Send help со Rachel Mc Adams Интересно, забавно, духовито, црна комедија, непредвидлив филм, пријатно ме изненади
Последно ја гледав руската комедија "Кујната во Париз". 10/10 За сите што ја прателе руската серија Кухинја а и за тие што не ја прателе ја препорачувам комедијата. Ептен лека романтична комедија од 2014. Ресторанот во Москва им го затвараат па екипата мора да оди во Париз и да работи таму. Одамна се немам смеено толку на некој филм. Може да се најде со српски превод на јутуб ако бараш Kuhinja u Parizu.
И Trash (2026) Netflix. Spoiler: спојлер Понереален филм неам видено. Надоаѓа поплава невидена и носи ајкули од океанот коишто ги напаѓаат луѓето. Просто им влегуваат дома. Ама нереалниот момент е што една девојка се породува во вода додека ја опколуваат ајкули кои нормално ги убива и праи парче.
Неверојатен, смешен, напнат, ќе си поплачете може малку А со сигурност ќе се воодушевите од кадрите од филмов чија тематика е спас на планетата земја. 10/10
War of the Worlds (2025) Новиот Војна на световите, со Ice Cube. Вработен во aмериканската влaда врши надзор над населението, ги шпионира сите, вклучувајќи ги и неговите деца кои му се лутат. Доаѓаат вонземјаните и главниот лик среде крајот на светот ќе почне да го преиспитува она кое го работи. Не заслужува филмов таков хејт. Не мора еден филм да делува скроз реален и буквално да се толкуваат сцените. Мислам дека на плукачите им пречи тоа што семејството не се белци во оваа верзија, а има бетер филмови од овој. Мене ми се допадна крајот и тоа не ме изненадува штом Тимур Бекмaмбетов е продуцент, потсетува на неговите филмови. Оценка 6 или 7.
Wow, мора да го глеам Ice Cube у ваква улога. Јас го знам од Friday трите дела и Barbershop, и семејната комедија Are we there Yet? Boyz in da Hood. И башка Ева Лонгорија.
one battle after another Академијата речиси и нема промаш Заслужено наградуван во сите категории. Од сам почеток па до крај напнат, музиката дополнително ствара тензија, глумата на актерите феноменална. 10/10
El Castigo Одличен филм од шпанско говорно подрачје. Родители по расправија со син им (која што не ја гледаме) го оставаат кратко време на пат во шума под казна, меѓутоа кога се враќаат по него да го земат, сфаќаат дека него го нема. Оттука натаму филмот ќе ви предизвика вистински ролеркостер од емоции, почнувајќи со осуда и разочарување, а завршувајќи со емпатија и разбирање. Верувам дека особено ќе им се допадне на жените затоа што филмот прикажува една сурова вистина и реалност што ретко која мајка е спремна да ја изусти. Оцена 10/10
Apex (2026) Саша е искусна планинарка која после трагична ситуација се повлекува во изолирана, дива природа барајќи мир и дистанца од своето минато. Но наместо тишина, таа се соочува со непредвидлива и опасна ситуација, мора да се потпре на својата снаодливост, физичка издржливост и инстинкти за да преживее. Авантуристички трилер 8/10
The half of it. Ме изненади пријатно филмов, очекував нешто полошо како класичен тинејџерски филм, ама испадна дека не е и баш ми се допадна. Се работи за три деца од средно школо и нивните емотивни проблеми. Филмот зборува за повеќе теми како љубовта, пријателството, личниот развој и животните проблеми на тинејџерите, но не е напорен за гледање. Глумците ми се млади и непознати ама одлично си ги изиграа улогите. Режија е Alice Wu и ова се нејзините белешки за филмов. https://medium.com/@inscrutable/directors-note-for-the-half-of-it-393ecf5cd1b6
Don't Say a Word (2001) Мајкл Даглас во улога на психијатар кој заедно со неколку жени, се бори против криминалците. 7/10
Oslo, August 31st (2011) Овој филм ми е најдоброто дело на норвешкиот режисер Јоаким Триер (иако има повеќе популарни кои се понови). Млад човек излегува од клиника за одвикнување од дрога, но светот кој го пречекува, не е различен од светот во кој тој станал зависник. Најомилен филм за зависности, кратка приказна каде се разгледани многуте агли од животот/средината на еден лик како што е главниот. 8/10
Твојот коментар оди во прилог на квалитетот на норвежанецот, Јоаким Триер полека но сигурно се квалификува, влегува во категоријата на исклучителни - врвни режисери
Climbing for Life (2025) Јапонски биографски филм за животот на првата жена во светот која го искачи Монт Еверест во далечната 1975 година, Јунко Табеи. Филмот се фокусира на подвигот и целиот нејзин живот. Прекрасна приказна за женската сила, упорност и кршливост под стегите на општеството и она што животот ќе ни го донесе до моментот на спушање по планината надолу. Симболика објаснета во фимот е последната реченица. Гледајте го и дознајте повеќе. 10/10, ма 10+
Oxygen е напнат клаустрофобичен трилер во кој една жена се буди во капсула без сеќавање и со ограничен кислород 8/10