Ѕвезда на филмот секако е Џулија Гарнер, толку харизматична, природна, нежна...тотално можам да ја замислам како танчарка на сцената на Бродвеј. Жанров исто така ѝ лежи. Можеби не добив хорор во целосната смисла на зборот, но ни поттикна интересни теми за дебатирање и баш сум задоволна со филмов. Не е најдоброто нешто што мора да го гледате, но ако ви се гледа нешто според описот погоре - дајте му шанса, не е нешто долг. Оценка: 7/10
Joy филм за првото инвитро бебе Фина драма, човечки судбини... Филм од 1970тите, за тешкотиите кои ги имале луѓето. Во време кога Ивф било табу...
https://www.imdb.com/title/tt2347285/ Добар фамилијарен божиќен филм за оние кои си останаа дома вечерва. 5 напуштени деца, се страв и трепет на училиште. Случајно стасуваат во црква и се пријавуваат во божиќната претстава. Добра поука има филмот. Од мене 10/10
Одвај чекав да го гледам филмов, ама толку се разочарав некако, мислам подобро да си останев само на првиот дел. Во вториов дел некако ми ја немаше таа хемија меѓу глумците, сите заплети некако нејасно се расплетоа, некој делови останаа нејасни и крајот разочарувачки. Мислам оставија простор за да се чека трет дел ама после вториов незнам дали би го погледнала.
Anora (2024) Драма со комични моменти (и малку романса), скептик бев околу филмов кога прочитав романтична комедија, ја имам изгледано цела филмографија на Џенифер Анистон, доволно беа ,,смешни романси" за овој живот. Анора, стриптизета од Бруклин, влегува во романса со син на руски олигарх. Филмот има доста експлицитни сцени и вулгарност, но во фокусот е шармантниот портрет на стриптизета, соочена со класни нееднаквости и недостижниот ,,американски сон". Имав различни емоции во текот на целиот филм (2 часа и 20 минути), на моменти забавен, а на моменти и емотивен (не како Титаник). 7/10 од мене.
Божиќен договор. Ова е прв пат Џоли да се врати дома во Луизијана по нејзиното разорно раскинување со Фостер. Да се види со него е неизбежно бидејќи нивните родители заедно го водат годишниот Божиќен пазар во градот, но кога таа открива дека Фостер носи нова девојка дома, Џоли не може да поднесе помисла да оди сама дома и да ги види заедно. Нејзината најдобра пријателка Наоми ѝ предлага на Џоли да го донесе нејзиниот брат Џек дома за Божиќ бидејќи тој нема планови. Џоли, професионален веб-дизајнер, се двоуми.Така, Наоми, адвокатка, склучува божиќен договор за да им даде на двајцата нешто што тие го сакаат - тампон за тие непријатни моменти околу бившиот на Џоли и веб-страница за да помогне во продажбата на претстојниот роман на Џек. Не знаејќи за нив, Божиќниот договор се покажува како многу повеќе од она за што се потпишале.
Take Cover (2024) Малце сериозно, малце комично (или позитивно во лоши моменти) - сепак, на крајот КЛАСАТА останува КЛАСА.
Home alone 3 Питер Бопре, Алис Рибонс, Бартон Џерниган и Ерл Унгер се четворица меѓународно барани криминалци кои работат за терористичка организација со седиште во Хонг Конг, поврзана со Северна Кореја. Во Силиконската долина, Калифорнија, тие украле микрочип од 10 милиони долари за покривање проектили и го кријат во играчка автомобил за да го поминат чипот преку меѓународниот аеродром во Сан Франциско. Меѓутоа, една патничка по име г-ѓа Хес ненамерно ја зема чантата на криминалците во која се наоѓа автомобилот, помешајќи ја со нејзината идентична чанта. Криминалците пристигнуваат во Чикаго и систематски ја пребаруваат секоја куќа во предградието на Хес за да го најдат чипот. Чипот што недостасува и непознатото место на живеење на четворицата криминалци последователно го привлекува вниманието на агентот на ФБИ Стаки и неговиот тим. На осумгодишниот Алекс Пруит Хес му ја дава колата-играчка како исплата за лопатирање на нејзиниот пат. Алекс се враќа дома и открива дека има сипаници и мора да остане дома од училиште. Следниот ден, Алекс ги открива криминалците додека ги шпионираат неговите соседи и повикува полиција, но тие не можат да помогнат. Алекс прикачува камера на автомобилот и ја користи за да ги шпионира, што доведува до тоа криминалците да го бркаат кога ќе го видат. Прашувајќи се што сакаат со автомобилот-играчка, Алекс ја отвора и го открива украдениот чип. Тој се јавува во локалниот центар за регрутирање на воздухопловните сили на САД и прашува дали можат да ги проследат информациите за чипот до властите. Криминалците сфаќаат дека Алекс ги гледал и решаваат да упаднат во куќата на Пруит. Алекс ја уредува куќата со рачно изработени стапици за пукање со помош на неговиот миленик стаорец Дорис и папагалот на неговиот брат Стен. Криминалците провалуваат и се здобиваат со разни повреди. Додека групата го гони Алекс низ куќата, тој бега и ја спасува Хес, која е залепена со селотејп за столот во нејзината гаража од Рибонс. Бопре го заседа Алекс, но бега кога Алекс користи пиштол со меурчиња што личи на Глок за да го исплаши. Во меѓувреме, агентите на ФБИ, кои биле известени за чипот од центарот за регрутирање на воздухопловните сили, ги посетуваат Карен, Стен и Моли во училиштето, предупредувајќи ги дека Алекс е во опасност. Тие пристигнуваат со локалната полиција во нивната куќа и ги апсат Рибонс, Џерниган и Унгер, кои се тешко парализирани поради замките. Сепак, избеганиот Бопре се крие во импровизирана снежна тврдина во дворот. Папагалот на Стен го открива и се заканува дека ќе запали огномет, кои се наредени околу внатрешноста. Бопре нуди бомбичка во замена за тишина, но папагалот бара две. Бидејќи Бопре има само еден, папагалот го пали огнометот, предупредувајќи ги властите за локацијата на Бопре и на крајот доведе до негово апсење. Таа вечер, семејството Пруит, г-ѓа Хес и властите одржуваат прослава за Алекс додека се поправа куќата на Пруит, а таткото на Алекс, Џек, се враќа дома од службено патување. Во полицискиот оддел, се покажа дека криминалците се заразиле со сипаници oд Алекс.
