Форумџика на годината

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Машки
    Не.
     
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    7.954
    Пол:
    Машки
    Епа?
     
  3. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Машки
    Се случува во тензични периоди а во суштината е приказна на две жени кои се наогаат една со друга во наjтешките моменти од своjот живот и со делба на своjата болка како блиски приjателки си помагаат една на друга.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  4. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Денес започнува вториот дел од гласањето за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија за документарен филм, откако во првиот круг успешно Силјан доби номинацијата на овој фестивал. Ова е момент во кој публиката има клучна улога, а наградите се доделуваат врз основа на освоениот број на гласови.

    https://www.crnobelo.com/novosti/film/121468-da-glasame-site-za-siljan-na-tamara-kotevska
     
  5. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    435
    Допаѓања:
    3.461
    Пол:
    Женски
    Train Dreams (2025)

    Филмов ме скрши.. Емотивна приказна за еден дрвосечач. Приказна за љубов, загуба, вина. За пронаоѓање на смислата на животот и покрај огромната тага која е во цело негово битие.

    Одлична глума 10/10
     

    Прикачени фајлови:

    На Melissa_39, eliesaab, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    82.853
    Пол:
    Женски
    Чудо (2009)

    MV5BODcyYTQ5M2EtODQ0OS00YWUwLWI5YTctNDhiODVjMzBlYjIyXkEyXkFqcGc@._V1_.jpg


    Најинтересно во врска со филмов ми е тоа што е снимен според вистински настан кој се случил во Самара, Русија, во 1956 година.

    Во филмот станува збор за Татјана, тинејџерка која живее сиромашно со својата мајка. Еден ден, ги зема иконите од ѕидот и и' ги дава на мајка си, велејќи и' да ги фрли или сокрие некаде бидејќи таа не ни верува во Бога, а и иконите и' изгледаат грдо, посебно кога некој друг ќе дојде и ќе ги види. Сепак, една икона ја остава да стои бидејќи мајка и' ја замолува да остане иконата на Св. Никола.
    Една вечер, Татјана слави роденден и и' доаѓаат пријателите дома, во еден момент, додека танцуваат на музиката, Татјана ја зема иконата на Св. Никола за да танцува со неа, при што одеднаш се скаменува, останува како статуа и не се помрднува.
    128 дена останува во таква состојба, додека не најдат и донесат случајно момче, барајќи некое невино дете за да ја земе иконата од нејзините раце и да ја "одмрзне" девојката.
    Но, Татјана веќе не е иста.
    Оценка: 7/10

    Редактирано: Некои настани во филмот се изменети од она што велат дека се случило, на пример, тоа што вистинската девојка мистериозно се "одмрзнала" пред Велигден.
     
    Последна измена: 19 декември 2025
    На troublemaker94, FlirtBerry, boomsleng и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.964
    Допаѓања:
    24.568
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    The Holdovers (2023)

    4/5 :*:

    Веќе милион пати видена приказна во различни облици... и ќе ме освои СЕКОЈ пат. Нешто во врска со grumpy дедовци кои потајно имаат најголема душа ме погаѓа до крај. И кога ќе се создадат топли, неконвенционални односи. Филмов добива уште толку плус затоа што е многу по-cosy од што очекував, со еден збор, топлина.

    [​IMG]


    Carol (2015)

    5/5 :*:

    Епа годинава наместо Home Alone и Polar Express гледам Божиќни филмови кои тераат на земање дупла доза хелекс. ПРЕКРАСЕН филм. Не ми се верува дека е излезен во 2015, затоа што се сеќавам дека уште кога беше нов реков дека ќе го гледам, и еве поминале 10 години. (facepalm)

    Секој кадар е совршен и не можам да замислам посовршени глумици за главните ликови. Посебно морам да ја пофалам Руни Мара. Не би сменила ништо во филмот. А таман оладив на големи разлики во години... :P

    П.С. делот кога Терес се исповраќа заради тага и скршено срце, 10/10 relatable.
     
    На boomsleng, Eunoia и Star_dust им се допаѓа ова.
  8. МикиМаусовка

    МикиМаусовка Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2024
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.309
    Пол:
    Женски
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.964
    Допаѓања:
    24.568
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Parada (2011)

    5 / 5 :*:

    Тоа е тоа. За мене е совршен филм иако ме малце истраумира. Вицот (плотот) иде вака: во розе мини се возат Србин, Босанец, Албанец и педер.

