Последен филм што го гледав е... Conviction 2010 – Фасцинантна драма за која нема да зажалите ако ја погледнете. Базиран на вистинска приказна, е вакви филмови сакам да гледам, а не твилајтови,научни фантастики, немојте да ми замерите, прашање на вкусови. Да се вратиме на филмот, зборува за тоа колку е јака љубовта што ги врзува еден брат и една сестра. Имено, брат и го осудуваат на доживотен затвор за убиство од прв степен без можност за помилување и сестрата жртвува многу од својот живот за да му помогне зашто е убедена дека е невин. Хилари Свонк во главна улога, одлично си ја одигра улогата....
Последен филм што го гледав е... Лесно филмче. Знаев дека ќе биде интересен што видов дека е со Метју, а неопходно е да кажам дека и овојпат глуми фраериште со илјада цури околу него. Приказната е малку поразлична од секојдневните лимонадки, ама пак е тука некаде. Голем плус за филмот што изобилуваше со сцени со животни.
Последен филм што го гледав е... Eat,pray,love! Spoiler He ми се верува дека толку долг беше филмов,жена која пробува да најде мир,се зближува со бога и на крај наога љубов не беше лош,ама не ми се допагаше таа слика што ја прикажуваа кон храната,ти се чини емисија за италијанска кујна гледаш
Последен филм што го гледав е... Си ја читала книгата? Супер е за релаксација книгата. Ама филмов го гледав на 2 пати по 1 саат. Заспав првиот пат, ама од инат зашто ми се допаѓаше книгата го изгледав и следниот саат ипол. Развлечено, развлечено, недај боже во кино да го гледаш. И нормално што има слаба оценка. Не мора кога правиш филм да ставиш се од книгата, колку за информација на режисерите за во иднина. А баш ми се допадна делот со храната, па тој италијанскиот дел е најинтересниот во филмот. Во книгата па како раскажува за храната. Мњам мњам. Мораа и во филмот да доловат дел од атмосферата. Мене баш ми се допадна. Одма ми се пријаде
Последен филм што го гледав е... Премногу вистинит! На психа мава! Што може дрогата да ти направи! Ухх се наежив од филмов! Spoiler (не ми требаше пред спиење да го гледам )
Последен филм што го гледав е... Hе не сум ја читала книгата,ама навистина развлечено убаво што дома си го гледав,ке пукнев в кино
Последен филм што го гледав е... Ако може да се каже дека го гледав Вчера случајно го начекав P.S. I love you, на Канал5 од самиот почеток. И не знам зошто и покрај тоа што сите го фалеа јас знаев дека овој филм мене нема да ми се допадне Многу монотон, нереален.......тоа се моите впечатоци. Искрено не ни имав желба да го догледам, па си сменив канал ( ми се допадна само глумата на Жерард Батлер)
Последен филм што го гледав е... :up: :up: Одличен филм! Многу ми се допадна. Го препорачувам на сите оние кои сакаат да одморат од американските предвидливи лимонади за опуштање на мозокот. Овде треба малку да ги вклучите сетилата
Последен филм што го гледав е... Spoiler Како за трето продолжение на филмов, добар е. Интерсна, лесна комедија, со класичен хумор. Ама не им чини што го завршија со најава за четврто. Мислам дека е доста.
Последен филм што го гледав е... A perfect getaway - одличен трилер, тотално непредвидлив а и Timothy Olyphant и прекрасните плажи во филмот се мелем за очи The Romantics - па и не е нешто посебно интересен, ма да има убава приказна - девојка се мажи со бившиот дечко на најдобрата другарка а нејзе ја кани да и биде деверуша.
Последен филм што го гледав е... Life as we know it...добро филмче,детенцето беше ептен слатко,анѓелче мало