1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

'Последиците' од општеството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од connie, 26 август 2012.

  1. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Најдов една слика и таа ме поттикна да ја отворам темава и да ги видам вашите мислења во врска со истата
    [​IMG]

    -Дали вие мислите дека општеството влијае многу врз денешната младина? Јас наоѓам често слики и пораки во смисол "You're not ugly society is", "Society killed the teeneger", "Damn society really know how to make you feel like piece of shit." итн. Дали мислите дека општеството има доволно моќ да 'убие' нечија самодоверба ?
     
    На Lella, КикиМаус, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Emi93

    Emi93 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    16
    Connie, секоја чест за поставенава тема. :)
    Да, до некаде мислам дека општеството влијае врз социјализацијата врз луѓето, особено врз адолесцентите. Големо влијание има и домашното воспитување, бавната реакција на образовниот кадар во вклучувањето на брзите токови кои ги носи ерата на информатичката технологија, немањето време на државните институции да се посветат на растот и развојот на новите генерации и така натаму.
    Меѓутоа, младите, како што реков, во ерата на информатичката технологија имаат пристап до информации како никогаш до сега. Прашање е на степенот на равиена свесност, како и за што ќе ги употребат усвоените информации. Личното надоградување, односно индивидувалниот развиток на секој поединец е многу важно, затоа што така се наголемува свеста на колективен план за подобро општество. Со поедноставни зборови, секоја промена почнува од нас самите. :)
     
    На connie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.574
    Пол:
    Женски
    Точно е дека општеството е убиец но не само на самодовербата туку и на човечките вредности. Се најдов и јас во вртлогот на современото општество, ме зеде и ме извалка и мене но сега сум повторно на свои нозе.
     
    На Читател му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.235
    Многу влијае, ама негативно.
     
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Ако нешто најмразам, тоа е живеење по наметнат стандард.
    Цка и клавирот имаше едно мислење кое навистина треба да биде запаметено.
    Не само за физичкиот изглед, туку во текот на целиот живот
    Повелете
    Живееме живот според желбите и барањата на другите. За да ги почитуваме општествените норми и правила, за да задоволиме идеи и надежи на родеителите, за да не и ја полниме устата на комшиката, за да добиеме пофалба или признание од луѓе кои не ги познаваме. Среќата им ја даваме ним, а ние сме најнесреќните суштества.

    Требало да одиш на школо, требало да ги имаш сите петки, ако не, ќе те караат. Дома и ќотекот ќе го изедеш, ако не е како што замислилле тие. Ти си роден креативец, сакаш да пееш, да црташ, или роден спортист, и сакаш по два пати на ден да одиш на тренинг, живееш за моментот кога ќе дадеш гол или кош или деветка, ама не... Мајка ти ќе се срами ако имаш двојка хемија, ќе те натепа, ке ти забрани нешто, ќе те казни со тоа што нема да ти даде да одиш на курс по англиски или француски иако веќе зборуваш и во памет на странски јазик, само заради тоа што замислила дека нејзиното дете ќе е најдобро на школо.

    И затоа сфаќаш, со малата глава на тинејџер, дека ако правиш она што го сака, ако добро црташ, добро играш фудбал или сакаш да си полиглот, не чини. За тоа се јаде чотек, а се е супер каде секаде учиш 3 лекции и добиваш петка. И по хемија. И така, газот не ти е модар, душата ти плаче, ама така требало. Оти на Перса ќерка и кога може да е со сите петки, што ти фали тебе да не бидеш. И плус, мајка ти не знае, а можеби ни ти, дека на Перса ќерка и учи на памет, глупа е ко гуска и нема посебни квалитети во ништо. Освен да научи на памет 4 страни, или 3 лекции. И наместо Салвадор Дали да ти е идол, ти се мериш со на Перса ќерка и. Успехот е да си подобар од неа.