    Овие глумци во српски филм од 2011 со ваква порака ми е стварно... вау. Дури јас се малце потсетив зошто парада на гордоста може да е добра ствар.

    Препорачувам на СЕКОГО, дури и да сте хомофоби, многу ќе се смеете на филмот. Гледајте го сите, одма.
     
    На bubemconia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. peperutkaxxx

    peperutkaxxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    I Swear (2025)

    Неверојатен филм 10/10.
    Емотивен, трогателен, тажен, едноставно прекрасен.
    Приказна за вистинските животни борби со кои се соочуваат оние што живеат со Туретов синдром.
    Најфеноменална глума!Филм што дефинитивно мора да се погледне... Ремек-дело (y) MV5BMGM0ODliY2EtOGU1OC00YThlLWJkZjMtOTg0YjYxYTg5MjkxXkEyXkFqcGc@._V1_.jpg
     
    На eliesaab, boomsleng и Eunoia им се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.002
    Допаѓања:
    16.857
    Пол:
    Женски
    Avatar: Fire and Ash (2025)

    MV5BZDYxY2I1OGMtN2Y4MS00ZmU1LTgyNDAtODA0MzAyYjI0N2Y2XkEyXkFqcGc@._V1_.jpg

    Пожртвуваност, сплотеност и борба. Предобри визуелни ефекти, одлична порака.
    Белки последен дел е, оти сето наредно веќе ќе е предвидливо (но секако би гледала).
     
    На Panda00, Eunoia и boomsleng им се допаѓа ова.
  12. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    689
    Две одлични кинематографски оставрувања

    Holdovers (2023)
    е мој омилен филм за 2023 од секој аспект, одлична приказна, ликови, режија, кинематографија. Едноставно филмот рефлектира зрачи со квалитет, маестрални актерски перформанси од сите ликови - почнувајќи од Пол Џијамати кој го даде максимумот во неговата актерска кариера, улога која го дефинира неговиот актерски квалитет, оскар кој без сомнение требаше да го добие, Доминик Сеса ОДЛИЧЕН, Да Вин Џој Рандолф маестрална во улогата ..... дефинитивно заслужен оскар.

    Керол - исто така одличен филм, ремек дело во режија на Тод Хајенс, Одлични улоги на Кејт Бланшет која е една од најдобрите актерки на сите времиња но многу добро се носи со улогата и Руни Мара за која воопшто нетреба да се сомневаш во нејзините одлични актерски способности, Руни Мара е многу многу добра талентирана актерка. Морам да ја пофалам исто така и кинематографијата која добро ги доловува и покрива одредени делови, сегменти од приказната која се надополнува со одличната музика и ја потенцира таа сентиментално меланхолична атмосфера која провејува во текот на филмот.
    Два одлични филмови две кинематографски ремек дела кои вреди да се погледнат(y)

    PS Морам да прокоментирам и во врска со мислењата кои преовладуваат и ги поврзуваат годината на излегување на некој филм дали е од 1958 или 2025 со неговиот квалитет, тоа е тотално небитно и ќе се надоврзам со мислењето и ставот на @Аргентина * со кој целосно се согласувам дека филмот е уметничко дело и како таков треба да се доживува, гледа и вреднува.
     
    Последна измена: 10 јануари 2026
    На eliesaab и Аргентина * им се допаѓа ова.
  13. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    801
    Пол:
    Машки
    Кај го има?
     
  14. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    33.546
    Пол:
    Женски
    MV5BNTMwMTk0Y2QtY2VhNy00OGYwLThkMjMtZjkwMGI3MTJiMjAyXkEyXkFqcGc@._V1_.jpg

    Подосаден филм одамна не сум гледала. Ништо не ми го задржа вниманието, невпечатлива приказна, емоционална нула. Буквално неколку пати се најдов во ситуација каде зјапав во ѕидот додека го "гледав" филмов, е до толку ми беше интересен. Не разбирам зошто има толку позитивни критики и оцени. Може па и до мене е нешто чим не препознавам квалитет во ваков приспивен филм, којзнае :?:

    Џабе потрошено време, 1/5
     
    На Star_dust му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    3.416
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Доста интересен филм со многу убав крај.
    Се работи за модерни вампири кои сакаат да го превземат светот и група на ловци кои ги ловат од кој на крај братот на главниот на ловците станува вампир.
    Вреди да се погледне.:inlove:
     
