Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.898
    Допаѓања:
    16.185
    Пол:
    Женски
    Да, да. Малку глупо е што нема продолжение. Како недовршено.
     
    На LoneWolfGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Karlito24

    Karlito24 Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2025
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Машки
    "Неможам вечерва, ме боли главата."
    Го гледав многу пати
     
  3. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.291
    Допаѓања:
    33.292
    Пол:
    Женски
    Леле филмов... Едно видео изгледав на инста за него и после буквално цел feed се преплави со кратки исечоци, и нормално не можев да останам имуна на такви edits од Caleb па морав да го изгледам :$ :wasntme:

    Не зажалив, баш ми се допадна целиот концепт и романтизирање на Дракула, убаво е што ставиле акцент на неговата емотивна страна, претставен е како вистински џентлмен кој бескрајно ја обожава својата жена. Од самиот почеток преку екран се чувствува љубовта меѓу нив двајца и тој впечаток се провлекува до самиот крај. Дури и посакав поинаку да да завршеше, заслужуваа happily ever after тип на приказна како јагода на шлагот :inlove: Обично не сакам љубовни клише сценарија ама не знам што се случи со мене додека го гледав филмов :tmi: Одлична беше глумата на Caleb, има таква неспецифична и уникатна убавина и талент, баш му легна улогата.

    Иако приказната нема некоја значајна филмска тежина и комплелсност, сепак вреди да се погледне оваа нова, реинкарнирана верзија на грофот Дракула прикажана низ призма на љубовта. Филмов би го препорачала на некој што би сакал да гледа нешто романтично, нема ни х од хорор, "ванила хорор" е ова :D
     
    На MeowMeow, Eunoia, -Iris- и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    1.210
    Пол:
    Женски
    10000/10.
    Преубава љубовна приказна, не сум задоволна од крајот само, но 400г ја бара и умира на крај за неа.
    Инаку ја мислев дека е романски, мислам дека некаде бев прочитала дека актерката е од Романија и е нејзина прва улога.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MrsBrown

    MrsBrown Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2024
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    301
    Пол:
    Женски
    Weapons
    Читав разни критики што не ми се репер, и филмов пријатно ме изненади.
    Феноменална актерска екипа, интересна, необична приказна, уживав додека гледав.
    Препорака за љубители на хорор, мистерија, мешавина жанр
     
    На milkyway^^ и rainbowec им се допаѓа ова.
  6. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    9.090
    Пол:
    Женски
    Го гледав и јас, не очекував да биде толку добар.
    Во смисла не е таков типичен predictable хорор, има прича и се согласувам дека глумата е одлична.
     
  7. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    1.210
    Пол:
    Женски
    images.jpg

    Филмот започнува како психолошки хорор, но брзо се претвора во жанровски неусогласен филм. Обидот да се спојат натприродното, брачните конфликти и уметничко-филозофски теми завршува без јасна насока. Натприродните моменти изгледаат вметнати дефинитивно на сила.
    Нека е 6/10.
     
    На Mumoftwo30, Лејди Гага и milkyway^^ им се допаѓа ова.
  8. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    6.711
    Пол:
    Женски
    [​IMG] Добар австриски филм. Станува збор за приватно средно училиште каде родителите предлагаат да се воведе предмет за свесна исхрана, и директорката носи наставник кој е репер за свесна исхрана.
    Родителите се свесни затоа што директорката има слух за нивните потребни, и се започнува така.
    Во филмот се прикажува како средношколците се отворени за многу промени, за многу идеа и се многу доследни на она што им се сервира... погледнете.
     
    На rainbowec и st-el им се допаѓа ова.
  9. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    1.598
    Црна свадба катабаза излезе и втора сезона со 9 епизоди. Кој ја нема гледано првата сезона нека ја гледа,серијата е одлична.
     
  10. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Кај ја даваат 2 сезона?
     
  11. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    1.598
    Црна свадба -балкан серија и на филматива
     
    На Camille84 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.291
    Допаѓања:
    33.292
    Пол:
    Женски
    1_f58dbde3-e7e4-454c-8245-bdda3db4f434_300x@2x.jpg
    Главниот лик е Mickey, а неговата единствена функција е да биде лабораториско глувче додека луѓето населуваат нова планета. Со таа разлика што кога ќе умре, веднаш се печати негова нова верзија а меморијата се пренесува преку чип.

    Сѐ уште не можам да дадам конечно мислење за филмов. Ако морам со еден збор - каша попара :| Буквално е како каша направена од сѐ и сешто, презаситена од секакви состојки што на крај се добива производ со блуткав вкус. Опфатени се толку многу теми, почнувајќи од моралните вредности за "human printing", вредноста на човечкиот живот, па сè до желбата за експлоатација на нови планети, што на крај се добива финален производ кој не остава никаков посебен впечаток. Ниту една од нив не е детално и длабински обработена, нешто површински само нафрлано. Првата половина има голем потенцијал, посакувам да се задржеа на тој наратив.

    Од друга страна, толку многу работи се случуваат што буквално не трепнав. Динамиката не попушта, настаните се одвиваат со забрзано темпо, со доволно изненадувања за вниманието постојано да биде заробено од почеток до крај. Посебна пофалба за глумата на Патисон, едно од подобрите негови изданија. Затоа добива и 7/10, инаку баш слаб впечаток имам.
     
    На Beemo, Star_dust и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.