    Одиш средно, наоѓаш прва љубов, дечкото те сака многу, ама дома јадеш котек оти бил од сиромашно семејство, несвидно семејство на бивши работници, сега стечајци. Упорно одиш со главата у ѕид за да докажеш дека љубовта е посилна од се, цитираш стихови од рок групи, ама мајка ти и татко ти се тука, секој ден, дење и ноќе, да ти објаснат колку мизерен ќе ти биде животот со таков маж или жена. Ти викаш дека не се мажиш, дека го сакаш а си само 17 години, они ти објаснуваат дека за инат ќе те остави трудна за да немаш иднина и да останеш подпросечна како него, оти мажите не трпеле жената да е попаметна од нив. И после секој ден визуелизација на твојата иднина како переш алита на реката со пет деца а маж ти е пијаница, оти мора да е како татко му, крушата под круша паѓала, ти станува одвратен дечкото и раскинуваш. Ако е девојката, мора да е курва ко мајка и. Бараш некој кој е во рамките на барањата на твоите, оти тортурата е преголема за пак да ја преживуваш.

    Одиш на факултет, на оној кој ти го одбрале, на пример ако мајка ти е докторка, мора да си на медицина, ако татко ти е адвокат, мора да си правник, ако татко ти е градежник мора и ти на архитектура да одиш. И да викаш дека мноооогу си сакал на историја на уметност, ама имало пари у семеен бизнис, ете у канцеларија со татко ти ќе си бил. Учиш одвај со години, ти се повраќа од иститите, ама завршуваш. Цел живот работиш она што не си го сакал.

    На 25 веќе ти кажуваат дека е време да се мажиш/жениш. И тоа трае до 27 оти веќе не можаш да издржиш, па му досаѓаш на дечкото за брак, или ако си машко, се опиваш и и нудиш брак, оти така треба. Следува најубавиот период на свекрвата и бабата, каде ќе покажат колкави им се ташаците т.е колку пари имаат. Ти си марионета на свадбата каде се слави ТВОЈОТ брак, со сите адети од кои пола не ги знаеш од каде се и зошто се. Ама како така момчето да не ја кине кокошката кај невестата и како така невестата да не проси по масите за 50 денари? Што ќе рече народот? Играш на Цеца и Благуно дејче мори, а никогаш не си ги слушал. Гледаш пијани сватови на кои ни име не им знаеш, ама како така да не го поканиш на чичко ти зетот, срамота било, они му биле на свадба. Типот пијан фаќа жени за газ, ама кога ќе реагираш иде некој сељак и ти кажува дека „сват сваќа пофаќа“ што и да значи тоа. Завршува пародијата од цицкотрес по повод твојот брак, можеш да одмориш. А баш си сакал рок журка со пријателите. Ама не е по правилата.

    Доаѓа периодот на - а кога бебе? Како да кажеш дека сакаш на Малдивите? Како да кажеш дека сакаш да спиеш до касно и да живееш до касно? Како да кажеш дека сакаш дете, ама рано ти е и дека сега сакаш кариера, или забава? Ако изустиш, не си нормален. Не си знаел која радост е дете. Во памет си викаш глупачо, јас знам која радост е дете, ама ти очигледно не знаеш дека има и друг живот освен пелени и гомна. Се омажи на 21, со вториот дупач, оти остана трудна. Јас ке имам дете на 30, ти нема да имаш живот на мома/ерген повторно.

    Злобните усти по една година од немањето дете викаат дека си бил на Малдивите за да преболиш што не можеш да имаш деца, дека секоја вечер пиеш од мака по дете. Не знаат дека си сакал да шеташ и журкаш. Откако сите ќе ти се качат на глава со дете дете дете дете го правиш. Сите пред тебе знаат дали е машко или женско, а тебе ти е сеедно, сакаш да е здраво. Наеднаш сите знаат како треба да се однесува трудница и што треба да јаде, а што не. Некоја жена со која едвај имаш здраво се појавува да ти каже дека чај од нане не се пиело. Иако имаш желба да и траснеш врата така што ке ја боли нос, од пуста учтивост (што ке речат комшиите) ја трпиш. Она на брзинка ти кажува колку боли раѓањето и дека те жали што ке се мачиш, а не пропушта прилика да ти каже за на комшијата снаа од втор братучед која умрела на пораѓај од нане пиење. И викаш фала, одиш да повратиш, не од мачнини, туку од идиотизам.