  16. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    689
    Можеби ти си го доживеала филмот како таков тоа е сосема во ред - ок, легитимно тука нема збор.
    Филмот е еден од најсериозните кандидати за оскар во повеќе категории
    Филм од англиско неговорно подрачје - во оваа категорија е супериорен фаворит и го добива оскарот(y)
    Јоаким Трир најверојатно ќе добие номинација за оскар за најдобра режија, норвежанецот се позиционира доста високо и постепено влегува во кругот на надежни - исклучителни режисери од поновата генерација.
    Ел Фенинг (сестрата на Дакота) е одлична актерка има големи шанси да го добие оскарот во категоријата споредна женска улога.
    Стилан Скарскард исто така има големи шанси да добие оскар, номинацијата му е скоро сигурна.
    Не верувам дека филмот нема никаква поента, никаков квалитет, самиот наслов Сентиментална вредност сепак укажува, упатува алудира на нешто.
     
    Последна измена: 14 јануари 2026
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    33.546
    Пол:
    Женски
    Нели?

    Покрај такви номинации очекував да биде нешто што ќе има некакво влијание врз мене. И претпоставувам дека ова е непопуларно мислење ама стварно не гледам дека ова е оскаровски филм. Океј, глумата беше на ниво, ама само тоа, друго ништо не допре емоционално до мене. Што беше изненадувачко зошто очекував поемотивен импакт после целиот хајп околу него. Испаѓа како јас да гледам сосема различен филм од мнозинството :D

    Можеби ако се relate-нев со приказната ќе имав различно мислење. Верувам дека тие што имаат комплициран однос во семејствата поинаку го доживуваат. Но и во тоа е суштината на уметноста, индивидуална е и не секој ја доживува на ист начин. Моето мислење не ја минимизира вредноста на филмот.
     
    На grungy и boomsleng им се допаѓа ова.
  18. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    689
    Сосема ок е да имаш такво мислење, сепак секој различно ги доживува, ги гледа филмовите, на некој еден филм ќе му се допадне на некој не, друг ќе има измешани чувства поради преголеми очекувања сето тоа е во ред.
    Јоаким Трир се позиционира како доста надежен и талентиран режисер од поновата генерација, норвежанецот има посебен пристап и посуптилен стил на режија кој го прави автентичен, свој, оригинален.
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.042
    Пол:
    Женски
    Љубители на трилери, топла препорака!
    IMG_5061.jpeg Го гледав во Синеплекс, искрено не трепнав, стварно ми се допадна.
    Психолошки трилер е, релативно ново филмче.

    Омилен жанр ми е акција и трилер, ама искрено во последно време, што и да почнам да читам/гледам не ми го задржуваше вниманието и не го завршував, без разлика дали дома или во кино.

    Си зададов цел дека во 2026 ќе гледам и ќе читам повеќе трилери, надежно.
    На филмов би му дала оцена 10/10.

    Во кратки црти, се работи за девојка која млада завршува во затвор ради убиство, осудена на 15 години, ама одлежала само 10 и пуштена е под услов да се вработи.
    Се вработува како куќна помошничка кај богаташи, згоден маж а жената навидум психо. Девојката се заљубува во богаташов и тука уствари се дешава неочекуваното, искрено стварно не очекував таков крај, 20/10 за тој плот твист.

    Крајот не ви го откривам, нема да ви биде интересно. :D:lol:
     
    На Melissa_39, st-el, Лејди Гага и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.042
    Пол:
    Женски
    ,,Во блиска иднина, детектив Крис Прат излегува пред суд како обвинет за убиство на сопругата. Има 90 минути да ja докаже својата невиност пред напредната ВИ судијка.

    Врзан за столицата на системот „Милост" непогрешливиот правосуден механизам што некогаш самиот го сметал за решение за порастот на најтешките злосторства, тој сега мора да размислува со студена глава и да го извлече секое и најмало делче од градскиот „cloud" систем на архивирани снимки на сите свои јавни и приватни контакти и средби - за да ja докаже својата невиност... Пред да истече времето."









    Не беше лош филмот, ама не беше ни нешто посебно.
    Оценка: 7/10 :)


    IMG_5161.jpeg