big fish 10/10 станува збор за татко кој раскажува приказни на својот син, митски со доза на мрачност, хумор и иронија, раскажува за неверојатните случки кои ги доживеал, приказни кај кои тешко може да се разграничи дали се реални или измислени. Филмот ти го задржува вниманието од почеток па се до самиот крај, те остава на мисла што навистина се случило, а што е додадено за да биде поинтересно, приказни кои се животни лекции, а љубовта е двигател и водич. Според мене ова е најдоброто од Тим Бартон
Escape from Alcatraz (1979) Драма - одгледана во еден здиВ, која се зголемува од минута во минута. Доказ дека тивката вода, бреГ рони. #MasterClass.
Dracula untold (2014) - не толку познат, малку потценет спрема рејтингот. Интересен беше до самиот крај. Штета што нема втор дел.
Зодијак со Марк Рафало, Дауни јуниор Омилен филм, на моменти толку језив и возбудлив, одлично направен и совршен
Многу ме фасцинира филмов пошо е според вистинска приказна. До ден денеска не се знае каде се наоѓаат тројцава бегалци, а најверојатно имаат починато веќе. Додуша, имало као докази дека двајцата браќа пробале да стапат во контакт со фамилијата ама за Френк Морис ништо не се знае. Фан фект- тој имал IQ 133 ако не и повеќе. Плус, вистинскиот Френк ми е многу симпатичен . Кои очи ги има....
Она што го очекував како обожавател на Стивен Кинг/Мајк Фланаган беше забавен филм. И не ме разочара. Резултатот - фантастично патување на раскрсницата на животот, космосот, технологијата и крајот на светот, со доза на иронија својствена само за Кинг.Никој не нуди психолошко истражувачко искуство како Стивен Кинг. Брилијантно филм со одлична екипа предводена од Том Хидлстон. 10/10
Dracula (2025) Романтичен хорор, англиско-јазичен, но со француски шмек - новиот Дракула на Лук Бесон. Со оглед на тоа што е обмислен и снимен во релативно краток рок, не е воопшто лош филм. Ова е всушност еден од позабавните филмови за најпознатиот вампир. Очигледно римејк на Дракула на Копола од 1992, иако не видов некаде да е наведено. Куриозитет тука е што Бесон за да го создаде, се инспирирал од актерот во главна улога Caleb Landry Jones со кој претходно соработувал, за кого и јас сметам дека е мошне талентиран, е па овде имаме специјално за него изработен филм. Кристоф Валц се истакнува во улога на баварски свештеник кој би требало да го претставува Хелсинг. Преостанатите актери исто така одлични. Приказната ја знаете сите, Турците ја убиваат многу саканата сопруга на Дракула, тој објавува војна против Бог затоа што правел како што од црквата му рекле, ги убивал Турците, а Бог го казнил. Откако свештеникот ќе му каже дека Бог не реинкарнира луѓе, Дракула како од инает почнува да верува дека жена му ќе се реинкарнира и дека треба да оди да ја најде. Така тој низ вековите го тероризира европското високо друштво, но од неа ни трага. 400 години по првичните настани, неговата шпионка во Париз има добри вести, а кај него на врата во Романија доаѓа Стивен Харкер чиј атеизам ќе биде предизвикан... Многу ми се допадна атмосферата, типично европска. Сцените се интересни со доза на хумор. Не ми се допадна тоа што еден дел е преземен од Парфем: Приказната за убиецот. П.С.: He знам зошто постојано снимаат филмoви за Дракула, можеби навистина постои и плаќа за да остане популарен.
My Oxford Year 10/10 Ова ми беше еден од поинтересните и поквалитетните филмови што ги имам гледано. Филмот ја раскажува приказната на млада Американка која доаѓа во Оксфорд на едногодишни студии по книжевност. Пред да замине, целиот свој живот го имаше испланирано – знаеше што ќе прави таа година и што ќе следи потоа. Но токму во Оксфорд, сè се менува од корен. Освен академските предизвици и новите искуства, таа ја среќава и љубовта на својот живот – нешто што целосно ѝ го менува погледот на светот. За мене, ова беше многу емотивна приказна за амбицијата, љубовта и изборите што ги правиме, но и за тоа како сакаме да го живееме животот. Мене лично ме натера да размислам повеќе за начинот на кој живеам и за изборите што ги правам секојдневно. Иако тоа не беше главната тема, филмот ме поттикна да размислувам кои работи ги ставам како приоритет во последно време и кои навистина треба да бидат на прво место. Топло го препорачувам. П.С. Подгответе се за емоции – дури и ако не мислите дека сте „плачки“
the virgin suicides филм на Софија Копола Можеби и најдоброто од неа филм за конзервативно семејство, рестриктивни, строги и религиозни родители. Група на опседнати момчиња го водат дејствието раскажувајќи за 5те прекрасни сестри од нивното соседство. Насловот од самиот почеток го предвидува дејствието, но и те држи во неизвесност надевајќи се на пресврт. мрачен, тажен 10/10
Ова мора да го гледате! Дечко и девојка две години добиваат пораки од некој што е цело време околу нив и го следи нивното секојдневие. Пораките преминуваат во cyberbullying а кој се крие зад нив… 100/10
Јас сакав да го гледам ама на инста ми излезе еден reel баш за филмов и видов сѐ што не требаше да видам. И така... ми се сруши филмот, нема поента да го гледам сега
и мене ми е омилен, требаше да биде дел од новите филмови на универзал, мумија со том круз, требаше да се снима чудовиштето на франкештајн и многу други филмови, како и втор дел на дракула, но не беа задоволни од мумијата и ги откажаа сите планови за натамошни филмови.