Последен филм што го гледав е... Интересно е филмчето, онака релаксирачко, додека го гледав и мене ми се роди желба да се качам на сцената со нив
Последен филм што го гледав е... Mногу ми се допадна,убава порака носи,гледајте го!! Spoiler мене ми беше онака просечен,имаше некои смешни сцени,ама не сум толку воодушевена ливинг за кој филм станува збор,не можам да ја видам сликата ?
Последен филм што го гледав е... The man who cried....Го симнав ради Џони и Кејт Бланшет бидејќи ја обожавам али филмот е тапа...не ми се допадна воопшто,некако нафрлани сцени,никаква содржина,ептен досадно....не би го препорачала сеа се нервирам и за времето што си го потрошив за него.
Последен филм што го гледав е... ^Леле, леле се возбудив Не знаев дека имало филм според книгава, уф мора да се гледа...
Последен филм што го гледав е... Не си го гледала сеуште Многу е добар јас очекував помалку од филмот за разлика од книгата...но и во темата филмови според книги пишав дека филмот е одличен,девојката што глуми баш така си ја замислував додека ја читав книгата.Овој филм е од малкуте што се според книги а не ме разочарале. И многу се извинувам за офф.
Последен филм што го гледав е... Последен го гледав All good things. Добар, интересна приказна, не предлабок, не прелесен. Онака, го препорачувам, ама не must to be seen. А за викендов сум се опремила доообро. сВе филмчиште до филмчиште! Фрштат мегабајти данлоуд
Последен филм што го гледав е... Да не беше форумов и темава, веројатно многу добри филмови ќе пропуштев. Одличен вкус имате феминки Он топик: Исто по препорака на повеќе форумџики. Му давам 10ка на филмов, ме лазеа морници додека го гледав! Сакам филмови направени според вистинска приказна.
Последен филм што го гледав е... типов нема филм што не му е добар он топик----- сега ќе го гледам 13, со актерот од Tранспортер, па ќе пишам критики
Последен филм што го гледав е... Последни филмови што ги гледав Love and other drugs – Филм од 2010 зборува за алчноста на фарамцевтската индустрија, за конкуренција, успеси,неуспеси, за млад, амбициозен женкар и за него се појавува онаа, една меѓу илјада жени а тоа е Ен Хатавеј во главна улога, болна од паркинсонова болест, колку љубовта ја има силата да преброди една неизлечива болест? Daybreakers - Интересна и невообичаена идеја во светот на вампирите, интересно филмче за тие што можат да поднесат ту мач блад и сакаат вампирски филмови секако. The Butterfly Effect – Спој на сајнс фикшн и драма, поттикнува на размислување за животот воопшто. Добар да се види. Добро одглуми Ештон Качер.