Ајде девојки, кои се последиците? Дали на пример, покачениот притисок и тахикардијата се последици од породувањето, потоа болките во кичмата, и дали тоа се сериозни закани за повторно природно породување?
хммм. Кај мене барем до сега нема симптоми од ништо од набројаното. Можеби има врска и начинот на породување, претпоставувам царски (јас природно се породив). Единствено што ми текнува е слабокрвност првиот месец, што е нормално заради крварењето.
јас природно се породив и немав никакви негативни последици Првата недела левата нога ми беше малце фатена од епидуралната ама се пушти брзо Друго ништо А приметив пред некој ден бев затрчана и на местото каде што добив инекција за тромбоза од една ученичка местото уште ме боли од што незгодно ме боцна . Како отрпнато ми е а поминаа 2 ипол месеца
Освен зголемена килажа во бременоста па и по породувањето се друго е нормално. Нормално е и да си царски ако не може природно, лошо сошиена таму долу не ти се допаѓа , доаѓање на млеко во гради, крвавење накај 40 дена ....и бебе во раце Други некои компликации може да се појават при не нормална бременост и сл. ама и тоа е нормално кај такви бремености, си има доктори....какви бре последици
Јас немав некои негативни последици,а крварев околу 45 дена што е сосема нормално (инаку се породив природно)
Последици од двете породувања ми се двата реза (царски) кои почнуваат како една ,а завршуваат како две линии.Тапото чувство во тој дел е нешто што ќе остане како такво засекогаш. Сега засега сеуште имам болки во грбот ,кои би требало веќе да престанат,но за 5-6 месеци повторно ќе се вратат кога малата ќе заодува.Како друга последица која очигледно нема никогаш да ја снема е преживеаниот стрес и страв со првото породување за кое мислев дека ќе ми помине со второво,но сум се излажала Сума сумарум сите овие последици се занемарливи во споредба со радоста,љубовта и убавината кон и од дечињата . Оф топик да напоменам дека тие што родиле повеќе не се девојки ,туку МАЈКИ !!!
1. Постпородилната депресија која ме држи и после 3 ипол години. Сериозно Значи јас после породувањето западнав во тешка депресија, се случија уште некои немили настани кои ја продлабочија уште повеќе, а последиците ги чувствувам и ден - денешен. Станав многу понервозна. 2. Стриите - втора последица. На стомакот сум целата со стрии, џабе мачкање со разноразни креми за време на бременоста, скоро земав Еуцерин масло се надевам дека малку од малку ќе ги снема. 3. Килограмите од 63 отидов на 82, а 72 имав долго време се' до скоро кога решив дека е крајно време да го симнам вишокот кг, и сега сум 62.
Последици Прва дефинитивно е зголемената тежина после породувањето (навистина се здебелив ко бајаѓи и морам да преземам мерки) Втора стриите кои ќе си ги носам засекогаш и тоа се негативните последици ,а за позитивните да не пишувам доволно е наутро кога ќе се разбудам и кога ќе видам две мали слатки бајчина како слатко спијат и нивното утринско МАМА САКАМ МЛЕКЦЕ тоа опишува се
Еве мене после неколку месеци почна да ми паѓа косата, ама читав дека тоа е нормална појава. Мамички ме интересира до колку време после породувањето имавте болки при односите со партнерот?
За тоа што ти паѓа косата, мислам дека е поврзано со железото. Испитај си засекој случај да не направиш поголема белја.
Па слабо ми е и тоа, ама ми рекоа дека не мора да пијам, за да не го оптеретам желудничето на бебето, затоа што уште дојам. Јас читав на интернет дека е нормална појава (се јавува отприлика 3 месеци по породувањето и дека има врска со хормоните во бременоста) и дека трае до најкасно 1 година на бебето. А за односите некој? Ајде не се срамете
3а косата знам и мене дека ми пагаше и во двете бремености ама за болки при односот не би требало да ги чуствуваш ако е се ок со тебе може да се чуствуваат болки ама ако е скоро после порагајот некаде ако е после еден месец али после 1-1,5 месец мисам дека се ок треба да биде и болки да нема јас не осетив болки ама бас никогаш
-постпородилна депресија -опаѓање на косата (цели прамени ми паѓаа) -хронична анемија(намален хемоглобин и железо, што еве веќе 2 год не можам да ги покачам) -стрии на стомакот ( не многу ама довослно -повремени боли кај што сум шиена ( се пораѓав природно) овде ќе ја набројам и хроничната ненаспаност после пораѓајот а првиот пат после пораѓајот имав болки, што е нормално
Зголемени стапала. Мене ми се зголемија и проширија стапалата. Ако претходно носев 38/39, сега носам 39/40. Исто така проширено ми е, не дека ми фали шпиц во животов, ама пошпицасти модели на чевли не можам да носам. Стрии имам, ама не му ја мислам многу, ич не ме замараат. Ееее... целулит. Целулитов ми се јави баш при втората бременост. И некое кило плус - едно 3-4 кила никогаш не ги вратив, иако имав и поголем вишок. За односите - не се сеќавам точно, ама имав болки неколку пати сигурно, а и кога ми престанаа бев доста посува од претходно. Ова се случуваше додека доев, а читав дека е честа појава.
Мојата болна точка Веднаш по породувањето не можев да седам од конците и мислев дека тоа е најголемата мака на светот и дека никогаш нема да ми помине Помина по 2 недели а набрзо и крварењето. Косата ми паѓаше до пред 2-3 месеци, бев сигурна дека ќе оќелавам сега е се во ред. Ми падна во очи ова со сувоста што го пишала Ариел, мислам дека и кај мене е таква ситуацијата ама не е нешто алармантно. Единствена трајна последица ми е длабоката венска тромбоза која ја добив месец дена по породувањето. Затоа пишувам по темите за бременост да идните мамички кои имале проблем во бременоста до дидимери да повнимаваат на себе и по породувањето за ако постои проблем да се превенира на време. Малку оф топик, се ова паѓа во вода на денови како денешниот мојава госпоѓица после деде, тата, баба конечно кажа МАМА! Ми го разубави денот
Еве месец дена како помина од мојот пораѓај,може е уште рано но дел од стомакот над царскиот рез го чуствувам како отрпнато како под анестезија да е ,стрии колку сакас црвени гадни ги мачкам со се и сешто но џабе сеште целосно неможам да се помирам со вишокот на кг и какво е моето тело сега ,градите ми се зголемија ах само колку ли сакав поголеми гради а сега си ги барам малите крушки за секс уште е рано а и немам некоја желба . А и овие 40 дена во депресија ме ставија ,адаптација сеуште трае ама тоа е Мајка се за тоа мало слатко бебуле.
Последица, ми е распуканиот дел каде што не бев убаво сошиена...и на секоја промена на време или малку подолго пешачење десната страна позади на грбот ужасно ме боли.
-Болката од шиењето. -Болки во грбот. -Намалениот сон. -Стрии на задникот и на предниот горен дел од нозете (уште се црвени можеби има надеж ако не да ги снема барем да се намалат.)
Kaj mene nemase nikakvi znacitelni posledici osven striite na nozete...ama zaprimetiv kako sto slabeam se poveke obeluvaat taka da ne sum zagrizena... so ranata nemav problemi,dvizev 2ot den od poragajot(nemase ni 24 casa od poragaj) a eve i sega posle 3meseci i redovni odnosi nemam nikakov problem..ne ja ni osekam..isto ko da ne sum sijana..hhah se izv za lat