    Раѓаш дете, наеднаш сите се експерти за бебе. Ти си мајка, глупа, смотана, која не знае дете да изгледа. АЛОООО МЕЧКАТА У ГОРАТА ЗНАЕ МЕЧЕ ДА ОДГЛЕДА НЕ ПА ЈАС!!!!! Ама нема веза, у очите на светот, глупа си и не знаеш, они знаат, родиле пред 40 години, и ти од учтивост треба да викаш да така е, оти така те воспитале.

    И по една година муабети колку си дебела, или преслаба, ако имаш подочници те тепа маж ти, ако немаш, одна костата ти е испопаѓана од малтретирање.... Поминува тој период и се почнува: А второ дете кога? А да те пикнам у кревет со мене и маж ми па да ми кажеш??? - си викаш у памет и викаш здравје. Здравје ти е омилен збор за откачување идиотки. Си викаш, второ дете Здравко го крштевам, ама ке го родам по 5 години. Сакам да се вратам на кариерата, да го воспитам ова како што треба.

    Ке ги пораснеш децата, и сите знаат каде треба да одат на школо, која учителка е најдобра и како имало зелени мрсули. Наеднаш знае име и презиме на бактеријата, а од детски доктор има само спроти улица видено.

    Ако се разведеш, одма си распуштеница и ороспија со тапија. Од оставена жена подалеку, имало зошто ја оставил мажот. Некое време се трудиш да објасниш дека имал ебачица и дека ти си го напуштила, и викаат - ете ја скрена, златен маж, како нема да оди по други, маж е тоа, кој ќе трпи нездрава. АКо маж се разведе, пијаница е, затоа го оставила. Или не му се крева.

    Ако не се разведеш, ке ти измислат швалер. Зависи од комшиката каков е, ама мора да го има.

    И на крај, кога умираш, спремаш алишта за умирачка, кажуеш златото кој кај ќе го стави и носи, и што да се даруваат луѓето оти срамота е.

    Да ти се плукнам у живтоот по правила. Само еден беден живот живеен за друг. И не вреди некој да плаче кога ќе умре ваков човек, овој човек не умрел сега, умрел на раѓање. Сега се спасил од огромните усти на оние кои немаат живот и го живеат неговитот. Со лесно умирачката, и со желба за нешто подобро во следниот живот. Белким ќе се родиш крава у Индија, оти ако си со сопствени желби било каде некаде на светов и си човек со IQ повеќе од 100, пак ќе се соочиш со правила на живеење.

    ПС Постов не е за мојот или нечиј конкретен живот, ме инспирираше филм. А вие пробајте да направите нешто што вие сакате, а не што сака некој друг. Па макар било и црвена коса и пирс на носот. Нека умре комшиката од мака.
     
    На mileystar, Lella, ♣ Alba Viduam ♣ и 5 други им се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Премногу ги има . Ги осетив и јас во свое време , го осеив и јас она " џвакање " од социјалните мрежи . Осетив кога несвесно влегов во " бубањот " на лажни животи , лажно совршенство и претставување на " розов " свет . Среќа па се извлеков речиси без последици . Од последиците , жалам за безвезното дремење на компјутер/телефон со саати , изгубеното време и ослабениот вид . Жално е за оние кои не испеаа да излезат од тој " бубањ " , па безмилосно беа " соџвакани " . Што се однесува на реалното општество , имам една комшика кај мајка ми , не се гледа себе си , но затоа таа е најубава , најпаметна и најфина од сите . Го дигнала носот сум поминала и не сум и кажала " добар ден " . Епа не и кажувам . Незнам колку милиони пати сум и велела , уста пена ми фати , еднаш ако ми има вратено . Ако таа е толку ценета за себе си па и е понижување да ми врати два збора , и мене ми е понижување да и кажам два збора . Овие другите сите беа генерации со баба ми па и не ми беа битни . За деца гледање , експерти ипол станаа сите во околинава . Некои уште немаат свое . Ма , се нервирав до пред некое време , сега не ги ставам ниту на најмалата нерва .
     
