Не знам дали можна кратка рецензија, ќе сумирам само на главното, цитати од филмот воедно и moral of the story: There aren't really any "shortcuts" to anything(good) , nothing comes without a price, every action has consequencies, & "Nothing good is born from lies".
Chungking Express 10/10 Еден од омилените за секогаш. А не само на мене туки и на Квентин Тарантино. Еве што тој има да каже за филмот: Филмот е поделен на две независни приказни една од друга, се работи за двајца ( пресно оставени од своите девојки)полицајци од Хонг Конг, и како тие се носат со осаменоста и тагата. Кинематографијата е прекрасна.
Anora (филм кој се уште го гледам) со неколку номинации за оскар Почетокот е лајт клише приказна но понатака филмот прави еден ролекостер кој ме бендисува ептен. Син на руски богаташ се заљубува во стриптизета и ескорт девојка без знаење на родителите...натака не кажувам, кој сака нека гледа
La Vita è Bella (1997) Во првиот дел од филмот прикажан е животот во Италија пред нацистите да влезат во државата. На хумористичен начин е прикажана слободата која тогаш ја уживале. Е, во вториот дел од филмот работите се менуваат, ништо не е како порано. Нацистите се веќе длабоко навлезени. Целата приказна се одвива околу животот на главниот лик Guido и неговиот син кој не може да сфати што се случува околу него, но неговиот татко успешно му ги доловува работите на помалку чуден и хумористичен начин. Филм кој вреди да се погледне. 10/10
Римејк на филмот од 1946 година. со истиот наслов направен по романот The postmen always rings twice - James M. Cain. Заводлива жена мажена за сопственик на ресторан почнува афера и се заљубува во случаен минувач кој се вработува како мајстор кај маж и .Ова започнува синџир на настани што кулминира со убиство, ќе оставам сами да видите што се случува понатаму. Филмов 9.5/10 му давам рејтинг
81 ва е, иначе не мислам дека подобро ќе успеат да го обработат доколку решат нов римејк да направат.
Lucca's World❤️ (2025) Мајка која прави се за да му помогне на својот син кој има церебрална парализа, го носи своето семејство во Индија на експериментален третман. 10/10
Birth/Rebirth (2023) Нетипичен хорор филм. Шестгодишно девојче умира од менингитис. Хоророт е во тоа до каде е спремна да оди мајката, кога ќе и се пружи можност да ја врати во живот. 7/10
Cellar Door -2024 Барајќи го домот од соништата, млад брачен пар наидуваат на понуда каква што отсекогаш сонувале. Меѓутоа условот што треба да го исполнат е далеку од тоа што може да издржи човечката психа. Оцена 7/10
The Gorge (2025) https://www.imdb.com/title/tt13654226/ Оценка: минимум 7 Жанр: акција, авантура, научна-фантастика, хорор, романса На две спротивни страни од мистериозна клисура, поставени се две стражарски кули. Од едната страна секогаш стражари американски војник, од другата руски. Стражарите не комуницираат помеѓу себе и единствено задолжение им е да алармираат доколку нешто се обиде да излезе од дното на чудниот процеп. Овој пат, на спротистевените страни се Леви и Драса кои нема да дозволат ниту клисурата, ниту тоа што живее во клисурата да застане меѓу нив. Забавен, интересен, на моменти малку страшен. Топла препорака за сите кои сакаат фино, лесно филмче со примеси на мистерија и хорор.
The Monkey Филмот е снимен според кратка приказна на Стивен Кинг. Јас го гледав со катастрофален англиски превод, ама искрено ич не ни ми требаше оти дијалозите во филмот воопшто не ми се допаднаа. Накратко, браќа близнаци наоѓаат мајмун играчка на навивање и започнуваат смртни случаи во нивното семејство. Сума сумарум, хорор комедиjа со многу сличности на Final Destination убиствата.
Со поддршка од партнерите, Вилсон се соочува со непријателот чија цел е да го дестабилизира светскиот мир и да го убијат претседателот „Тандерболт“ Рос (Харисон Форд). Ова не е само битка против надворешните закани, туку и истражување на неговиот идентитет и вистинското значење на хероизмот во еден свет кој брзо се менува додека тој се обидува да се носи со предизвиците и одговорноста која доаѓа со носењето на штитот на капетан америка. Филмов го направија серија затоа ќе му дадам 8/10
Анџелина Џоли ме воодушеви во филмов. Докажа колку е талентирана и квалитетна глумица. Филмот е биографски, ги прикажува последните денови од животот на познатата оперска пејачка Марија Калас во 1970-те години, и ме натера да размислувам на сите оние познати, успешни, талентирани луѓе кои зад себе носат некоја тажна приказна од животот. Сепак нивното минато ги направило единствени, посебни. И како такви оставиле неизбришлива трага во овој свет.
Денес прв пат го гледав филмот Мајки на Милчо Манчевски. Запрепастена сум дека сме имале сериски убиец во МК. Дека убивал и следниот ден пишувал за жртвите Топла препорака за секој што го нема гледано. Прекрасни приказни