Последен филм што го гледав е... Се двоумев дали да го гледам заради тоа што се збореше дека е најстрашен филм на сите времиња, и дури вчера го гледав, ова е првиот дел, сега се мислам дали да го гледам вториот, сепак ќе кажам не за сега, нема да се изложам на тој страв и параноја што ме следи сега и да го гледам вториот дел Снимен е со една камера, сценариото е толку едноставно како обиччен секојдневен муабет, затоа и изгледа толку реално. Само за оние похрабрите љубители на хорори.
Последен филм што го гледав е... Devil, od продуцентот Шајмалан. Исклучително впечатлив заради простиот приказ на така вечно континуирана расправа за доброто и злото. За балансот на универзумот и космосот, за отплаќање на своите грешки, за олицетворението на нашите сопствени гревови и за силата на искреноста према себе, каењето и прошката... Целото дејствие се одвива во лифt, во коj се возат 5 луѓе. Лифтот се заглавува и еден по еден почнуваат да умираат набедувајќи се меѓусебно кој е убиецот и кој е олицетворение на Ѓаволот. Да не зборувам понатаму...вреди да се погледне. http://www.youtube.com/watch?v=ZRSYPB2cdi4
Последен филм што го гледав е... Devil. Треба да се види, сеуште сум под импресии Добро, може ли нешто што е напишано и продуцирано од M. Night Shyamalan да не е добро? Чиста реторика. Мене ми е јасно дека не може да не е добро. Одлично е! Засега типов ме нема разочарано и алал нека му е! А Logan Marshall-Green сакам да го грицкам цел П.с. Предупредување - не го гледајте трејлерот, или поточно не ги читајте коментарите под него! Некој „паметњакович“ ја напишал поентата на youtube За среќа не ми го расипа филмот до толку. Едит. Сега гледам дека и Дафни истото го гледала
Последен филм што го гледав е... Mamma Mia! - не сум по мјузикли ама филмот многу ми се допадна, а и Pierce Brosnan ми е едноставно прекрасен а башка песмичките по цел ден си ги слушам - одлична преработка посебно на песната S.O.S Мy girlfriend's boyfriend - истотака убаво филмче, малку различно од вообичаените лимонадки Due date- не е лош ама Hаngover ми е подобар
Последен филм што го гледав е... да подобар е Hangover но и другиов не е лош ... мој последен филм што го гледав е
Последен филм што го гледав е... Laws of attraction - само што го изгледав и дефинитивно влегува во мојата листа на омилени филмови!!! филмот е од 2004 и уште не ми јасно како не сум го гледала до сега
Последен филм што го гледав е... Јас го гледав Burlesgue многу ми се допадна, одлично филмче...одсекогаш им се восхитувам на овие танчарки, значи која забава можат да направат...ме потсетува на Мулен Руж филмот кој го сакам ептен..така да и овој со Шер и Кристина ептен е добар
Последен филм што го гледав е... Before sunrise последен го гледав, ептен го имав подзаборавено. Интересно филмче, авантура за еден ден.
Последен филм што го гледав е... Ајде и јас да го пофалам. Не е хорор, во вистинска смисла на зборот, нешто измешано е, не знам како би го дефинирала. Верувам дека ќе им се допадне на сите оние кои сакаат страшни и интересни приказни. Да не се повторувам, погоре имаа кажано за филмот, а јас како и нив можам да ви го препорачам! :up:
Последен филм што го гледав е... The Greatest - прекрасна психолошка драма. Станува збор за едно семејство кое го губи постариот син во сообраќајна несреќа. После 3 месеци на вратата им доаѓа девојката на синот (која беше со него во колата но преживеа) која е 3 месец бремена. Во филмот многу убаво е прикажана себичноста на човекот кога тагува, колку е фокусиран само на својата болка и заборава на чувствата на другите и дека не е сам и единствен кој тагува. Филмот малку ме расплака - а тоа ретко ми се случува :'( :'(
Последен филм што го гледав е... Mногу ми се допадна,тип на филм кој не сака паузи за грицки и тоалет,да го гледате
Последен филм што го гледав е... Мене баш ми беше интересен! и По незнам кој пат,прекрасен цртан,еден од моите поомилени и музиката е многу убава : http://www.youtube.com/watch?v=seV5e96bTL4
Последен филм што го гледав е... Mean Girls 2 Искрено првиот дел ми беше многу, многу подобар, но и овој не е лош
Последен филм што го гледав е... Злобните девојки напаѓаат деновиве, без разлика дали првите или вторите Јас сепак го гледав првиот. Изгледа вчера на Телма немаа друга работа, па по сто пати ги емитуваа филмовиве