Heretic (2024) Периодов им навлегов на овие хорор-трилер филмови, ама ако барем една третина од изгледаните филмови се вакви, јас ќе бидам задоволна. Не е ова класичен хорор, повеќе е психолошки трилер со примеси на хорор. Две мисионерки, млади девојчиња оддадени на мормонизмот, имаат за задача да го шират наоколу гласот за нивната религија, црква и сè по ред. Еден дождлив ден, ќе заѕвонат на врата од една куќа и ќе им отвори средовечен маж. Навидум нормален, љубезен, со огромна желба не само да ги сослуша, туку и да учествува во дебатата која спонтано (но и не толку случајно) ќе ја започнат. Но, невремето надвор се засилува, практично се заробени во куќата со ликов и не им преостанува ништо друго, освен навистина да си позборуваат малку на тема религија. Невозможно е да се каже нешто за филмов, а да не се открие нешто премногу деликатно кое би можело да го расипе уживањето. A од друга страна, е бавен, но не станува збор за онаа монотонија која те тера да зеваш и да скролаш на телефон додека филмот тече во позадина. Константен дијалог е и за мене беше целосно доживување. Баш филозофски го истераа до сам крај и лично многу сакам ваков тип на филмови, каде цело време има дебата и каде што има простор за сами да си продолжите дискусија по завршувањето на филмот. Како што реков, нема некое многу динамично дејство, прилично е „клаустрофобичен“ - ако смеам така да се изразам, со оглед на тоа дека филмот има дејство што се случува на едно место и во една куќа. Би рекла дека беше уживање да се следи текот на дискусијата (колку и да звучи безвезе, но навистина ми се допаднаа муабетите меѓу двете страни) и имаше доста интересни поенти. Хју Грант беше одличен, прв пат го гледам во ваква улога и баш ми се допадна. Но ништо подолу не беа ни Софи Тачер (глумеше во Yellowjackets) и Клои Ист (глумеше во The Fabelmans), совршено одбрани и одлично вклопени. Му давам оценка 8.5 и ептен го препорачувам за гледање, ако ви се гледа нешто поразлично од класичен хорор.
https://m.imdb.com/title/tt7137906/ Мини серија правена на вистинит настан. 4 епизоди. Жена е силувана во парк, обвинителката сакајќи да си го затвори случајот побрзо, реши да ги обвини група деца кои биле тој период во паркот. Филмот е предобар, од мене 10/10
"Isolated in the middle of the city, as a human waves of street killers turns the night into a nightmare" "Vo Sabotata vo zaseda policijata ubiva 6 člena na badnata" Ulična bura" Vo Nedelata glavnite členovi na bandata se zakolnuvaat deka ke gi odmazdat nivnite ubieni členovi, i ke predizvikaat krvoprolevanje na ulicite" Za bandata "Ulična bura" denes e den za odmazda. Da se vovede obavezno vo nastavnata programa od narednata godina ovoj film
Jarhead - Law of return (2019) Група војници се обидуваат да спасат пилот, кој што е паднат на територија на Сирија и е син на Американски сенатор. Филм, каде што...крајот е малце поразличен од другите.
Семеен човек Филмов ми остави голем впечаток, еве после толку денови уште го помислувам.... Главниот лик се бори за водечка позиција во компанијата каде работи, но на нечесен начин... За амбициите и отсуствата од дома и семејството, забелешки има неговата сопруга... Но за неговиот син тој е херој, татко кој им помага на другите полесно да најдат работа.... Филмов добива на интезитет кога детево се разболува од леукемија, состојбата му се влошува до степен да прима експериментална терапија и е приклучено на машини за дишење.... Допира однесувањето на детето, на еден топол и емотивен начин ја доловува љубовта кон татко му, но и тагата од недоразбирањата меѓу родителите.... Татковската љубов е ставена на тест, дури и по цена на губење на работната позиција... И..... Тера на преиспитување колку ние луѓето сме спремни да промениме одредени карактерни особини, со цел да станеме подобри и чесни луѓе.... Доказ за тоа е и пресвртот, сцената кога помислив детево почина, тоа му рече тато и се разбуди од кома. Филмов носи убава порака дека љубовта и сплотеноста на семејството, но и чистото срце и совест носат благослов и среќа, светла иднина ...и можат да ја пребродат и надминат секоја несреќа, болест....
Предобар, го гледав по ваша препорака, не е тежок иако на оваа тема може многу да се раздлабочи сепак убаво го изработиле и многу ми се допадна
The Town (2010) Филм, каде што се ограбува банка, но вистинската драма почнува, кога еден од ограбувачите ќе влезе во романтична врска со менаџерката на ограбената банка. Крајот е priceless. Ај чао.