Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    4.844
    Пол:
    Женски
    Верити ( Verity) 2026.
    Според романот на Колин Хувер.
    Лоуен Ешли, писателка на почетокот на својата кариера која е ангажирана да ги доврши преостанатите книги од успешната серија на повредената авторка Верити Крофорд. Поради тоа, Лоуен се сели на зафрлениот имот на семејството Крофорд со цел да ги прегледа белешките на Верити.
    Таму, Лоуен случајно открива морничав и незавршен автобиографски ракопис кој содржи вознемирувачки и изопачени признанија за минатото на семејството и за сопругот на Верити, Џереми. Како што Лоуен поминува повеќе време на имотот и се зближува со Џереми, таа почнува да се губи во мрежа од манипулации, тешко одвојувајќи ја фикцијата од реалноста и откривајќи смртоносен заговор.
    1.jpg
     
    На Elenpelen и Аргентина * им се допаѓа ова.
  2. МикиМаусовка

    МикиМаусовка Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2024
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.582
    Пол:
    Женски
    MV5BOGRkZjdmNjQtYTJkZi00MmQyLWE3YzAtOGE4MmI1MDI1NjM3XkEyXkFqcGc@._V1_.jpg
    Приказната го следи американскиот социолог Бен Монро кој ја истражува локалната секта во Берлин поврзана со опасни настани, додека неговата ќерка се впушта во врска со еден мистериозен локален жител.
     
    На Amica geniale и Аргентина * им се допаѓа ова.
  3. dasd

    dasd Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2024
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    307
    Дали светот е спремен за откривање на контакт со други цивилизации? Разоткривање на дезинформации и корпоративен диктат за вонземјански мистерии
    upload_2026-10-23_23-0-49.png
     
    На МикиМаусовка му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.322
    Допаѓања:
    12.083
    Пол:
    Женски
    Let's Make Love (1960)
    [​IMG]
    Билионер дознава дека се подготвува драмска претстава во која го исмеваат и ќе отиде на пробите да види за што станува збор. Театарските работници ќе го помешаат со "двојниците" пријавени на кастингот за да го глумат неговиот лик, а тој ќе ја продолжи играта откако ќе ја здогледа главната актерка.

    Ѕвезди во филмот се Мерилин Монро и еден од најпознатите пејачи во историјата - Ив Монтан (двајцата започнале афера додека снималe).

    Лесно филмче за опуштање, комичен мјузикл, но ќе ве остави да размислувате колку некои нешта можат или не можат да се купат со пари во време кога жената станува независна.
    Мене ептен ми се допаѓа стилот, отмено, господски и со нота на носталгија, иако навестува трендови кои тогаш доаѓале со преминот во нова деценија.

    8/10
     
    На boomsleng и МикиМаусовка им се допаѓа ова.
  5. dasd

    dasd Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2024
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    307
    Во време на големата депресија поради напад на полицаец го осудуваат на затвор а му ја одземаат ќерката и ја праќаат во поправен. Очаен за да излезе од затвор најбрзо прифаќа понува која го носи во неизвесност
    upload_2026-11-4_17-4-42.png
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.