Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.211
    Допаѓања:
    11.904
    Пол:
    Женски
    Филмот не е забавен како Trainspotting, туку е сериозен, трагичен и го препорачувам на сите кои беа заинтересирани, на форумот бараа филмови за зависности. Поучен е и за младите луѓе да не посегнуват по дрогата, но и за целото општество.


    Инаку последно гледав постар филм од 2000 година, Bedazzled со Брендан Фрејзер и Елизабет Харли, ром-ком фантазија, не ми беше нешто посебно, но претендира. 6/10
    Римејк бил. Од режисерот на Groundhog Day, Analyze This/That...
    [​IMG]
     
    На Cosmic Girl и boomsleng им се допаѓа ова.
  2. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    6.555
    Пол:
    Женски
    Now You See Me: Now You Don't (2025)
    MV5BNTZlYzdjMzgtYjU2ZC00MGQ5LWFiMDYtOTIwNzQ0M2MyNmU2XkEyXkFqcGc@._V1_.jpg

    Третиот дел од филмов ни прикажува обединување на старите илузионисти и соединување со тим млади со цел да исполнат зададена мисија.
    Повеќе ми делуваше како модерна Робин Худ бајка и да истакнам како и легна глумење негативка на Розамунд Пајк.
    По глумата во Gone Girl баш си го зацементира тој имиџ.
    Сигурно екстра си поминувале на сетови ( има мн. физички активности при изведувањето на триковите и се е супер скоцкано во филмот).
    Супер екипа се и постарите и помладите.

    Оценка 6 или 7/10.
     
    На plava.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Scorpio991

    Scorpio991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    IMG_0788.jpeg

    Оцена 10/10.
     
    На Billy Idol, Witchy-style и MeowMeow им се допаѓа ова.
  4. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    6.555
    Пол:
    Женски
    H Is for Hawk (2025)
    MV5BMDIyNTJkNmUtZDgzNi00NjBmLWE4ODktMjQ2MzA1OTZiZjZiXkEyXkFqcGc@._V1_FMjpg_UX1000_.jpg

    Филмот е базиран на вистинска приказна и раскажува како професорка- научник се справува со ненадејната загуба на таткото.
    Филмот има одлична приказната, дејствието во него се одвива пребавно и затоа презентира такви кадри од природата и академскиот живот скоро до совршенство.
    Музиката пак приказна сама за себе.

    Ме фасцинираше комплетно се.
    10/10
     
    На Mumoftwo30, Melissa_39, st-el и 2 други им се допаѓа ова.
  5. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    6.555
    Пол:
    Женски
    Hamnet (2025)
    Hamnet_film_poster.jpeg

    Филмов е совршено ремек дело, спој од пресовршени кадри од природа, секојдневен домаќински живот и чисти емоции...секакви емоции.
    Дава реален приказ на справувањето на една обична фамилија со едно од најболните нешта, загуба на дете, додека во цела позадина тече нивната егзистенцијална борба.
    Искрено почетокот ме восхити, потоа дејството станува побавно и ми падна вниманието, но при крајот кога се откриваат приватноста и целта со која завршува филмот останувате подзинати од восхит и возбуда зад големината на делото.

    Се мислев помеѓу 10 и 9 нека е 9/10 со препорака обавезно гледајте го со кутија хартиени марамчиња покрај вас.
     
    На st-el и Eunoia им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    25.782
    Пол:
    Женски
    Pearl (2022)

    [​IMG]

    5 / 5 :*:

    Конечно го гледав PLEASE IM A STAAAAAR филмот. :D Совршен филм за некој чиј омилен жарн на филмови се психолошки трилери (јас). Многу добар, апсурден, кинематографијата одлична.

    Дали е нормално да се поистоветувам со лик кој е напишан како психопат? Не знам, ама сцената кај што Бисерка само ја почувствува промената на енергијата на дечкото и има breakdown, ја осетив во секоја клетка. :D
     
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    25.782
    Пол:
    Женски
    Obsession (2025)

    [​IMG]
    3.75 / 5 :*:

    Никогаш, никогаш не заборавајте дека несигурни луѓе се дно на човештвото и на крајот на денот се најзлобни затоа што немаат способност да не се перципираат како жртва. :l: Мојата омилена порака од филмот.
    Добар. Ми држеше внимание цело време и мислам дека е доста уникатен, као, не можам да кажам дека сум гледала ваков филм. За одредени сцени се чудев како некој се сетил да ги воопшто напише и режисира. Глумата беше феноменална, главната актерка кидааааа.

