Некое килце повеќе, стрии на стомакот, две лузни од царски, проблем со гасови на многу видови на храна, блага постпородилна депресија, хронична ненаспаност и две прекрасни принцези
Јас имам болки во внатрешните карлични коски секогаш кога пешачам околу мин. еден час. Не знам дали е поради вишокот тежина..
Eve I jas mesec ipol kako sum porodena carski pred edna nedela imav mnogu gasovi krkorenje na crevata , eve snosti kolku bolki vo stomah imav strasna rabota pijam probiitica otkako se porodiv imav imav bolki vo kolkot od levata strana koga ke se zavrtev na nea skoro dve nedeli no toa pomina I e od inekcijata sto mi ja stavija posle poragaj radi bolki I uste imam bolki vo polovinite koga sum navednata dali stomahot sto me bole uste ne sum oporavena ne znam
Dali e normalno posle poroduvanjeto da osekjam kako da mi mrda nesto vo stomakot i imam i kako grutki na nekoi mesta
папочна кила ..подарок од второто дете..син ми..стомакот ми изгледа како деформиран на изглед..вишок килца нормално...
I jas imam oseteno kako da mi mrda nesto, neznam dali e normalno, no mislam deka mozebi toa e zosto matkata se sobira organite si doagjaat na svoe mesto, a grutki nemam primeteno da imam
Никакви последици, килажа вратена ко пред бременост, можеби 2-3 кила и помалце, немам стрии ниту стомак виси лекот е да ви се падне дете како моето со вградено моторче
Женчиња јас сум со иста килажа после пораѓај. Килата ми се исти како пред бременост ама некако сега нозете и газот ми се подебели а и стомакот ми се дува. А инаку 50кг сум и секогаш рамен да не речам вдлабнат стомак. Вежби нешто шо да правам. Породена сум пред 2.5месеци.
Мојот пораѓај беше мн лесен, единствено можеше да имам последици од заборавена газа при шиењето на епизиотомијата. Незнам како се случило и кој требало да ја извади дали докторот дали бабицата битно биднало. Јас сама за забележав додека се капев вториот ден по пораѓај, мијајќи ја епизиотомијата фатив рапав дел и полека го истргав од мене, кога гледам крвава газа. Среќа што брзо ја заприметив иначе кој знае што можеше да ми се случи. Не ми беше јасно ни на визита тој ден како не ја видоја докторите или можеби беше доста длабоко пикната
Какви последици имавте? Природен пораѓај или царски рез. Ве прашувам затоа што и мене ми заборавија газа при шиење на епизиотомијата при природен пораѓај. Сама ја забележав вториот ден при туширање миење на епизиотомијата и ја истргав од мене инче кој знае што ќе ми се сличеше ако останеше подолго во мене
Природен пораѓај меѓутоа многу шиена,буквално спојувана доле.Имам и лузна.Последици од газата баш и немав.Јас не ја приметив зошто не била надворешно.Знам дека негде после 7 дена од пораѓај осетив страшно чешање внатрешно.Си викам леле ова некоја инфекција или пак ај да не е од топлото,ни на крај памет газа.И случајно се наведнав да се погледнам доле,гледам нешто виси како парче.Потегнав и излезе газата чешањето запре секундарно.Јас имав и многу болки при седнување ама неможам да тврдам дека е од газата повеќе би рекла од шиењето.Ме исчистија на лекар и тогаш докторката рече вагината не трпела страно тело сама ќе си ја исфрлела.И се свртев и и викам а ако беше во стомак при царски како ќе се исфрлеше?! И само се заќуте.Тоа е тоа
Мајки здраво, ај некоја збор - два да каже за градите после доење, стварно провиснуваат од доењето и ја немаат истата форма или едноставно со годините неизбежно се случува тоа?
Кај мене да. Тие ми беа најголема промена. Ништо страшно за мене лично. А за со годините не знам, млада сум.
И кај мене има огромна промена,ми ги снема градите Имав мали ама цврсти гради.Е сега после три ипол год стаж доење вааљда нормално е кожата да е висната.Малку ли влечење удрија моиве момци Да сме живи и здрави може ќе се подсобере некој денар за силикони
Има чаре за папочната кила или да почнам да го прифаќам фактот дека засекогаш ќе имам мев како во 5ти месец?
Цццц, очигледно некој лошо си ја завршил работата, газите се бројат 3 пати на крајот од интервенцијата. Среќа добро завршило. @Honny И кај мене исто со градите. Немав големи претходно ама имав цврсти и кренати гради како топки. Сега се издишани со стрии кои ми се појавија уште во втор месец од бременост. На стомакот немам ниедна стрија ама затоа градите со црвени бразди ми беа. Не ми смета, со прслук се креваат ама вака кога се гледам сама криво ми е, ако нешто ми се свиѓаше претходно кај мене тоа беа градите.
Значи да им се порадувам сега( 30 гн сум) и вакви гради топки цел живот сонувам а и маж ми до душа се надева чоекот такви ќе ми останеле, вика ете што бил лекот ....аха надевај се машко