The Good Girl (2002) со Џенифер Анистон и Jake Gyllenhaal Лесна романса-драма, топ како за сабота навечер Исфилувана реалност на секоја втора просечна жена што живее монотон живот и брак.
Sinners (2025) 5/5 Ова е еден од најдобрите филмови што ги имам гледано. Луѓето што велат дека е досаден затоа што „ништо не се дешава“ првиот саат време, боље нека не гледаат филм повторно. Многу ми се допадна што одвоиле половина филм да ја развијат приказната, прво не запознаа со сите ликови и кога shit goes down, навистина ти е гајле за секој од нив. Како некој што појма немаше кој жарн на филм е ова воопшто, се шокирав. А ќе пукнев од тензија секако, многу добар build up имаше без да знам што ќе биде лошото што ќе се деси. Пре доб ро!
The Walking Dead серијата, не знам кој ме излажа дека била добра, али ретко глупава серија со зомбија и апокалипса. А ја сум уште поглуп што стигнав до 6та сезона и планирам да ја догледам. ) Штета, добра тематика ама лоша реализација. 0/5
Последно гледав два едно по едно на кино, па сакам да ги прокоментирам. Свадба (2026) Гледам дека има 7.8 рејтинг, за мене е чиста 7ца. И прај смисла, комедиите во глобала се движат во овие рејтинг рамки. Имаше и можеше да се најди интересен хумор и ситуации, ама на се шо е претерано - нешто едноставно ќе биди и погодок. Шо сакам да кажам е дека се беше така малку „премногу“. Секоја една сцена мораше да има нешто смешно, па после првите 30 минути веќе преќина и вистински смешни работи да ме смеат туку осеќав само кринџ. Го има она балканското кога пробва да прај комедија - викање, урлање, хаос. Ама па, почнав да сакам во балкански комедии да го гледам то зошто некако ми е како rite of passage. Не ми е за под 7ца, евентуално 6.5/10, ама ете ќе бидам добра зошто вистина не ми беше досадно па нека остани на 7/10 рејтинг. Приказната за Силјан (2025) Од друга страна, „Приказната за Силјан“ за мене е скоро 10ка, 9.5/10. Иако на апликацијата шо ја користам ставив 5 ѕвездички. Гледам дека има 7.5/10 рејтинг и искрено можам да сфатам зошто. Да објаснам. Силјан низ доста бавна приказна, ама полна емоција ни раскажва две работи: 1) народна приказна тргната како паралела на 2) просечно фармерско македонско семејство и позицијата во која откупувачите и државата ги носи фармерите и општо животот на просечно македонско семејство кое страда. И пошто филмов е сниман во соработка со National Geographic, а од таму и достапен за пошироката публика вон Балкан - можам да разберам дека не би доприл до секој. Филмот е дефинитивно документарен, ама не типичен документарен филм, има многу и општествени коментари и воедно раскажва приказна. Ќе бидам искрена, јас и заплакав. За мене, филмот беше уметност и полн емоција. Ама ок, последново и не е некоја мерка, јас си плачам на филмој. На Disney+ бил достапен после 20 Март. Spoiler
https://1flix.to/watch-movie/watch-zack-snyders-justice-league-67922.4791580 Нема потреба за рецензија. Кој знае, знае <3
Џабе и 500 филМа, ако не го погодите ВИСТИНСКИОТ. Кога се работи за честа, и образот.... 'You think I have a choice? - There's no choice.' Кажете - фала, од кога ќе го излгедате, ќе се вратам во Оугуст. п.С. - Го ценам вашето време.
Два пати бев да го гледам, вториот пат повеќе се смеев. Првиот пат ми беше онака. Ми се свиѓа што е многу реално прикажано сѐ, баш онака типично Балкански. 9/10 само ради крајот. Слушнав дека и втор дел ќе има.
Дааа, ама и глумциве се погодени скроз. Мислам дека без Бјелогрлиќ, без Сека Саблиќ и без Анџелка немаше да биде тоа тоа. А, поготово без тежак живот, реално он најмногу придонесе филмов да биде интересен. Младиве иако ce главни улоги, искрено ,,небитни" ми беа, другиве ги засенија.
Мемоарите на една гејша Ја следи приказната на малото девојче кое прераснува во прекрасна гејша, со предизвиците со кои се соочува трагајќи и копнеејќи по љубовта од еден маж.
Препорака ако ви се допаѓаат корејски филмови. Опфатени се психолошки аспекти на желбата за одмазда како движечка сила и впечатокот трае и по завршување на филмот. Ми се допадна што остава простор за размислување и сопствена интерпретација на последната сцена. Одличен избор на музика, тензично и хаотично дејство од почеток до крај. Нормално, неизоставни се и експлицитните крвави сцени типични за вакви филмови, ама севкупно гледано оправдана е високата оцена на имдб.
Blood simple (1984) Какво неверојатно деби на браќата Коен било ова. Филмски крими одек во иднината од едни покреативни минати времиња. Музиката е погодок. Сопственик на ноќен клуб е опседнат со идејата дека неговата жена го изневерува. Тој најмува детектив и платен убиец, по што сите тие ќе се заплеткаат. 10/10
Bugonia (2025) 5 / 5 Во последно време гледам многу добри филмови, па така овој не беше исклучок. Ми требаше неколку дена крајот да ми маринира во главата, за да се одлучам што точно мислам, но на крај се одлучив дека сепак ми се допаѓа. Инаку многу интересен концепт за филм, ми го држеше вниманието 2 саати, што скоро никогаш не се случува, некогаш знам да гледам филм 3 дена од што ми е испржен attention span. Кинематографијата е прекрасна, изборот на песни и аудио многу интересен, дури и фонтот што го избрале за некои делови од филмот односно за постерот, ми се допаѓа. Ема Стоун направи кариера со бејсик филмчиња и сега глуми во вакви чудни ствари и е феноменална во тоа.
Искрено давам за филмот 2/5 најмногу заради крајот. Филмот во глобала е интересен, убава љубовна приказна помеѓу асистент на факултет и негова студентка. Ме разочара најмногу крајот на филмот, барем не очекував дека ќе има таков крај после сите убави моменти во него.
Посакувам филмов да беше добар колку што им беше добар маркетингот. Такви најави, премиери, исечоци, трејлери за на крај да добијам едно големо ништо 5/10
The Roses (2025) Комична драма на тема брак. Не би рекла дека филмов е "must watch", но е забавно филмче и вреди да се погледне. За мене, доволно беше и уживањето да гледам двајца првокласни актери како Оливиа Колман и Бенедикт Камбербач на едно место. 7/10 Force Majeure (2014) Кога го гледав филмов, немав поим што да очекувам. Можеби лајт фамилијарно филмче. Но е се, освен лајт. Обработува многу интересна тема и вреди да се погледне. Филмов ми е гледан многу одамна, пред 10тина години. Неодамна открив дека има и американска верзија со Вил Ферел и Џулија Драјфус (Downhill 2020). Оваа верзија многу послаба и очекувано, покомична. Интересно е што во двете верзии игра Кристофер Хивју (Тормунд од GoT) 8/10