    Дали бев воодушевена како што е целиот свет? Не баш. Ама разбирам, не сум лута што има толкав хајп.

    Ја мразев Мечката од првата секунда кога се ликот појави на екранот. Многу мразам несигурни луѓе, несигурни мажи, nice guy синдром. Секогаш кога ќе отвореше уста и не можеше да се изрази до крај пошто е пичка најголема, си ја кубев косата. Фуј, фуј, фуј. Што подалеку.
     
    На Billy Idol, Witchy-style, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.807
    Допаѓања:
    23.570
    Backrooms (2026)

    Можда и не беше лош, колку што не ми беше за оваа вечер. Сакав само да заспијам со демони кои излегуваат од плакар, некој вреска, сите умираат, ваков психолошки хорор, повеќе ми е како домашна задача отколку забава. Ова е од оние филмови што бараат да поврзуваш работи, пола да сфатиш, пола не, па после да гуглаш, да читаш коментари и да гледаш youtube објаснувања. Затоа 5/10, пошто ме замори, т.е расони, пошто откако го догледав, читав за да сфатам што гледав.

    [​IMG]

    Ова било инспирација за филмов:
    https://mk.wikipedia.org/wiki/Бекрумс

    [​IMG]

    Можда затоа и не ми беше нешто посебно, прв пат слушам за ова.
     
    Последна измена: 11 јули 2026
    На imorena му/ѝ се допаѓа ова.
  9. МикиМаусовка

    МикиМаусовка Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2024
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Ghostland-film-poster.jpg

    Филмот го следи животот на мајката на две деца која наследува куќа од својата тетка. Но уште во првата ноќ во новата куќа, мајката се соочува со убиствени натрапници против кои мора да се бори за да ги заштити животите на своите ќерки. Работите стануваат почудни кога, 16 години подоцна, ќерките се собираат потворно во старата куќа.
     
    На FriendOfDorothy, imorena и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  10. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    4.019
    Пол:
    Женски
    The Wasp
    IMG_20260717_225129.jpg
    Солиден психолошки трилер.
    Се работи за две поранешни пријателки кои повторно се среќаваат, едната од нив предлага неочекувана понуда која ќе им ги смени нивните животи засекогаш.
     
    На Melissa_39, FriendOfDorothy, f.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. MrsBrown

    MrsBrown Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2024
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Менхетен, од Вуди Ален
    Смешеен, откачен, како и секогаш, мешавина од ликови со разни карактеристики, необични љубовни врски.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    6.101
    Пол:
    Женски
    Го гледав Одисеја на Крис Нолан. Оцена 9.5/10.
    Искрено за малце немаше да го гледам од преголемиот хејт кон актерите Лупита Нионго и Елиот Пејџ, што ќе беше голема грешка.
    Кристофер Нолан е човек што без ЦГИ прави филмови што воопшто нема ни да помислиш дека немаат ефекти, ремек дела се.
    Во Троја се велича војната, додека во Одисеја сфаќаме дека Тројанскиот коњ е всушност трикот што предизвикал пад на цивилизацијата, рушење на се што е искрено и чесно, и кршење на законот на Зевс.
    Расата на актерите нема никаков удел, секако приказната е фиктивна, но пораката што ја пренесе Нолан вреди да се погледне и слушне.
    9,5/10 е заради некои делови што се пропуштени од митот, но со нив филмот би траел предолго, така да немам замерка.
     
    Последна измена: 25 јули 2026
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pance24

    pance24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Машки
    Disclosure Day
    6 од 10.

    Откако Трамп ги објави тајните фајлови за НЛО се повеќе филмови се насочени кон таа мистерија, но никако не можаат да ја доловаат суштината на самиот почеток на филмот. Од 80тите па наваму све само исти карактери и телепатски командувања на човечкиот мозок.

