Мајката на Алекс умира од рак.Во својот тестамент остава на сите по нешто материјално освен на Алекс.Нејзе ке и биде оставена life листата што како дете сама ја има составено но ништо од истата нема исполнето.За да биде и таа дел од тестаментот ке мора да исполни се како дете што запишала на листата.Филмот е преубав..со мн убава порака.
Не знам како да клавам во спојлер ама филмов ми даде вајб на тоа дека мајка му на сите деца е shitty parent, а ова Алекс на некоја самобендисана како таа да е најинтересна во цела соба, ако се соберат. И нормално изневерувач голем без ронка грижа на совест.
Spoiler: … Каде виде изневерување?Она раскина со првиот дечко па го запозна докторот и почна врска со него.После тој нејзе и раскина(као моментално).Го напушти станот нејзин и ја остави следниот ден сама иако знаеше дека треба да оди на пат да си го бара биолошкиот татко.Никаква подршка не и беше.Егоцентрик голем.Она после тоа веќе не се ни смири со него,се разделиа.
Не беше баш раскинување, туку скарување. И одма влезе во кревет со адвокатот нејзин, знаејќи дека тој има женска и не и кажа дека се скарани. Значи и рече дека само си заминала ургентно дома поради проблеми домашни. И ова влезе во кревет со него без никакво чувство на моралност, и после тоа нели откако и кажа дека заради неа се скарале всушност тој и девојка му, ОВАА МУ СЕ НАЛУТИ. Мене ми даде слика на самобендисана личност што само нејзините потреби (моментални) се најбитни па се останато, плус без компас на моралност.
Вчера го изгледав, многу убав филм, се сложувам со @joy1 @Stark со цела почит кон мислењето ама ти е класично "машко размислување", критики кон женскиот карактер затоа што менува неколку партнери во тек на дејствието Мене ми даде слика на млада девојка која се изгубила во комфортот на полесно секојдневие заборавајќи на нејзиноте сонипта. Мајката и остава во спомен нешто со кое и помага да си се пронајде и да биде среќна.
Не се согласувам ич со осудите кон мене, затоа што ова е себична девојка. Ко че погледниш подлабоко на третманот од мајка е... Како и да е добар филм чим отвора дискусија на разговор.
Ааах млад си ти многу ако мислиш дека е ова себично, не си сретнал очигледно доволно себични личности. Твое мислење секако, не навлагам понатака
Predator 1987 Научно фантастична акција со елементи на хорор.Во Главна улога Arnold Schwarzenegger,потоа Carl Weathers, Sonny Landham,Jesse Ventura. Група платеници одат на задача да елиминираат група герилци во џунгла во Мексико ,каде што наидуваат на суштество кое не е од оваа планета и од ловци стануваат плен... A must see за секој човек е овој филм.
Бразилски филм за најголемиот затвор во Латинска Америка. Заснован врз вистински настан и сниман во истоимениот затвор. Феноменална режија и уште пофеноменална глума.
Драма, историја и романса го карактеризираат Allied. Предобро сценарио и глума. Филм кој го задржува вниманието до крај. Дејствието се одвива за време на Втората светска војна, 1942 година, кога Макс Ватан (командант на канадските воздухопловни сили и шпион) треба да изврши атентат врз нацистичкиот амбасадор во Казабланка. Тој тоа ќе го направи заедно со Маријан Бозежур (борец од францускиот отпор). Но, која е всушност Маријан, и што се ќе им донесе љубовта која ќе се појави помеѓу неа и Макс? Тие се две клучни точки во филмот, со неочекуван крај, според мене.
Matilda: The Musical (2022) - хумористичен и интересен, малку изменета адаптација на првата верзија. Еден од ретките мјузикали кои траеле толку долго, а вистина да сум уживала. Roman Holiday (1953) - тука нема што да кажам, врвни глумци како и секогаш. Oh, Belinda (2023) - интересна беше глумата на главната актерка, малку поинаква замисла за филм што ми се допадна.
На ред да дојдат и оние што ги преспивам со месеци. 21 - за овој посебно ми е жал што го одложував. Генијален филм, кој вреди да се гледа и по неколкупати. Би го сместила во онаа категорија на никогаш досаден, со интересни поенти низ неколку (значајни) теми. Non-stop (2014) - ништо посебно, исто како и Carry-on (2024). За тепање време да, за нешто повеќе дефинитивно не.
MI: the final reckoning (2025) - три часа тензија, ама дефинитивно најдобриот до сега. Обавезно да се гледа, доста добра позадина за ентитетот. И изборите што се прават измеѓу. Онаа сцена со ножот од првиот дел ми е баш посебна со приказната во последниот.
Don't Worry darling (2022) - два часа траеше, како оценка би му дала четворка, добар е, но премногу збунувачки, језив, многу неодговорени прашања ми останаа во глава и не би го препорачала за луѓе со слаби нерви. Флоренс Пју и Оливија Вајлд се убавици