Јас морам да прашам, дали уште за време на бременоста се приметува папочна кила? Јас сум 30гн и регионот на папокот ми е како помек и чак и како печење чувствувам понекогаш, можно е да е тоа или филм ми е?
Не знам дали може за време на бременост, мене на првиот преглед после пораѓај (односно 2 месеци после), само ме погледна во стомак додека лежев и ми рече дека имам кила на папок. Не ми е помек, баш спротивното, пределот околу папокот ми е тврд. И не ме пече. Мислам дека не ти е кила, секако исконсултирај се.
Незнам што да кажам.Вечерта породија 15 жени беше невидена гужва,еден доктор не пораѓаше две жени истовремено.Наизменично одеше де кај една де кај друга.Плус имав хемороиди што несакајки ги пукна при шиење и тука се исплашија.Долго траеше и шиењето.И така си останала внатре.А за оправдување не е ама Господ да не чува што да кажам.
Не е од доењето, од самата бременост е. Доела, не доела, градите ќе виснат, оти се менуваат поради хормоните во бременоста.
3 месеци после породување бев кај матичната за ПАП тест. Кога ми го стави спекулумот мислам дека сите ѕвезди ги избројав, а пред бременост никогаш не сум имала проблем. Матичната ми рече дека сум тесно сошиена, веројатно сум имала поголема рана после породување (што е точно, ми заздравуваше скоро 2 месеци). Ми рече да мачкам кокосово масло колку да омекне местото, но дека нема начин да се "поправи". Имала некоја слично искуство? Дали мачкање со масло помогнало или едноставно нема помош?
Прво дете - >9 месеци бременост+21 месец доење = скоро 3 години "добра груда". Одма после тоа нова бремност и уште три години ала силиконски напумпани.. Е после 6 години какви ќе бидат- тоа само пластика може да поправи
П Ова со градите ме занимаше и мене, пошо дојам ама не се замарам премногу, спремна сум и на "провиснување".... Иначе, лесна бременост, лесен пораѓај, дај Боѓе сите како мене да имате.. Од. Последици би издвоила мала депресија која полека се повлекува.. 40дена денес од породувањето.. Имам само исцедок кој никкао да заврши веќе.. До кога да чекам и кога би можела да добијам менструација?
Провиснување секако ќе имааш, небитно дали доиш мене исцедокот ми траеше 2 месеци, 60тина дена, а менструација ми дојде 5 месеци по породување, или 3 по запирање на "крварењето". Ти посакувам долг доенечки стаж
Година ипол од кога сум породена природно и до сега джсум немала проблем при секс однос. Последниот месец два имам болки кај раната при односи.. Имал ли некој ваков проблем?
И јас исто, поточно само еднаш ако имаме секс немам проблем, ама ако имаме 2-3 пати едно по друго осеќам блага болка и пецкање каде што ми е раната и местото ми набабрува, после два дена ми е така како отечено и чувствувам нелагодност.
Здраво феминки.. сакам да ве прашам дали некоја има сличен проблем како мојов сепородив пред 6 месеци на ГАК трета бременост уредна после пораѓај ми оставаат парчиња постелка во мене пробавме со таблетки за абортус да се исчисти тоа што останало но безуспешно. Потоа мораше на киретажа да се извадат крварев некои 10 дена и више отогаш немам менструација асална секој месец доаѓа по два дена само кафено на бришење бев на гинеколог ми даде Примолут нор да се среди и пак ништо претходните породувања си имав нормални менструации секој месец сега вака сум загрижена ако има некоја слично искуство нека сподели ви благодарам
Извини што не ти давам совет, само сакам да те прашам како откри дека ти оставиле дел од постелката, дали се гледа на ехо или имаше симпоми некакви?
Како хорор филм сакаш верувај сакаш не толку сум се исплашила што траума ми остави .. станав да се бањам навечер и ми се обеси доле како црево ја мислев од лохии мие тоа кога фатиф влечам сака да излезе нешто осеќам од мене дека има нешто внатре се исплашив и отидов на ГАК кај што се породив ми го извадија тоа големо парче од мене и плус уште едно потоа ми дадоа терапија за дома антибиотик и ерготил капки ама останатите делови не излегуваа па мораше на киретажа што да кажам многу трауматично
На ехо се гледа ако има остатоци од плацентата. Инаку тоа што не ти доаѓа на време е од самиот пораѓај, а не од ревизијата што ти ја правеле @Бебии
Породена сум пред 11 дена природно. Уште додека бев бремена почнувајќи негде од 6ти месец чувствував некој притисок во срамната коска меѓу нозе за кој ми рекоа дека било болка во пелвисот кој се јавувала често кај трудници и после пораѓај исчезнувала најчесто.. Купив и појас кој ми помагаше нешто минимално. Значи оваа болка/притисок ја чувствувам исклучиво само кога стојам или се движам, кога седам е океј. Имав доста тежок пораѓај, 4 часа јаки напони за бебе да се спушти во канал, на крај едвај излезе со вакуум. Е сега после пораѓај уште ми е иста состојбата. Шиена сум некаде околу 6 конци, и сеуште крварам, ајде до некаде препишувам дека може е до тоа тој притисок и болка долу… Кога се гледам долу со огледалце се ми изгледа нормално, на раната не гледам конци туку само линија… Ама сепак ми е страв да не продолжи тоа чувство и кога ќе заздрави раната и откако нема да крварам веќе Во земјава кај што живеам обично се е нормално, не знам и кога би можела да дојдам до евентуален преглед од гинеколог. Ве молам некој да сподели ако имал слично искуство, сега мајка ми е уште еден месец овде и имам помош, но не знам како ќе функционирам сама со две деца откако таа ќе си оди. Не можам ни да стојам ни да одам подолго време, имам чувство дека како да уште едно дете ќе излезе од мене во секој момент
Немам такво искуство со срамната коска, но од искуство можам да кажам дека 11 дена е краток период за да може се' да се врати во нормала. Тоа ќе трае малку подолго, не за џабе рекле 40 дена му треба на телото да закрепи. Притисокот во коските е од ширењето на самата карлица, лигаментите, така што и тоа ќе се врати во нормала само дај си време. Не е никако поврзано со епизиотомија и крварењето. Нормално е да крвариш ~40 дена додека да се исчисти матката, претпоставувам си знаеш, и со првото дете било исто.
Со првото дете бев царски, така да сега со природно сѐ ми е некако ново… А за крварењето да, 40 дена некаде крварев и со првото. Во право си, сепак сум сѐ уште скоро породена па се надевам ќе се среди. Утре сум на контрола за бебе па успат ќе прашам и за мојава состојба. Ти благодарам за одговорот