    Имаше и една документарна емисија каде што као наводно имали тестирање на НЛО непознати летала и нивната внатрешност. Наводно се состоело од 10 елементи едно летало коешто лета со брзина на светлината и патува во други димензии ( ма немој да ме је*еш )
    Све од сево овоа во документарци и филмови се само мачкање очи за јавноста. Реалноста е далеку поспецифична.
    Така да Стивен Спилберг во филмов ништо не опишал нити се потрудил воопшто.
    Барем да вовел малце доза на забава како во случајот со Е.Т
     
  14. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.807
    Допаѓања:
    23.570
    Over Your Dead Body (2026)

    Фина црна комедија, трилер, хорор, акција, драма, сите жанрови у еден. 7/10

    Брачен пар оди на викенд у изолирана куќичка со цел да си го спаси бракот, но работите излегуваат од контрола...

    [​IMG]
     
    На Melissa_39, Adidas888, imorena и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.211
    Допаѓања:
    11.904
    Пол:
    Женски
    Mother Mary (2026)

    Не си го губете времето на овој филм. Психолошки трилер, хорор, мјузикл, драма, романса, artsy-fartsy... не се знае што е.
    Го разбрав, инаку.
     
    Последна измена: 29 јули 2026
    На Mumoftwo30 и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    7.005
    Пол:
    Женски
    Obsession (2026)

    Хорор ама нетипичен. Млад дечко е заљубен во колешка од работа, но нема храброст да ѝ признае. Една вечер замислува желба девојката да го сака најмногу на цел свет, по секоја цена. Желбата инстантно му се исполнува и оваа станува опседната со него на крајно бизарен начин. Многу ми се допадна како е разработен синдромот на “good guy” кај ликот во главната улога, на добар начин е претставено колку тоа не е наивно, иако понекогаш изгледа така. На крај човек се прашува кој е всушност лошиот во приказната.

    10/10 од мене, го препорачувам.
     
    На Billy Idol, FriendOfDorothy, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    3.286
    Пол:
    Женски
    Човек - пајак 9/10 IMG_8325.png

    Акција, авантура.
    Деноноќната борба против криминалот во свет што не се сеќава на него и тагата што ги гледа старите пријатели кои продолжуваат без него поттикнува промена кај Питер што тој можеби нема моќ да ја контролира.

    Но, таа трансформација е можеби единственото нешто што може да ja запре ужасната нова закана за градот и оние што ги сака - моќен никаквец што никој не може ни да го види.

    Луѓето можеби го заборавиле Питер Паркер, но тој не ги заборавил нив.
     
  18. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    807
    Пол:
    Машки
    Ова е твоја рецензија или си копирала од описот на филмот?
     
  19. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    3.286
    Пол:
    Женски
    Копирав од описот на филмот. Не знаев дека е забрането. :D
     
  20. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    7.005
    Пол:
    Женски
    The Odyssey (2026)

    upload_2026-8-24_8-42-42.jpeg

    Го гледав на IMAX и сум воодушевена. Прво, искуството да гледаш на толкаво платно е неверојатно. Друго, филмот е фантастичен. Сѐ уште сум под импресии, би го сместила во мои топ 3 филмови.

    Приказната е според Одисеја на Хомер, односно десетгодишното враќање на Одисеј дома назад од Тројанската војна. Откако ја победуваат војната со измама скриени во Тројанскиот коњ, тој и неговите војници го започнуваат патувањето назад. По пат се сретнуваат со различни предизвици и искушенија. Во меѓувреме на Итака, неговата кралица Пенелопа верно го чека да се врати од војна, иако во дворецот се доселени многу мажи што сакаат да ја оженат и да застанат на престолот.

    Нолан успеал многу добро да ја долови приказната и да го прикаже комплексниот лик на Одисеј со сите негови внатрешни борби. Очекував Зендаја да е поприсутна, а се појави само во неколку сцени на кратко. Инаку и Тревис Скот глуми во филмот и ниту мене не ми беше јасно од каде тој ама се снајде.

    10/10
     
    На Witchy-style, eliesaab, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.