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ептен реална тема и на место поставена.
    Колку се само точни овие quotes во првиот пост... Отсекогаш сум имала разбирање за вакви чувства, не ги сметам и никогаш нема да ги сметам како излитени фрази, ниту пак несфатеноста кај тинејџери по дифолт како фолирање и барање внимание.

    Нормите што ги поставува општеството како целина и кои дозволуваат на една индивидуа другите да се дрзнат да ѝ обликуваат важни животни одлуки, потсмевањето и осудата за стил на живот што отстапува од тој калап и размислување надвор од кутијата, наметнато безрезервно почитување на авторитети, поделби по разни основи и како што пишала авторката на темата - негативно влијание на самодовербата... ете таков тип на проблеми ми се она што е труло во општеството во глобала, без алудирање на некое место и време.

    Како што во едно не толку познато песниче што многу го поштувам текстот, се вели - They don't know how to value uniqueness, so they turn their heads away - eте, во вакви луѓе не дозволувајте никогаш општеството да ве претвори, ниту пак дозволувајте ваквите да ви влијаат на самодовербата и на личните одлуки. :d:
     
    На Lella, Читател и КикиМаус им се допаѓа ова.
  8. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Секогаш ќе се најде некој кој ќе те осуди, па макар и ти бил совршен.
    Се наметнуваат некои непишани правила, како треба да изгледаме, да се однесуваме, мислиме.
    И ако си малку поразличен, ако различно размислуваш почнуваат осудувањата, чуден си.

    Мора да се однесуваш како Стојна и Митра, да правиш што и тие прават, да бидеш како нив, бидеќји ако не си следуваат коментари од типот:
    - Многу си чуден/чудна. Зошто не можеш да бидеш како нив? Што ти фале?

    И тогаш човек почнува да се испитува себеси, почнува да се убедува дека му фали нешто и треба да биде како Стојна и Митра, нема самодоверба.

    Не сакаш шминка, но како е можно тоа, па женско си.
    Не сакаш тепање, насилство, не си доволно маж.
    И како тоа нема да го земеш презимето од маж ти, што ќе се правиш модерна.
    Немаш телевизор, па во кој век живееш?
    Зошто си ја скратила косата, девојче си, не ти личи.
    Не пиеш алкохол, абе ајде не се глупирај, да маанеме по една.
    Ослабнеш, лелее што си се направила, подобра беше кога имаше плус некое кило.
    Се здебелиш, зар не мислиш да ослабиш? И брат ми се здебели ... Остај подруго е за машки, девојче си не те личи.
    Што си се фарбала сино/розево/зелено. Што се глупираш?


    И мноогу други. :D
    Поентата е дека што и да правиш пак ќе бидеш осудуван.
    Не треба да дозволиме општеството да ни кажува какви личности да бидеме. Не живејте за другите, туку за себе, иако е малку тешко си гледам по мене. Се` уште се замарам што другите ќе кажат. (facepalm) :@
    Правете го она вам што ве прави среќни, секако доколку е легално и не на штета на некој друг. :D
     
    На kikkki, Someonespecial, ♣ Alba Viduam ♣ и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Општеството секако има влијание врз личноста, меѓутоа раната социјализација започнува од семејството, во чии рамки личноста се формира и развива, тука големо влијание има воспитувањето и насочувањето на младата индивидуа кон новите животни фази, а клучната улога ја имаат родителите. Понатаму, големо влијание има и училиштето, средината во која се движи и функционира личноста, друштвото и воопшто општеството. Низ целиот овој процес се учат и усвојуваат основните општествени норми, кои треба да послужат како ориентир, но многу фактори играат улога во тоа колку и какво влијание ќе има општеството врз личноста на човекот.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.